Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја искористи војната на Блискиот Исток за да предизвика „уште поголемо уништување“ во Украина. Тој рече дека на Украина и се потребни системи за воздушна одбрана без оглед на тоа што се случува на други места. Американско-израелската војна со Иран доведе до тоа многу ракети за воздушна одбрана да бидат искористени, пишува Би-Би-Си. Коментарите на Зеленски дојдоа ...
Доналд Трамп ги повика Велика Британија и другите сојузници да испратат воени бродови во Ормускиот теснец за да помогнат во обезбедувањето на клучниот бродски пат од Блискиот Исток, објави Би-Би-Си. Американскиот претседател рече дека се надева дека Кина, Франција, Јапонија и Јужна Кореја ќе испратат бродови на преминот, каде што вели дека голем број танкери биле нападнати откако САД и Израел ја започнаа војната против Иран пред две недели. ...
Израел започна уште еден „широк“ бран напади врз цели во западен Иран, соопштија израелските одбранбени сили. Израелското министерство за здравство објави дека во Израел 108 лица се однесени во болница со повреди во последните 24 часа. Од нив, 96 имале полесни повреди, двајца биле во „умерена“ состојба, а девет сè уште се на лекарска проверка, објави Би-Би-Си. Од почетокот на конфликтот, се наведува дека 3.195 лица биле згрижени во болница ...
Автомобилистичката федерација на С.Македонија, членка на Светската автомобилистичка федерација (FIA) најави одржување на седмото традиционално женско рели кое и годинава ќе ги обедини жените љубителки на мотоспортот, адреналинот и тимскиот дух. Настанот ќе се случи утре со почеток во 10:30ч, на големиот паркинг на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. „За учество во релито веќе има пријавено над 100 учеснички, а конениот број се очекува да биде и ...
Ако годината продолжи вака, можеби ќе се најдеме дури и во првите три економии, што ќе значи дека стандардот и куповната моќ на граѓаните конечно ќе почнат да се чувствуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година. „Од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но ова се бројки од Евростат. Во 2025 како македонска ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денес во Кочани изјави дека македонскиот систем подобро се справил со трагедијата во Кочани отколку швајцарските институции по пожарот во барот во Кран-Монатана. „Апсолутно да. Апсолутно да, но кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски. Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува намалување на цената на нафтените деривати за околу 2,5 денари по литар, по најавата од „ОКТА“ дека на компаниите со кои соработува ќе им понуди попуст. „ОКТА од денеска им понуди на компаниите кои набавуваат од неа попуст од околу 45 до 50 долари по тон нафта. Тоа би значело намалување околу 2,5 денари по литар. Разговарав и со голем дел од сопственици на бензински пумпи кои се обврзаа ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување”, „Фалсификување исправа” и „Проневера во службата” – во обид. „Пријавениот С.Р. со намера да ги исцрпи сите предвидени пари од склучениот договор за ...
Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште Вчеравечер во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавиле дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Полициски службеници од СВР Тетово по ...
Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за Цементарницата Усје. Од таму информираат дека барањето за нова А интегрирана дозвола за компанијата е веќе поднесено, а на расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност. „Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку ...
Авион за полнење гориво на американските воздухопловни сили се урна во западен Ирак, соопшти американската војска, додавајќи дека инцидентот не се должи на непријателски или пријателски оган. Во соопштението од Централната команда на САД се вели дека спасувачките напори се во тек, но не се прецизира дали некој американски војник е повреден или убиен. „Инцидентот се случил во пријателски воздушен простор за време на операцијата „Епски бес“, а ...
Цените на нафтата и денеска продолжија со зголемување, и покрај тоа што САД издадоа 30-дневна лиценца за земјите да купуваат руска нафта и нафтени производи заглавени на море. Лиценцата дозволува испорака и продажба на руска сурова нафта и нафтени производи кои веќе биле натоварени на бродови од 12 март, се наведува во документот издаден од Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии. Овластувањето останува во ...
Дезинформациите не се само медиумски проблем, туку е тоа предизвик за нашата демократија и плус станува безбедносно прашање. Затоа поддршката што ни ја дава ЕУ во борба против дезинформациите е многу важна, истакна денеска Бардил Јашари, извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, на Конференција со социјалните партнери и организациите на граѓанското општество од С. Македонија. Во рамки на конференцијата која се одржа во „Јуроп хаус“, ...
Руски суд изрече пресуди за 19 лица обвинети за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, кој се случи на 22 март 2024 година и во кој загинаа 149 лица, а повеќе од 500 беа повредени, објави Би-Би-Си. Четворица од обвинетите, кои биле директни извршители на нападот, се осудени на доживотен затвор. Уште 11 лица, обвинети дека им помагале на напаѓачите со пари, оружје или логистика, исто така добиле ...
Денеска во Собранието на Македонија се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе. На коморацијата присуствуваа семејствата на жртвите од катастрофалниот пожар, како и највисокиот државен врв, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши. „Правдата не треба да биде ниту пребрза ниту задоцнета. ...
Градот Скопје ќе гради нов кружен тек во близина на Народната банка, катни гаражи во Клиничкиот центар и фотоволтаици на училиштата. Средствата за овие инвестиции ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот кој денеска доби зелено светло од Советот на Скопје. Градските власти информираат дека средствата во буџетот се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции. Со ребалансот е предвидена изградба на нов ...
Според анкета на Лекарската комора, дури 78 отсто од докторите во Македонија биле изложени на некаков вид насилство, од кои 80 отсто на вербално и 6,8 отсто на физичко насилство, информираат денеска оттаму, по повод 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници. Претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, смета дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) за 2024 година, при што констатирал сериозни слабости и неправилности во работењето Ревизијата се однесува на финансиските извештаи на институцијата, која работи преку 637 сметки, а во извештајот се наведува дека утврдените состојби укажуваат на потреба од подобрување на ...
Службеници од администрацијата на претседателот Доналд Трамп проценија за време на конгресниот брифинг оваа недела дека првите шест дена од војната против Иран ги чинеле Соединетите Држави најмалку 11,3 милијарди долари. Оваа бројка, од брифингот зад затворени врати за сенаторите, не ги вклучуваше сите трошоци за војната, туку им беше доставена на пратениците бидејќи тие бараа повеќе информации за конфликтот. Неколку помошници на конгресот ...
ЕУ останува главен трговски партнер на нашата земја, а важноста и улогата на европската интеграција е огромна пред сè за економсиот развој, смета претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Тој денеска ќе присуствува на Конференција организирана од канцеларијата на ЕУ Делегацијата во Скопје со социјални партнери и граѓански организации од државата. Азески минатата година во рамки на Комората, покрена иницијатива за формирање на Бизнис ...
Денеска, 12 март, се одбележува јубилејниот 20-ти Светски ден на бубрегот. По тој повод, здружението „Ретко е да си редок“ го посветува денот на пациентите со ретки бубрежни дијагнози и повикува на поголема свест за раната дијагностика и подобриот третман на овие заболувања. Како дел од активностите, здружението објави стручен текст од д-р Николина Смоковска, специјалист интернист и субспецијалист нефролог, посветен на Алпортовиот синдром, ...
Третата група македонски државјани од Блискиот Исток синоќа пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Приштина. Тие беа евакуирани од Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет го напуштија регионот. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски информира дека во авионот биле 151 патник, од кои 109 се македонски ...
Европските возачи се соочуваат со плаќање дополнителни 220 евра годишно за гориво поради порастот на цените на нафтата предизвикан од војната во Иран, предупредуваат аналитичарите. Одржливата цена на нафтата од 100 долари за барел, нивото забележано во понеделник, би значело дека возачите во ЕУ ќе плаќаат 55 милијарди евра повеќе во текот на една година, проценуваат истражувачите од тинк-тенкот за транспорт и животна средина (T&E). Тоа е ...
Два танкера беа запалени во ирачките води утрово во најновиот бран напади врз нафтени и транспортни објекти низ Блискиот Исток. Во меѓувреме Иран предупреди дека светот треба да биде подготвен цената на нафтата да достигне 200 долари за барел. Ирански бродови полни со експлозив е веројатно дека нападнале два танкери за гориво во ирачките води, запалувајќи ги и убивајќи еден член на екипажот откако проектили погодиле три трговски брода во ...
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов-Кили, потврдило за СДК.мк, семејството на актерот. Тој последните 12 години, заедно со семејството, живееше во Еквадор. Поп Христов е роден во 1967 година во Скопје, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсегот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година, Христов работи во Македонски народен театар во Скопје. Играше во филмовите ...
Владата ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани. Конференцијата со наслов „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“ ќе обедини претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. „Конференцијата има за цел да се направи една сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата, од првичната интервенција и ...
Иако С. Македонија предничи во меѓународни рамки по бројот на членови во партиските организации, граѓаните покажуваат ниска идентификација со партиите и ниски афекти и кон омилените и кон најмалку саканите партии. Ова го покажале меѓународните наоди од компаративното истражување на изборните системи (КИИС/CSES), кои беа презентирани денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Презентацијата ги одржаа политиколозите проф. д-р ...
Кремљ ги обвини британските специјалисти за вмешаност во смртоносниот украински напад врз рускиот град Брјанск, во кој беа употребени британските ракети „Сторм Шедоу“ и изјави дека ќе ја земе предвид улогата на Велика Британија, пренесува Ројтерс. Гувернерот на регионот Брјанск изјави дека во нападот во вторникот загинале најмалку шест цивили, а 37 биле повредени во, како што го нарече, „терористички ракетен напад“, без да каже што било ...