Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Министерството за образование и наука и по пет месеци не постапило по забелешките на Државниот завод за ревизија за Студентскиот дом во Тетово, пишува Порталб.мк. Ревизорите, меѓу другото, контатирале дека домот бил пуштен во употреба без техничка контрола на објектот и без одобрение за вршење на дејноста, а ниту мензата (кујната) не е ставена во употреба. Пред пет месеци од Министерството за образование и наука за Порталб.мк изјавија дека ќе ...
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово на своите социјални мрежи ТикТок и Инстаграм објави видео и неколку сториња како го прикажува својот скапоцен автомобил „Брабус“ како е запален пред својот дом. Запалениот автомобил се запали пред зграда во луксузната населба „Белград на Вода“, каде што веќе долги години таму и живее Богдан Илиќ. Јутјуберот на своето комично видео објавено на ТикТок се потсмева и вели дека сака да го ...
Израелската влада започна регистрација на територијата на окупираниот Западен Брег како државно земјиште, потег што Палестинците го оценија како де факто анексија. За прв пат откако Израел ја окупираше територијата во 1967 година, владата ќе создаде механизам за официјално регистрирање на големи површини земјиште под државата. Министерството за надворешни работи на Израел го бранеше потегот како административна мерка што ќе воведе ред во ...
Зголемени водостои на Вардар и Треска се очекуваат и денеска, откако Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираше нови врнежи од дожд. Според последните податоци од хидролошките станици низ земјата, водостојот во горниот дел од течението на Вардар и Треска ќе остане висок, а се очекува и зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, заради што останува опасноста од излевање на овие две реки. Од УХМР информираат ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го одрази чувството на длабока промена меѓу европските лидери на Минхенската безбедносна конференција овој викенд, кога рече: „Некои линии се пречекорени, од каде нема враќање назад“. Трансатлантските врски веќе беа затегнати во текот на изминатата година со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Но, притисокот на американскиот претседател за анексија на Гренланд драматично ги ...
Иран се стреми кон нуклеарен договор со САД што ќе донесе економски придобивки за двете страни, изјави ирански дипломат, неколку дена пред втората рунда разговори меѓу Техеран и Вашингтон. Иран и САД ги обновија преговорите претходно овој месец за да се справат со нивниот децениски спор околу нуклеарната програма на Техеран и да спречат нова воена конфронтација. САД испратија втор носач на авиони во регионот и се подготвуваат за можноста за ...
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во текот на ноќта и претпладнето предизвикаа поплави и излевање на реки во Кичевскиот, Гостиварскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пресекот на состојбата до 12:30 часот. Најсериозна е состојбата во Кичево, каде Зајашка река се излеа на улицата „Прилепска“ и зафати повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се сместени во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“ во рамки на Минхенската безбедносна конференција, каде, како што вели, јасно ги претставил „нашите позиции во однос на процесот на проширувањето на ЕУ. Тој не наведува повеќе детали на што точно мисли кога вели „нашите позиции“. „Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба ...
Владата сè уште нема конкретен план дали и кога ќе ги зголеми цените на тутунот, алкохолот и засладените пијалаци и покрај јасните препораки од Светската здравствена организација (СЗО) државите тоа да го сторат. Оттаму неодамна ги повика земјите да ги зголемат реалните цени на овие производи за најмалку 50 отсто до 2035 година, преку т.н. здравствени даноци. Целта според СЗО е двојна, односно намалување на хроничните незаразни болести и ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека и по 15 дена нема одговори за, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара. Во партиското соопштение се посочува дека одговори нема од премиерот, ниту од надлежните министри и институции. „Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со ...
Иран е подготвен да разгледа компромиси за постигнување нуклеарен договор со САД, доколку Вашингтон е подготвен да разговара за укинување на санкциите, изјави за Би-Би-Си во Техеран заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи. Американските официјални лица повеќепати нагласуваа дека токму Иран го кочи напредокот во долготрајниот преговарачки процес. Во саботата, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски, како дел од престојот на Минхенската безбедносна конференција, вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски по која најави дека Македонија е поддржувач на праведен мир во оваа европска земја. „Разговаравме за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир“, посочи Мицкоски во објава на социјалните мрежи. Според него, „мирот мора ...
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е убиен со употреба на отров развиен од токсин на жаба, соопштија Велика Британија и европските сојузници. Две години по смртта на Навални во сибирската казнена колонија, Велика Британија и нејзините сојузници го обвинија Кремљ по анализата на примероците од материјалот пронајдени на неговото тело. Не постои невино објаснување за тоа како токсинот, наречен епибатидин, е пронајден во примероците земени ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција. За Мицкоски пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, дека светот веќе не функционира по старите правила. „САД и Европа остануваат нераскинливо поврзани, но иднината ќе ја градиме преку сериозност и взаемно почитување. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен скопјанец која е осомничен дека извршил семејно насилство во домот каде физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста. Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото. „Оштетената почнала силно да вика и да бара помош ...
Напади со беспилотни летала убија едно лице во Украина и друго во Русија, соопштија официјални лица во саботата, пред новите разговори следната недела со цел да се стави крај на војната. Постара жена загина кога руски дрон удри во станбена зграда во пристанишниот град Одеса на Црното Море, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина. Во Русија, еден цивил беше убиен во украински напад со беспилотно летало врз автомобил во ...
„Дејствувањето на САД самостојно ги достигна границите на својата моќ и можеби веќе ја изгуби својата улога како глобален лидер“, предупреди германскиот канцелар Фридрих Мерц на отворањето на Минхенската безбедносна конференција. Мерц, исто така, откри дека имал почетни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за приклучување кон нуклеарниот чадор на Франција, нагласувајќи го неговиот повик Европа да развие посилна ...
Жена е убиена со задушување со перница во нејзиниот дом во селото Челопек. Полицијата денеска информира дека едно лице од општина Старо Нагоричане е успасено и осомничено дека ја убил 78-годишната жена и дека извршил повеќе тешки кражби. Вчера во попладневните часови во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници гo лишиле од слобода Т.Б.(25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил ...
Државниот секретар Марко Рубио рече дека САД и Европа припаѓаат заедно за време на неговите обраќања на Минхенската безбедносна конференција. Тонот на неговиот говор беше во спротивност со оној што го одржа минатата година на самитот потпретседателот на САД Џ.Д. Венс. Рубио, исто така, јасно стави до знаење дека администрацијата на Трамп верува дека патот напред бара промена во начинот на кој американско-европскиот сојуз работи заедно, ...
Албанската актерка Анила Биша ја тужи владата за користење на нејзиното лице и глас за креирање на аватар за министер со вештачка интелигенција – виртуелен член на кабинетот. Кога Еди Рама го започна својот четврти мандат како премиер на Албанија минатиот септември, тој исто така претстави виртуелна министерка генерирана од вештачка интелигенција, „Диела“ – сонце на албански – за да го надгледува доделувањето владини договори како чекор во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ја прифати потенцијалната промена на режимот во Иран и изјави дека огромна моќ наскоро ќе биде на Блискиот Исток, бидејќи Пентагон испрати втор носач на авиони во регионот. Воените потези и острите зборови на Трамп доаѓаат дури и кога Вашингтон и Техеран се обидуваат да ја оживеат дипломатијата околу долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот. Извор информиран за ова прашање изјави за ...
Најновата класа Warlock (Ворлок, Вештер) доаѓа во Диабло серијалот, и тоа во Diablo 2 Resurrected, во Diablo Immortal играта за мобилни, и во најновата верзија Diablo 4. Овој аптејт што може да се игра веднаш во Диабло 2 ако се плаќа 25 долари и е наречен Reign of the Warlock, но ја остава опцијата самата игра да се игра каква што е пред апдејтот. Интересна референца во анимацијата е што Warlock е направен да наликува на естетиката на ...
Штотуку излезе најновиот трејлер за играта насловена „Black Myth: Zhong Kui“ од девелоперите на играта Black Myth: Wukong, анимацијата по квалитетот е невидено исполирана и на моменти заличува како сниман филм, но исто така дејството е гротескно симболично и како намерно да е направено да биде одвратно и хорифично за публиката и играта е наменета за возрасни играчи. Во следната снимка од анимацијата -со коментар од најпопуларниот Јутубер и ...
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас“, напиша Николовски на Фејсбук. Според него, ова ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и ...
Според информациите од Министерството за внатрешни работи од 9 февруари 2026 година, за една недела констатирани се 4.991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, од кои за брзо возење се 4.674, пишува „Вистиномер“ Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Најверојатно камерите во Скопје ќе ги угасат. Све се укочило. Има и пријави до уставен суд. Не е точно ...
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, поднела неотповиклива оставка од функцијата. Во образложението на одлуката, Ристовска наведува дека се повлекува по сомнежите поврзани со нејзиното работење во Комисијата. Таа посочува дека во текот на целата своја кариера постапувала законито и совесно, изразувајќи жалење доколку одредени околности или можни административни пропусти придонеле за создавање сомнежи ...
Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти во Ново Маало и во близина на Буњаковец. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски –Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомни лица, кои живееле во руиниран објект, по што започна и расчистување на сметот во и околу куќата. Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните ...
Вардарска долина ќе биде првата географска ознака која ќе се најде на етикетите на македонските вина. Територијата на земјава е поделена на три вински региони и 16 вински области, од кои најголем е винскиот регион Повардарие, каде се лоцирани 87% од винските насади и 90% од винариите. Процесот го координира новоформираната организација „Повардарски ВРВ“, која наскоро треба да биде призната како овластено тело за географска индикација и ќе ...
Куманово, Струмица, Прилеп и Битола воопшто немаат државен инспектор за животна средина, а Охрид, иако е подрачје под заштита на УНЕСКО има само еден. Државниот инспекторат за животна средина има само 25 вработени, иако треба да има 50. Институцијата, која треба да ги следи сите загадувачи кои имаат А-интегрирани дозволи, но и над 3600 капацитети кои работат со елаборати кои ги издава Министерството за животна средина, се соочува со хроничен ...
Тежок пожар избувна во хотел кој се користел како работничко сместување во Будакеши, западно од Будимпешта, при што има загинати лица, а повеќе од 20 се повредени. Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 2:15 часот, во објект на улицата „Зичи Петер“. Пламените јазици за кратко време ја зафатиле кровната конструкција на двокатната зграда, а пожарникарите при пристигнувањето затекнале околу 200 квадратни метри веќе во пламен. Според ...