Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска посочи дека Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода. – Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците ...
Во полн ек е истрагата за смртта на адвокатот по кривично право Ставрос Георгиу, кој беше пронајден мртов во својата канцеларија во центарот на Атина доцна синоќа, пишува порталот „Прототема“. Според досегашните информации, судскиот вештак не констатирал повреди што би укажувале на употреба на нож или огнено оружје, а се проценува дека Георгиу бил мртов околу 24 часа пред да биде пронајден. Напротив, доказите упатуваат на заклучок дека ...
Пожар избувнал во тетовското село Челопек, при што изгореле багремови дрва на приватен имот, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 21 јули во 14:00 часот случајот бил пријавен во Полициското одделение Жеровјане. Огнот зафатил имот во сопственост на Т.В., при што биле опожарени багремови дрва. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во ...
Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна во секојдевното возење. Тоа зависи колку возилото ќе навлезе во зоната каде што камерата може соодветно да ја измери брзината. Сето ова зависи и од видот на системот што се користи. Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на ...
Се превртело возило со гевгелиски регистарски ознаки, спасена е една жена со помош на интервенција на пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Дојран. Утрово три противпожарни единици учествуваа во извлекувањето на приклештено лице во превртено возило на пат кон Дојран. Акцијата за извлекување на загрозениот возач од превртеното возило траеше речиси час и половина, од 05:30 до 06:55 часот изутринава. Спасена е жена која за среќа претрпела само ...
🔴Пред една година #Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ. ➡️Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на невработени лица од ромската заедница се распределувале спротивно на условите од јавниот повик, преку лица кои не припаѓале ...
Електричните автомобили по првпат ги надминаа сите други видови погонски склопови во продажбата во Германија. Оваа бројка претставува огромна промена на најголемиот европски пазар на автомобили, што традиционално се поврзува со дизел-автомобилите, способни да минат стотици километри со брзина на автопат без никакви проблеми. Според податоците од Германскиот федерален орган за моторен транспорт (КБА), Германците регистрирале 84.057 нови ...
Белата куќа ќе дозволи британско-американските „инфлуенсери“, обвинети за повеќекратни кривични дела, вклучувајќи силување и трговија со луѓе, браќата Ендру и Тристан Тејт, да бидат екстрадирани во Велика Британија, и покрај притисокот од блиски луѓе до американскиот претседател Доналд Трамп, објави британскиот дневен весник Телеграф, повикувајќи се на неименуван американски извор. Тој тврди дека ниту Трамп нема да ја блокира екстрадицијата ...
Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото. Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време ...
При вчерашното силно невреме, кога низ Скопје паѓаа дрвја и летаа делови од покривни конструкции, возач на автобус на ЈСП со својата професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови. Во објава на Фејсбук скопјанка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак сведочи за настанот. Вели дека невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува ...
Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, ...
По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број ...
Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија. Спомен бистата е откриена во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со ...
Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...
Невремето кое што вчера го опустоши главниот град зад себе остави големи материјални штети. Оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои и часовникот на Музеј на град Скопје. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, може да се види дека оштетена е стрелката која ги означува секундите на часовникот. Оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база ...
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм и предупреди дека денеска на повеќе места во земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност. Според прогнозата, нестабилното време ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови за појава на невреме проследено со град. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе ...
Европската Унија и САД сè поинтензивно ги координираат политиките за обезбедување критични минерали, оценува Европскиот парламент во најновата анализа за американските политики во оваа област. Документот нагласува дека минералните суровини се неопходни за енергетската транзиција, индустриското производство и технолошката независност. Иако Македонија располага со бакарни ресурси, тие сè уште не се ставени во функција. Најголемиот проект е ...
„Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика ...
Зохран Мамдани, градоначалникот на Њујорк, го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху воен злосторник во видео објавено на социјалните мрежи, изјавувајќи дека се согласува со ставот на Меѓународниот кривичен суд оти Нетанјаху треба да биде уапсен и осуден. Benjamin Netanyahu is a war criminal. pic.twitter.com/YRezmW6YVx — Mayor Zohran Kwame Mamdani (@NYCMayor) July 22, 2026 „Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на страшниот ...
Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан. Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените и инспекциските органи со недели молчеле и дозволиле граѓаните да консумираат фекално загадена ...
На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. -Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по завршувањето ...
Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. – И во моментов сè уште има ...
Силното невреме што вчера попладне го зафати Скопје, освен што собори повеќе дрва и семафори, оштети возила и покриви на згради, зад себе остави штети и на витални објекти во главниот град. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, меѓу оштетените објекти се претседателскиот комплекс Вила Водно, објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), аеродромската полициска база ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска ја носи конечната одлука за судбината на Охридскиот Регион. Одлуката ќе биде донесена врз основа на податоците од извештајот за напредокот во исполнувањето на препораките, односно над десетината констатирани критични точки, од дивоградбите и справувањето на одговорните со нив, колекторскиот систем, па се’ до урбанистичкото довеење во градот и стореното, односно нестореното во заштитата на ...
Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...
Шок претрпе 61-годишниот Љубиша Каровиќ, кој беше тешко повреден за време на летот од Солун до Меминген во Германија, откако се скрши прозорецот на авионот, при што половина од неговото тело се најде надвор од кабината. Инцидентот се случи на 10 јули, на летот FR1879 на компанијата Ryanair. Неколку минути по полетувањето, според сведоштвата на патниците, се слушнал заглушувачки тресок кога дел од моторот се одвоил и удрил во прозорецот до кој ...