Министерството за здравство ќе гикупи стоте амбуланти возила со вградена медицинска опрема од компанијата „Аутомотив груп“, за вкупна цена од околу 7,5 милиони евра со ДДВ, односно за околу 75 000 евра по возило. Возилата се од марката „рено“ и потекнуваат од Франција, додека надоградбата ќе се врши во компанијата „Марконис“ од Ниш, Србија, пишува во договорот меѓу Министерството за здравство и „Аутомотив груп“. Договорот е потишан од Азир ...

Пратеничката група на СДСМ, денеска за време на паузата на собранската седница, на чиј дневен ред е реконструкцијата на Владата одржа прес-конференција на која реагираше, за како што велат навредите на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ кон пратениците на опозициската партија. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека прес-конференцијата ја свикале во ...

Девет европски земји, заедно со Украина, во Париз создадоа целосно одбранбена коалиција за развој на антиракетни капацитети во Европа. Во заедничката декларација, лидерите на Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Украина, Холандија и Велика Британија нагласија дека иницијативата има за цел зајакнување на заедничките одбранбени капацитети. – Со здружување на нашата одбранбена индустриска база, истражување и ...

Австралиската рударска компанија Middle Island Resources објави нови резултати од истражувачкото дупчење на проектот Бобја кај Љубовија, кои покажуваат постоење на плиток минерализиран систем богат со злато, сребро и обоени метали. Во втората фаза од истражувањата биле изведени 17 бушотини со вкупна должина од 1.363 метри, при што е потврдена широка минерализација во централниот, северниот и западниот дел од наоѓалиштето. Според компанијата, ...

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на собраниската седница за разрешување и именување членови на Владата оцени дека најавената реконструкција претставува обид за задоволување на партиски и коалициски интереси, а не вистинска промена во работењето на извршната власт. Според Николова, наместо да се преземе одговорност за, како што рече, слабите резултати, Владата ги преместува истите функционери на нови позиции. „Денес станува јасно дека ...

Светската фудбалска федерација ФИФА ги одреди судиите за полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Натпреварот ќе го суди Иван Бартон од Салвадор. Самото делегирање на Бартон на полуфиналето е изненадување за сите особено што доаѓа од КОНКАКАФ зоната, а се очекуваше да биде некој европски судија. Бартон на Мундијалот судеше три натпревари: Турција – Парагвај, Јапонија – Шведска и осминафиналето Швајцарија – Колумбија. Помошници ќе му бидат ...

Иран денеска предупреди дека нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со стратешката Ормуска Теснина. – Техеран под никакви околности нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со морскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, изјави портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари. Тој потенцираше дека секоја соработка помеѓу земјите од Персиски Залив и САД за Ормуска Теснина, Техеран ќе го смета за „чин на војна“. ...

Советот на Европската Унија денеска не го одобри предлогот за понатамошно проширување на санкциите против Русија поради војната во Украина, потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на состанокот на европските министри за надворешни работи. – Жалам што сè уште не сме постигнале едногласност, но сме доста блиску, наведе Калас. Таа истакна дека земјите-членки на ЕУ имаат ...

Собранието попладнево ја продолжи расправата за Предлогот за реконструкција на Владата, на која што власта и опозицијата разменија меѓусебни обвинувања за досегашното владеење, кадровските решенија и политики. Во обраќањето, премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата поврзани со, како што рече, наводите за „српски свет“, обвинувајќи го СДСМ за двојни аршини во односите со лидерот на Демократската партија на Србите, Иван ...

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека ...

Од работата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган задоволни се 44,5 отсто од граѓаните, додека 51 процент изјавиле дека не се задоволни, а 4,5 отсто изјавиле дека немаат мислење, покажуваат резултатите од најновата анкета на турската социолошка агенција „Метропол“. Агенцијата истакнува дека резултатите значително варираат од политичката определеност на анкетираните граѓани. Меѓу гласачите на владејачката Партија на правдата и ...

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при што огнот зафатил и оштетил минимално шест ...

Црна Гора денеска го одбележува националниот празник – Ден на државноста, посветен на два историски настани. На 13 јули 1878 година на Берлинскиот конгрес, Црна Гора доби меѓународно признание како независна држава, а на истиот датум во 1941 година, Црногорците се кренаа на бунт против фашистичката окупација. По повод празникот беше одржан официјален прием во претседателската резиденција во Цетиње. Претседателот Јаков Милатовиќ истакна дека ...

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова изјави дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил и основачот на компанијата „Лукоил“, Вагит Акекперов, се отстранети од нацртот на 21 пакет санкции на Европска Унија против Русија, со што и е овозможено на Софија да го поддржи истиот. – Забелешките на Бугарија се уважени и овие две лица повеќе не се во предложениот пакет, така што од наша страна сме ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осуди одлуката на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) за избор на Џулиан Шабани за заменик-директор, оценувајќи дека таа е донесена спротивно на законските одредби и професионалните стандарди. Од партијата велат дека станува збор за сериозен пример на политичко заробување на јавниот сервис, институција која, како што наведуваат, им припаѓа на сите граѓани и се ...

Откажана е координативната средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од Левица, заради усогласување заеднички став за измените на Изборниот законик. Пратеникот Борислав Крмов во изјава за МИА рекол дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ. „За друга средба и за тоа дали би одржале без некој претставник од другите опозициски партии (дали СДСМ или некој друг) – не можам да ...

Градежното вештачење покажа оти безбедноста на посетителите на „Пулс“ воопшто не била во интерес при реконструкцијата и пренамената на објектот за дискотеката – изјави судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во Кочани. Марковски вели дека не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. „Градежното вештачење, за жал, покажа недвосмислено дека во ...

Нов ценовен удар за граѓаните – горивата денеска повторно поскапеа, втор пат за две недели. Уште едно поскапување после најавите на Мицкоски дека цените ќе се намалат, наведува СДСМ во соопштение, Ова ново поскапување на горивата ќе значи и поскап транспорт, повисоки трошоци за компаниите и нов бран на веќе поскапените цени на храната за кои Мицкоски не презеде никакви мерки. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните ...

Tимот вештаци од Градежниот факултет со жалење констатира дека од противпожарна заштита во објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс” биле преземени нула мерки, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прописни излези за евакуација од објектот имало нула, додека според површината на објектот ...

Независниот пратеник Миле Цеков, кој претходно ја напушти партијата ЗНАМ, во реплика од собраниската говорница упати обвинувања кон Весна Бендевска, дека му испратила пораки на поранешниот премиер Зоран Заев. „Дали е точно? Одговорете ми, бидејќи, ако не ме демантирате, јас ќе ги објавам пораките. Дали на 25 јануари 2021 година му пишувате порака на Зоран Заев: „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек, ова нема никој да ти го ...

Поранешната градоначалничка Данела Арсовска повторно бара од Јавното обвинителство да и даде информации околу случајот со дивоградбите на екс градоначалникот Висар Ганиу , за кој никој не зборува во јавноста. „Со поднесеното барање побарав информации дали е оформен јавнообвинителски предмет, кој јавен обвинител постапува, кои процесни дејствија се преземени, дали се обезбедени доказите и оригиналната документација, дали се извршени распити ...

Денко Малески Се сеќавам на времињата кога главната забелешка на американските и европските политичари и дипломати беше дека македонското политичко раководство не знае да мисли стратешки, демек – долгорочно. И беа во право, не знаеше и сè уште не знае. Размислува само до крајот на својот мандат. Ова е мојата политика кон ЕУ и не отстапувам од неа додека сум јас на власт, ќе изјави македонскиот премиер. А после? После, ќе видиме. А, ако биде ...

СДСМ преку соопштение обвини дека лицето познато како Цуната, кое според партијата е осомничено за трговија со дрога, било пуштено да избега од државата и побара политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од СДСМ тврдат дека Цуната, кого го поврзуваат и со случајот „Пулс“, прво избегал од полициска станица, а потоа, како што наведуваат, без пречки ја напуштил државата. „Сега, откако го пуштија да избега, МВР ...

Оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време. Во издание на Паблишер пристигна „Рацин(е!)” – впечатлива студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која претставува значаен придонес кон рационологијата. „Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано ...

Собранието, денеска, на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите: за правда – Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците – Игор Стоиљковиќ, за здравство – Азир Алиу, за туризам и култура – Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани, за локална самоуправа – Златко Перински, ...

Пратеничката и потпретседателка од редовите на ДУИ вели оти заминувањето на министерот за здравство е признание за дебакл, додека назначувањата на новите министри во ресорите Локална самоуправа и Правда ги нарече директен удар врз Охридскиот договор Собранието се очекува да ги изгласа новите владини измени, но она што се претставува како освежување на Владата всушност претставува само реорганизација на неуспесите и потврда дека политичките ...

Тешко повреден жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот центар во Скопје, а телото било дадено на обдукција. – Вчера околу 6:45 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во градот е пријавено дека починал М.А., на возраст од 56 години од село Миладиновци, скопско, кој на 8 јули бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од ...

Пратеникот Миле Цеков, кој неодамна ја напушти партијата ЗНАМ и сега настапува како независен пратеник, од собраниската говорница упати серија обвинувања кон поранешниот сопартиец и министер Горан Минчев, обвинувајќи го за политичко лицемерие и двојни стандарди. Во своето обраќање, Цеков потсети на јавните настапи на Минчев во кои жестоко го критикувал СДСМ и тогашниот премиер Зоран Заев, а потоа изнесе тврдења дека компанијата на Минчев во ...

Министерство за внатрешни работи распиша меѓунарордна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани. Тој избега од полициската станица во Кочани, каде што приведен поради поседување дрога. -Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело ...

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59 проценти во однос на претходната одлука. Новите цени ќе важат од 14 јули, од 00:01 часот. Според одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар и ќе изнесува 88 денари за литар. Бензините ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.61
24%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.24
31%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
40%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.26
38%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
1.59
44%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
8.13
19%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
1.52
25%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
41%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
27%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
7.58
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Иридиум

252383.36

Калај

56.36

Сребро

2044.16

Бакар

13.23

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Цинк

0.00