Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...
Утрешното сериозно покачување на цената на горивата, особено дизелот, ги натера возачите уште вечерва да ги наполнат резервоарите. На повеќето бензиски станици во Скопје е забележена раздвиженост и поголема бројка на возила дојдени за да наточат гориво. “Фокус“ регистрираше поголемо присуство на една од нив во скопската населба Кисела Вода. Утрешното сериозно покачување на цената на горивата, особено дизелот, ги натера возачите уште ...
Хронично загадување, недоволен надзор и системски пропусти го претвораат Вардар во ризик за здравјето, земјоделството и регионот. Со ова и други водни тела, Македонија во еден дел придонесува кон неисполнувањето на целите на ЕУ за своите водни тела. „Примероците површинска вода од Река Вардар, низводно од Гевгелија, во однос на на микробиолошката анализаповршинската вода од реката спаѓа во IV-V класа, заради зголемениот најверојатен број на ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...
Амбасадор на Индија во Македонија, Арун Кумар Саху, во интервју за ТВ Сител, вели дека контроверзниот бизнисмен Субрата Рој е минато, и порача дека поради еден лош пример – не може да се оцрни цела деловна заедница на Индија. Интервјуто со амбасадорот доаѓа во пресрет на утрешната прва официјална посета на претседателката на Индија, Дрипади Мурму, во Македонија. Таа ќе биде придружувана од висока официјална делегација која, според најавите ...
Повеќе пожари на отворен простор беа пријавени во Скопскиот регион до 20 часот, при што горела претежно сува и ниска вегетација, како и овоштарник, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По сите пријави веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а благодарение на навремената реакција најголемиот дел од пожарите се ставени под контрола или целосно се изгаснати. -Благодарение на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „ќе плати“ за смртта на секој американски војник, откако во текот на викендот неколку припадници на американските вооружени сили загинаа во ирански напади. Во изминатата недела Вашингтон соопшти за најголем број загинати американски војници во последните неколку месеци. Во саботата американските вооружени сили објавија дека двајца американски војници загинале во ирански напади. Вчера ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој најави дека ќе се кандидира за премиер, денеска изјави дека кампањата за претстојните парламентарни избори ќе ја води со својот личен автомобил, обиколувајќи ја Србија, барајќи поддршка од граѓаните. – Нема тука некоја голема филозофија. Ќе седнам во мојот автомобил, ме чека мојата „шкода“, и ќе ја обиколувам Србија од место до место за да побарам поддршка за мандатот за премиер, доколку биде ...
Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба, Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, реагира Левица околу актуелните случувања. -Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот водовод чиј ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска ...
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на акцизите на бензините и дизел-горивото, со цел да се ублажат последиците од растот на цените на нафтените деривати на светските пазари и да се заштити животниот стандард на граѓаните. Според владините пресметки, мерката ќе придонесе за помало поскапување на горивата во однос на цените што би се формирале без интервенцијата. – Во изминатиот период е евидентен висок просек на ...
Новиот британски премиер Енди Барнам во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди посветеноста на Обединетото Кралство кон одбраната и безбедноста, како и поддршката за безбедно отворање на Ормуската Теснина и решавање на пошироката криза на Блискиот Исток, соопшти кабинетот на британскиот премиер. Според соопштението од кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит 10“, Барнам нагласил дека безбедноста на Велика ...
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен. Според првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, ветерот турнал неколку дрвја на различни локации во Куманово, меѓу кои „Благоја Илиев Гуне“, „Лесковачка“, „Октомвриска револуција“ и на ...
Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во ...
Бројот на случаи во кои интернет-предатори ги принудуваат децата и тинејџерите да создаваат експлицитни фотографии и видеоснимки, како и да се самоповредуваат или да повредуваат други лица, нагло се зголеми низ светот во текот на изминатата година, предупредуваат експерти за заштита на децата и претставници на полициските служби. Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД соопшти дека во текот на 2025 година примил повеќе ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина во врска со серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми. Според истите извори, ФИФА ќе го анализира судискиот извештај, како и снимките од финалето меѓу Шпанија и Аргентина пред да одлучи дали ќе преземе соодветни санкции. Истрагата ќе се фокусира на неколку инциденти што се случија по последниот ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што ...
Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се наведува политичкото влијание, односно влијанието на Мицкоски врз него? Дали е тоа истото обвинителство кое го поставува Мицкоски, кое го повикува од собраниската говорница, кое го ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска оцени дека е неприфатливо тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Париз на 14 јули бил сместен во првиот ред, пред хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека станува збор за прашање на државен протокол, а не за односите со Србија. – Не може претседателот на Србија да седи во првиот ред пред хрватскиот претставник. Тоа не е прашање за Србија, туку за државниот ...
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, тренер и селектор Кевин Киген почина на 75-годишна возраст, по тешко боледување, јавија денеска британските медиуми. Во јануари оваа година на Киген му беше дијагностициран рак, а во јуни беше обелоденето дека болеста е во четвртиот стадиум. „Со огромна тага објавуваме дека Кевин Киген почина на 75-годишна возраст. Поранешниот фудбалер и селектор на Англија се бореше со рак и беше опкружен со ...
Најмалку пет патници загинаа при украински напад со беспилотно летало врз автобус во руската погранична Белгородска Област, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шуваев. Нападот се случил во градот Шебекино, југоисточно од Белгород, во близина на границата со Украина. Според Шуваев, повредени се уште најмалку 23 патници. Тој наведе дека меѓу загинатите има четири жени и едно момче. Белгородската Област претставува ...
Норвешката полиција и противпожарните служби денеска ги предупредија жителите да не се враќаат во домовите што останале зачувани по разорниот шумски пожар југозападно од Осло. Командантот на полициските операции Столе Фуглас за весникот „Верденс ганг“ изјави дека повеќе лица се обиделе да ги пробијат полициските кордони. – Сакаме да им помогнеме на сите, но не смеете да се изложувате на опасност, порача тој. Според него, гаснењето на пожарот ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) кој побара одговорност од министерот за здравство Сашо Клековски и надлежните институции поради задоцнета реакција во Гостивар. Во градот од вчера е прогласена епидемија на гастроентеритис откако од минатата недела секој ден расте бројот на жители на градот кои побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Во врска со наводите на СДСМ дека ...
Професорот Гоце Наумовски и формално повеќе не е судија на Уставниот суд откако Собранието пред почетокот на денешната седница ја констатираше неотповикливата оставка што тој си ја поднесе по само пет месеци од изборот на функцијата. Оставката ја констатира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој го започна 115. пленарно заседание на законодавниот дом, со известување до пратениците за оставката на ...
Прославите по победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство завршија со две жртви, повеќе од 80 повредени лица и најмалку 12 приведени низ земјата. Во Мадрид, во текот на ноќта приведени се седум лица. Петмина се уапсени поради поттикнување омраза по расправија во еден бар, едно лице поради нарушување на јавниот ред и напад врз службено лице на плоштадот Сибелес, каде што се собраа илјадници навивачи, а уште едно лице ...
– Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и Здравствениот дом во Гостивар, активно се следи состојбата на терен, соопштија попладнево од Министерството за здравство. – Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на ...
Иран попладнево изврши нови напади врз Кувајт, поради што вооружените сили на земјата ја активираа противвоздушната одбрана за пресретнување на ракетите и беспилотните летала. Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Засега не се објавени дополнителни информации за нападите, ниту има извештаи за жртви или за материјална штета. Повторно ...
· 📌Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули. 🚨Да се побараат уште шест години од УНЕСКО е признание дека државата со децении не успева да го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе побараат да бидат домаќини на Светско фудбалско првенство и тоа „веднаш“, истакнувајќи ја успешната организација на мундијалскиот турнир што заврши во неделата вечер со победа на Шпанија во финалето над Аргентина. Останува нејасно на што мислеше Трамп кога рече „веднаш“ во интервјуто за Фокс Спорт, бидејќи ФИФА веќе ги одреди ...
Европската комисија го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони евра за неефикасно спречување на продажбата на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Овој потег е дел од пошироката акција на ЕУ против кинеските онлајн трговци на мало, што вклучува построги проверки и нови увозни такси за платформи за брза мода како што се „Тему“ и „Шеин“, објави Еуроњус. Одлуката доаѓа само неколку дена откако ЕУ воведе фиксна царинска давачка од 3 евра за ...