Претседателот Трамп сметал дека ненадејниот напад со дронови на Украина во текот на викендот бил „моќен“ и „кул“, велат извори кои разговарале со него за „Аксиос“, но тој е исто така загрижен дека тоа ќе ја направи неговата мисија за прекин на огнот уште потешка. Внимателно испланираната операција врз најстратешките воздушни бази на Русија – спроведена од далечина од илјадници километри оддалеченост – сугерираше дека Украина има повеќе „карти“ ...

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат пристап и до најновите услуги или најбараните услуги, најави министерот Стефан Андоновски. Андоновски вели дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе ...

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе се стави на располагање на Министерството за здравство, за да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Таа истакна дека одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, лоцирано е во ...

Министерството за внатрешни работи денеска ги отфрли како „невистинити и неосновани“ тврдењата на СДСМ дека институцијата набавила софтвер за шпионажа и прислушкување. Во демантот, испратен до јавноста од Секторот за односи со јавност и протокол, се наведува дека станува збор за редовно обновување на лиценци за дигитална форензичка опрема, која се користи веќе повеќе од една деценија. Според МВР, лиценците се за софтвер наменет за екстракција и ...

Во координирана спасувачка акција со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Македонија вчера попладне изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер на тешко повредено лице од непристапен терен во близина на Ливадичко езеро на Шар Планина. Според информациите, лицето паднало во провалија и се здобило со сериозни повреди, скршеници на раката, ногата и колкот, како и обилно крварење, поради што било во животозагрозувачка ...

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи и под раководство на Јавен Обвинител кој постапува со интегритет и решителност, се иницира процесот на демонтирање на длабоко вкоренета политичко-криминална структура. Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, ...

Еурофарм Пелистер му се реваншираше на Вардар за двата болни порази во последно време, но се чини дека избраниците на Руал Алонсо му нанесоа уште потежок пораз на својот лут ривал, и тоа во мечот кој директно решаваше за титулата. Две од три сценарија одеа во корист на Вардар пред денешното финале во македонското ракометно првенство, но наместо победи или реми, тимот на Милано на крајот го испушти триумфот и дозволи славеничко расположение на ...

Втората светска тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос. Во финалето, таа ја победи најдобрата тенисерка во моментов, Арина Сабаленка во три сета со 6:7(5), 6:2, 6:4. Сега 21-годишната Гоф е двократна шампионка на Гренд слем турнирите откако го освои и Отвореното првенство на САД во 2023 година (против Сабаленка во финалето). Таа е четвртата активна тенисерка со две Гренд слем титули, придружувајќи им се на Викторија Азаренка, Петра Квитова и ...

Јаник Синер се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-0 по сетови (6-4, 7-5 и 7-6) ) во меч кој траеше три часа и 16 минути. Италијанскиот тенисер за противник во битката за трофејот ќе го има Карлос Алкараз. Во првиот сет Синер искористи загубен сервис на Ѓоковиќ и поведе со 4-2 во гејмови, ова беше клучно за водството од 1-0 (6-4). Во вториот сет кој италијанскиот тенисер го доби со 7-5, повторно дојде до ...

Фудбалската репрезентација на Македонија освои значаен бод одигрувајќи 1-1 против големиот фаворит Белгија, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со ова реми, Македонија сега има пет бодови и се наоѓа на втората позиција во групата, зад Велс кој има седум, по победата од 3-0 над Лихтенштајн. Гостите од Белгија дојдоа до водство во 29. минута преку Максим де Кујпер, кој од непосредна ...

Сојузниците на НАТО ќе ги подобрат одбранбените капацитети и одбранбените способности со поставување нови, амбициозни цели, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред состанокот со министрите за одбрана во Брисел, кој се одржува неколку недели пред самитот на НАТО во Холандија. „Воздушната и ракетната одбрана, оружјето со долг дострел, логистиката и големите копнени маневарски формации се меѓу нашите главни приоритети“, рече ...

Зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни Тошковски, ниту премиерот Мицкоски не се осудија да го коментираат потеклото на пиротехниката која го предизвика пожарот во дискотеката Пулс кој зема 62 млади животи, а повредени беа 200 млади луѓе? – прашуваат денеска од СДСМ, како дел од серијалот прес-конференции насловени како „Вистината за Кочани“. – Зошто истрагата досега не доведе до сознание кој ја внел ...

Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, рече денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони ...

Поранешниот висок функционер Артан Груби сподели роденденски честитки од блиски пријатели и роднини, во својата прва јавна активност по неколкумесечното исчезнување. И покрај објавата, Груби не откри каде се наоѓа, ниту кога би можел да се врати во земјава. Груби на 15 декември 2024 година ја напушти Македонија во рамки на т.н. „приватна посета“, но неговото подоцнежно отсуство прерасна во сомнително бегство. Министерството за внатрешни работи ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури со кои се соочуванме деновиве. Од ИЈЗ објаснуваат дека кога амбиенталната температура се приближува или ја надминува телесната температура од околу 36,7 степени, телото потешко се лади. Високата релативна влажност дополнително го попречува испарувањето на потта, со што се намалува способноста за саморегулација. Ова може да ...

Преспанското Езеро со последни сили се бори за живот. Освен губитокот на вода кој од година во година е се поголем, овој природен басен се соочува со се поголемо загадување од прекумерната употреба на пестициди врз овоштарниците во Преспа. Според анализите на Министерството за животна средина овоштарите употребуваат фунгициди, инсектициди и хербициди или околу 65 тони пестициди годишно. Во повеќе наврати во езерото завршуваа и непродадените ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и нејзините дисциплинци конечно донесоа одлука за неодиграниот меч меѓу Алкалоид и АЕК во финалето на Европскиот куп на ЕХФ. Грчкиот тим не истрча на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и поради тоа ЕХФ отвори случај кој дури денеска доби официјална завршница. Алкалоид го доби натпреварот со службени 10-0 и си оглед на тоа што претходно славеше и во Атина, тимот предводен од Кире Лазаров е освојувач ...

Шпанија како актуелен европски шампион се избори за нова победа над Франција, па така во репризата на полуфиналето од континенталниот собир, избраниците на Луис де ла Фуенте денеска славеа со 5:4 во Штутгарт. Во една спектакуларна фудбалска претстава, двете селекции се погрижија за вистинско уживање во полуфиналето во Лигата на нации, а на крајот заслужено е тоа што Шпанија ќе ја гледаме во финалето во Минхен против селекцијата на Португалија. ...

Банкарскиот систем е стабилен, вели гувернерот Славески. „Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за Македонската информативна агенција (МИА), потенцирајќи дека фиксниот девизен курс и натаму ќе биде цврста основа на макроекономската стабилност во земјата. Гувернерот истакна дека режимот на девизен курс којшто го ...

Скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија. Економските мерки и политики преземени и спроведени од Владата, даваат резултати. Трет квартал по ред, македонската економија бележи раст на БДП од 3 или повеќе од 3 проценти. И тоа се случува во период кога еден од нашите најголеми трговски партнери, Германија се соочува со сериозни предизвици, затоа што нејзината економија е во стагнација. Тоа покажува дека со добро ...

Бугарските политичари извршија притисок врз Европскиот парламент да го одложи извештајот за пристапувањето на Македонија во Европската Унија, обвинувајќи го пратеникот задолжен за извештајот Томас Вајц дека е премногу близок до земјата-кандидат, пишува „Политико“. И покрај договорот меѓу главните политички семејства за усвојување на извештај за напредокот што го постигна балканската земја на патот кон пристапување во ЕУ, пратениците во среда го ...

Зголемен е бројот на повици за реагирање поради последици од изложување на сонце – велат од Итната медицинска помош . Од таму апелираат граѓаните, особено хронично болните и старите и изнемоштени лица да ги почитуваат препораките бидејќи работат со ограничен капацитет. „Последната недела, како што се затопли времето имаме значи зачестени повици, да кажеме од таквите пациенти коишто се жалат на здравствени проблеми. Затоа, ги замолуваме да ...

Холандската влада падна утрово кога Герт Вилдерс, лидер на крајнодесничарската партија ПВВ, ја напушти владејачката коалиција поради несогласувања за плановите за азил, објавија холандските медиуми. „Нема потписи за нашите планови за азил, нема промени во главниот коалициски договор. ПВВ ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалните медиуми. На прес-конференција минатата недела Вилдерс презентира план од десет точки за намалување на ...

Последните двајца пациенти кои се лекуваа на Ургентниот клинички центар во Белград, повредени во пожарот во Кочани, денес се пуштени од болничко лекување. Се работи за 23-годишно момче и 24-годишна девојка, кои своето лекување ќе го продолжат во Македонија. Докторот Милан Стојчиќ, раководител на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Клиничкиот центар рече дека со тоа сите 17 пациенти кои биле примени на 16 и 17 март годинава се ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Алкалоид (23:29) во денешното дерби на македонската машка ракометна Супер лига и во позитивна атмосфера ќе го дочекаат дербито за титула со Вардар. Битолчани настапија без Филип Кузмановски, но сепак стигнаа до победата на гостински терен, нешто што им беше потребно по поразот во финалето на Купот од најголемиот ривал Вардар. Пелистер уште на полувреме водеше со 14:18, Алкалоид во продолжението еднаш ...

Селекцијата на Португалија е финалист во Лигата на Нации. Вечерва во Минхен на “Алијанц Арената“, Роналдо и другарите славеа со 2:1 против домашната селекција на Германија и тоа откако “панцерите“ водеа со 1:0 со голот на Вирц во 48.минута. Потоа Португалците заиграа одлични и со головите на Консеисао и Роналдо, за само пет минути, во 63. и 68.минута, направија пресврт и дојдоа до победата. Ова за Роналдо беше 220 настап за Португалија и 137 ...

При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа од ДСЗИ. – Имајќи предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од Законот за здравствена заштита, ќе поднесе иницијатива до министерот за здравство, ...

Турската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна. Преговорите се закажани за 12 часот, а времетраењето на разговорите не е однапред утврдено. Претходниот круг преговори, одржан на 16 мај, траеше помалку од два ...

Над 15 граѓански организации и иницијативи заедно поднесоа формална претставка до Владата, барајќи итна акција за повторно прогласувње и заштита на Националниот парк „Маврово“ во согласност со законските одредби. Тие изразуваат загриженост поради долгиот процес на трансформирање на НП „Маврово“ според постојното законодавство и меѓународните стандарди. Тврдат дека сегашната состојба ја поткопува заштитата на ова критично подрачје и ја попречува ...

Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1018
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.95
90%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
95%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
6.17
86%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
82%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
95%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
100%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Цинк

3.22

Калај

40.49

Кобалт

58.42