Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот е ...
Министерот за одбрана на Полска, Владислав Кошињак-Камиш денеска изјави дека воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над меѓународните води во Балтичко Море. – Ова е прв руски обид, по долго време, да се приближи до нашата поморска граница со цел да ги тестира нашите системи за воздушна одбрана, наведе Кошињак-Камиш. Два полски борбени авиони воспоставиле контакт со рускиот извидувачки авион Ил-20 и му сигнализираа да ја напушти ...
Нападите од поликата и од некои државни органи кон Уставниот суд ги сметам за комплимент за неговата работа, изјави денеска претседателот на Судот, Дарко Костадиновски. Првиот човек на Уставен ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање на денешниот отворен брифинг, а во врска со неодамнешната рекација која дојде од Судот со наводи дека се прават обид за политизација на неговата работа, преку реакции и друи манифестации со кои се искажува ...
Македонец уапсен во Хрватска, осомничен за обид за убиство на Србин на брод. 54-годишен државјанин на Македонија е уапсен во Хрватска под сомнение за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Според полицијата во Пула, нападот се случил на 13 јули околу 2:30 часот наутро на брод во Медулин. Осомничениот, како што се наведува, со нож замавнал кон главата и стомакот на другото лице. Нападнатиот успеал да се одбрани со кревање на ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека обемот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде два до четири пати поголем од официјалните проценки, но забележа дека се постигнува напредок поради откривањето на нови случаи. „Според нашите проекции, обемот на епидемијата се проценува дека е најмалку два до четири пати поголем од бројот на регистрирани случаи“, изјави Чикве Ихеквеазу, раководител на ...
Братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, Давид Санчез, денеска беше прогласен за виновен за административен прекршок и непотизам и му беше забрането да извршува јавна функција девет години поради неговото назначување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година од страна на покраинската влада на Бадахоз. Давид Санчез е обвинет дека имал корист од назначување прилагодено за него поради неговите семејни врски со премиерот, кој го ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. – Ако ги гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите ...
Полицијата во Пула привела 54-годишен државјанин на Северна Македонија осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Според нив, нападот со нож се случил во понеделник во раните утрински часови на брод во Медулин. Според полицискиот извештај, мажот е осомничен дека зел нож и го замавнал кон главата и стомакот на 48-годишникот на 13 јули околу 2:30 часот наутро додека се возеле на брод. За да спречи повреда на стомакот, ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за одавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
Од СДСМ преку соопштение реагираат дека со денешната одлука за предметот „Талир 2“, судството и обвинителството, како што наведуваат, му овозможиле на поранешниот премиер Никола Груевски да избегне одговорност, а на ВМРО-ДПМНЕ повторно да располага со својот партиски имот. Според партијата, по осум години повторно се одмрзнуваат „Белата палата“, чија вредност ја проценуваат на 14 милиони евра, како и останатиот партиски имот вреден околу два ...
Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниска седница му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски нагласувајќи дека, дека е авторитарен лидер ќе му кажат децата на Битиќи во чиј дом полициjа упаднала во 3 часот наутро. Не ви се плашам му врати пратеникот Битиќи на премиерот Мицковски кој вчера од собраниската говорница како одговор на критиките од Битиќи за неспособност на владата нервозно му врати дека бил исфрустриран и мизогин тип. ...
Мик Џегер ги сподели своите размисли за пријателствата со покојните Дејвид Боуви и Џон Ленон, велејќи дека и двајцата му биле соперници, но на многу различни начини. – Да, бевме соперници. Дејвид беше многу натпреварувачки настроен – многу повеќе од мене. Тој го разбуди тој натпреварувачки дух во мене. Беше толку голем соперник што морав да му возвратам со иста мера… Постојано се менуваше во текот на целата своја кариера. Не постои само еден ...
Осумнаесет возила, од кои две специјално опремени за следење, доби Инспекторатот за транспорт од Европската Унија. Донацијата, што денеска лично евроамбсадорот Михалис Рокас му ја предаде на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е вредна 700 илјади евра. За вицепремиерот Николоски, станува збор за значајна поддршка што ќе овозможи Инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. – Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во ...
ДУИ тврди дека пратениците на Влен не можат да ги застапуваат интересите на Албанците додека истовремено гласаат за унапредување на политичар кој јавно покажал навредливи и непријателски ставови кон Албанците Вербалниот напад врз Арбана Пашоли е огледало на политичкиот менталитет на Владата без етнички легитимитет, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Реакцијата доаѓа по, како што наведуваат, вербалниот напад на Иван Стоилковиќ ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска во парламентот изјави дека Унгарија никогаш повеќе не смее да припаѓа само на една политичка партија, без разлика дали станува збор за владејачката Тиса или опозициската Фидес. Обраќајќи им се на пратениците пред почетокот на дневниот ред, Маѓар оцени дека поранешниот премиер Виктор Орбан направил „историски грев“ со тоа што, како што изјави, „ја поделил земјата на национални и антинационални табори“, ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...
Денеска во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Фокус. Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека ослободителната пресуда е резултат на измените на Кривичниот законик од 2023 година, бидејќи тие навидум минорни измени на Кривичниот законик, всушност, многу влијаеле на битието на ...
На заминување од функцијата, досегашниот министер Азир Алиу рече дека очекува започнатите системски процеси во најголем дел да продолжат, да се надградуваат и да станат уште посилни во служба на пациентите и здравствените работници. На новоизбраниот министер Сашо Клековски му посака успешна работа Досегашниот министер за здравство Азир Алиу, кој со владината реконструкција беше разрешен од позицијата, денеска му ја предаде функцијата на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство, соопштија од Обвинителството. Како што се наведува во соопштението, осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Имено, откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот ...
Соопштение на СДСМ Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс”и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија. ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто сценарио, ...
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини одговори на реакцијата на бизнисменот Трифун Костовски, кој побара јавно извинување поради неговата изјава поврзана со случајот „Еуростандард банка“. „Г. Трифун, јас не гледам причина за извинување“, напиша Хајредини на социјалните мрежи Претходно, Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, ...
Тројца членови на криминалната група „Беланоца“ денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави тв Телма. Според информациите, еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами, лидер на спротиставената нарко банда „Дуќанџик/Грчец“, како и убиството на Пластичарска улица кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Третиот обвинет ...
Дел од парите од продажбата, во износ од 2 701 189 денари, пријавените ги префрлиле на сопствени банкарски сметки и на сметки на блиски лица Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три физички лица – управители и сопственици на фирма, како и против самото правно лице. Пријавените се товарат за кривично дело даночно затајување по член 279 од Кривичниот законик, со што го оштетиле ...
Стапуваат во сила новите правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 ...
Левица преку соопштение обвини дека бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, претставува уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и побара политичка одговорност. Од партијата посочуваат дека станува збор за лице кое, според сведочења во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, било посочено како добро позната криминална фигура што ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека се разгледуваат две можни решенија за нелегалниот и необележан пешачки премин кај Бит-пазар – поставување семафор или целосно отстранување на надземниот пешачки премин. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Меџити рече дека поставувањето семафор е најверојатната опција, додека уривањето на надвозникот ќе се разгледува доколку тој претставува пречка. ...
Денеска, во 11 часот, во Кривичниот суд ќе треба да биде соопштена пресудата за случајот ,,Талир 2″, предмет во кој е обвинет екс премиерот Никола Груевски за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Овој судски процес трае повеќе од шест години, а истрагата беше отворен уште во времето на СЈО. Но она што е значајно е дека случајот застарува за еден месец, односно во август. Доколку дотогаш нема и правосилна пресуда од ...
Црногорски државјанин е лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, управувал автомобил со брзина од 205 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 13 јули во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија при контрола на сообраќајот со радар утврдиле дека Д.Б. (36) од Црна Гора управувал патничко возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на ...