Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Двајца од бугарските државјани осудени во Велика Британија за шпионажа во корист на Русија се ослободени од затвор и се депортирани, објавија британските медиуми. Според објавите, станува збор за Вања Габерова и Иван Стојанов, кои биле пуштени на слобода по издржување на задолжителната половина од затворските казни. Габерова во мај 2025 година беше осудена на шест години затвор, додека Стојанов доби казна од пет години и три недели. На ...
Охрид ова лето ќе биде една од најголемите концертни сцени во регионот. Во период од втората половина на јули до крајот на август се најавени повеќе од 15 концерти на домашни, регионални и светски музички имиња, кои ќе настапуваат на Античкиот театар, стадионот „Билјанини Извори“ и Долни Сарај. Концертната сезона започнува на 24 јули со настапот на „Силви бенд“ во Долни Сарај. Веќе следниот ден, на 25 јули, се одржуваат два големи концерта – ...
Расправата за ребалансот на Буџетот во Собранието ја отвори темата за станбената политика, откако Левица преку четири амандмани предложи обезбедување средства за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани. Од партијата обвинија дека Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не понудиле никаква стратегија за справување со растот на цените на становите и кириите. Според Левица, Владата и понатаму ја брани ...
Парламентарното мнозинство се зголеми за уште еден пратеник, откако ВМРО-ДПМНЕ потпиша Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија. Ова го соопшти премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој оцени дека станува збор за значаен чекор кон зацврстување на политичката стабилност и продолжување на реформите. „Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и ...
СДСМ ја обвини Владата дека повторната продажба на запленетите станови на поранешниот премиер Никола Груевски не претставува вистинска правда, оценувајќи дека Груевски и понатаму живее во луксуз во Унгарија, додека, според партијата, државата не прави доволно за негова екстрадиција. Од СДСМ наведуваат дека во момент кога граѓаните се соочуваат со економски тешкотии, државата повторно продава дел од конфискуваниот имот на Груевски. „Додека ...
Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство, откако во четвртфиналето во Лос Анџелес ја совлада Белгија со 2:1 и си закажа полуфинална пресметка против Франција. Шпанците поведоа во 30. минута преку Фабијан Руиз, кој ја искористи одбиената топка по ударот на Дани Олмо и ја смести во мрежата за 1:0. Белгија возврати пред паузата, кога Тимоти Кастање прецизно центрираше, а Шарл де Кетеларе со удар со глава го совлада Унаи Симон за ...
Нова пресметка за пласман во полуфиналето ќе има вечерва во Мајами Англија против Норвешка (почеток 23 часот). Тоа ќе биде дуел на уште две европски репрезентации. – Тие се фаворити, но не се големи. Сметам дека Англија е под поголем притисок од нас, но кога ќе почне натпреварот играчите не мислат на притисок. Бразил и Англија се може двете најголеми фудбалски нации со кои можеме да играме. Не е никаква тајна дека Кејн е нивниот најдобар ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека формира посебна команда која ќе се фокусира на длабоките напади врз Русија, а ќе формира и нова сила за брз одговор, која ќе вклучува сили за напад и единици за беспилотни летала. Руската енергетска инфрастуктура илјадници километри оддалеченост изминатиот период е цел на украинските напади со дронови. Последните недели, Украина речиси секојдневно пријавува напади, а ...
Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска со погребување на посмртните останки на уште десет жртви ќе се одбележи 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Генералното собрание на Обединетите нации пред две години го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Геноцидот во ...
Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните ...
Филмска проекција, мултимедијален музичко-поетски перформанс и камерен концерт се на програмата на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ претстојниов викенд, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Во рамки на програмата „Кинотека на Скопско лето“, денеска со почеток во 20:15 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Хај Фај“ во режија на Владимир Блажевски. Во 20:30 часот во Музејот на град Скопје, ќе се ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана до Иран, предупредувајќи дека Соединетите Американски Држави ќе одговорат со разорни напади доколку иранските власти извршат или се обидат да извршат атентат врз него. Во исто време, неговата администрација воведе нов пакет санкции насочени кон финансиската мрежа поврзана со новиот ирански врховен лидер, ајатолахот Мојтаба Хамнеи. Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп ...
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.118, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Според најновите официјални податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, додека 17.907 останале без своите домови. Во однос на претходниот извештај, бројот на повредени и раселени не е променет. Двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата ...
Северна Кореја остро ги осуди Соединетите Американски Држави и нивните сојузници по Самитот на НАТО, обвинувајќи ја Алијансата дека го засилува вооружувањето и ја продлабочува блоковската конфронтација наместо да придонесува за мирот и безбедноста. Во соопштение на Министерството за надворешни работи, пренесено од државната новинска агенција КЦНА, Пјонгјанг оцени дека НАТО ги претставува легитимните суверени права на Северна Кореја како ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневната температура ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална ...
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре (11 јули, сабота) поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе населени места во општините Петровец, Сопиште и Студеничани. Во периодот од 08:15 до 15:15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Огњанци, Чифлик, дел од Петровец, Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари ...
Пентагон денеска објави нова серија фајлови поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи еден извештај од воен пилот кој рекол дека видел мистериозен објект „поинаков од сè што видел во 28 години служба“. Најновата серија содржи вкупно 40 фајлови, вклучувајќи 14 документи, 19 видеа, четири аудио фајлови и три фотографии, објави Си-би-ес Њуз. Фајловите доаѓаат од различни агенции како што се Пентагон, вселенската агенција ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека Иран не сака војна, но дека е подготвен за „сеопфатна одбрана“ доколку САД го прекршат постигнатиот договор, нагласувајќи дека конфликтот нема да заврши со предавање на Иран. „Никогаш не сме барале војна и нашиот народ никогаш нема да се предаде на неправдата“, рече Калибаф, пренесе „Ал Џезира“. Тој денеска изјави дека за време на преговорите со американските ...
Меѓународната полициска потерница на Интерпол конечно ги вроди плодовите. Во високо-ризична и синхронизирана полициска акција кодирана како „Фјури“, спроведена во албанскиот крајбрежен град Драч, уапсени се двајца од најбараните и најопасни бегалци од македонското мафијашко подземје: Муса Џавит (26) и Сенафи Нуредини (34). Заедно со нив падна и нивниот логистичар, 26-годишниот Џенкиз Рушити, кој ги снабдувал со лажни идентитети за да ѝ ...
Полицијатa поднесе кривична пријава против 21-годишен жител на Пехчево поради сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Според полицијата, пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова дозвола, во повеќе наврати подигнале пари во вкупна вредност од 156 илјади денари. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична ...
1Колку и да се трудам, не можам да замислам што ли се случува во мозоците на партиските послушници кои се избрани од граѓаните во Собранието, во општинските Совети, или во Советот на Град Скопје. Дали кога ќе станат сабајле си го оставаат половина мозок на наткасна покрај кревет и така, ослободени од здрав разум, одат да гласаат како што им кажала партијата? Еве, на пример, може ли некој да даде здраворазумски одговор зошто советниците на ...
Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, денеска изјави дека од почетокот на годината, во Русија се погодени околу 700 цели за време на акциите на нивните вооружени сили, што ги поткопуваат воените напори на Русија. Сирски рече дека ова ги принудило Русите да ги намалат своите офанзивни операции и покрај нивната бројна супериорност. Во услови на „40-дневна“ операција за принудување на Русија да ја заврши војната, Сирски ...
Лажен лекар измамил 83-годишен пензионер од областа Кастав (Хрватска) за 10.000 евра, откако го убедил дека неговата ќерка е тешко повредена и дека ѝ е потребна итна операција. Ова го соопшти полицијата на Приморско-горската жупанија, апелирајќи до граѓаните да бидат внимателни при комуникацијата со непознати лица. Жртвата примила неколку телефонски повици од маж кој се претставил како лекар на неговата ќерка, кажувајќи дека таа е тешко ...
Бранителот на титулата, Италијанецот Јаник Синер, извојува вечерва полуфинална победа над најтрофејниот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и во неделното финале на Вимблдон ќе игра против Германецот Александер Зверев. Во репризата од ланското полуфинале на лондонскиот грен слем турнир, Синер доминираше против Ѓоковиќ и беше сè посигурен како што одминуваше натпреварот. Во првиот сет, Синер не му ...
Британската полиција се сомнева дека поранешната министерка Ен Видикомб (78), која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом на југот на Англија, всушност е убиена и, како што објави денеска, започна кривична истрага. Британската полиција денес уапси 26-годишен маж под сомнение дека е поврзан со убиството на поранешната британска министерка и пратеничка Ан Видикомб (78), соопшти полицијата во Девон и Корнвол, наведувајќи дека случајот засега не ...
Челниците на украинскиот спорт ја осудија денеска одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привремено да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше во сила од октомври 2023 година. „Да се награди Русија со таква одлука додека нашиот главен град тагува по жртвите на бруталниот руски напад е врв на лицемерие“, изјави министерот за спорт на Украина, Матвиј Бидни. Одлуката на МОК беше официјално објавена во вторникот, ...
Земјите треба да ги отфрлат напорите на Иран да наметне суверенитет над Ормуската Теснина и „едностраните одлуки“ од страна на иранско тело за контрола на важната сообраќајна рута, соопшти денеска управното тело на Меѓународната агенција за навигација на ОН. Меѓународната поморска организација (ММО) на ОН, со седиште во Лондон, е одговорна за безбедноста на меѓународниот поморски транспорт и спречувањето на загадувањето и е составена од 176 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран откако Техеран побара продолжување на разговорите, но истовремено нагласи дека прекинот на огнот од јуни меѓу двете земји е завршен. „Исламската Република Иран нè замоли да ги продолжиме разговорите. Ние се согласивме на тоа, но САД им ставија до знаење дека прекинот на огнот е завршен!“ напиша Трамп во објава на социјалната мрежа ...
Германецот Александар Зверев е првиот финалист на овогодишниот Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето го совлада Британецот Артур Фери, кој настапи на главниот турнир со вајлд карта, 7-6 (0), 6-2, 6-4. За 29-годишниот Зверев, ова е петто грен слем финале во кариерата, а прво на Вимблдон. Пред еден месец, Зверев триумфираше на Ролан Гарос и ја освои својата прва грен слем титула во кариерата, а играше и во финалето на Ју Ес Опен во 2020 ...