Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане. Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари. Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца ...
Црна Гора се подготвува да го укине безвизниот режим за руските граѓани од 1 октомври, со што ќе се стави крај на политиката што е во сила речиси 18 години. Според подгоричкиот весник „Дан“, на кој се повикуваат и други медиуми, мерката е дел од усогласувањето на црногорската визна политика со правилата на Европската унија пред евентуалното членство на Црна Гора во Унијата. Амбасадата на Црна Гора претходно изјави дека земјата мора да ја ...
Едночасовниот пороен дожд што вечерва ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола. Според информациите, невремето траело од околу 20:40 до 21:40 часот, а преку бројот за итни повици Е-112 биле пријавени поплави на улиците „Прилепска“ бр. 55, „Ѓорче Петров“ бр. 39, „Партизанска“ бр. 1, „Крсте Нале“ бр. 126, „Коста ...
Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на сегашните власти. Според новите правила, кои треба да стапат во сила во рок од два месеци доколку поминат во Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска ...
Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации каде што ќе се одржат два културни настана што на публиката ќе ѝ понудат музичко-сценско и театарско доживување. Во организација и соработка со Амбасадата на Казахстан, во 20:30 часот во Паркот на Франкофонија ќе се одржи вечер на традиционална музика и танц од Казахстан насловена „Звуците на Големата Степа“. На настанот ќе настапат етно-групата ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот ги декласификуваше разузнавачките информации, тврдејќи дека тие покажале кинеско мешање во изборите во САД, и покрај проценката на американските разузнавачки агенции кои не пронашле докази дека Пекинг бил вмешан во изборите во 2020 година што Трамп ги загуби. Во својот 25-минутен говор, Трамп ги нагласи своите напори безбедноста на изборите да стане централно политичко прашање пред ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 ...
И денеска пропадна обидот предлог-законот за правична застапеност да биде ставен на гласање во Собранието откако не беше прифатено барањето на пратениците од опозициските партии на Албанците точката да биде ставена на дневен ред за изјаснување иако, според нив, постоел кворум. Пратениците на опозициските партии на Албанците / Фото: Фејсбук Откако со серија процедурални забелешки и дебати тие се обидоа да спречат расправа по другите точки од ...
Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра вечерашниот реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута. Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови. Победата од 5:0 на првиот дуел ...
Пратеничката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) реагира на изјавата на пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, која на комисиска расправа во Собранието ѝ упати навредлив коментар. Петкоска, обраќајќи ѝ се на Тренчевска, рече дека скокала како кокошка, што предизвика бурни реакции кај присутните на расправата. „Само два аргументи за колешката Јованка Тренчевска, која скокаше тука како кокошка …“, кажа ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја се соочува со најлошите пожари од Втората светска војна, додека противпожарните служби во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се обидуваат да ги стават под контрола пожарите. При посетата на пожарникарите кои се борат со пожарите во иконската шума Фонтенбло јужно од Париз, Макрон рече дека ова лето ќе биде „тешко“, со рекорди кои веќе беа соборени пред пикот на ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска започна иницијатива предводена од САД за фокусирање на меѓународните антитерористички напори кон она што го нарече „екстремно левичарски терор“, велејќи им на претставниците од повеќе од 60 земји дека левоориентираното насилство се занемарува. Во говорот на отворањето на конференцијата за политички тероризам во Вашингтон, Рубио рече дека заканата од исламскиот милитаризам е „значително ...
Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот Исток. Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, ...
Да не беше трагично, обвинувањето на премиерот за пропаднатиот обид за измени на Изборниот законик ќе беше смешно. Значи ова не е само невистина, ова е брутална, безобразна манипулација која ја потценува интелигенцијата на секој граѓанин! И најстрашното, најтешкото од сè е што целата оваа манипулација ја плаќате вие, граѓаните, од вашиот сопствен џеб, додека тие ве лажат во очи“, изјави во своето гостување во Телма ТВ претседателката на ЛДП и ...
Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. Речиси цела држава попладнето беше зафатена од ...
Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември, кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во интервју за Канал 5 телевизија, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за ...
Унгарската влада денеска соопшти дека доставила извештај до полицијата за сомнителна злоупотреба на јавни средства за време на набавка на образовен софтвер за време на претходната влада на Виктор Орбан. Премиерот Петер Маѓар, кој го победи Орбан на априлските избори, вети порешителна борба против корупцијата и формирање независно тело за истражување на наводните коруптивни практики за време на владеењето на Орбан, објавуваат британските ...
Осум земји членки на Европската Унија се потпишаа на нов нон-пејпер за проширувањето, пренесува ТВ Телма Во документот, како што се наведува, се бара заштитните мерки, транзициските аранжмани и механизмите за следење по пристапувањето на новите членки да се користат пропорционално, временски ограничено и да бидат поврзани со објективно идентификувани потреби. На нон-пејперот се потпишани Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, Унгарија, ...
Украинските власти денеска објавија дека примиле од Русија уште 501 тело на војници за кои се претпоставува дека загинале во конфликтот, со што вкупниот број на тела вратени од Москва во Киев од почетокот на годината достигна повеќе од 4.000. „По напорите за репатријација, 501 тело беа вратени во Украина. Според руската страна, ова би можеле да бидат тела на украински војници“, објави Украинскиот центар за воени заробеници на социјалните ...
Полициски службеници уапсиле скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во во Скопје го лишија од слобода С.А.(49) од Скопје, баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една и пол година, за сторено кривично дело по член 235 ст.1 од КЗ – ...
Американската администрација одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во САД, покажува владин документ што денеска беше објавен, како нов чекор во нејзината многу рестриктивна имиграциска политика. Според новите правила, кои треба да стапат на сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе ...
Судот во Џенова денеска го осуди поранешниот извршен директор на „Атлантија“, Џовани Кастелучи, на 12 години затвор за уривањето на мостот во северозападниот пристанишен град Џенова во 2018 година. Во времето на несреќата, Атлантија беше мнозински сопственик на компанијата „Autostrade per l’Italia“, која управува со италијанските автопати, објавува Анса. При уривањето на мостот загинаа 43 лица, кога нивните возила се излизгаа од ...
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се ...
Вчерашната оставка на украинскиот министер за одбрана, Михајло Федоров, предизвика негодување кај политичарите, војниците, ветераните и претставниците на граѓанското општество, кои рекоа дека не ја разбираат одлуката и ја сметаат за присилна, објави денеска украинскиот весник Киев Индепендент. И пратениците од владејачката партија и од опозицијата негодуваа поради промената. „Тоа се лоши вести“, рече неименуван член на владејачката партија. ...
КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на клубот, а на тренерската позиција е назначен Тане Спасев. Тој се обврза на договор со Пелистер за една сезона и веќе започна со работа за формирање на ростерот за сезоната 2026/27. Тренерот Спасев е роден е во Штип, а работеше со успех во украински Кривбас, како асистент во Турк Телеком од Анкара и во Полска како предводник на тимовите Асеко Проком (Гдиња) и ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК Вардар за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
– Сириските власти спречија обид за шверц на оружје на границата со Ирак, за кое се вели дека било наменето за милитантната група Хезболах во Либан. Запленетиот камион превезувал модерно оружје и ракети, изјави сириската државна агенција САНА, цитирајќи неименуван функционер од Министерството за внатрешни работи. Прелиминарната истрага утврди дека крајната дестинација на оружјето била Хезболах, кој е во војна со Израел од почетокот на март, ...
– Еврокомесарот за миграција, Магнус Брунер, оцени дека, со оглед на намалениот број на нелегални миграции и усвојувањето на новиот европски закон за азил, дојде време постепено да се укинат внатрешните гранични контроли во Европската Унија. Австриецот Брунер во интервју за неколку новински агенции во Брисел изјави дека надворешните граници на ЕУ сега се многу подобро заштитени и дека бројот на нелегални преминувања драстично е намален, ...