Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ немаат вистинска намера да постигнат договор за нов Изборен законик и дека нивните јавни настапи претставуваат политички театар. Според Манасиевски, повиците за разговор и меѓусебните обвинувања меѓу опозициските партии се, како што рече, „провидна игра“, чија цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов ...

Патниците може да заштедат до 26 отсто од трошоците, ако резервираат хотелска соба поблиску до датумот на поаѓање – оптимално би било околу една недела пред патувањето. Интернет-страницата за патувања „Хотелс“ го објави својот „Индекс на цени на хотели“, поточно извештајот за цените на хотелите за 2026 година, користејќи податоци од повеќе од 11.000 анкетирани патници, како и сопствените системи за резервација. Анализата покажа и дека цените ...

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден. Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија. „Нашите предводнички Украина, ...

Скелетот на тираносаурус рекс, познат по прекарот Гас, е на пат да стане најскапиот фосил од диносаурус некогаш продаден. Фосилот стар 67 милиони години е проценет на околу 26,3 милиони евра, а се очекува конечната продажна цена да биде уште повисока. „Според научниците тоа би претставувало огромна загуба за палеонтологијата доколку еден од најцелосните примероци од овој вид биде ставен во приватна колекција и стане недостапен за ...

Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Како што информираат од ДЗС, станува збор за граната што била истрелана, но, не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја примила дојавата преку единствениот ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна девојка од липковското село Лојане и против две малолетнички кои се сомничат дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти денеска МВР. Пријавените навредувале и физички нападнале девојче, снимале и ѝ се заканиле да не пријавува. – СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и ...

Славој Жижек Тезата на Франсис Фукујама од 1990-те за крајот на историјата беше последниот голем наратив што го обедини либерално-демократскиот Запад. Западниот либерално-демократски капитализам на социјална држава, тврдеше тој, беше најдобриот можен општествен систем. Единственото преостанато прашање беше емпириско: точно кога и како другите делови од светот ќе стигнат до истиот модел? Овој наратив се распадна по 2001 година и постепено ...

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни финансиски, организациски и технички слабости во работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради што дал неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива за 2024 година. Според ревизорскиот извештај, претпријатието се соочува со голем износ на побарувања чија наплата е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни ...

СДСМ преку соопштение оцени дека најновото поскапување на горивата е уште еден показател за, како што велат, лошата економска состојба во земјата и неуспехот на економските политики на Владата. Од партијата посочуваат дека дизелот поскапува за 5,5 денари по литар, а бензините за 1,5 денар, оценувајќи дека тоа не е изненадување, туку продолжение на кризата за која, според нив, предупредувале со месеци. „Владата на Христијан Мицкоски немаше ...

Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја. На парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од Коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира ...

Агент на американската Агенција за имиграциска контрола (ICE) застрелал маж, за кого организациите за човекови права тврдат дека бил 26-годишен државјанин на Колумбија. Случајот дополнително го зголеми незадоволството во јавноста кон Агенцијата задолжена за спроведување на строгата имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп. Инцидентот во кој бил убиен имигрантот се случил во Бидефорд, град со околу 22 илјади жители во ...

Две лица се уапсени во врска со големиот шумски пожар што зафати околу 1.000 хектари од шумата Фонтенбло, југоисточно од Париз. Поради пожарот, Франција испрати два канадери од југот на земјата во пошироката област на Париз за првпат во историјата да помогнат во гаснењето, објави вчера францускиот министер за внатрешни работи, пишува Франс 24. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека се сомнева дека пожарот е ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Прашањето е малку патетично, со оглед на тоа дека Европската Унија го изгуби таквото партнерство со САД на зачудувачки брз начин, градено од Втората светска војна наваму. Но, ако за ЕУ тоа е предизвик од кој може да излезе посилна, за нас тоа е посебно болно и опасно. На стратешките односи со Америка Македонија ја градеше својата независност од 1992 година, а и внатрешната кохерентност, посебно во односите со албанската заедница. 1. ...

Ова следи откако пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) попладнево соопшти дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Дополнително, координаторот Оливер Спасовски посочи и дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што ...

Во знак на револт поради тоа што не добија извинување од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на СДСМ , ДУИ и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата на која треба да се изберат новите предлози за министри. Опозициските пратеници реагираа откако по паузата и координацијата со собранискиот спикер Африм Гаши било договорено, како што рекоа, да се донесе заклучок во кој ќе се осуди начинот на кој Стоилковиќ се однесувал и ...

Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...

Унгарскиот парламент гласаше за уставен амандман што овозможува разрешување на претседателот на Унгарија и на претседателот на Уставниот суд, објавија унгарските медиуми. Вечерва унгарскиот парламент го усвои 17-тиот уставен амандман за измена на Уставот на Унгарија. Овој амандман, кој беше поднесен пред три недели од премиерот Петер Маѓар под името „Операција Чистилиште“, се однесува на разрешување на Тамаш Шујок од функцијата претседател на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека врвните воени команданти на Иран се убиени и дека Моџтаба Хамнеи, син на покојниот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и негов наследник, е 90 проценти исчезнат. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека воените капацитети на Иран се сериозно ослабени. Тие немаат морнарица. Немаат воздухопловни сили. Сè е исчезнато. Нивната воздушна одбрана е исчезната. Сите нивни лидери се убиени“, рече ...

Основниот граѓански суд Скопје после 4 години донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање од Орце Тодоровски, поранешен директор на штабот на ВМРО-ДПМНЕ и заменик генерален секретар на партијата, како и актуелен помошник генерален директор во МРТВ, против Данела Арсовска, поранешна градоначалничка на Скопје, како и Град Скопје, поради клевета и навреда. Според пресудата, судот утврдил дека на прес-конференцијата одржана на 6 ...

Пратениците од редовите на Алијанса за Албанците, Демократската унија за интеграција и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја напуштија собраниската седница посветена на реконструкцијата на Владата по втората пауза за координација на пратеничките групи, поради, како што беше посочено, инцидент во кој предложен министер се однесувал навредливо кон опозициските пратеници. Напуштањето на пленарната сала следеше по одржаната собраниска ...

Сојузот на борци Тетово реагира на иницијативата на ДУИ за преименувањето на улиците, по решението на Уставниот суд да ја укине одлуката од 2007 година, кога беше направена промена на имињата на повеќе улици, како и на централниот градски плоштад од „Маршал Тито“ во „Илирија“. Во отсуство на соодветни реакции, од како што се наведува во соопштението, државните институции и македонските политички партии, се испраќа јавна осуда и револт во ...

Голем пожар се шири во областа Љаман, во атарот на познатото одморалиште Химара, на југот на Албанија. – Пламените јазици се шират брзо, поттикнати од високите температури и ветерот, ризикувајќи да зафатат уште поголема површина. Во гаснењето на огнот вклучени се противпожарни возила од неколку соседни градови, припадници на полицијата и армијата. Засега нема пријава за повредени лица или загрозени домови. Според Националната агенција за ...

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека вчера првпат извршила напад со поморски дронови врз иранската поморска база Бандар Абас. Во нападот учествувале три површински бродови без екипаж од класата Корсаир. ЦЕНТКОМ наведе дека американската армија првпат во борбена операција употребила офанзивни поморски дронови. Операцијата беше поддржана од борбени авиони, воени бродови, и беспилотни летала. Целта на операцијата, според ...

Пратеничката група на СДСМ, денеска за време на паузата на собранската седница, на чиј дневен ред е реконструкцијата на Владата одржа прес-конференција на која реагираше, за како што велат навредите на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ кон пратениците на опозициската партија. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека прес-конференцијата ја свикале во ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференцијата на пратеничката група на СДСМ во Собранието, каде во тек е седница посветена на реконструкцијата на Владата изјави дека заканите и навредите кон пратениците се само знак на слабост. Пратеничката група на СДСМ, денеска за време на паузата на собранската седница одржа прес-конференција на која реагираше, за како што велат навредите на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница го нарече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи дека е фрустриран и мизогин лик, откако тој на седницата за реконструкцијата на Владата ја критикуваше работата на премиерот. Битиќи рече дека нема никакви економски резултатите, процесот на евроинтеграции е закочен и Владата не прави ништо по тоа прашање, како и дека во земјава владее авторитарен режим. „Човек кој што е полн со ...

Апелацискиот суд во Нови Сад денеска го потврди обвинението против поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ и уште пет лица за падот на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица. Со одлуката на Апелацискиот суд се поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад од 24 декември 2025 година и се потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за Горан Весиќ, неговата ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.61
24%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.24
31%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
40%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.26
38%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
1.59
44%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
8.13
19%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
1.52
25%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
41%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
27%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
7.58
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Бакар

13.23

Родиум

278103.96

Паладиум

43628.56

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16

Рутениум

53852.50

Калај

56.36