Британската полиција уапси маж на возраст од 20 години под сомнение дека преку социјалните мрежи му испраќал смртни закани на лидерот на партијата „Реформа Велика Британија“, Најџел Фараж, пишува денеска британскиот весник „Телеграф“. Осомничениот напишал на Икс дека ќе го застрела Фараж во главата доколку победи, што предизвика истрага. Полицијата го уапси вчера во Јужен Лондон под сомнение дека испраќал заканувачки пораки до пратеник, а по ...

Во сабота со почеток во 18.05 часот во Кочани ќе започне 47. Марш за ангелите. Организаторите велат – барањата остануваат исти: ВИСТИНСКА ПРАВДА. „Секое рочиште отвора нова болка. Секој нов доказ открива нови пропусти. Секое непостапување потврдува дека трагедиите не се случуваат одеднаш, туку се создаваат со години. Правдата не е само за минатото. Правдата е за иднината. Само со одговорност, со институции што ќе постапуваат и со јасна порака ...

Коментар на Васко Маглешов Предметите „Талир“ беа едни од ретките случаи што не се занимаваат само со корупција кај еден функционер. Тие требаше да дадат одговор дали политичката партија која десет години беше на власт преку злоупотреби дојде до пари и многу имот. Овие предмети со пресуда требаше да исцртаат јасна граница меѓу партијата и државата. Заедно со „Таргет-Тврдина“ случајот за прислушувањето и „Титаник“ за злоупотреба на средства за ...

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. – На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од ...

Британскиот премиер во заминување, Кир Стармер, денеска изјави дека ја остава Британија во подобра состојба отколку кога ја затекнал. Стармер, кој следната недела се повлекува од функцијата премиер, зборуваше во парламентот и ги бранеше резултатите на својата влада. „Секој премиер знае кога ќе ја преземе функцијата, дека ќе дојде денот кога ќе мора да ја предаде“, рече Стармер, додавајќи дека ова е „крајот на неговото политичко патување“. ...

Фудбалерите на Силекс утре вечер во 20 часот го играат реванш дуелот од првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига против лидерот во шампионатот на Белорусија Динамо Минск. По првиот дуел Силекс има предност од 1:0, откако победија на натпреварот одигран во Стара Загора (неутрален терен). – Ова шанса на оваа генерација, која ланската сезона го освои Купот на Македонија, а претходната ја завршивме како вицешампиони. Сега ни треба ...

Познатиот ирански политичар, Мохамед-Џавад Лариџани, братот на неодамна убиениот секретар на моќниот ирански Совет за национална безбеднот, Али Лариџани, ја повика својата земја да биде подготвена за неколкугодишна војна со САД, јавува ДПА од Техеран. „Она што ја држи настрана заканата од војна е нашата целосна подготвеност да се одбраниме“, рече денеска Лариџани во интервју за државната телевизија. „Ако САД почувствуваат дека Иран е ...

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...

Апелациониот суд Скопје ја потврди осудителната доживотна казна затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, додека ослободителна пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски ја укина и предметот го врати на повторно судење. Одлуката Апелација ја донела на нејавен дел од седница одржана на 10 јули годинава, откако претходно на 11 мај одржа јавна ...

Одземени се шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати, информира поладневно Министерството за внатрешни работи. МВР наведува дека Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои ...

Актуелниот светски првак Аргентина вечерва го има најтешкиот ривал досега на Мундијалот, селекцијата на Англија. Оваа репрезентација на последните две Европски првенства беше финалист, завршуваше поразена. – Верувам дека играњето полуфинале на Светското првенство е нешто уникатно. Точно е дека веќе сме играле еднаш финале, но како никогаш да не сме играле. Исто толку сме среќни, вознемирени и охрабрени што можеме да им понудиме на нашите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во интервју за Фокс њуз изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп рече дека мисли дека ќе заврши. „Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека војната ќе ...

Украина изгуби околу една третина од својот капацитет за извоз на жито преку своите клучни пристаништа на Црното Море поради засилените руски ракетни и беспилотни летала напади, објави главниот синдикат на земјоделци во земјата. Повеќе од четири години по почетокот на војната со Русија, извозот на земјоделски производи, како што се извозот на жито и растително масло, останува најголемиот извор на заработка во странска валута на Украина, при ...

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи. Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде неоснован страв кај граѓаните. Вистината е сосема ...

Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) денеска објави дека САД ја завршија серијата воздушни напади врз иранскиот остров Голем Тунб, насочени кон крајбрежните одбранбени системи, како и магацини и места за лансирање крстосувачки ракети. Според соопштението објавено на Икс, нападите, кои траеле околу 90 минути, имале за цел дополнително да ја ослабат способноста на Иран да напаѓа комерцијални бродови во Ормуската ...

Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково, на планината Огражден, во Општина Ново Село, повторно се активираше откако претпладне беше објавено дека е ставен под контрола. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов информираше дека заради реактивирање на пожарот над село Бајково три ер трактори полетале кон местото на пожарот. Во гаснењето, покрај ер тракторите, учествуваат и екипи на ТППЕ ...

– Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Куманово поднело кривична пријава против две кумановки на возраст од 22 и 34 години, кои измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, при што, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари или околу 175 илјади евра. Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив поднесе кривична пријава и ...

Секој што со своето постапување или непостапување придонел за бегството на кочанецот Александар Лазаров од станицата во Кочани ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури – порача директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, откако лицето вчера беше пронајдено и приведено Со пронаоѓањето на бегалецот, вели Јанев, не завршува и обврската за целосно расчистување на случајот, утврдување на пропустите и ...

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на изјавата на министерката од српската Влада во врска со Косово, опишувајќи ја како глорификација на геноцидните политики на поранешниот југословенски и српски претседател, Слободан Милошевиќ. „Изјавата на министерката од српската влада дека доколку таа беше на местото на Слободан Милошевиќ, ќе го завршеше етничкото чистење на Косово е една од најсериозните изјави што сме ги слушнале од ...

Екс градоначалникот на општина Карпош – Стевче Јакимовски доброволно се пријави во затвор за отслужување на казната од шест ипол месеци, информираа од партијата ГРОМ. -Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше ...

Јавното обвинителство информира дека Александар Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност – еден стан и вкупно шест автомобили. Основното јавно обвинителство Кочани, како ...

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. – Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница ѝ постави три пратенички прашања на министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои се однесуваа на предложените измени на законите за основно и средно образование, најавената оптимизација на образовната мрежа и последиците што овие политики би можеле да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски оцени дека предложените законски измени ...

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека пресудата во предметот „Талир 2“ е доказ за, како што велат, политичко влијание врз судството и обвинителството, оценувајќи дека поранешниот премиер Никола Груевски е спасен од одговорност, а партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ е повторно достапен. Кузеска изјави дека по осум години „Белата палата“, која според партијата вреди 14 милиони евра, како и останатиот партиски ...

Холандски археолози открија непозната гробница стара 3.000 години во близина на наоѓалиштето Луксор во Египет. Внатрешноста со натписи и ѕидни слики во боја открива дека гробот му припаѓал на човек по име Пасер, а приказите покажуваат религиозни обреди и патување во задгробниот живот. Гробницата датира од времето на Рамзес II и ерата на моќни фараони. Врховниот совет за антиквитети на Египет неодамна објави дека гробот е пронајден во местото ...

Апелација ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди Апелациониот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања и Панче“, а го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој ќе биде повторно суден. Како што соопшти ...

Сопружници се осомничени за убиството на 67-годишниот лекар Ацо Трповски на паркингот пред поликлиниката „Железара“ во Скопје пред две години. Трповски, кој беше општ матичен лекар од поликлиниката „Железара“, на 21 март 2024 беше пронајден мртов во неговиот автомобил со убодни рани по телото. Обвинителството соопшти дека се обезбедени докази оти едно лице го извршило убиството, а неговата сопруга му помагала. „На 21.03.2024 година, на ...

Жена од Прилеп останала без околу 700.000 денари откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјалните мрежи. Прилепчанката во февруари годинава започнала комуникација со лицето, кое побарало пари под изговор дека му се потребни за лекување на неговото болно дете. Жената поверувала во приказната и во неколку наврати му исплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека била измамена и на 14 јули го пријавила случајот во ...

Христијан Мицкоски се обидува да ја претстави реконструкцијата на Владата како нормален потег, но реалноста е сосема поинаква. Мицкоски е дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори, се вели во соопштението од СДСМ Буџетот е празен. ЕУ интеграциите се стопирани. Со ова темпо, наскоро нема да има пари ниту за пензии. Целата Влада е составена од луѓе со бугарски пасоши, додека граѓаните се соочуваат со економски колапс. Цените на ...

Вработен во ЈП „Комунална хигиена“ пријавил дека бил физички нападнат додека извршувал работни задачи, по што напаѓачот го следел со возило до неговиот дом, а во меѓувреме слушнал и истрели од огнено оружје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 19:00 часот, во СВР Скопје, Р.И. (48) од Скопје пријавил дека околу 17:50 часот на улицата „Маџари“, додека бил на работното место како вработен во ЈП ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.99
24%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
3.3
36%
1013
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
0.39
30%
1012
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.74
34%
1014
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.2
29%
1014
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.45
40%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.92
47%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
5.27
36%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.62
32%
1012
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
38%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
0.89
26%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.08
88%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Кобалт

56.29

Паладиум

43274.90

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Бакар

13.27

Злато

139395.99

Алуминиум

3.28

Сребро

2050.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.26

Платина

56231.66