
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Со повеќе од 250 наслови распоредени во четири натпреварувачки селекции во Солун од 6 до 16 март се одржува 27. издание на Интернационалниот фестивал на документарни филмови. Фестивалот беше отворен со „За херојот“ („About a Hero“) на Пјотр Винјевич (Piotr Winiewicz), филм кој е раализиран со употреба на вештачката интелигенција користејќи го творештвото на германскиот режисер Вернер Херцог. Токму ВИ е тема на фестивалскиот фокус насловен „ВИ: ...
Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед на ...
Пласидо Доминго (84) вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба, известуваат од организацијата на концертот на светски популарниот тенор. Тој утре ќе одржи концерт во Арена Борис Трајковски, во ...
Општина Аеродром информира дека и годинава ќе се одржи „Е-Капитолијада 2025“ на која ќе учествуваат деца од градинките и од основните училишта од Општина Аеродром, а најдобрите ќе освојат вредни награди. Учесниците имаат задача да изработат индивидуална или групна екокреативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и/или електрични уреди и стари и потрошени батерии. Потоа треба да се испрати фотографија од ...
Полека оладуваат надежите за позначително намалување на каматните стапки по рекордниот пандемиски раст затоа што централните банки и владите тешко се справуваат со упорната инфлација. Дали инфлацијата ќе го запре падот на каматите уште на почетокот? Тоа ќе значи дека граѓаните и компаниите ќе мора и понатаму да се задолжуваат со поскапи кредити. Засега Европската централна банка ја држи политиката во линија на постепено и претпазливо намалување ...
Јавниот долг во Северна Македонија значително е зголемен и сега е на 62,4 проценти од БДП што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. Ова се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек изнесуваат 5 проценти годишно, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи на презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, пред членовите на ...
Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 – “E-commerce Awards 2024”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Овој престижен настан привлече голем број на гости, вклучувајќи членови на Асоцијацијата, поддржувачи, партнери, жири-комисијата на наградите и најуспешните е-трговци во земјата. Гала вечерта беше исполнета со богата програма, одлична ...
„Како држава треба да се фокусираме на развој на инфраструктурата и таа треба да биде приоритет за целиот Балкан. Без инфраструктура нема економски развој на државата, а тоа ги поттикнува луѓето да се иселуваат“, изјави Антонио Аргир, искусен банкарски лидер со повеќе од 25 години искуство, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Во разговорот Аргир истакна дека вината што немаме добро развиена инфраструктура треба да ...
Некои европратеници ја повикаа Европската комисија јавно да ја предупреди српската Влада дека каква било репресија врз демонстрантите на 15 март директно ќе влијае на европската иднина на Србија. „Вклучувајќи адресирање на заплашување, насилство, мобилизација против протести и големо полициско присуство. Сегашната јасна изјава ќе испрати силна порака дека ЕУ нема да толерира понатамошна ерозија на демократските слободи во Србија“, се вели во ...
Бугарскиот Уставен суд го прогласи за незаконски изборот на 16 пратеници во Парламентот, што отвора нов простор за усложнување на политичката ситуација во земјата и владина криза, јавуваат бугарските медиуми. Со одлуката, за незаконски е прогласен изборот на Павлин Јотов, Александар Ненков, Теменужка Петкова и Никола Џамбазов (ГЕРБ-СДС), при што Џамбазов беше избран на местото на Петкова за времето додека тој извршува министерска функција. Судот ...
Центарот за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, поднесе кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и други лица за протекување податоци од истрагата против CRTA, објавија српските медиуми. ЦРТП поднесе кривична пријава и против обвинителот Ненад Стефановиќ, вршител на должноста јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Јелена Милутиновиќ Жиљкиќ, началник на полициската служба УКП, Одделот за ...
Опозиција и невладине организације распоредиће своје активисте током протеста у Београду 15. марта како би навели већину окупљених да коначан захтев буде промена власти, односно државни удар или грађански сукоб већих размера. У специјалној емисији која се емитовала вечерас у три дела приказани су снимци са тајних састанака активиста опозиције где се договарају планови о преузимању власти у Србији насилним путем. Како је речено у уводом снимку, ...
Голем број јавни личности од целиот регионот на поранешна Југославија денеска официјално ја започнаа најавената медиумска кампања „Крокодилите доаѓаат“, чија цел е борба против агресивното рекламирање на коцкањето и обложувањето. Кампањата започна со премиера на видеото во кое учествуваат креатори од целиот регион, пренесоа медиумите. Од Македонија, во кампањата учествува Влатко Стефановски, кој ја свири гитарската соло-делница во промотивната ...
Народното собрание на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска вечерва ги усвои нацрт-уставот на ентитетот и Законот за заштита на уставниот поредок на РС – потег што со сигурност ја продлабочува политичката криза во БиХ, пренесе „Нова.рс“. За нацрт-уставот гласаа 50 пратеници, а против беа осуммина. На предлог на претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, донесен е и заклучок со кој се прифаќа барањето за арбитража за ...
Граѓанската иницијатива „Косово бојкот“ разви платно со натписот “15. Март, Косово бојкот на сите супермаркети “, објавувајќи ја својата следна акција по повод Меѓународниот ден на потрошувачите, објави Коссев. Оваа иницијатива е дел од регионалниот бојкот, организиран во соработка со групи од други балкански земји, со цел да се соберат потрошувачите и да се изјаснат за загриженоста за цените на производите. Џеват Кастрати, член на оваа ...
Лидерите на опозициските партии од Република Српска денеска предупредија дека владата во тој ентитет, на чело со Милорад Додик, започнала отворен прогон на политичките неистомисленици, опишувајќи го како „лудило што мора да престане што поскоро“. Реагирајќи на инцидентот во Требиње, каде што автомобилот на опозицискиот пратеник во парламентот на РС, и најголемиот критичар на политиката на Додик, Небојша Вукановиќ, синоќа намерно бил запален пред ...
„Изборниот фалсификат е веројатно многу пораширен од она што Уставниот суд го прифати како неспорно утврдено во случајот со делумното поништување на последните парламентарни избори во октомври минатата година“, пишува бугарскиот портал Медиапул по вчерашната одлука со која 16 актуелни пратеници од сите парлементарни партии ги загубија своите места, на сметка на влезот на 10 пратеници на Величие, која според официјалните резултати од изборите во ...
„Уште едно рак-рана претпријатие на Град Скопје во последниве неколку години е ЈП Комунална Хигиена. Збориме за Скопје, главниот град на Македонија, градот на културата, метропола, модерно Скопје како што градоначалничката сакаше да ни го презентира и сè уште за жал тоа го говори. Но, меѓутоа во последниве три години ние во Скопје гледаме дека е депонија. Скопје е нечисто, гледаме смет насекаде и даваме само еден лош пример и за туризмот и за ...
Обвинителите и судиите избрани во Мала Речица и Бихаќка го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут мафијата која користела канцероген мазут и го труела народот поради екстра профит. Трансакциони судии и обвинители избрани во Струмица и Зајас ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис фелата, кои преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино сториле криминал тежок 167 милиони. Тендер партнерите на СДС и ДУИ го труеле ...
Инженерската институција на Македонија, на 14-то Генерално собрание, го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери. Оваа одлука Инженерската институција на Македонија ја донесе како наследник на традицијата за струково и еснафско организирање на инженерите од 1920 година. Годинава таа одбележува и 105 години од основање на првото македонско здружение на инженери. Според професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската ...
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција издала 807 платни налози од кои 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон. Односно конкретно – 102 прекршоци биле изречени за некористење на сигурносните појаси, а пак 70 платни налози за говорење на мобилен телефон при возење. „Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на ...
Пред неколку дена во полицијата во Берово било пријавено дека на местото познато како „Црвени брегови“ во атарот на градот, бил забележан извршител на погребални услуги, лиценциран од Општината, како фрла посмртни останки извадени од Градските гробишта во градежна депонија. Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било ...
Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во вторник ќе расправаат за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија на нејзиниот европски пат, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. Како што соопшти ЕП, анализирајќи го напредокот на Македонија кон членството во ЕУ, Предлог-извештајот „ги препознава чекорите што земјата ги презеде за решавање на различните прашања ...
Карпошани од понеделник, 17 март, ќе можат да побараат надомест од Општината доколку купат нов велосипед или електричен тротинет. Општина Карпош ќе субвенционира 30 отсто од цената за купување велосипед или најмногу до 4.500 денари и 30 отсто од износот потрошен за нов електричен тротинет, но не повеќе од 6.000 денари. Сите заинтересирани за субвенции треба да се полнолетни и жители на оваа општина, а новото превозно средство да го купат ...
Кој го мести Бојан Стојаноски од ДПМНЕ? Го пуштаат да излегува на прес конференции и да зборува за профитот на Пуцко Петрол додека институции и општини раководени од ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со истата комапнија. Еве само еден од тие 170 договори на ДПМНЕ со Пуцко Петрол: Министерството за образование и наука, потпишан од Весна Јаневска од ДПМНЕ, склучен на 31.12.2024 година со Пуцко Петрол тежок 2.500.000 денари или ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше обраќање на работилницата насловена „Локалните власти како двигатели на реформите: Имплементација и придобивки од Реформската агенда за општините“, на која што ја истакна значајната улога на локалните власти во спроведувањето на Реформската агенда 2024-2027 и Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. На работилницата присуствуваа претставници на Заедницата на единиците на локалната ...
„Пелистерка“ е најстар и најпознат домашен производител на вода во амбалажа. Лани имаа исклучително добра година затоа што успеаја во услови на одржување исти приходи од продажба преку кратење на оперативните и на финансиските расходи да ја зголемат добивката за 3,5 пати. Најпознатиот македонски бренд меѓу флашираните води лани успеа да оствари приходи од 7 милиони евра, покажуваат официјалните неревидирани финансиски податоци на „Пелистерка“ ...
Излезе бројката што многумина ја очекуваа, а вчера ја објави Народна банка на Македонија. Имено, сега веќе е познато колку лани профитираше македонскиот банкарски сектор, или сите 13 банки во земјава заедно. Како што е познато, банките сите поединечно ги објавија своите финансиски резултати, а сето тоа имаше прилика да го види и домашната бизнис јавност, особено за банките кои се котирани на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност: ...
Кристина Колеќевска e економист за надворешна трговија – директор за комуникации и маркетинг во инженерската компанија „Сениор Инженери“, специјализирана за развој и реализација на енергетски проекти, која има развиено стратешко партнерство со АКСА, дел од групацијата Казанџи Холдинг, за изградба на енергетска инфраструктура во Македонија, Балканот, но и на други меѓународни пазари. Во рамките на ова партнерство, неодамна се одржа состанок со ...
Иако претседателот на Србија уште синоќа веднаш се сликаше со повредениот полицаец и ги обвини студентите, се чини дека ударот го задал негов колега. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои јасно се гледа дека припадник на униформираната полиција го удира полицаецот во цивил, Лазар Бачиќ, кој беше повреден во окото за време на синоќешниот протест пред Радио-телевизија Србија (РТС). На снимките објавени на социјалната мрежа X се гледа како ...