Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 1 јануари, 6 јануари- Бадник и на 7 јануари- Божиќ, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари во петок, како и од 8 јануари со вообичаеното работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ...

Еколошката новинарка Татјана Шлосберг, внука на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, почина на 35-годишна возраст, само неколку недели откако ја објави нејзината терминална дијагноза за рак, пренесува Дојче Веле. „Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа секогаш ќе биде во нашите срца“, напиша семејството во соопштение објавено на профилите на социјалните мрежи на Фондацијата за библиотеката ЏФК. Покојната новинарка откри во ...

Јапонската влада изрази загриженост до Пекинг во врска со нивните воени вежби околу Тајван, во услови на тензии меѓу двете земји, кои веќе се затегнати поради коментарите на јапонскиот премиер пред речиси два месеци за непредвидена ситуација со Тајван, според Кјодо, пренесува СКМП. Ова се совпаѓа со изјавата на Јапонија дека бродови на кинеската крајбрежна стража патролирале во близина на островите Дјаоју – кои се во центарот на посебен ...

Зимскиот распуст започнува денеска за основците и средношколците во земјава. На 20 јануари учениците се врааат во училишните клупи. Наставниците и професорите имаат обврска да ги пополнат оценките во електронскиот дневник, за постигнатиот успех во првото полугодие. Министерката Весна Јаневска, неодамна на брифинг со новинарите кажа дека од оваа година започнува постепено воведување електронски свидетелства, наајпрво за одделенијата од 1 до 3, ...

Проблем со надземното напојување и расипаниот воз „ЛеШатл“ вчера ги блокираа сите правци на тунелот под Ла Манш, предизвикувајќи хаос во патувањето за илјадници луѓе кои се обидуваа да патуваат за Нова Година. Тунелот делумно повторно беше отворен, дозволувајќи им на некои услуги на „Еуростар“ и „ЛеШатл“ – кои превезуваат возила и патници низ тунелот помеѓу Фолкстон и Кале – да продолжат, но со доцнења. „Еуростар“ соопшти дека денеска ќе ги ...

Плоштадот „Македонија“ ќе биде локацијата каде што вечерва скопјани ќе можат да се соберат на новогодишна забава на која со песните на домашни изведувачи ќе ја испратат старата 2025 година. Програмата, како што велат градските власти, е креирана за сите генерации, а ќе започне во 19,45 часот со песните на Миле Кузмановски, ќе продолжи со Огнен Здравковски, Дина Јашари, Куку Леле и Тамара Тодевска. Ќе настапат и Пајак, Лара и Два Бона, а во ...

Израел објави дека ќе ги запре десетици хуманитарни организации да работат во Газа во рок од 36 часа поради тоа што не ги исполниле строгите нови барања за предавање на лични податоци на палестинскиот и меѓународниот персонал распореден на опустошената територија. На листата на групи погодени од забраната се наоѓаат некои од најпознатите хуманитарни организации во светот, како што се АкшнЕјд, Меѓународниот комитет за спасување и Лекари без ...

Русија соопшти дека нејзиниот најнов ракетен систем со нуклеарни боеви глави е распореден во Белорусија, еден ден откако Москва тврдеше дека Украина извршила голем напад со беспилотни летала врз резиденцијата на Владимир Путин. Снимките објавени од руското Министерство за одбрана ја покажуваат новата ракета „Орешник“ како се движи низ снежна шума. Војници се видени како маскираат борбени возила со зелена мрежа и креваат знаме на воздухопловна ...

Висок руски функционер упати закани кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако Русија тврдеше дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин, објави Еј-би-си. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз државната резиденција на Путин во Новгородската област ноќта на 29 декември. Лавров не ...

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираше за измените во јавниот превоз поради празниците. Како што соопштија оттаму, на 31 декември 2025 година, во среда, јавниот превоз сообраќа со редовен зимен возен ред. На 1 јануари 2026 година, во четврток, јавниот превоз ќе работи по неделен возен ред. Првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите возила согласно ...

„Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8,5 отсто, Капитални производи за 2,1, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,отсто. Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа засилени контроли во ресторани, месарници, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло. Инспекторите спровеле 423 надзори во ресторани и гостилници и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. „Контролите открија непроведени задолжителни здравствени прегледи на ...

Кина испали ракети во водите покрај Тајван, претстави нови јуришни бродови и ги отфрли можностите за интервенција на САД и сојузниците за блокирање на каков било иден напад од страна на Пекинг за преземање на контролата врз островот во неговите најобемни воени вежби досега, пренесува Ројтерс. Како дел од вежбите за вежбање блокада, Командата на Источниот театар на Кина спроведе 10 часа вежби со боева стрелба, лансирајќи ракети во водите ...

Фотографија направена без дозвола со мобилен телефон предизвикала жестока тепачка меѓу иселеници од Македонија и Албанија, што во неделата навечер во Италија доведе до апсење на единаесет лица и поднесување кривична пријава против седумнаесетгодишник, кој веќе е вратен кај родителите. Две ривалски групи се судриле со стапови, шишиња, столици, па дури и масички, пред барот на една бензинска пумпа, на само неколку чекори од болницата во Перуџа. ...

Македонскиот народен театар вчеравечер прослави осумдесет години постоење. Осумдесет години на сцената се говори, се плаче, се смее, се бунтува, се рецитира и се твори на македонски јазик. Вчеравечер, спектаклот нè потсети дека „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реплика изговорена на македонски јазик. Тоа го отвори прашањето колку сме блиску, а колку далеку ние до тие 80 години? И уште поконкретно, дали ги цениме доволно луѓето што ...

Во тек се новогодишните попусти за видео игри на Steam на настанот наречен Winter Sale. Во продолжение издвоивме игри кои се со намалени цени до 90% од нивните нормални цени како и други предлози што се со големи намалувања. Првенствено би се фокусирале на квалитетните видеоигри што се драстично евтини и доаѓаат во пакети како цели квалитетни серијали на настанот Steam Winter Sale што трае до петти јануари 2026. На прво место би ја ставиле ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик, соопштија во Основното јавно обвинителство. „Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, што било ...

Сопственикот и управител на угостителскиот објект „Јужна пруга“ во Скопје, доби кривична пријава од Основното јавно обвинителство заради тоа што и покрај тоа што имал решение за забрана за работа, го отворил својот ресторан и продолжил да работи. Објектот бил затврен со решение од инспектор за животна средина од Општина Аеродром и му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. Сопственикот, ...

Студентите завчера ја организираа акцијата „Потпиши победа“, со која собираа потписи од граѓаните како поддршка на барањето за вонредни избори, пренесува „Н1“. Студентите во блокада објавија и колку потписи се собрани за еден ден. Тие порачаа „дека тие се тие што ја распишуваат победата“. „400.000 потписи за еден ден. Прва теренска акција низ цела Србија. Потпишувале војници, полицајци, уценети чувари на ќациленд. Не се надевавме на толкав ...

Warframe е можеби најдобрата бесплатна игра на Steam на која ќе наидете од аспект на квалитет, брза инстант акција и гротексни сајберпанк дизајни. Овојпат беше најавен најновиот пач наречен „The Old Peace“ како и најавата за серијалот квестови со нова приказна со наслов „The Devils Triad“. Ако долго не сте се осврнале на оваа игра има промени што дојдоа со изданието познато како „1999“ со таканаречен изглед на протофрејмови кои се хуманоиди и ...

Играта Where Winds Meet е најновото најдобро нешто во светот на видеоигрите. Се работи за ММО со Soulslike комбат и многу забавни други можности. Игра е тотално бесплатна и нема доплаќања за прогресирање, а графички изгледа одлично. Факторот на вовлеченост на играчите во играта односно имерсивноста е ефектен како на ниедна друга видеоигра до сега. Во првите неколку дена откако е излезена играта достигна бројка од над два милиони играчи во ...

Во средното училиште „Моша Пијаде“ во Тетово вчера се одржа работилница за подигнување на свеста кај средношколците за ризиците поврзани со консумацијата на енергетски пијалоци. Настанот бил организираан како дел од Програмата за заштита на потрошувачи, креирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Стручни лица од АХВ, државниот советник за храна Светлана Колариќ, Жанета Мијоска, в.д. раководител на Секторот за храна од неживотинско ...

Оваа недела Epic Games даваат две добри бесплатни игри: Платформската игра ScourgeBringer и стратешката игра Song of Silence-каде првата трелерот за играта потсетува на арт стилот на познатиот анимиран филм Samurai Jack од Cartoon Network, а втората игра е конципирана како Heros of Might and Magic серијалот со арт стил што потсетува на серијалот игри Banner Saga. Иако самата игра ScourgeBringer е поедноставна, гејмплејот не е како што е ...

Во Скопје оваа есен ќе се случи уникатна интеркултурна соработка што ги спојува дигиталната уметност и уличната експресија. На 22 ноември, со почеток од 20 часот, во просториите на Бејс42, ќе се одржи мултимедијалната изложба која го носи името „Atiny’s Castle“, проект во организација на Здружението за промоција на источноазиските култури во Македонија – ПАГОДА, што ги обединува македонската уметница Јована Трајанова, позната под уметничкото ...

Еден од најпрестижните фестивали на стрипови во светот е под закана од откажување откако водечките графички романописци и издавачи објавија дека ќе го бојкотираат настанот, а француската влада повлече дел од неговото финансирање, пренесува Гардијан. Во најголемата криза во својата славна историја, фестивалот на стрипот „la bande dessinée“во Ангулем можеби нема да се одржи во 2026 година по тврдењата за токсично управување и отпуштањето на ...

Автопортрет од 1940 година на познатата мексиканска уметница Фрида Кало е продаден за 54,7 милиони долари (41,8 милиони фунти, 84,7 милиони австралиски долари) на аукција за уметност во Њујорк, поставувајќи нова највисока продажна цена за дело од која било жена уметница, пренесува Гардијан. Ел суењо (La cama) или Сонот (Креветот), кој ја прикажува Кало како спие во кревет со насмеан скелет завиткан во динамит на крошната над неа, беше ...

Јуроп Хаус денес го лансираа новото издание на едукативната онлајн игра „НАВИГАТОР“, создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денес, 25 ноември, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда, ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари. И оваа година, во рамки на иницијативата #TeamEurope, во играта ...

Од први до триесет и први декември ќе може бесплатно да се игра DLC-то за играта Hitman World of Assassination каде Еминем го најмува Агентот 47 да изврши атентат врз неговото Алтер его Слим Шејди. Приказната во играта се одвива во психијатриска клиника каде Слим Шејди (лудата страна на Еминем) има направено стара просторија во Санаториумот да биде сцена за пеење и рапување пред другите пациенти. Хитмен е задолжен да изврши атентат врз Слим ...

По повод започнувањето на глобалната иницијатива „16 Дена активизам за борба против насилство врз жените“, младите од волонтерската група на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денес на Платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја претставија својата младинска кампања „Феминизам кој потфрла / Failed Feminism“. Како што кажуваат од ХЕРА, кампањата е реакција на долгогодишните институционални пропусти во ...

Играта Where Winds Meet моментално е најпопуларната бесплатна ММОРПГ игра, покрај тоа што сите содржини се бесплатни во играта, козметиката и одредени работи за купување во играта имаат навистина астрономски цени. Вчера во играта беше продаден брод за на море за 50.000 долари. Бродот изгледа грандиозно и може да има голем број играчи на палубата зафатени со различни активности, но сепак се работи за дигитален брод во игра. За оваа игра ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
74%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.23
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.79
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.02
80%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Калај

48.78

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78