Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. – Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште ниту, пак, загрозува друго село затоа ...

Вештачката интелигенција направи уште еден голем скок во биологијата. Научниците, користејќи генеративни ВИ-модели, дизајнирале цели геноми на бактериофаги – вируси што напаѓаат бактерии, а коишто сега може да се произведуваат во лабораторија. Од илјадници обиди, 16 вируси се покажале како функционални. Истражувањето го водеше д-р Брајан Хеј од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД), а користени се модели „Ево 1“ и „Ево 2“ (Evo 1 / 2), ...

Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина. Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила. На ...

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден нешто помалку од 23 милијарди долари за забрзување на производството на ракети „Томахавк“. Министерството за одбрана на САД изјави дека е потпишан договор вреден точно 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот производствен ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја пофали палестинската милитантна организација Хамас за нејзината соработка и исполнувањето на обврските во рамки на планот за мир во Газа, во интервју за „Ал Џезира“. Тој истакна дека Хамас покажува „вистинска соработка“, истовремено критикувајќи го Израел за продолжувањето на нападите врз Појасот Газа и додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп исто така е загрижен поради таквите ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата. Конгоанскиот Институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на 4.945, вклучително и 101 нов случај регистриран во последните 24 часа. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја ...

ОВЕН (21 март – 19 април) Ден за храбри потези и нови почетоци! Денес ќе почувствувате силен поттик да завршите нешто што долго го одложувате. На работното место покажете иницијатива, но избегнувајте непотребни расправии. Во љубовта ве очекува момент кој може повторно да ја разбуди страста. Слободните Овни може да добијат интересен знак од личност која не ја очекуваат. БИК (20 април – 20 мај) Трпението конечно се исплатува. Финансиска тема ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, кое ви го пренесуваме во целост. „И покрај тврдењата на опозицијата дека електричната енергија ќе поскапи за 5%, реалното зголемување изнесува 2,28%, ...

Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“. „Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк. Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став. „Она што го правиме е ...

Утрово почна да врне дожд во источна Белгија, што им дава значајна помош на пожарникарите во гаснењето на најголемиот пожар досега регистриран во земјата, кој се закануваше да се прошири до германската граница. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, овој пожар е повеќе од двојно поголем од оној во 2011 година, кој зафати речиси 1.400 хектари. Во гаснењето учествуваат околу 500 пожарникари од целата земја, како и ...

НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“. Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала способни да стигнат до територијата на земјите-членки на НАТО. Врз основа на ...

Американскиот претседателски пратеник за Блискиот Исток, Џаред Кушнер, допатува во Израел, каде во текот на денот треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Кушнер пристигна во Израел по разговорите со Хамас за спроведување на мировниот план за Газа, поддржан од САД. Минатиот месец, Одборот за мир на претседателот Доналд Трамп соопшти дека бил постигнат договор за „целосно разоружување“ на Хамас и другите вооружени групи во ...

Шведско-британскиот фармацевтски гигант АстраЗенека соопшти за нов неуспех, прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“, нешто повеќе од еден месец откако прекина друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека волрустомиг, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...

ОВЕН Денеска може да се чувствувате малку поисцрпено или раздразливо, што е знак дека ви е потребен одмор. Наместо да се принудувате да бидете активни, дозволете си време за закрепнување и внатрешна рамнотежа. Денот е погоден за релаксација и грижа за себе. Слушајте го вашето тело и дајте му го она што му е потребно. БИК Денеска ќе имате поголема потреба од одобрување од вашите најблиски и поддршка и во личниот и во професионалниот живот. ...

Центарот за управување со кризи известува дека според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Македонија е во зона со висок ризик од пожари. Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја). -Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Чувството на постојан замор и недоволната енергија во текот на денот не мора да биде само поради стрес или недостаток на сон. Нивото на енергија може да биде под влијание и на секојдневните навики на коишто честопати не се обрнува доволно внимание. Исхраната, меѓу друго, има важна улога. Недоволниот внес на железо може да биде поврзан со чувство на исцрпеност, раздразливост и лоша концентрација. Затоа можете да вклучите храна како грав, ...

Оние кои чуваат кутре сигурно се прашуваат зошто кучињата скоро секогаш се вртат неколку пати пред да легнат. Впрочем, ретко кое куче нема навика да се сврти неколку кругови пред да фати добра позиција. Најпрвин, ќе стане, па ќе се сврти неколку круга, па ќе легне во иста позиција како порано, само овој пат задоволно ќе воздивне и ќе заспие. Сигурно сте се запрашале зошто го прави тоа… Имено, знаеме дека кучињата спиеле така кога живееле во ...

Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас. Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата придружба го претепале внукот на Дејвис во ...

Рак Ракот важи за најемотивниот знак во Зодијакот. Луѓето родени во овој знак се длабоко поврзани со семејството, блиските и спомените. Тие лесно се врзуваат за луѓето и често ги ставаат туѓите потреби пред своите. Критиката и разочарувањето ги погодуваат повеќе отколку што покажуваат, а нивната интуиција ретко ги изневерува. Риби Рибите се познати по својата исклучителна емпатија и способност да ги почувствуваат емоциите на другите. Тие ...

Чукни во дрво…. Често кога зборуваме за некои добри работи, имаме навика да тропнеме во дрво за злите духови не ја претворат среќата во несреќа. Овој обичај води потеклото на паганските племиња што ги обожавале дрвјата, а некои од нив ги користеле дрвјата за пророштва. Религиозните ритуали што ги практикуваат одредени племенски заедници се незамисливи без дрвја, а Келтите мислеле дека духовите и боговите живеат во дрвјата. Бр. 13. Стравот од ...

Психологот Џон Готман открил во студија од 2002 година дека презирот е вообичаен нуспроизвод на недостаток на вештини за одржување на врската. Тој исто така тврди дека презирот е најсилен показател дека парот ќе се разведе. Освен тоа, психологот Џонис Веб во неодамнешното интервју за YourTango изјави дека често се среќава со клиенти кои проценуваат дали се во „вистински однос“ со партнерот. Затоа, таа ги состави следните пет прашања кои можат ...

Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА. „Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за праведен и траен мир – сценарио во ...

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски воздушни напади врз Украина во текот на ноќта и утрово, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесе ДПА. Двајца загинаа, а уште 14 се повредени во напад со балистичка ракета врз родниот град на Зеленски – Криви Рог, напиша тој на Телеграм. Уште еден човек загина во Суми, во североисточна Украина, а шестмина се повредени во Киев и неговата околина. – Службите ...

Русија побара од Вашингтон и Анкара да објаснат дали постојат планови за префрлање на „значителен арсенал“ американско оружје и муниција од Турција во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалниот таков трансфер би предизвикал „сериозна штета на нашите билатерални односи со Вашингтон и Турција“. Претходно овој месец украинскиот ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07