Оваа посета го одразува растечкото значење што двете земји си го придаваат една на друга. Исто така, испраќа јасна порака дека Индија ја гледа Северна Македонија како ценет партнер во Југоисточна Европа, додека Северна Македонија сè повеќе соработува со една од најдинамичните економии во светот – пишува амбасадорот на Индија во Северна Македонија, Арун Кумар Саху, во колумна за „360 степени Постојат моменти во дипломатијата што ги надминуваат ...

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост, откако голем број граѓани побарале лекарска помош поради стомачни тегоби и симптоми кои наликуваат на труење. Според информациите од здравствените установи, во изминатите денови околу 1.200 лица, меѓу кои и деца, се јавиле во гостиварската болница. Во меѓувреме, надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна ...

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија. Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами. Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на кариерата работел и во Генералниот секретаријат на ...

Мајкл Рубин, американски претприемач чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави „селфи“ на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот. Фотографијата, која веднаш по објавувањето привлече внимание ширум светот, е направена за време на фестивалот „Fanatix“, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин. За да може „селфито“ да ја опфати оваа голема група луѓе, беше потребен некој со долги раце… ...

И покрај влошувањето на квалитетот на воздухот поради чадот од шумските пожари во Канада, финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство меѓу Шпанија и Аргентина ќе се игра според планот в недела од 21.00 часот, пренесува „ЕСПН“. И покрај влошувањето на квалитетот на воздухот во Њујорк, САД, поради чадот од големите шумски пожари во Канада, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не планира да го промени датумот на финалето на ...

Едно лице почина во Менхетен како последица од зараза со легионерска болест, соопштија здравствените власти во Њујорк. Официјалните претставници не објавија детали за починатото лице, вклучувајќи го идентитетот, возраста или околностите на заразата. Според податоците од здравственото одделение во градот, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд во Њујорк, се разболеа најмалку 67 лица, додека повеќе од десетина се хоспитализирани ...

Во двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни загинаа 5.069 луѓе, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез. Бројот на повредени и натаму е 16.740, додека 17.907 лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресот. Според претходно објавени податоци, оштетени се 856 згради. Земјотресите што ја погодија Венецуела беа со јачина од 7,2 и 7,5 степени Во двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни ...

Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива. Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта, оценува СДСМ во соопштение. Ова не е општа забелешка, ова е директна и сериозна ...

Љупчо Поповски Неколкумина поискусни новинари и аналитичари кои имаат подолго политичко паметење и знаење за настаните во посткомунистичка Европа (како Борјан Јовановски, на пример), повеќепати споменуваат дека со ќор-сокакот кон Европа и антизападното расположение, Македонија има големи шанси да заглави како Словачка во 1990-те кога со неа владееше бескрупулозниот премиер Владимир Мечијар. Авторитарниот Мечијар падна од власта во 1998 ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...

Националниот џез оркестар денеска ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се претстави ...

Додека Светскиот куп, кој се одржува во Северна Америка, се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата желба САД да бидат домаќини на уште едно Светско првенство во блиска иднина – на прием во Њујорк пред финалето во недела. „Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави“, рече Трамп на прием во Трамп Тауер. „Но, овој пат ќе ги изоставиме како домаќини Канада и Мексико“. САД беа домаќини на 78 ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вчера го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија во Вашингтон, сигнализирајќи заедничка цел за зајакнување на партнерството меѓу двете земји, објави американската администрација во заедничко соопштение. Стејт департментот изјави дека почетокот на стратешкиот дијалог го зајакнува партнерството меѓу САД и Србија и билатералната ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Големи шумски пожари, суши и силни бури продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ Европа и покрај постепеното слабеење на топлотниот бран, а властите во повеќе земји предупредуваат на нови екстремно високи температури и зголемен ризик од пожари. Пожарникари, со поддршка од 30 летала, денеска се обидуваа да стават под контрола голем шумски пожар во североисточна Шпанија, поради кој беа евакуирани повеќе од 1.000 лица. Големиот пожар во ...

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ветија дека ќе ја продлабочат билатералната соработка во областа на одбраната и ќе се спротивстават на зголемената економска конкуренција од Кина, која, според нив, врши значителен притисок врз Европа преку пренатрупаност на пазарот и вештачко намалување на вредноста на јуанот. Мерц и Макрон се сретнаа во рамките на редовната седница на Француско-германскиот ...

Градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани вели дека во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека стомачни тегоби пријавени од граѓани на Гостивар се предизвикани од водата од градскиот водовод. Лимани во објава на Фејсбук напиша дека причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи. „Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска вети дека Германија ќе „ѝ подаде рака“ на Франција и ќе соработува со идниот претседател на земјата, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите следната година, и покрај анкетите кои предвидуваат успех на кандидатката на крајната десница Марин ле Пен. – Германија секогаш ќе ѝ подаде рака на Франција за подлабока соработка заснована на доверба, без оглед на одлуките што ќе ги донесат гласачите во двете ...

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Вашингтон ја отворија првата рунда од Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД, со што беше означен почетокот на ново поглавје во односите меѓу двете земји и воспоставена институционална рамка за нивно понатамошно стратешко поврзување, соопшти српското Министерство за надворешни работи. Во рамките на првата рунда од Стратешкиот дијалог, ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на ...

Рускиот блогер Иља Ремесло, кој јавно го критикуваше претседателот Владимир Путин и руската воена интервенција во Украина, е уапсен под обвинение за ширење невистинити информации за руските вооружени сили, објави ТАСС. Ремесло, кој претходно беше познат како прокремљовска фигура, е адвокат кој стана познат во јавоста преку критиките кон Алексеј Навални, опозицискиот лидер кој почина во затворска колонија во 2024 година. Сепак, во март Ремесло ...

Кривичниот суд го ослободи поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ за незаконската донација со која е изградено седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Делото ионака застарува за еден месец, но поважно е дека со ослободителната пресуда веќе нема шанси за конфискација на Белата палата. Претходно, премиерот Христијан Мицкоски постојано ја пизмеше и обвинителката Ленче Ристовска што ги водеше „Талир 1“ и „Талир 2“ во кои обвинета беше ...

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на јужниот брег на Мексико, при што е издадено предупредување за цунами. Засега нема информации од властите за причинета материјална штета или за повредени лица по силниот потрес што ја погоди мексиканската сојузна држава Чијапас, а бил почувствуван и во соседните Гватемала и Ел Салвадор. Епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 10 ...

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска стави вето на два закона со кои се предвидуваше воведување „договори за заеднички живот“ за парови што живеат заедно. Според локалните медиуми, ваквиот потег претставува удар за истополовите двојки во една од ретките земји членки на Европската Унија каде што правата на ЛГБТ-заедницата сè уште се ограничени. Премиерот Доналд Туск, кој ја презеде функцијата во 2023 година, најави реформи во областа ...

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за пиење, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на деградацијата на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство, се вели во соопштението од ...

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она ...

Како продолжение на истражувањето „Матни води“ денеска објавуваме текст за влијанието од користењето на отпадни води во земјоделието, при пливање или пиење. Додека го подготвувавме текстот, стасаа вестите за труењето на населението во Гостивар со загадена вода од Вардар. Какви се здравствените последици од користењето на загадена речна вода? Како што денеска јавуваат бројни македонски медиуми, вчера, 16.07.2026 година, доцна попладне јавен ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. „Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на ...

Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) денеска соопшти дека добила информација оти вооружени лица се качиле на танкерот „Асана“ во близина на јужниот брег на Јемен. Според податоците за следење на пловилото, малиот танкер, чие знаме не е познато, пловел кон сомалиското пристаниште Босасо во полуавтономниот регион Пунтланд. Првичните анализи укажуваат дека најверојатно станува збор за напад на сомалиски пирати, а не на ...

Од април следната година во Англија ќе биде забранета продажбата на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на деца помлади од 16 години, соопштија британските власти, а пренесе Би-Би-Си. Според новите правила, продавниците, рестораните, кафулињата, автоматите за продажба и интернет-платформите нема да смеат да продаваат пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин на литар на деца и тинејџери под 16-годишна возраст. Забраната ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.42
74%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.02
78%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.88
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.63
94%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.32
65%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
72%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.04
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Цинк

0.00

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Алуминиум

3.27