Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Силен ветер и високи бранови во Охрид и охридско. Во селото Љубаништа повеќе од кајчиња и глисери завршија на брегот, а во село Трпејца брановита ја покрија плажата и стигнаа до првиот ред од куќите. Според информациите од локалните медиуми во Охрид, невремето предизвика големи материјални штети. Вакви појави се ретки за летниот период, кога езерото обично е мирно, но наглите промени на времето и нестабилната атмосфера денеска донесоа ...
26-годишен жител на радовишко село е осомничен за кривичните дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „вонбрачен живот со дете“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против осомничениот поради постоење основано сомнение дека ги сторил наведените кривични дела. Според пријавата, во периодот од 2025 година ...
Необична супстанца го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар, во Скопје. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски заедно со инспекторите излезе на терен и посочи дека иако ова е во ингеренции на Министерството за животна средина, тие земале мостри и ќе испитаат кој е загадувачот. Тој вели дека вакви испади и неодоговрно однесување имало и порано, но овојпат ќе има постапување. Покрај вливот на реката Лепенец има повеќе фирми. ...
Основниот суд во Приштина го осуди поранешниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, на две години затвор и глоба од 5.000 евра за непријавување на целиот свој имот за време на неговиот мандат. Затворската казна ќе се издржи откога пресудата ќе стане правосилна, а глобата мора да се плати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката. Судот го отфрли предлогот на Специјалното обвинителство за конфискација на непријавен имот во ...
СДСМ бара проверка на водата во Велес – бараме и во цела Македонија СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и во училишта. Нема ...
„Пошта“ три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено – објави на социјалните мрежи директорот на АД „Пошта на РСМ“, Орхан Куртиши. Објавата тој директно ја адресира до пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој вчера обвини дека „Пошта“ трет ден по ред не прима писма. Кутриши го обвини Апасиев дека наместо да ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.7.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден – соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови ...
Вирусот Западен Нил повторно е активен во Европа, а оваа сезона се потврдени случаи и во Македонија. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), локално стекнати инфекции се регистрирани во Грција, Италија, Шпанија, Романија и во Македонија, каде досега се потврдени два случаи – во Скопскиот и во Вардарскиот регион. Иако кај повеќето заразени инфекцијата поминува без симптоми, кај мал број пациенти може да предизвика ...
МВР информира дека вчера наутро во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „8“ во нас. Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с. Миладиновци, ...
МВР информира дека вчера наутро во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул. „Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река. За настанот се известени јавен обвинител и трудов ...
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна ...
Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово почина во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор К’шање. Според информациите од МВР, вчера во 12:35 часот било пријавено дека во затворот бил пронајден починат С.Ш.(27) од Куманово. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Причините за смртта ќе бидат утврдени по ...
Основниот суд Кавадарци донесе првостепена пресуда со која тројца кавадарчани се прогласени за виновни за убиството што се случи пред една година пред казино во центарот на Кавадарци. За кривичното дело „Убиство“ од член 123 став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик, виновни се прогласени Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28), сите од Кавадарци. Кривичниот совет на Основниот суд им изрече казна затвор од по 10 години за секој од ...
Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба, согласно документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека согласно добиени резултати ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...
И водата во Општина Пласница и во Преглово не е за пиење, покажуваат документи од Центарот за јавно здравје во Прилеп од последните испитувања на водата од 14 јули годинава. Жителите се жалат дека со децении пијат загадена вода и никој не презема ништо. Во продолжение докуемнтите од Центарот за јавно здравје Прилеп од лабораториските анализи и заклучок дека водата е неисправна за пиење. И водата во Општина Пласница и во Преглово не е за ...
Собранието, денеска, со 67 гласа „за“ и 13 „против“, за министер без ресор во Владата го избра Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го поддржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер Спасовски, не затоа што е против кандидатот, туку затоа што сметаат дека нема да се ...
Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги добил од клучни безбедносни институции – Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретна информација за закана кон нашата држава од Техеран откако Иран претходно ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. – ...
На денешната прес-конференција, Панче Милевски – Панта обвини дека со ребалансот на Буџетот Владата дополнително ја намалила финансиската поддршка за спортот и дека во изминатите две години директните средства за спортските субјекти се речиси преполовени. Милевски оцени дека поддршката за спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти останува на 5,4 милиони евра, додека, според него, во 2024 година изнесувала 10 милиони евра, а во ...
СДС и Филипче немаат одговорност, не нудат решенија туку креираат страв и вознемиреност кај граѓаните. СДС и Филипче наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника, дезинформации и конструкции, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во ...
Скопјани да не ги паркираат своите возила под дрвја и да не се задржуваат во близина на висока вегетација затоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, апелираат од ЈП „Паркови и зеленило“. Целта е, како што велат, да се намали ризикот од несакани последици доколку повторно се случи силно невреме како претходното. Оттаму советуваат граѓаните да пријават доколку ...
Иран го одбил предлогот за прекин на огнот што, според „Њујорк тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп го испратил до Техеран преку ирачкиот премиер Али ал-Заиди. Повикувајќи се на неименувани ирански и американски претставници, весникот наведува дека посетата на Ал-Заиди на Иран следувала по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа. Деталите од предложениот договор не се објавени. Според истите извори, иранските власти не ...
Француските власти наредија целосна евакуација на полуостровот Кап Фере, едно од најпознатите летувалишта на југозападниот брег на Франција, поради големиот шумски пожар што продолжува да се шири. Илјадници жители и туристи го напуштија подрачјето, дел по копнен пат, а дел со бродови. More than 100 homes have been damaged by an out-of-control wildfire near Biscarrosse in southwestern France, officials said, as the blaze threatened additional ...
Фатен на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко – технички обработени. На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ...
Унгарската фирма „Електробус Икарус“ и австриската ЕВН се избрани и на вториот повик за набавката на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје, а 50 за останатите градови во Македонија. Во дописот од Министерството стои дека „Икарус“ и ЕВН дале најниска цена од 3 .120 956 004 денари дез ДДВ или 50 милиони евра, односно 19 796 924 денари без ДДВ или 322 илјади евра по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ или по 30.000 евра по единица ...
Бакарот станува еден од најдефицитарните минерали во светот, предупредува Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во извештајот „Global Critical Minerals Outlook 2026“. Според анализата, нови наоѓалишта сè потешко се откриваат, а квалитетот на бакарната руда постојано опаѓа. Во последните три децении просечната содржина на бакар во рудниците е намалена за околу 40 проценти. Дополнителен предизвик е што само 5 проценти од сите откриени ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната Сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата и е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државава да ги реализира мерките што ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави десетте финални решенија за идниот изглед на евро банкнотите и ги повика граѓаните да учествуваат во јавната консултација, преку која ќе можат да дадат мислење за предложените дизајни. Јавната анкета ќе биде отворена до 21 септември, а Управниот совет на ЕЦБ се очекува до крајот на годината да го избере конечниот изглед на новата серија банкноти. Во финалниот избор се најдоа две концепции – ...
Од Левица денеска преку соопштение обвинија дека доцнењето на исплатата на породилните надоместоци продолжува и покрај промените во раководството на Фондот за здравствено осигурување, оценувајќи дека институциите не го решаваат проблемот со кој, според партијата, се соочуваат голем број родилки. Од партијата тврдат дека и во втората половина на јули има мајки кои сè уште не ја добиле исплатата за месец мај, оценувајќи дека доцнењето станало ...
Барам итна проверка на законитоста на работењето и туристичките активности во пештерата Врело – Кањон Матка, се вели во пријавите кои Марија Бундалевска, македонска државјанка која повеќе од десет години живее и работи во Сингапур, ги поднесе до надлежните институции. Во сторијата што ја пренесува мкд.мк Таа тврди дека на Матка не се издаваат фискални сметки, дека дел од туристите одат на турите без појаси за спасување… „На 5 јули бев во ...