Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи граѓани реагират дека се уште трае самоволието, бидејќи не можеле да стасаат до локалитетот. -Куклици. Камени формации стари 10 милиони години. Локалитет, туристичка атракција во Кратовско. Отидовме денеска друштво, нас седуммина, ...
Денешното релативно досадното неделно попладне во земјава го нарушија два настани. Дождот, кој барем во главниот град не ја оправда најавата за невреме и еден очаен повик на девојка од Куманово. Седната на кревет во својот дом, младата девојка го вклучува својот телефон и и раскажува на целата јавност – дека татко и е алкохоличар, дека притоа има дијагностицирани растројства, дека се заканува по животот на трите жени во куќата, а дека ниту со ...
Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?, вели СДСМ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата ...
Лидерката на француската крајна десница, Марин ле Пен, денеска во интервју за „Журнал ди Диманш“ оцени дека е „нереално“ да се очекува дека одлуката на Касациониот суд би можела да ја загрози нејзината кандидатура на претседателските избори и истакна дека нејзините противници „сакаат оваа кампања да се сведе на правни спорови наместо на политичка дебата“. – Јас сакам таа да биде демократска и нема да дозволам никому на Французите да им ги ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска на официјалната страница на „Фејсбук“ објави информација за спасен планинар на Матка, која ја илустрираше со фотографија направена со вешташка интелигенција (ВИ). Откако во јавноста се појавија коментари и реакции за неприродниот изглед на раката на полицаецот, од МВР ја избришаа, односно ја заменија спорната фотографија во објавата. На сликата, со која од МВР сакале подобро да ја илустрираат ...
Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. – Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна ...
Авион на авиокомпанијата „Виз Ер“, кој сообраќал кон Меѓународниот аеродром Скопје, бил пренасочен кон аеродромот во Приштина поради неповолни временски услови над главниот град. Според податоците од платформите за следење на летови, авионот со број W64732 извесно време кружел над поширокото подрачје на Скопје во обид да добие услови за безбедно слетување. По неколку неуспешни обиди и поради невремето, донесена е одлука летот да биде ...
Две лица синоќа се обиделе да ја ограбат црквата „Св. Петка“ во селото Ботун, која се наоѓа покрај патот кон Охрид, но не успеале во намерата, посочува жител за „Скопје1“. објави Скопје1.мк Според мештани кои до редакцијата доставија снимка од безбедносните камери, обидот за провала се случил околу 20 часот. На видеото се гледа како две лица со тежок железен алат, налик на хилта, се обидуваат насилно да ја пробијат влезната врата на црквата. ...
Најмалку едно лице загина во несреќа на главниот пат Котор – Никшиќ, кај местото Липци, неофицијално дознава ТВ Вијести. Во таа сообраќајна несреќа повредени се 17 лица, неофицијално за „Вијести“ изјавија од Полициската управа. Повредените се префрлени во болницата во Рисан. Според истите информации, несреќата се случила околу дваесет минути пред 14 часот, кога патничко комбе излетало од патот. Најмалку едно лице загина во несреќа на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“. – Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко денеска поднесе оставка, а претседателот на земјата, Володимир Зеленски, најави дополнителни промени во украинската влада. Во соопштението преку социјалните мрежи, Свириденко наведе дека е „горда што ја имала честа да ја води владата во текот на еден од најтешките периоди во современата украинска историја“. Таа исто така рече дека разговарала за следните чекори со Зеленски, но не изнесе дополнителни ...
Во различни полициски акции во Скопје, Струга и Кичево припадници на полицијата лишиле од слобода осум лица, кај кои при преглед е пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај, и покрај продолжувањето на меѓусебните напади меѓу САД и Иран. Трамп ова го изјави во интервју за телевизијата Ен-Би-Си. И Централната команда на САД (Центком) денеска соопшти дека Ормуската Теснина е отворена за сите пловни објекти кои сакаат легално да поминат низ тој меѓународен воден пат. Во ...
– Шест лица се лишени од слобода, а вкупно девет пријави за семејно насилство се регистрирани изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала. По преземени мерки било констатирано ...
Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив 13 од кои по четири во Скопје и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле по две ...
Иранскиот ултраконзервативен весник „Хамшахри“ денеска објави список на личности, кои треба да платат со своите животи за смртта на ајатолахот Али Хамнеи, меѓу кои се Доналд Трамп, Бенјамин Нетанјаху, Емануел Макрон и други европски лидери. Иранскиот врховен лидер ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во вчерашната пишана изјава, по погребот на неговиот татко, кој беше убиен на 28 февруари во израелско-американскиот напад врз Иран, наведе дека одмаздата ...
Управата за Персискиот Залив, орган што Иран го формираше за време на војната со цел воведување дигитален систем за одобрување транзит, денеска соопшти дека „поради неодамнешните илегални движења на американските воени сили во регионот, транзитот низ Ормуската Теснина во моментов не е возможен“. „Штом ќе се воспостават стабилност и мир, сите барања ќе бидат разгледани според утврдениот распоред и ќе бидат издадени потребните дозволи“, наведе ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека предложил смена на премиерката Јулија Свириденко. „Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, доследна и ефикасна работа на функцијата премиерка, како и за годините на нејзината продуктивна работа во тимот на Украина, а ѝ понудив можност да раководи со нова и важна област во односите со клучен партнер“, наведе Зеленски на Х. Тој истакна дека очекува оти ќе бидат спроведени ...
– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му оддаде почит на починатиот американски сенатор Линдзи Греам, велејќи дека „ќе им недостига на многумина“ по неговата ненадејна смрт и ја поздрави неговата поддршка за Украина. „Сенаторот Греам се бореше до крај за да ја поддржи Украина во нејзината борба за слобода и да ја зголеми цената на агресивната војна што ја водеше Русија. Тој работеше неуморно за заострување на ...
Ормуската Теснина е отворена за сите пловила што настојуваат легално да транзитираат низ овој меѓународен воден пат, соопшти денеска американската централна команда (Центком). Американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат дека слободата на навигацијата ќе остане достапна и покрај неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни декларации, нагласи Центком на Х. „Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на територија на државата. Има еден пожар под контрола и два изгаснати. Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот на градската депонија во Штип, а изгаснати се пожарите кај селото Уларци во општина Чешиново – Облешево и меѓу селата Дедели и Собри во општина Валандово. Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на ...
Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. – На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12:30 часот во Велес ги лишиле од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје. Како што соопшти МВР претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека ...
На Вимблдон денеска се игра машкото финале тоа воедно е меч на најдобрите двајца тенисери во 2026 година Јаник Синер и Александер Зверев. Синер ќе се обиде да биде десеттиот тенисер во Опен ерата да ја одбрани титулата. Лани италијанскиот тенисер за првпат триумфираше на Вимблдон, со победа над Карлос Алкараз (не настапува поради повреда). На последните девет меѓусебни мечеви Синер има победи над Зверев, но италијанскиот тенисер во најавата ...
Украинската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила рафинерија за нафта во градот Сизрање во руската Самарска област. Погодената рафинерија е лоцирана на повеќе од 800 километри од украинската граница. Гувернерот на Самарска област, Вјачеслав Федоришчев наведе дека во украинскиот напад загинало едно лице, а тројца, меѓу кои и едно дете, се повредени. Исто така се оштетени куќи, станбени згради и еден индустриски објект. Но ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи од запад кон исток. Во делови од скопската котлина е најавена нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето утре и во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се успешно евакуирани од непристапен терен на Шар Планина. Триесет и осум годишниот А.Ч. од село Жеровјане вчера во 18:46 часот во СВР Тетово побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Шар Планина и останале заглавени, ...
Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, оставајќи ја опозицијата сама да го ...
Денеска во Кочани беше извршено осветување на новопоставениот Крст кој се наоѓа кај кружниот тек во близина на „Национал“. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г, Иларион, во сослужение на свештениците од кочанското архиерејско намесништво. Крстот е поставен во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија своите животи во пожарот во дискотеката „Пулс“. На свечениот чин присуствуваа ...
Бугарија отвора конзуларни пунктови и организирање прием на барања за бугарски лични документи во Босилеград и Димитровград, општини во кои живее најголемиот дел од бугарската заедница во Србија. Практично, жителите на Босилеград, Димитровград и околните населени места повеќе нема да мора да патуваат до Ниш или Белград за да поднесуваат документи за бугарски пасоши и лични карти. За луѓето кои веќе имаат бугарско државјанство, ...