Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Чувството на постојан замор и недоволната енергија во текот на денот не мора да биде само поради стрес или недостаток на сон. Нивото на енергија може да биде под влијание и на секојдневните навики на коишто честопати не се обрнува доволно внимание. Исхраната, меѓу друго, има важна улога. Недоволниот внес на железо може да биде поврзан со чувство на исцрпеност, раздразливост и лоша концентрација. Затоа можете да вклучите храна како грав, ...
Околу 1.800 жители биле евакуирани во петокот рано наутро во западна Германија, откако шумски пожар се проширил кон населено место во близина на границата со Белгија. Општинските власти околу 4 часот наутро им наредиле на жителите на селото Геј веднаш да ги напуштат домовите. Тие биле упатени во прифатен центар организиран во основно училиште во блиското место Штрас. На жителите им било препорачано со себе да ги земат само најнеопходните ...
Од почетокот на јули досега во Франција се приведени 474 лица под сомнение за подметнување пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа држава. Меѓу приведените има 183 малолетници, или речиси 39 проценти од вкупниот број. Француското МВР на почетокот на август објави дека две третини од апсењата се поврзани со сомнение за намерно подметнување пожар. Нов шумски пожар избувна утрово во департманот Ланд во југозападна ...
Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири останува затворен и не е дозволен пристап, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Касандра информираа ...
Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција за евакуација од подрачјата погодени од пожарите во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ), врз основа на податоците од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун. Во координација со надлежните грчки служби, македонските државјани биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што се згрижени заедно со ...
Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР, истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на прес-конференција. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи ...
Ангелов посебно ја истакна храброста и вештината на младиот тракторист, кој со својот трактор се вклучил во борбата со огнената стихија, изложувајќи се на голем ризик. „Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце – Александар Чепиговски од с. Ивањевци, кој покажа извонредна вештина во управувањето со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик, орајќи директно низ линијата на огнот, со што го ...
Австриските безбедносни служби го уапсија 28-годишниот македонски државјанин кој се бараше под сомнение за напад со нож за време на нарко-зделка во градот Велс. Полицијата во Горна Австрија соопшти дека осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во средата претпладне на железничката станица „Вестбахнхоф“ во Виена. Веднаш по апсењето, тој бил спроведен во затворот во Велс. Инцидентот за кој се товари се случил на 29 април годинава во еден ...
По повеќе од пет недели од воведувањето на забраната, во Гостивар се очекува да се создадат услови за повторно користење на водата за пиење и подготовка на храна. Одлуката ќе зависи од последните лабораториски резултати, кои треба да потврдат дека водата е безбедна. Од локалниот кризен штаб во изминатите денови информираа дека состојбата значително се подобрува. Според досегашните анализи, микробиолошките параметри на водата се во границите, ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. „Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...
Црна Гора и Украина активно договараат датум за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако таа беше откажана лани во последен момент. „За тоа активно се дискутира. Украинската страна останува заинтересирана за реализација. Утврдувањето на конкретниот датум моментално е на дневен ред“, соопшти Амбасадата на Украина за подгорички „Дан“. Зеленски беше во Белград минатата недела. Неговото пристигнување во Подгорица беше ...
Косоварите мора да разберат дека не се дава срце на човек кој има потреба од мозок! Среќата, како и несреќата, најчесто е дело на личен избор. Антиамериканската политика на Курти, заснована на потрага по рај среде пеколот, директно влијае на сите во Косово! Мерсел Биљали Еден ден по посетата на украинскиот претседател Зеленски на Белград, Вучиќ објави дека неговата влада поканила експерти со цел промена на текот на реката Ибар на ...
Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу половина час пред полноќ се случи на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново. Во сообраќајката учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. -Во несреќата, од здобиените повреди на местото ...
Левица бара одговорност за институциите кои, како што велат од партијата, дале уверувања дека водата во Гостивар е безбедна, иако подоцна се утврдило дека водоснабдителниот систем бил контаминиран. Од Левица посочуваат дека на 29 јуни Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење според кое водата ги исполнува законските и стручните услови. Според партијата, во тој период веќе биле поставени спорните пумпи и загадена вода влегувала ...
Светските сили се тркаат по бакар, Македонија сè уште го остава својот ресурс неискористен Американската администрација најави дополнителни три милијарди долари за развој на рударски проекти со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критичните минерали. Од целиот пакет, најголемата инвестиција – една милијарда долари – е наменета за проект за ископ на бакар. Ваквите потези ја потврдуваат сè поголемата геополитичка и економска важност на ...
Спасени се куќите во селата Богомила во Чашка и Лознани во Палагонија, ќаде во изминатите 24 часа се водела битка со пожари. Низ целата земја активни беа над 40 пожари, од кои повеќето се изгаснати, но остануваат активни уште шест. Како што вели Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, тие не загрозуваат населени места ниту пак может да зафатат квалитетна шума, иако вчерашниот ден бил еден од најтешките во сезоната ...
Северна Македонија повторно се најде на второто место на европската „црна листа“, овојпат по количество отпад, обвинува СДСМ во соопштение. „Покрај тоа што сме ‘трета економија во Европа’, покрај тоа што сме ‘први по туризам’, покрај тоа што сме ‘лидери во авиосообраќајот’ и покрај тоа што аеродромот е ‘најбрзорастечки’, и покрај тоа што платите најбрзо ни ‘растеле’…, повторно сме втори на европската црна листа. Овојпат по ѓубре“, наведува ...
Северна Македонија повторно се најде на второто место на европската „црна листа“, овојпат по количество отпад, обвинува СДСМ во соопштение. „Покрај тоа што сме ‘трета економија во Европа’, покрај тоа што сме ‘први по туризам’, покрај тоа што сме ‘лидери во авиосообраќајот’ и покрај тоа што аеродромот е ‘најбрзорастечки’, и покрај тоа што платите најбрзо ни ‘растеле’…, повторно сме втори на европската црна листа. Овојпат по ѓубре“, наведува ...
Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа била подобрена, а по морски пат било евакуирано 481 лице, информира директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, зафати и домови и возила, полесно се повредени двајца пожарникари, додека гаснењето продолжи и во текот на ноќта. Противпожарните сили биле дополнително зајакнати и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Соопштение на ДУИ: Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број. Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец. Овие две бројки јасно ја покажуваат насоката на ...
Трифун Костовски Деновиве повторно го почувствував камшикот на нашиот правосуден систем. Мојата жалба за одмрзнување на имотот беше одбиена. Речиси шест години не смеам ниту да стопанисувам со тој имот, ниту да го отуѓам, а истовремено сум должен да го одржувам исклучиво на сопствена сметка. Кога правдата се одложува со години, таа престанува да биде правда и станува казна. Судскиот систем практично ме принудува својот животен пат да го ...
Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации. Повеќе од 36 милиони луѓе се под предупредувања за поплави, соопштија локалните власти. Гувернерот на Индијана, Мајк Браун, прогласи вонредна состојба бидејќи 250.000 луѓе во неговата држава и Илиноис останаа без електрична ...
Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во КБЦ Сплит поради повредите здобиени во синоќешниот пожар кај Омиш, јавија хрватските медиуми. По медицинската помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата. Седум пациенти се на интензивна нега и нивниот живот е во критична состојба. Како што дознава Индекс, повеќето од нив имаат тешки изгореници. Уште тројца пациенти се на интензивна нега, ...
Големиот пожар кој вчера вечерта избувна во Хрватска кај Локва Рогозница се прошири и на самиот Омиш и создаде исклучително тешка ситуација на терен. Пожарот стигна до куќите, стотици луѓе се евакуирани, а десет од нив се повредени. На терен има бројни противпожарни бригади со пристигнување на засилување, пишува Нет.хр. Спортската сала „Рибњак“ во Омиш е полна со луѓе, а сплитските автобуси „Промет“ ги превезуваат евакуираните до Сплит, до ...
Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки Драган Даниловски, епидемиолог, професор и поранешен министер за здравство / Фото: Архива Аеропрскањето не значи ништо во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, вели епидемиологот Драган Даниловски. Тој укажува на повеќе ...
Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде големиот пожар во областа Сивири предизвика сериозни штети, а според сведоштвата на локалните жители, огнената стихија зафатила и уништила повеќе куќи. Во разговор за ЕРТ, жител на областа рече со плач: „Нашата куќа изгоре. Сите куќи овде беа уништени. Останавме без домови. Знаете ли колку куќи има овде? Сите ги нема…“. Жителите со неверување гледаат како пламените јазици се приближуваат до ...
Од Министерството за надворешни работи велат дека по избувнувањето на пожарот во познатото туристичко место на првиот крак на Халкидики, македонски државјани телефонски се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти До овој момент од надлежните институции во Грција не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски ...
Вработен во обложувалница во центарот на Скопје вечерва бил избоден со нож при обид за грабеж, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, нападот се случил во објект во Центар, а повредениот вработен по инцидентот бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и пренесен во Ургентниот центар. На местото има засилено полициско присуство, а се преземаат мерки за обезбедување на просторот и расчистување на случајот. Засега нема ...