СДС, како секогаш, и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат ...

– Марк ван Бомел коментираше за неговото назначување за главен селектор на репрезентацијата на Белгија. Четириесет и деветгодишниот Холанѓанец ќе потпише договор до Европското првенство во 2028 година. – Голема чест ми е да станам главен селектор на репрезентацијата на Белгија. Сакам да му се заблагодарам на Кралскиот белгиски фудбалски сојуз за довербата што ми ја дадоа. Белгија има извонредни играчи и огромен потенцијал. Заедно со мојот ...

Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите. Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден учесниците ќе поминат стотици километри низ ...

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето околу котлината во францускиот регион Нова Аквитанија и се прошири до предградијата на Бордо, уништил 42 илјади хектари земјиште, соопшти денеска префектурата на департманот Жиронда. Поради пожарите во Франција и соседна Шпанија, евакуирани се повеќе од 300 илјади луѓе. Од средата во Франција вкупно се евакуирани 220 илјади жители. „Од 4 часот изутринава, проценетата изгорена површина изнесува ...

– Берлинската полиција објави фотографија на лице за кое смета дека е извршител на нападот на Парадата на гордоста во германската престолнина, во кој загина едно, а се повредени 16 лица. Властите започнаа потрага низ градот по 21-годишниот осомничен Абдул Б., кој избегал откако автомобил синоќа влетал во толпата во паркот „Тиргартен“. Портпаролот на полицијата, Флоријан Нат, изјави дека лицето им е познато на властите и дека постои сомневање ...

Вечерашната фестивалска програма на „Охридско лето“ е посветена на британската музика, а пред охридската публика ќе настапи пијанистката Исата Кане-Мејсон, една од најуспешните млади пијанистки на денешницата. Препознатлива по своите еклектични и инспиративни рецитални програми, Исата Кане-Мејсон создава интересни музички споеви, поврзувајќи ги делата на композиторите од различни епохи – од Хајдн и Моцарт, преку Фани Менделсон и Клара Шуман, ...

На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...

Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток. Полицијата соопшти дека дел од повредените се во животна опасност. Пожарникари и екипи на итната медицинска помош пристигнаа на местото на инцидентот за да им укажат помош на повредените. Во објава на социјалната мрежа ...

Иран ја обвини Украина за вчерашниот напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море, при што загинал еден морнар, а уште еден бил повреден. Иранската државна агенција пренесува соопштение на Министерството за надворешни работи на Иран, според кое нападот предизвикал експлозија на бродот. „Нападот што украинскиот режим го изврши врз ирански трговски брод во Каспиското Море, за кој лидерот на режимот очигледно презеде одговорност, сведочи ...

Најмалку 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако возило за кампување удрило во колона формирана поради застој во сообраќајот. Сите повредени се здобиле со лесни до средно тешки повреди и не се во животна опасност, наведоа надлежните. Според полицијата, возачот на камперот во кој имало и две деца, не го забележал крајот на колоната и ...

– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се ...

– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се ...

– Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...

– Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот, а воедно ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)” од Ана Мартиноска и ...

46 годишната македонска државјанка Сашка Стојановска е задржана во полициската станица во Улцињ откако вчера попладне беше приведена заради прегазување на куче. Видео од настанот беше споделено на социјалните мрежи, а по кратко време, црногорската полиција објави дека жената е приведена при обид да ја напушти државата. „Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот. Со преземање оперативни мерки и дејствија, го идентификувале ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека, и покрај големата штета предизвикана од кражбата и уништувањето на железничката енергетска инфраструктура кај Драчево, планираниот железнички сообраќај нема да биде доведен во прашање. Тој информираше дека вечерва одржал координациски состанок со директорите на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, и „Македонски железници – Транспорт“, Дејан ...

Околу еден милион денари се потребни за поправка на оштетените кровни конструкциии на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ во Штип, покажале првичните проценки. Од Општина Штип информираат дека станува збор за проценка на штетите на институциите кои се под надлежност на локалната власт, додека за пријавите на граѓаните кои се однесуваат на оштетени кровови, возила и други штети , пресметката ...

Огромна материјална штета е предизвикана на македонската железничка инфраструктура откако крадци демонтирале и уништиле два железнички трансформатори тешки по 27 тони во трафостаницата кај Драчево. Кражбата го парализирала железничкиот сообраќај, истрагата веќе го стеснува кругот на можните сторители. Директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, за „Скопје1“ вели дека целта на сторителите била да го извадат ...

На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ...

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум пожари се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово во атарот на село Винце каде гори сува трева и во ...

Поранешниот претседател на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), Хорацио Мураторе, почина на 74-годишна возраст, соопшти прес-службата на организацијата. Причината за смртта на аргентинскиот функционер не е откриена. Мураторе беше потпретседател на ФИБА од 2009 до 2014 година, а од 2014 до 2019 година беше претседател на ФИБА. Тој ја предводеше Аргентинската кошаркарска конфедерација (1992-2006) и Кошаркарската конфедерација на Америка ...

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информираат од МЖ Инфраструктура. При кражбата, како што посочуваат, биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било ...

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа згрижи неколку млади штркови кои паднале од своите гнезда. За птиците секојдневно се обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, сѐ до нивното целосно закрепнување. Од Општината информираат дека два од згрижените штркови веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска од Лешок информираше оти кризата со труењето од водата во Гостивар бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, а според најновите податоци, бројот на пациенти кои бараат лекарска помош е значително намален, со 80 новопријавени случаи во текот на денот, што е двојно помалку од претходните бројки, додека пак вкупниот број на заболени изнесува околу 4 000 лица. Министерството за здравство ...

Основното државно обвинителство (ОДО) во Улцињ одреди задржување до 72 часа за државјанка на Северна Македонија со иницијали С.С., поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“. Според соопштението на Обвинителството, осомничената во близина на Булеварот „Теута“ со автомобил „Мерцедес“ прегазила и усмртила домашно куче од расата шарпланинец, кое било во сопственост на ...

Мазутот кој компанијата РКМ го испорачала на ТЕЦ Неготино е со соодветен квалитет, не предизвикувал загадување на воздухот и околината, а дополнително ѝ заштедил милиони евра на државата, а граѓаните се спасиле од повисоки сметки за струја во текот на енергетската криза, покажуваат податоци од Вештачење нарачано од тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, направено во 2024 година. Во вештачењето се анализира дали постои економска оправданост за ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници во Прилеп го лишиле од слобода Д.Т. (50), вработен во локалната Агенција за вработување (АВРСМ), поради основано сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека осомничениот ја злоупотребил својата службена положба на штета на 47-годишен сограѓанин, кој е невработен и примател на социјална помош, откако во периодот од ...

Забавување во системот за рано предупредување од три до четири дена е регистрирано при првичните известувања за инфекциите во Гостивар, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Според неговите изјави, надлежните служби веќе ги анализираат сите медицински податоци и повици до матичните лекари за точно да се утврди хронологијата на настаните. Клековски беше дециден дека утврдувањето на одговорноста е неизбежно, но нагласи дека целиот ...

Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат. Се преземаат мерки за ...

Скандалот со водата во Гостивар е само изговор за Венко Филипче и актуелното раководство на СДСМ да се појавуваат во јавноста и да шират лаги со цел собирање евтини политички поени рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната прес-конференција во партиското седиште од каде упати остри критики до опозициската партија поради манипулација со информации и обид за предизвикување паника меѓу граѓаните. Како очигледен пример за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
50%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.72
63%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.2
73%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
55%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
63%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
78%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
0.89
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
40%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
5.36
64%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
72%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Злато

137126.15

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29