Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското ...
Македонија го одбележува Денот на рударите со загрижувачки податоци за состојбата во секторот. Во земјата има сè помалку луѓе кои работат во рудниците, а истовремено нема доволно нови инвестиции кои би отвориле дополнителни работни места. Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година се намалил за 2,3% на годишно ниво. Во рударството падот е драстично поголем. Тоа значи дека за само една ...
Во 1950-те години имаше еден хорор филм „Суштеството од Црната лагуна“ (Creature from the Black Lagoon) кој во наредните две децении беше стандардот според кој се мереше стравот во кино-салите. Беа направени неколку секвели за хуманоидното чудовиште од Амазон. Она што се случува сега во Македонија (а и што се случуваше пред 12-13 години) со оние што мислат поинаку од структурите коишто се блиски или се дел од маргините на владејачките ...
Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата ...
Долготрајната суша предизвикува се повеќе проблеми со темелите на куќите во Холандија, а властите веќе добија двојно повеќе пријави оваа година отколку лани. Сопствениците пријавуваат пукнатини во ѕидовите, заглавени врати и прозорци и деформирани фасади, објави денес „NL Times“. Површините со глина и тресет се најмногу изложени на ризик, бидејќи таквата почва се собира кога нивото на подземните води се намалува, предизвикувајќи куќите да ...
Почина 83-годишен пациент со повеќе хронични заболувања, но и со западнонилска треска Од Министерството за здравство денеска се очекуваат информации за состојбата на заболените, како и за евентуални нови случаи на заразени со вирусот. Посебно внимание се препорачува кај повозрасните лица и кај луѓето со хронични заболувања, бидејќи кај нив постои поголем ризик од потешка форма на болеста. Во последните 15 години во Македонија биле ...
Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како ...
Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите објавени во одредени медиуми дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството за внатрешни работи не располага со податоци за таков случај, ниту е спроведена постапка со која на 700 филипински државјанки од Австралија им е доделено македонско ...
По повеќегодишни барања и синдикални активности, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) оствари работна средба со министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, на која биле отворени повеќе прашања од значење за вработените во културата. На средбата е договорено формирање две работни групи – едната за Колективниот договор за култура, кој е во постапка пред Уставниот суд, а другата за Законот за култура, во која СКРМ ќе ...
Два одделни настани ќе ја одбележат 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Владата денеска, 12 август, организира одбележување во Клубот на пратениците, додека ДУИ за утре закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На владиното одбележување е најавен панел на тема „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“, на кој како учесници се наведени градоначалникот на Тетово Билал Касами, поранешниот ...
Правилата за употреба на пакувањето се менуваат во Европската Унија. Новите правила почнуваат од утре и важат за сите што пласираат пакување на пазарот. Целта е да се намали количината на пластичен отпад и да се поттикне повеќекратната употреба на пластични предмети. Од февруари следната година, ќе стапат во сила промените поврзани со потрошувачите. Потрошувачите ќе можат да користат свои садови за храна и пијалоци што ги изнесуваат. Веќе ...
Силна бура погоди неколку делови од Словенија синоќа. Најлошо беше во општина Старше, каде што пожарникарите реагираа на 17 локации поради паднати дрвја, оштетени покриви и поплавени подруми. Силна бура погоди делови од Словенија синоќа, а беше особено силна во општина Старше, каде што силните ветрови соборија дрвја и изложени покриви, додека дождот ги поплави подрумите, според 24ur. Пожарникарите реагираа на 17 локации во населбите Марјета, ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, поради зголемената фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце, за излез од државата, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на Богородица, исто така за излез од земјава. На останатите ...
Срната која била удрена на патот кон Кичево е хоспитализирана и се наоѓа во животозагрозувачка состојба, информираат од здружението „Анимал воис“, од каде што објавија детали за нејзините повреди и апелираа за помош за лекувањето. Ветеринарниот тим веднаш презел мерки за нејзино стабилизирање, а прегледите покажале сериозни повреди. Срната има скршеници на вилицата и задната нога, тешка траума, крвавење во белите дробови и стомачна кила. Од ...
Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ. Обвинија дека премиерот ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата. „Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели ...
Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не презеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар, наведува ВМРО-ДПМНЕ. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина. Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да ...
Спасувачките екипи во Колумбија успеале да извлечат живо бебе од урнатините на станбена зграда која се урнала по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди западниот дел на земјата. 🚨Colombia rescuers DIG OUT MONTHS-OLD BABY from BUILDING RUBBLE after 7.4 earthquake 📍An 18-day-old baby was rescued from the rubble of a building. #Colombia #Earthquake https://t.co/Xt5WDuaM5Epic.twitter.com/koQnJVsBRv ▪️More ...
Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село, кој избувнал вчера околу 13:30 часот, се прошири во шумскиот појас и заради силниот ветер, високите температури и големата количина сув материјал во гаснењето се вклучиле три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникари на ТППЕ Струмица и доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината и една општествено одговорна компанија која со ...
Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија. Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, клучниот проблем е датумот. Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на 22 април 2026 година, ...
СДСМ повторно го споредува начинот на кој Христијан Мицкоски го води ВМРО-ДПМНЕ со периодот во кој Ванчо Михајлов бил на чело на историското ВМРО, овојпат посочувајќи дека паралелата не е само во политичката реторика, туку и во концентрацијата на моќта во рацете на еден лидер. Од партијата потсетуваат дека Михајлов и неговото крило на ВМРО политичките противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“, оценувајќи дека сличен модел ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени згради, ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
Адвокатот Умејр Мухамеди излезе со серија тешки обвинувања на сметка на Изет Меџити, актуелен политички противник на ДУИ, притоа споредувајќи го неговиот третман од институциите со постапката против поранешниот вицепремиер Артан Груби. Мухамеди преку повеќе прашања изнесува тврдења за наводен непотизам, криминални структури, приватизирање институции и постоење кривични пријави против Меџити. Станува збор за тврдења на адвокатот, а не за ...
Ова е веќе друг процес на привремено затворање, процес на социјализација на учениците, во правец на постигнување поквалитетно образование, вели Јаневска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ја брани идејата за затворање на подрачни училишта и покрај противењата на родителите во дел од засегнатите места. Таа вели дека има случаи на едно дете во еден клас и во едно училиште, што го смета за несоодветно. Целта е поквалитетно ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово, поради сомнение дека лажно пријавил кривично дело. Според пријавата, на 3 март 2026 година тој во полиција пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите баба и дедо му одзеле околу 3,5 милиони денари. Полицијата презела мерки и извршила проверки, при што било утврдено дека настанот не се случил на начинот на кој бил пријавен. Поради тоа, против ...
Одлуката на Советот Општина Куманово да земе кредит од 1, 6 милиони евра кај комерцијалните банки не е донесена согласно законот, утврдил Државниот инспекторат за локална самоуправа, откако советниците на СДСМ поднесоа преставка за законитост на постапката. Мнозинството во Советот на Општина Куманово на 4 јули годинава, изгласа Општина Куманово да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување ...
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните да не отвораат лажни пораки, кои наводно се испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци. Изминатиов период, нагласува МВР, е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Додека државата се празни, дијаспората на Македонија во странство станува се поголема – и тоа не само поради новите иселеници, туку и преку семејствата што тие ги формираат надвор од нашите граници. Како илустрација, според неофицијални податоци, во текот на оваа година во Австралија биле издадени околу 700 патни исправи на Филипинки кои стапиле во брак со македонски државјани и по таа основа се стекнале со право да добијат македонски ...