СДСМ преку соопштение ја обвини Левица дека делува во интерес на власта и дека наместо да биде дел од опозицијата, му помага на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение, СДСМ оценува дека Левица повторно ја има улогата на „сателитска партија“ на власта, обвинувајќи ја дека ги напаѓа опозициските партии и ги попречува обидите за опозициско обединување. Од СДСМ тврдат дека Левица не е вистинска опозиција, ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху в сабота ќе отпатува во Соединетите Американски Држави, објави „Џерусалем пост“. Според најавите, тој ќе престојува во Вашингтон до вторник. За време на посетата, Нетанјаху планира да присуствува на комеморативна церемонија во чест на американскиот сенатор Линдзи Греам. Израелски извори наведуваат дека премиерот сака да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата засега не е ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“, откако претходно неговата ќерка, физиотерапевтката Меланија Цветковска, јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години семејството живее во страв поради неговото насилно однесување. Според МВР, пријавениот подолг временски период, под дејство на алкохол, ...

Во Министерството за одбрана 10 од 10 директори се Македонци, ова е сериозен аларм за исклучувањето на Албанците од безбедносниот систем, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ) посочувајќи на официјални податоци објавени од Министерството за одбрана. „Официјалните податоци објавени од Министерството за одбрана покажуваат дека сите десет директори во Министерството се Македонци, додека ниту еден Албанец не раководи со ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по однос на донесената ослободителна пресуда за случајот Талир, рече дека ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и агресија на претходната Влада со измислени случаи како Талир 1 и Талир 2, објави 4news.mk „Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека, по предвремените парламентарни избори што треба да се одржат подоцна оваа година, планира повторно да ја преземе функцијата премиер на Србија. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Вучиќ изјави дека ќе ги интензивира напорите за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, предлагајќи регионот да се третира како единствен блок во процесот на проширување. Србија има статус на кандидат за ...

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, ја обвини Владата дека води неконзистентна политика во однос на двојното државјанство и правата на македонската дијаспора. „Мене сето ова ми наликува на политичка шизофренија. Лош збор е и можеби не треба да се употреби, но ќе појаснам – тоа е кога кажувате две целосно контрадикторни работи, а истовремено тврдите дека сте конзистентни во ...

Компанија која го снабдуваше РЕК Битола со јаглен ја купи фирмата МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје на бизнисменот Зоран Антиќ и се стекна со акции откако влезе во сопственичката структура на „Македонијатурист“, нашата најголема хотелиерска компанија. Преземањето на компанијата МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје е внесено во Централен регистар и нов сопственик е фирмата е ПРОМЕТ СТЕЕЛ ХОЛДИНГ ДОО Скопје. Инаку, МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје е основана во ...

Сите криминалци во Македонија се на слобода, освен тие кои украле ќебапи или не платиле еден месец струја, вели Најчевска за пресудата за Груевски Професорката Мирјана Најчевска реагираше по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, оценувајќи дека во Македонија на слобода се сите криминалци, освен оние кои сториле ситни прекршоци. „Сите криминалци во Македонија се на слобода. Освен оние ...

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Пеце Мирчески, поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 ...

ЕУ го забрзува проширувањето, но според дипломатите реални изгледи за скоро членство засега има само Црна Гора, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг Брисел во вторникот зборуваше за „Супер вторник“. За првпат од 2002 година, на програмата во еден ден беа ставени четири меѓувладини конференции поврзани со проширувањето на Европската Унија: со Украина, Црна Гора, Молдавија и Албанија. Иако процесите на пристапување несомнено ...

Истражување од Германија анализирало 42 студии: кратките видеа на ТикТок и Инстаграм влијаат врз вниманието, меморијата и менталното здравје на младите луѓе За многумина од нас денот започнува со едно движење на прстот по екранот. Уште пред да станеме од кревет, скроламе низ TikTok, Instagram Reels или YouTube Shorts. Неколку видеа брзо се претвораат во неколку десетици. Неколку минути лесно стануваат еден час поминат на социјалните мрежи. А ...

Шпанија се пласира во финалето на Светското првенство 2026, откако во полуфиналето во Далас ја совлада Франција со 2:0. „Црвената фурија“ до победата стигна со головите на Микел Ојарзабал во 22. минута од пенал и Педро Поро во 58. минута, контролирајќи го натпреварот од почеток до крај. Избраниците на Луис де ла Фуенте доминираа во средниот ред, каде што Родри и Фабијан Руиз успешно ја неутрализираа француската игра, а одбраната предводена од ...

Полска продолжува агресивно да инвестира во секторот на критичните минерали. Компанијата „KGHM“ најави инвестиции од над 8,5 милијарди долари до 2030 година, како дел од долгорочната стратегија за зголемување на производството на бакар и создавање повисока додадена вредност. Во исто време, Македонија сè уште не ја реализира инвестицијата од околу 350 милиони евра во проектот Иловица-Штука. Според проценките, проектот би носел повеќе од 180 ...

Авион на „Бритиш ервејс“ со техничка грешка ја блокираше пистата на лондонскиот аеродром Гетвик, предизвикувајќи проблеми во раните утрински часови. Инцидентот доведе до прогласување вонредна состојба од страна на девет авиони и пренасочување на вкупно 14 летови кон други аеродроми, објавува „Мирор“. Девет авиони прогласија вонредна состојба Проблемот се појави откако слета летот BA2673 на „Бритиш ервејс“ и, поради она што компанијата го ...

Службата за имиграција и царина на САД (ICE) ги суспендираше контролите на сообраќајот низ целата земја, откако агенти смртно застрелаа двајца мажи со разлика од шест дена за време на сообраќајните запирања во Тексас и Мејн. Промената во тактиката на апсење, која шефот на ИЦЕ Том Хоман ја нарече „привремена пауза“ во застанувањето на возилата, дојде еден ден откако агент на ИЦЕ уби возач од Колумбија во крајбрежниот град Бидефорд, Мејн, на ...

Куба синоќа повторно остана без струја, откако по третпат овој месец целосно падна електроенергетската мрежа во земјата, соопшти кубанското Министерство за енергетика. „Енергетскиот систем е целосно исклучен“, објави Министерството на платформата „Икс“, додавајќи дека веднаш биле активирани процедурите за обновување на снабдувањето со електрична енергија. Подоцна беше соопштено дека дефект во блок на една од термоцентралите предизвикал ...

Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага против 55-годишен државјанин на Македонија, кој е осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија при инцидент што се случил на брод во близина на Медулин. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот на 13 јули, со намера да го лиши од живот српскиот државјанин, го нападнал со нож и повеќепати замавнувал кон неговата глава и стомак. Жртвата, ...

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров – Цуна вчеравечер е лишен од слобода во Скопје, потврдуваат од МВР. – На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за ...

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа, наведува СДСМ во соопштение. Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата ...

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на ...

Косово ја прогласи српската министерка за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ за персона нон грата, воведувајќи трајна забрана за нејзин влез или транзит низ земјата. Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа ќе го исчистеше етнички Косово во 1998 година“, објави Коха. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељал Свекла, рече дека јазикот на Пауновиќ ...

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“. Несреќата предизвикала голем застој и долги ...

Шпанија ја победи Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство. Стрелци беа Микел Ојарзабал во 22-та минута од пенал и Педро Поро во 58-та минута. Шпанија сега го чека победникот од натпреварот Аргентина – Англија за неделното финале, што ќе се игра денес во 21 часот. Французите, особено нивниот селектор Дидие Дешан, се огорчени од судењето на Иван Бартон (35) од Ел Салвадор. Тие тврдат дека пеналот со кој Шпанија поведе е досуден ...

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во изминатите 24 часа кон подрачјето на руската престолнина биле насочени 340 украински беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле соборени од противвоздушната одбрана далеку од градот. „Повеќето беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на периферијата. Над 50 непријателски дронови беа уништени пред да стигнат до Москва“, напиша Собјанин на „Телеграм“. Истовремено ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена ...

Репрезентацијата на Шпанија, актуелниот европски шампион е првиот финалист на Светското првенство откако вечерва во првото полуфинале го совладаа финалистот од последните два Мундијала, Франција со 2:0. „Црвената фурија“ ги искористи грешките на противникот. Во првото полувреме по лошата интервенција на бекот на „триколорите“ Лукас Дињ, кој потоа го фаулираше Јамин Ламал, а судијата Иван Бартон покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше ...

Сериозен сообраќаен колапс и километарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Скопје-Тетово. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на излезот од Скопје, информира порталот „4news.mk“. Поради немилиот настан, во моментов протокот на возила на оваа фреквентна делница е речиси целосно блокиран. На самото место кај патарината се создаде колона од ...

Од советничката група „Шанса за Центар“ остро реагираат откако Советот на Општина Центар со 13 гласа „за“ и девет „против“ го усвои Нацрт-Деталниот урбанистички план (ДУП) за градската четврт Барутана, оценувајќи дека со оваа одлука се ставаат приватните интереси пред безбедноста на граѓаните. Според нив, советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со исклучок на неколку поединци, поддржале план кој предвидува нова изградба во подрачје што, како што ...

Драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кога дел од моторот се откачил и го оштетил прозорецот на авионот, за малку ќе завршел трагично за 61-годишниот српски државјанин Љубиша Грковиќ. Додека тој и неговата сопруга Светлана мирно седеле на своите места, силен удар го скршил прозорецот до неговото седиште, по што следувала ненадејна декомпресија која речиси го извлекла од авионот. Љубиша сè уште се наоѓа на ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.58
30%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.37
35%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.32
39%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.13
39%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.5
51%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.15
47%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.78
24%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.04
34%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.58
41%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Сребро

2044.16

Калај

56.36

Платина

56038.75

Рутениум

53852.50

Злато

139576.04

Цинк

0.00

Бакар

13.23

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96