Фирмата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „Афинити партнерс“, потврди за „Волстрит џурнал“ дека се повлекува од проектот за купување на зградата на Генералштабот во Белград, откако проектот предизвика протести. Како што наведоа, го прават тоа од почит кон народот на Србија и Белград, бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да ...

Европа е подготвена да предводи мултинационални сили во Украина како дел од предлогот на САД за мировен договор меѓу Русија и Украина, изјавија европските лидери. Во соопштението, лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и осум други европски земји изјавија дека европските војници со поддршка на САД би можеле да помогнат во регенерацијата на украинските сили, во обезбедувањето на небото на Украина и во поддршката на побезбедните ...

Од денеска, 15 декември 2025 година, Виз ер официјално ја воведе новата директна авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Прага. Првиот лет на оваа релација полета во 14:20 часот. Отпочнувањето на новата линија беше одбележано со заедничка прес-конференција на која учествуваа генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, министерката Сања Божиновска и претставници на Виз ер. Според ...

Откако Порталб.мк ја објави понудата што ја прими Општина Тетово од ‘Ана Агро’ за третман на бездомните кучиња, според која што цената за третманот на едно куче достигнуваше до 23.600 денари, што е неколкукратно повисока од понудите во неколку други градови. Денес, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, на прашањето за овие цени, се оправда и рече дека договорот е потпишан со пониски цени од прифатената понуда. Но, и покрај ова, ...

Македонски пејачи ќе бидат ѕвездите на новогодишниот дочек, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека нема да има огномет. Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Огњан Здравсковски, Пајак, Лара, Два Бона и Тина Перовска ќе настапат на забавата на 31 декември на плоштадот „Македонија“, што ќе го организира Државната видеолотарија. Градот Скопје ќе плати за украсувањето, кое ќе чини 70.000 евра. Вечерва на посебна ...

Да одиш на работа со сопствен автомобил е непримерно, па дури и срамота, вели младата Александра од Скопје која веќе неколку години живее и работи во Германија, Хамбург. Градот со 1,8 милиони жители буквално пулсира во текот на цело деноноќие. Мобилноста на жителите на овој втор по големина град во Германија ја овозможува беспрекорниот јавен превоз – подземен и надземен. Познатиот „Дојчланд тикет“ ги отвара вратите на сите видови превоз на ...

Училиштата во Делхи и околните области ја префрлија наставата онлајн, а градежните работи се забранети поради екстремно опасен квалитет на воздухот, објави Би-би-си. Утрово густ смог го обви Делхи, значително намалувајќи ја видливоста и предизвикувајќи доцнења на летови и железнички линии. Индексот за квалитет на воздухот (AQI) достигна просечна вредност од 471, според владината апликација „Сафар“, што е повеќе од 30 пати над границата ...

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од октомври до 13 декември, осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон ...

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на ...

По 35 години, производителот на роботската правосмукалка позната како „Румба“ поднесе барање за заштита од банкрот. По предупредувањата издадени претходно оваа година дека брзо им снемуваат опции, iRobot велат дека влегуваат во заштита од Поглавје 11 и дека ќе бидат купени од нивниот договорен производител, кинескиот Picea Robotics, пренесува медиумт Verge. Компанијата вели дека ќе продолжи да работи „без очекувано нарушување на ...

Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Скопје и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на телеметриската сеизмолошка мрежа преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, земјотресот го регистрираше во 7 часот и 20 минути. Епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје во Урошевац, на 124 км северно од ...

Џими Лаи, медиумскиот могул од Хонг Конг и критичар на Кина, денеска беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за заговор за дослух со странски сили и една точка од обвинението за бунт според законот за национална безбедност наметнат од Кина, што може да го одведе во затвор доживотно. Пресудата е најновата пресвртница за милионерот кој сам го стекнал богатството, кој одби да молчи по репресијата на Пекинг по масовните протести во ...

Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, вети дека ќе воведе построги закони за контрола на оружјето по смртта на 15 лица на плажата Бонди на првиот ден од еврејскиот фестивал Ханука. Татко и син беа идентификувани како наводни стрелци во терористичкиот напад во Сиднеј во неделата вечерта, во кој загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи едно дете. Еден од вооружените лица беше потврден и како мртов. Ова беше најлошото масовно пукање во Австралија ...

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно 5 деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Сите петмина, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо ...

Најмалку 12 лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, се убиени во масовен напад со огнено оружје што се случи во Сиднеј, за време на настан по повод Ханука. Австралиската полиција нападот официјално го прогласи за терористички инцидент, објави Гардијан. Премиерот на сојузната држава Нов Јужен Велс, Крис Минс, соопшти дека меѓу загинатите има и лице за кое се верува дека е еден од напаѓачите. Вториот осомничен напаѓач е во критична состојба, ...

Уште од почетокот на декември во Скопје влезе во фаза на тестирање системот со камери „Безбеден Град“, кој ги детектира прекршоците во сообраќајот и граѓаните веднаш добиваат известувања за прекршоците и казните (кои ќе почнат да се применуваат од јануари 2026 година) преку СМС пораки и е-маил адреси. Меѓутоа, овие известувања отворија голема дилема затоа што известувањата завршуваат и на погрешни броеви и е-маил адреси, поради што граѓаните ...

Во Тетово третманот на едно куче чини 23.600 денари, цената е многу пати повисока во споредба со понудите што ги прифатиле градовите како Струга, Кичево, Охрид и Гостивар. Ова е понудата што Општина Тетово ја прифатила од Здружението „Ана Агро“ со кое потпишала договор. Ваквиот договор отвора дилеми за финансиска злоупотреба, имајќи го предвид и фактот дека „Ана Агро“ досега добила тендери само од Општина Тетово, пишува Порталб.мк. На 5 ...

Покрај финансиските бариери, Македонија се соочува и со сериозни структурни предизвици – опаѓање на стапките на имунизација кај децата, намалување на очекуваното траење на животот поради пандемијата, висок товар од незаразни болести, висока преваленца на пушење, како и иселување и стареење на здравствените работници. Овие фактори дополнително го усложнуваат обезбедувањето правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани. ...

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Камерите во Скопје се тактика за собирање пари. Подмолно. Доколку некој вози прописно, нема да добие казна. Целта не е собирање пари туку да се воведе ред во сообраќајниот хаос и да се намали бројот на жртви во сообраќајот, како и да се воведе унифициран систем кој ќе зависи од машина и ќе биде непристрасен, објави Вистиномер. Системот „безбеден град“ е во фаза на напредно ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил. Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност ...

Европската Унија oдлучи на неодредено време да ги замрзне средствата на Русија во рамки на Унијата, додека Москва ги засили заканите за одмазда против „Евроклир“ (Euroclear), институцијата што чува најголем дел од имобилизираните пари на Кремљ, пренесува „Гардијан“. Одлуката на ЕУ, донесена со користење на вонредни овластувања за имобилизација на 210 милијарди евра (185 милијарди фунти) од пари на руската централна банка, претставува значаен ...

Покрај финансиските бариери, Македонија се соочува и со сериозни структурни предизвици – опаѓање на стапките на имунизација кај децата, намалување на очекуваното траење на животот поради пандемијата, висок товар од незаразни болести, висока преваленца на пушење, како и иселување и стареење на здравствените работници. Овие фактори дополнително го усложнуваат обезбедувањето правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани. ...

Членови на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, започнал постапка за утврдување на причините за неодамнешниот пад на малиот спортски авион во Мавровското Езеро, пренесува МИА. Како што информираа вчера во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. „Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната ...

Министерството за внатрешни работи во Северна Македонија има најголем број на службени возила меѓу јавните институции. Според регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата во земјата има вкупно 6.659 службени возила, од кои 693 возила и припаѓаат на Министерството за внатрешни работи. Сепак, од МВР не даваат детали за истите, пишува Порталб.мк. Aнализата за службените возила покажа дека Министерството за внатрешни работи има ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на ОЈО за ГОКК, спроведе полициска акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство”, „перење пари и други приноси од казниво дело“ од КЗ и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” од Закон за игрите на среќа и ...

Реформите стагнираат, клучните закони стојат заглавени, а состојбата со воздухот, водите, природата и отпадот останува критична, покажува четвртиот Извештај во сенка за поглавјето 27 на коалицијата на граѓански организации „Платформа 27“ кој се однесува на 2024 и 2025 година. Според извештајот, што денеска беше промовиран, од последниот циклус во 2023 година до крајот на 2025 година не е постигнат суштински напредок во ниту едно од ...

Финансиската полиција да отвори истрага за начинот на кој српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“, побара денеска на прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ. Од партискиот антикорупциски тим тврдат дека „банкарот на Вучиќ станал банкар и на Мицкоски“ и дека зделката, која се случила пред два месеца, била одобрена од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Како сопственик на Алта банка се посочува ...

Граѓаните во Северна Македонија се соочуваат со неточни известувања од системот „Безбеден град“. Грешките во телефонските броеви и е-маил адресите ги испраќаат казните до погрешни лица. Ова го зголемува ризикот од злоупотреба на личните податоци и ги изложуваат граѓаните на можна злоупотреба, пишува Порталб.мк. Од почетокот на декември системот со камери „Безбеден град“, кој детектира сообраќајни прекршоци почна со фазата на тестирање во ...

Владата на Северна Македонија нема детални податоци за тоа колку километри поминале службените возила, а ја започнала постапката за продажба на 104 стари возила. Тие го чекаат регистарот на Министерството за внатрешни работи за да имаат една појасна слика. Во меѓувреме, анализата на Порталб.мк за возниот парк на службените возила во земјата откри неколку недоследности, недостаток на транспарентност и многу дилеми. Според базата на податоци на ...

Повеќе од 800.000 жители на Газа се изложени на ризик од поплави, велат од ОН, додека силна зимска бура го зафаќа Појасот Газа. Обилните дождови веќе ги поплавија камповите и доведоа до уривање на неколку згради. Вода тече низ отворите во шаторот што Гадир ал-Адам го дели со својот сопруг и шест деца во градот Газа. Нејзиното семејство е сè уште раселено по војната и чека да започне реконструкцијата. „Еве нè, живееме живот на понижување“, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1004
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
71%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
91%
996
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.69
74%
1009
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
99%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
7.72
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1000
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1011
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
96%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Родиум

339994.14

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Цинк

3.29

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51