По околу двочасовна интервенција од воздух и формирање заштитен појас на теренот, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран, информира градоначалникот Ѓоко Камчев, додавајќи оти очекува пониските вечерни температури да придонесат за негово целосно гаснење во утринските часови. „Пожарот во моментот е локализиран. Со помош на механизација се направени заштитни појаси за да се спречи неговото ширење. Станува збор за ...

Најмалку една година пред изборите во 2024 тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ водеше кампања дека преговарачката рамка со ЕУ може да се промени. Нејзините претставници и некои аналитичари тврдеа дека преговарачката рамка не е исклесана во камен и реално во неа може да има промени. Тој наратив дека е можна промена на преговарачката рамка траеше уште најмалку една година по победата на изборите, а потоа полека да исчезнува од дискурсот на ...

Веста за ставање на продажба три запленети луксузни станови на Водно најверојатно го вознемири бегалецот во Будим Пешта екс премиерот Никола Груевски и преку социјалните мрежи објави демант дека овие скапи луксузни станови не биле негови туку го местеле. Поранешниот премиер излезе со детален демант на социјалните мрежи. Тој категорично тврди дека приказната за атрактивните станови на Водно е целосна измислица. Според неговите зборови, целиот ...

Албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, денеска им честиташе на припадниците на албанската полиција и нивните македонски колеги и на американските партнери на Дипломатската безбедносна служба (ДСС) за успешно реализираната акција, во која беа уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, барани од македонските власти. -Криминалот е послаб пред обединет фронт на агенции во земјата и странство и ...

Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот, кога И.И. (52) паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. На местото излегле полициски службеници од ...

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, при расправата по амандманите на Левица на ребалансот на Буџетот, пратеникот Борислав Крмов ги образложи амандманите на Левица со кои се бараше обезбедување средства за државни откупни центри во Кочани, Свети Николе, Велес, Струмица, со цел да се обезбеди сигурен пласман и фер откупни цени за земјоделците Осврнувајќи се на улогата на државата, Крмов истакна дека земјоделството не ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, откако е завршена анализата на цените и маржите за околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, најави дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки доколку се утврдат неоправдани ...

Автор Трифун Костовски · Пет и пол години прогон, обвинение без докази за криминал и отворена битка на еден човек против заробените институции Почитувани читатели, На 8 јули 2026 година, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција објави соопштение во кое наведе дека е завршена истрагата поврзана со стечајот на Еуростандард банка и дека е поднесен предлог за поведување судски постапки против четири лица. Едно ...

Поранешниот сопственик и претседател на Челси, Кен Бејтс, почина утрово во Монако на 94-годишна возраст, соопшти англискиот клуб. Според информациите, Бејтс починал мирно, опкружен со сопругата Сузана и членовите на своето семејство. Од Челси со емотивна порака се простија од човекот кој 22 години беше на чело на клубот и остави значаен белег во неговата понова историја. „Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на Кен Бејтс, поранешен ...

Профилот SkiMacedonia (СкиМакедонија) информираше дека вчера била забележана мечка на една од планинарските патеки кон Водно и ги повика посетителите да бидат особено внимателни. Според објавата, мечката била забележана по селото Нерези, во близина на Горно Крушопек. „Мечка е пријавена дека е забележана после Нерези, кај Горно Крушопек. Во планинарските друштва веќе е пријавено присуството на мечката на рутата Јасен – Матка – Нерези“, се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите на градот. Во својата реакција, Проданоски истакна дека знамето на Општината претставува симбол на историјата, достоинството и единството на сите прилепчани и дека секој напад врз него е напад врз заедницата. Тој ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во општината Чешиново – Облешево, нагласи дека со смената на министерот за земјоделство нема да се решат проблемите во земјоделството, а новиот министер за земјоделство треба прво да одговори дали има бугарски пасош и резервна татковина. „До пред неколку месеци жестоко го бранеа министерот за земјоделство, на кој што ние му поднесовме интерпелација, која не помина во ...

Децата во САД ќе можат да добијат почетен државен влог од 1.000 долари преку новата програма „Trump Accounts“, која ја покрена администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со цел да го поттикне штедењето и инвестирањето уште од најрана возраст. Програмата е наменета за сите деца помлади од 18 години со важечки број за социјално осигурување, а бебињата родени од 2025 до 2028 година автоматски добиваат почетен влог од 1.000 ...

Турција побарала од Русија противвоздушниот систем С-400 да биде префрлен во трета земја, со надеж дека на тој начин ќе се отвори патот за повторно вклучување во американската програма за борбените авиони Ф-35, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на турски извори запознаени со разговорите. Според истите извори, Анкара ги започнала разговорите со Москва само неколку месеци откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложил системот ...

Пожар избувна денеска напладне на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, а локалната самоуправа изрази сомневање дека огнот е намерно подметнат. Според информациите од Општина Валандово, пожарот бил пријавен во 12:37 часот, по што на местото веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Валандово. Пожарот во моментов е ставен под контрола, но неговото целосно локализирање е отежнато поради ...

Државниот секретар и предлог-кандидат за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, на која беше соопштено дека е надминат проблемот со откупот на млекото и дека неговиот откуп продолжува. На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, било истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува ...

Едно лице е прободено со рог во лицето од бик за време на традиционалната трка со овие животни во шпанскиот град Памплона, додека девет лица здобиле различни видови контузии. Несреќата се случила за време на фестивалот „Сан Фермин“, а како што пренесува агенцијата ЕФЕ, повреден е 30-годишен маж од Аликанте. Како што се наведува, мажот бил прободен во лицето за време на мал метеж, кога неколкумина тркачи паднале на земја. Во трката ...

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, по амандман на Левица, делумно беше прифатено барањето за дополнителни средства за Националната СОС-линија за жртви на семејно насилство, при што наместо предложените 5 милиони денари, парламентарното мнозинство обезбеди 2 милиони денари – соопшти Левица. МИА интегрално го пренесува соопштението на партијата. Образложувајќи го амандманот, пратеничката од Левица Јована Мојсоска посочи ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која што се разговараше за состојбата со производството на ориз. Филипче на средбата посочи дека е трагична сликата на терен – оризопроизводителите се оставени без никаква поддршка, оризот скапува по амбарите, а Владата со својата незаинтересираност го доведува во прашање опстанокот на една од најзначајните ...

Отровот може да убие еден човек, оружјето може да убие стотици луѓе, а лошата политика може да убие цела нација! Особено кога јазикот грми, а силата шепоти! Мерсел Биљали По пристигнувањето во Анкара, Трамп рече дека Ердоган бил причината зошто тој лично дошол на самитот на НАТО. Неговиот пречек беше исклучително импресивен, уште од небото со придружба од бројни воени авиони. Доле коњаницата од стотици коњи украсени со турски и американски ...

Автори: Александар Методијев и Сузана Мицева Соработник: Сања Петров Овој текст, прекуграничното истражување и изработката на истражувачко-документарниот филм „Матни води“ беа направени со поддршка на Journalismfund Europe. Индустријата се мониторира самата себе, пречистителните системи недостигаат, а државата десет години ја одлага примената на построги стандарди за квалитет на водите. Индустријата мора да ја прочистува отпадната вода, но ...

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата. Изјавата ја даде на новинарски прашања од Охрид, каде е дел од владината делегација која е во посета на општината. Прашана, кој е епилогот од досегашните активности за „чешлање“ на универзитети, таа одговори: „На повеќе места има неправилности во работењето и ние се обидуваме тоа да го поправиме на секој можен начин. Во моментов, се уште работиме ...

ФИФА во пресрет на финалето на Светското првенство, кое ќе се одигра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, понуди на продажба делови од тревникот на кој ќе се игра натпреварот за титулата. Секое парче од тревната подлога се продава по цена од 450 американски долари. Во официјалната продавница на ФИФА е наведено дека примерокот има димензии 17,5 × 17,5 × 17,5, но без дополнително објаснување дали станува збор за сантиметри, инчи или ...

Принцот Арчи и принцезата Лилибет, децата на принцот Хари и Меган Маркл, по четири години повторно се сретнаа со својот дедо, британскиот крал Чарлс Трети. Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс и кралицата Камила во петокот, 10 јули, ги угостиле принцот Хари, Меган Маркл и нивните две деца на приватна семејна средба. Средбата се одржала во Хајгроув Хаус, приватната селска резиденција на кралот во Глостершир, Англија. Од палатата ...

Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот на вчерашниот ...

Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. Одлуката на НТСБ ...

Грчките медиуми објавија фотографија од 61-годишниот српски државјанин кој беше повреден во драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун кон Минхен. Тој се наоѓа на лекување во болница во Солун и, според лекарите, не е животно загрозен. Инцидентот се случил откако, за време на летот, дошло до оштетување на прозорец во патничката кабина. Патникот седел до прозорецот, а поради наглата декомпресија бил делумно извлечен кон надвор од ...

Четириесет и едногодишен кочанчанец, кој бил приведен откако во неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја, синоќа успеал да избега од Полициската станица во Кочани. Полицијата е на терен и интензивно трага по бегалецот. Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат инцидентот дека се случил на 10 јули околу 20:35 часот. Осомничениот А.Л. (41) од Кочани, кој претходно бил задржан во просториите на станицата поради ...

Полуфиналето меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ му припадна со 3-0 во сетови на помладиот тенсиер актуелниот шампион на Вимблдон, Синер. Ѓоковиќ го играше своето 15.то полуфинале на Вимблдон и остана на 24 Гренд слем титули во кариерата. – Се чувствував физички добро. Можеби не најсвеж, очигледно, не како на почетокот на турнирот, но физички бев добро. Тој беше едноставно, беше многу подобар играч на теренот. Секако, разочаран сум и, секако, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.01
20%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
37%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
0.56
30%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
5.25
42%
1015
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.61
32%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
0.96
41%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 33ᴼ
8.05
42%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.37
29%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.02
27%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
0.89
35%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
27%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
7.14
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Цинк

0.00

Злато

139576.04

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.28

Калај

56.36

Паладиум

43628.56

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Платина

56038.75