Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој замина за Вашингтон, изјави дека утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп што ќе биде нивна прва средба во живо од почетокот на американско-израелскиот судир со Иран. Тоа ќе биде осма средба на Нетанјаху со Трамп откако американскиот претседател се врати на должноста во вториот мандат, и прва од февруари, непосредно пред Израел и САД да почнат заедничка воздушна кампања против ...

Угостителските објекти во Струга во текот на летната сезона ќе можат да работат еден час подолго од вообичаеното, а за претстојниот продолжен празничен викенд ќе имаат дозвола за работа до три часот по полноќ. Одлуката ја донесе Советот на Општина Струга на последната седница, со цел да се овозможи непречено одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно одлуката, за време на викендите и јавните настани угостителските ...

Украински дрон денеска повреди десет цивили во источниот дел на полуостровот Крим, соопштија руските власти. Дронот погодил петкатна станбена зграда во градот Керч околу 14 часот, изјави Олга Курлаева, советничка на Сергеј Аксјонов, гувернерот на регионот именуван од Москва. На третиот и четвртиот кат избил пожар, а меѓу повредените има и едно дете, напиша Курлаева на Телеграм, пренесе ДПА. Рускиот претседател Владимир Путин го анектираше ...

Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“, во режија на познатата македонска режисерка Тамара Котевска, доби две номинации за наградите „Прајмтајм Еми“, кои ќе бидат објавени во септември 2026 година. Филмот е номиниран во категориите „Најдобра кинематографија за документарна програма“ и „Извонредно достигнување во документарно снимање“…… Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“, во режија на познатата македонска режисерка ...

Американската Комисија за нуклеарна регулатива (НРЦ) предлага укинување на основниот безбедносен принцип кој 50 години го регулираше зрачењето на кое се изложени луѓето во Соединетите Држави, а кој беше усвоен и ширум светот. Објектите како нуклеарни централи, болници или академски институции кои користат радиоактивни материјали мораат да обезбедат изложеноста на зрачење да се одржува „што е можно помала колку што е разумно“ – принцип познат ...

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри?, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за ...

Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон ...

Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка Сашка Стојановска, осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Според црногорската полиција, таа на 24 јули со автомобил „Мерцедес“ намерно прегазила куче од расата шарпланинец, а потоа се обидела да ја напушти државата. Била запрена на граничниот премин Сукобин – Муриќани и приведена. Одбраната, пак, тврди дека ...

Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на УСАИД првенствено во Африка, Источна Европа и Западен Балкан, под сомнение дека ...

Руските сили уништија повеќе од 80 бензински пумпи во Харковската област во Украина, каде што е целосно прекинат пристапот до гориво на патот меѓу Харков и Полтава, изјави денеска регионалниот официјален претставник на Харков, Олександер Скорик. Последната преостаната бензинска пумпа во Валки беше уништена вчера во руски воздушен напад, соопшти Скорик на социјалните мрежи. Повеќе од 200 бензински пумпи се уништени ширум Украина, вклучително и ...

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“. Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на екстрахираните податоци од мобилните телефони ...

Африм Гаши наместо на Мечкин Камен во Крушево на втори август во Египет . Собранискиот спикер повторно нема да биде дел од илинденските чествувања . На цемтралната манифестаија во Крушево ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски наместо Гаши. Според информации на ТВ 24 Гаши бил поканет на конференција во Египет за борба против дискриминација кон исламот и проценил дека тоа е побитно и за државата и за Собранието од ...

Кратки скици за три авторитарности Благојевиќ/ Фрчкоски/ WWDN Што војната за Русија и за нејзините жители, Русите? Се покажа дека тие се многу помалку љубители на слободата, револуционери и либерали отколку што мислевме. Се покажа дека има многу помалку пристојни луѓе отколку што многумина се надеваа. А најстрашното не е тоа што се толку малку. Најстрашна е леснотијата со која мнозинството прифати да живее покрај злосторството, корупцијата ...

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, денеска побара поддршка од Шпанија за надминување на застојот во евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение што ќе биде прифатливо и за Скопје и за Софија. Барањето било упатено на средбата со државниот секретар за Европската Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро Маркос. Според собраниската прес-служба, Милошоски оценил дека постои ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид ...

Поставувањето на метална заштитна конструкција на споменикот Македониум во Крушево предизвика институционална реакција, откако Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) соопшти дека не издала конзерваторско одобрение за изведување на овие работи. Од Управата најавија дека инспектори ќе излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојба. Директорката на УЗКН, Весела Честоева, изјави дека иако Македониумот во 2025 година бил ...

Министерот за локална самоуправа и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, реагираше по вандализмот врз просториите каде што функционира Културно-уметничкото друштво „Српски вез“, каде, како што наведува, фолклор изучуваат повеќе од 200 деца. „Ксенофобијата со примеси на шовинизам, константно присутна во јавноста, особено изразена во последните две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратена со ...

Домаќинствата во Скопје кои се греат на топлинска енергија од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на парното. Според одлуката, за корисниците кои се снабдуваат преку системот на ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство на топлина, цената ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти. Тоа значи дека просечната месечна сметка ќе порасне за околу 140 ...

Денко Малески Познаникот од една од поголемите земји на Источна Европа, членка на НАТО и на ЕУ, истражувач на Балканот, ми вели, деновиве во Езерски Лозја, дека тој не би се осмелил да излезе пред својата јавност со ставот дека причината за руската агресија врз Украина е погрешната политика на колективниот Запад да го прошири НАТО..Да, вели, може да се зборува за Западниот империјализам, особено може да се критикуваат лудостите на Трамп, ама ...

Според документите со кои располагаме, Македонска навигација на 29 јули, 2022 потпишува договор за заем од ЕБОР во вредност од 9.770.000 евра, како и договор со Комерцијална банка во вредност од 5.000.000 евра, додека пак на 13 февруари, 2023 година М-НАВ склучува договор за техничка помош од ЕБОР од каде што добиле грант од 406.000 евра. Заклучно со крајот на 2025 година со средствата оезбедени со Договорот за заем за реализација на ...

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информираат од МЖ Инфраструктура. При кражбата, како што посочуваат, биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар. Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме. Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар. Групата „Ало”, поврзана со „Информер” и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. Ова е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, за кој СДСМ постојано ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид ...

Унгарската компанија за производство на автобуси, „Икарус“ по вторпат победи на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и доколку во следните десетина дена нема жалби до Комисијата во Бирото за јавни набавки, таа ќе почне да работи на производство и испорака на првите возила во следните шест месеци. Икарус е легендарен унгарски производител на автобуси и еден од најпознатите индустриски брендови во Источна Европа, пренесе Фокус. ...

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност! Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии. Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното – здравјето на граѓаните. ...

Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Според информациите, пријавениот, во својство на сопственик и управител на компанијата, во периодот од 2024 до 2025 година не го пријавил и не го платил законскиот надоместок за отпад од увезен текстил кон Министерството за животна ...

По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар е оценета како безбедна за техничка употреба. Тоа значи дека граѓаните можат да ја користат за капење, миење садови и останати домашни потреби, но таа сè уште не е препорачана за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Тошковски нагласи дека дистрибуцијата на флаширана вода ќе продолжи сè додека не се потврди ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.87
46%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.44
68%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
44%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
61%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.57
84%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
51%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
49%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.39
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15