Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа. Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур. „Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер. Мур и Кучер ...
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот. Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно ...
Синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров , Адам, е однесен во новата републиканска болница во Грозни по сообраќајна несреќа. Тој е во сериозна состојба, објавија локалните медиуми. Информацијата ја потврдија два извори за Кавказ, а слични информации објавија и опозициските групи на социјалните медиуми. „Тој е во несвест на интензивна нега. Не знаеме со сигурност што му е на синот на Кадиров“, рече еден од изворите во Грозни. Grozny traffic ...
Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко на рочиште пред Врховниот антикорупциски суд на Украина ги негираше сите обвиненија против неа и изјави дека земјата се наоѓа под „фашистички режим“. Судот ѝ изрече мерки на Тимошенко, која неодамна беше уапсена во акција на Националното антикорупциско биро на Украина поради сомнежи за тешка корупција. Судијата одлучи Тимошенко да биде пуштена на слобода со кауција во износ од околу 655.000 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Моделoт создаден со вештачка интелигенција, Ниа Ноар, успеа да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ има околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи. Иако многумина верувале дека станува збор за вистинска личност, Ниа Ноар е целосно генерирана со ВИ. Корисници забележале дека нејзините танци и облека често се ...
Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев го попречува завршувањето на војната. Украинскиот тим активно соработува со претставниците на американскиот претседател, „и покрај сè“, рече Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека се планирани ...
Белата куќа објави дека формирала таканаречен „Одбор за мир“, кој според планот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја надгледува привремената управа во Појасот Газа, и покрај кревкото примирје што е во сила од октомври. Меѓу членовите се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Трамп ќе претседава со Одборот. Во „основачкиот ...
Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во Данска, вклучувајќи го Копенхаген, како и во гренландската престолнина Нуук. Илјадници луѓе најавиле учество на протестите во Данска и на Гренланд, на иницијатива на неколку гренландски организации. Организаторите наведуваат дека целта е да се испрати јасна порака за почитување на демократијата и ...
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12). Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот. Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, ...
Актерката Блејк Лајвли го прошири својот правен тим со ангажирање на истакнатата адвокатка Сигрид Меколи за нејзиниот правен спор со Џастин Балдони. Меколи е позната по застапувањето на жртвите на Џефри Епштајн. Потврдена е и специфичната улога што Меколи ќе ја има во иднина. Таа наводно ќе служи како врска помеѓу тимот на Блејк Лајвли и јавноста и ќе ги информира медиумите за напредокот на тужбата. „Привилегија е да се работи со светски ...
Мадона ја изрази својата поддршка за народот на Иран, велејќи им да се „држат цврсто“. Во објава на Инстаграм, 67-годишната музичарка сподели видео од себе како јава коњ низ пустината во Мароко, поврзувајќи ја сопствената слобода со борбата на демонстрантите во Иран. Мадона е една од ретките светски ѕвезди кои јавно ги поддржуваат протестите. „Држете се цврсто… Не можам да смислам порелевантна фраза од оваа додека влегуваме во Годината на ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави вечерва дека разузнавачките информации покажуваат дека Русија се подготвува за нови големи напади врз Украина. „Некои од денешните задачи се насочени кон воздушната одбрана. Во моментов, разузнавачките информации покажуваат дека Русите се подготвуваат за нови масовни напади. Отворено разговараме со нашите партнери за ракети за воздушна одбрана, за системите што ни се толку потребни. ...
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr. Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000. „Досега, сите ...
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата. Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на ...
Репрезентациите на Португалија, Словенија и Исланд забележаа победи во првите натпревари, на вториот ден од Европското првенство во ракомет. Португалците, на отоврањето на натпреварувањето во Б групата, во која се наоѓа и Македонија, лесно ја решија Романија со 40:34. Официјално четвртата селекција од последното Светско првенство, без проблеми се спарави со Романците. Наметнаа Португалците брз ритам,Рпманците се обидиа да го следата, но ...
Манчестер Сити, постигна договор за трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Преговорите во врска со трансферот на 25-годишниот англиски репрезентативец беа поттикнати од неодамнешните повреди на дефанзивците Јошко Гвардиола и Рубен Дијаш. Иако личните услови сè уште не се формално договорени, не се очекува тоа да претставува проблем за реализација на трансферот. Преговорите се забрзаа во последните 24 часа, а се очекува Гуехи да ...
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград. Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови. Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше ...
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби воопшто не треба да има избори за Конгресот. Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, изјави дека претседателот всушност сакал да биде хумористичен со изјавата, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите. „Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал ...
Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров. „Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим. „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија. Оваа недела, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје. Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ...
Девет службени пиштоли биле украдени на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје. Оружјето е пронајдено во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“. Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку ...
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и ...
Британскиот премиер Кир Стармер „нема планови“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денес портпарол на Даунинг стрит. „Премиерот нема планови да разговара со претседателот Путин. Неговата цел е јасно да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја стави земјата во најсилната можна позиција да ја ...
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем. -Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може ...
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. „Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер. На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави“, објави на социјалните мрежи Мицкоски. Информира дека во пријатна и конструктивна атмосфера ...
Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот, истакнуваат од Град Скопје. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека светлината на празниците доаѓа од домовите. „Во магијата ...
Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека ...
Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, соопштија од таму. „Обврската важи за ...