Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Политичката партија Левица преку соопштение соопшти дека не се откажува од барањето за воведување една изборна единица и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик во рокот предвиден во рамки на реформската агенда поврзана со Европската Унија. Од партијата тврдат дека власта не била пасивен набљудувач на процесот, туку негов организатор и носител на парламентарното мнозинство. Според Левица, наместо да ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 и фалсификување исправа од член 378 од ...
Tри лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси се на врвот на листата на најскапи играчи што играле во финале на Светско првенство. Според порталот „Трансфермаркт“ вредноста на Мбапе во времето на финалето на Светското првенство во 2022 година била 160 милиони евра. Тој е најскапиот играч што играл во едно мундијалско финале. Меси е втор. Во времето на неговото учество во финалето на Светското првенство во 2014 година, ...
Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски ...
Над 1.600 граѓани побарале лекарска помош од почетокот на епидемијата во Гостивар. Вчера и завчера во тамошната болница „Ферид Мурад“ биле прегледани повеќе од 300 пациенти со симптоми на гастроентеритис. На Детското одделение биле 105 деца кои исто така имале симптоми на гастроентеритис. Епидемијата официјално беше прогласена откако беше надминат неделниот праг на заболени, а Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението за епидемиологија ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека случајот со загадената вода во Гостивар ќе добие правен епилог и ги повика надлежните институции целосно да ги утврдат околностите и евентуалната одговорност. Од партијата оценија дека локалната власт во Гостивар, која, според нив, ја поддржуваат СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, потфрлила во справувањето со ситуацијата и упатија критики до СДСМ дека не побарала одговорност за настанот. Во соопштението, ...
Oбјавен e македонскиот превод на романот „Мрежи“ од новата ѕвезда на шпанската литература, Елој Морено, во превод на македонски јазик на Виолета Јагев. „Мрежи“ е повик за размислување за улогата на дигиталната технологија во нашиот живот и покана за повторно поврзување со тоа што е навистина важно: личните односи, емпатијата, реалноста. „Мрежи“, низ очите на една тинејџерка, ни раскажува за дигиталниот свет што го одзема поголемиот дел од ...
Во време кога светските анализи укажуваат на растечки недостиг од бакар, Македонија располага со ресурси што би можеле да имаат значајна економска вредност. Според рударскиот инвеститор Френк Џустра, светот се движи кон сериозен дефицит на бакар, бидејќи идната побарувачка ќе го надмине капацитетот на новите рудници. Истовремено, Стратегијата за минерални суровини 2026–2046, подготвена со учество на Македонската академија на науките и ...
Резултатите од вонредните испитувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за квалитетот на водата во Гостивар се веќе готови, при што се утврдени одредени отстапувања од нормалните параметри, објави „Слободен печат“. Ваквиот епилог кореспондира со актуелната состојба во градот, каде стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради симптоми на стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Сепак, точните детали и природата на отстапувањата во ...
Тензиите по финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина кулминираа веднаш по последниот судиски свиреж, кога дојде до жестока пресметка меѓу фудбалерите на двете репрезентации. Entonces Rodri es el que empezó todo el desmadre al final del partido 🤔.. De todos modos, Leandro Paredes reaccionó muy mal 🤷.. pic.twitter.com/qxDbp2dEDD — Anxious Vids🔥 (@Anxiousvids) July 19, 2026 Инцидентот започнал по вербален конфликт меѓу Родри ...
Македонскиот музичар Петар Георгиевски – Камиказа се здоби со потрес на мозокот, повреда на главата и повеќе нагмеченици при незгода додека возеше велосипед на Кејот на Вардар во Скопје. Како што раскажа на Фејсбук, несреќата се случи пред неколку дена на стотина метри пред мостот „Аминта Трети“. Додека се движел во својата лента, од спротивната страна ненадејно му излетал рекреативец кој, според неговите зборови, не погледнал пред да го ...
Тринаесетгодишник почина за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство во градот Сиудад Родриго, 320 километри северозападно од Мадрид, кога се урна фонтана во која скокаа навивачите. Дел од навивачите се искачија на горниот дел од фонтаната и мавтаа со шпански знамиња. Додека навивачите славеа на фонтаната на плоштадот Глориета дел Арбол Гордо, горниот дел од структурата се урна и падна врз неколку луѓе. ...
Наместо новите светски шампиони, вниманието го привлече Доналд Трамп. Американскиот претседател се најде во центарот на контроверзија откако одлучи да остане на подиумот додека шпанските фудбалери се подготвуваа да го подигнат трофејот, а снимката од непријатната сцена го обиколи светот. Шпанците го очекуваа моментот од соништата – пехарот во рацете, знамињата, фотографиите и славјето по големата победа над Аргентина. Но, тогаш камерите ...
„Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување на бројот на ...
Мојата голгота трае пет и пол години истрага, две сослушувања и обвинителен предлог заснован на наводна несовесност Почитувани читатели, Изминаа десет дена откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција објави дека истрагата за стечајот на Еуростандард банка е завршена, дека до судот е поднесен обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против четврто лице. Четвртообвинетиот сум јас. Јавното ...
Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, денеска ќе се сретне со шаховската велемајсторка Јудит Полгар и ќе и предложи да ја преземе функцијата претседател на Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил, Маѓар оцени дека името Полгар со децении е симбол на талент и истрајност и истакна дека би му претставувало чест доколку ја прифати кандидатурата. Најавата доаѓа еден ден откако досегашниот претседател, Тамаш Шујок, потпиша уставни измени, усвоени ...
Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира ...
Ерол Ризаов За само неколку месеци премиерот Христијан Мицкоски и пропагандната фабрика на ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициски партнери го постигнаа најголемиот успех на најдобрата влада која мораше да биде реконструирана за да биде уште подобра. Променет е речиси целиот корумпиран правосуден систем. Воспоставено е извонредно успешно владеење на правото во сите судски инстанци. Тоа што на никој не му успеа за 35 години независност на државата со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...
Извештајот на Институтот за јавно здравје открива дека најголем дел од плажите во Охридско, Преспанско и во Дојранско се безбедни за капење, но старите проблеми со загадувањето остануваат. Во Охридско и натаму закана се фекалните води, септичките јами и неисправната канализација, а во Дојранско – пестицидите и отпадните води. Институтот бара итно да се среди колекторскиот систем, да се спречат директните испусти во езерата и постојано да се ...
Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата вечер се водеа како исчезнати. Според извори на Алсат, нивниот „мерцедес“ со германски регистарски таблички е пронајден превртен вечерва во близина на границата со Косово, а во возилото биле пронајдени телата на сите тројца. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, кои последен пат биле видени вчера околу 22 часот во Скопје, откако тргнале од аеродромот кон ...
Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...
Репрезентацијата на Аргентина не успеа да упати ниту еден удар кон голот против Шпанија во регуларното време на финалето на Светското првенство во 2026 година. Аргентинците станаа првите финалисти во историјата на Светските првенства кои не упатија ниту еден удар кон голот во регуларното време. Аргентина, исто така, го заврши регуларното време со десет играчи, откако во 90+3 минута, играчот од средниот ред Енцо Фернандез доби втор жолт картон ...
Фудбалерот и капитен на Аргентина, Лионел Меси, стана вториот играч во историјата што играл во три финалиња на Светските првенства. Меси вечерва го започна финалето на Светското првенство 2026 година против Шпанија. Претходно, Меси играше во финалето на Светското првенство во 2014 година (против Германија, 0:1) и Светското првенство во 2022 година (против Франција, 3:3, пенали, 4:2). Првиот играч што играше во три финалиња на Светските ...
Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 во првото полувреме од финалето на Светското првенство 2026. Ова е полувреме кое брзо ќе се заборави. Шпанците беа поконкретни, имаа поголем посед на топката и иницијатива со три обиди да го загрозат противничкиот гол. Аргентина буквално не покажа ништо и немаше ниту еден обид да постигне гол. Натпреварот се игра на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 во првото ...
Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец, Андрес Иниеста, и поранешниот аргентински напаѓач, Марио Кемпес, го донесоа трофејот на стадионот „МетЛајф“ пред финалето на Светското првенство 2026. Иниеста го освои Светското првенство со Шпанија во 2010 година, додека Кемпес го освои Светското првенство во 1978 година со Аргентина. На церемонијата им се придружија познатиот шпански тенисер Карлос Алкараз и јужнокорејската актерка и супермодел ...
Турски трговски брод бил погоден од руски ракети, при што загинаа пет лица, соопшти украинската морнарица, цитирана од агенцијата Франс прес. Судбината на пет други членови на екипажот останува непозната. Бродот, кој превезувал жито, бил погоден од три крстосувачки ракети „додека ја напуштал борбената зона“. Осум лица биле евакуирани во болница во Одеса, на брегот на Црното Море. Турски трговски брод бил погоден од руски ракети, при што ...