Во Диабло 4 ќе се воведуваат „платеници“ односно придружници кои всушност преставуваат недовршена Вештачка интелигенција. Ваквите платеници прв пат се појавија во Диабло 2 каде можеше да се најми ranger девојка, маж со копје и варварин да се борат покрај вас. За добиете некој од новите придружници веројатно ќе треба да завршите серија квестови. Се очекува и да се воведат нови платеници или скинови за постоечките кои би се добивале со плаќање на ...

Се ограничува највисоката трговска маржа на училишниот прибор. На вториот ден од новата учебна година, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата донела ваква одлука со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор. Според одлуката, со ограничена маржа од 5 отсто на големо и 10 отсто на мало ќе се продаваат тетратките, ранците, боиците, пластелинот, фломастерите, мрсните боици, линеарите, острилките, гумите за бришење, детските ...

Владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), бараат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС УКИМ) испратило официјално барање до македонската Влада за ова прашање. Во документот, студентите велат ...

Александар Сибиновски, директорот на училиштето за средно образование „Владо Тасевски“, по пет и пол годишен се повлекува од функцијата директор, соопшти тој денеска на неговиот Фејсбук профил. Тој на оваа позиција беше назначен во 2018 година. Сибиновски ќе биде запаметен по тоа што во годините на неговиот мандат постави нови стандарди во осовременувањето и техничкото опремување на училиштето. „Понекогаш стремежот за континуиран развој, за ...

Штрковите во Македонија се пребројани, објави Македонското еколошко друштво (МЕД) по спроведувањето на пописот во рамки на осмиот Европски цензус на штркови што се прави на секои десет години. Попис на штрковите во земјава првпат се спроведе во 2014 година, а годинава е забележано зголемување на популацијата на овие птици и тоа за дури 60 отсто – бројот на активни гнезда, од 837 во 2014 година, годинава пораснал на 1.388. Истовремено, годинава ...

Учениците заслужуваат современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичката технологија и дигитални трендови во наставата, како и да се вложува во научно-истражувачката дејност и да се јакне ученичката самостојност. Ова е ставот на во Младинскиот образовен форум (МОФ), на првиот училишен ден. „Денес, на 2 септември, околу 67 илјади средношколци и 180 илјади основци седнуваат во училиштните клупи со желба за нови знаења ...

Објавена е најновата експанзија за подземниот свет наречена The War Within за World of Warcraft. Исто така наближува и 20 годишнината на World of Warcraft франшизата и се очекуваат повеќе настани за прославата со специјални награди кои можете да ги добиете само ако сте претплатник и ги направите потребните задачи познати како „квестови“. Централната прослава во игра ќе се одржи на 1 ноември. Самата приказна и кампања во играта е содржајна и се ...

Порталб.мк спроведе анкета за заминувањето на младите од Северна Македонија. Од 134 анкетирани кои одговорија на анкетата, 22 млади рекоа дека веќе ја напуштиле државата, а од преостанатите 112 кои сè уште се наоѓаат во РСМ, 67 планираат да заминат. Причините за заминување се најразлични, но меѓу главните кои ги набројаа младите се корупцијата, политизацијата, непотизмот, здравството, ниските плати и стандард и други. Млади за Порталб.мк ...

Денеска на првиот училишен ден, во училиште појдоа 245.000 основци и средношколци. Според Министерството за образование и наука (МОН), за последните седум години бројот на ученици во основните и средните училишта е намален за 17.000 што е околу 7 отсто. Во прво одделение, пак, според МОН, се запишале 3.500 ученици помалку во споредба со учебната 2018 година. бројот на првачиња е намален за околу 3.500, соопштија во Министерството за образование ...

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер преку соопштение до јавноста им посака успешна учебна година на сите ученици, наставници и вработени во училиштата, потенцирајќи дека образованието е темелот за безбедно, инклузивно, просперитетно и одржливо општество. Според неа, да се создаде средина каде што се негува различноста и се вреднуваат сите ученици е од суштинско значење за реализација на целосниот потенцијал на секој ученик. ...

Повисоки плати побараа учесниците на денешниот собир на наставници и просветни работници што го организираше Комисијата за образование и наука на СДСМ, а кој се одржа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). Просветните работници не сакаат да бидат потценети, девалвирани и уценети, беше пораката од собирот. „Бараат да бидат вклучени во подготовките на сите реформски процеси, да го дадат својот придонес за образованието. Ако ...

Наставата во новата учебна година нема да трае подолго од 10 јуни и нема да има пролетен распуст. Едносменска настава се воведува во 140 училишта, а како поддршка на учениците со попреченост ќе бидат ангажирани над 1.000 образовни асистенти. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција пред утрешниот почеток на новата учебна 2024/2025 година. Таа рече дека, за првпат по седум години, учебната ...

Како извонреден доказ за посветеноста и истрајноста на младите жени во медицината, трите најдобри дипломирани на водечките медицински факултети во Македонија оваа година се жени. Анастасија Петличковска, Аљбина Рамадани и Бојана Кацарова ја добија наградата „Примариус д-р Димитар Ивановски“ што секоја година Лекарската комора на Македонија им ја доделува на тројцата студенти со највисок просек на трите државни медицински факултети во рамки на ...

Играниот филм „Домаќинство за почетници”, по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на „Лист Продукција“, ја освои наградата „Златна мимоза“ за најдобра режија на филмскиот фестивал во Херцег Нови, кој се одржа од 23 до 29 август. „Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за долгометражни играни филмови, а за нагрдата одлучуваше жирито во состав: Лордан Зафрановиќ, Пјер Жалица и Павле Симоновиќ. Оваа ...

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола е 1 и изгаснати се 20, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Штип, помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак (нискостеблеста шума и сува трева). „Под контрола е ставен пожарот во општина Чашка: Планина Мукос, с. Степанци и м.в. Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и ...

Израелските војници тврдат дека убиле пет палестински милитанти во џамија на Западниот Брег по „размена на оган за време на антитерористичките операции во Тулкарм“, соопштија денеска израелските одбранбени сили, пренесе „Гардијан“. Насилството доаѓа откако израелските сили убија најмалку 10 Палестинци на Западниот Брег во ноќните напади и воздушните напади што се случија вчера. Армијата соопшти дека тие операции имале за цел да ги задржат ...

Научно-фантастичниот филм „Осмиот патник: Ромул“ или во оригинал „Alien: Romulus“ веќе неколку недели жнее успеси на киноблагајните низ светот, во САД надминувајќи го летниот хит „Дедпул и Вулверин“, а добро му оди и во Велика Британија, Ирска, како и во Кина. Дистрибуцијата во нашиот регион на социјалните мрежи ја заживеа старата дебата за соодветноста на регионалниот превод на името на франшизата. За многумина преводот „Осмиот патник“ наместо ...

Овој напис од Дарија Дергачева е првобитно објавен од Глобал војсис, а Мета.мк го реобјавува врз основа на договор за размена на содржини меѓу Фондацијата Метаморфозис и Глобал војсис. Истражниот комитет на Белорусија објавил почеток на специјална правна постапка против белорускиот стендап-комичар Вјачеслав Комисаренко, познат како Слава Комисаренко, извести Медуза. Тој моментално живее во странство. Комисаренко е обвинет за навреда и клевета ...

Вчера биле приведени две лица за два посебни случаи на предизвикување пожари. Едниот случај бил во струшкото село Велешта, а другиот во близина на Прилеп, пренесува Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера во 17.40 часот на локалниот пат с. Велешта кон с. Октиси, 38-годишното лице М.В. од с. Велешта, струшко бил лишен од слбода. Тој предизвикал пожар во атарот на селото. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна ...

Покрај иницијалното барање за намалување на цените, апелираме да се продолжи мерката за субвенции за меѓуградски превоз според која за време на изминатата година студентите добиваа до 1.200 денари месечно, пари со кои си купуваа билет за меѓуградски превоз, бараат во Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). „Ако не е возможно да се продолжи исплата на оваа мерка, во тој случај сметаме дека е ...

Илјадници потенцијални идни студенти од утрово поминаа низ ходниците и дворовите на факултетите кои се дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, за да се запишат на некоја од студиските програми што ги нуди универзитетот. Денеска и утре трае првиот уписен рок на најстариот универзитет во земјава. Откако се пријавија електронски, идните бруцоши овие два дена треба да ги достават оригиналните документи и во хартиена форма во ...

Во високото образование во Хрватска, школарината за студентите од Македонија ќе биде иста како и за домашните студенти, Ова е превидено со договорот кој денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс. Согласно договореното, во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава ќе имаат право да се школуваат во другата држава ...

Фестивалот и еко настан „Sound of Green“, во организација на Пакомак, ќе се одржи утре во МКЦ. Настанот ќе започне во 20:30 часот на две сцени, односно во паркот зад МКЦ и пред бдфето. Ќе настапат локалните Мојра и Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот. На утрешниот фестивалот, кој е организиран во соработка со Швајцарската амбасада, ќе вклучува гости од централноевропската земја, односно Orphia и DJ Alex Nantaya. Дополнително, пред почетокот на ...

Денес и утре е првиот уписен рок за новите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. На најстариот и најголем државен универзитет се предвидени вкупно 9.921 слободно место за бруцошите. Од нив, 4.761 се за редовни студенти во државна квота, додека 4.210 се предвидени за редовни студенти со кофинансирање, а 950 места за вонредни студенти. Најмногу слободни места и годинава има на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) – ...

Обединетите нации (ОН) соопшти дека работата на нивните хуманитарни работници е сериозно попречена поради наредбата за евакуација на градот Деир ал-Балах од страна на израелските сили, пренесува Гардијан. По неколкумесечната окупација на градот Рафах, Деир ал-Балах служеше како центар за здравствените и хуманитарните работници. Израел нареди населението во Деир ал-Балах да се евакуира, за да нивните сили можат да ги довршат своите тактички ...

Екстремните температури повеќе влијаат на здравјето на тие со пониски примања, покажува нова студија на истражувачкиот институт за јавно здравје во Мадрид „Каролс III“, пренесува Гардијан. „Едноставно е. Топлотниот бран не е ист во заедничка соба со уште три лица и без клима-уред и во вила со пристап до базен и клима-уред“, вели истражувачот Хулио Диаз Хименез. Во истражувањето се исппитувало во кои општини во Мадрид топлотните бранови најмногу ...

На Меѓународен Аеродром Скопје, царинските службеници заплениле мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 1,8 милиони денари, соопштува Царинската управа. Освен тоа, запленети се и блутут слушали, како и полначи за „Самсунг“. Оттаму информираат дека уредите биле откриени по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. „Непријавените мобилни телефони беа откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета ...

Пешаците кои ќе ја поминуваат „Партизанска“ денеска ќе сретнат една герила уметничка инсталација. Станува збор за уметничко дело на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кое цели да ја истакне опасноста на дезинформациите. „На лагата ѝ расте носот“ претставува просторна уметничка акција и интервенција преку која Јовановиќ ја третира темата на дезинформации кои се присутни насекаде околу нас и оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, ...

Точно е дека стапките на аутизам растат во целиот свет, ама тоа не е поврзано со вакцините. Фактот што децата што се невакцинирани развиваат аутизам е само еден показател во таа насока. Дополнително, тоа што сега повеќе деца се на аутистичниот спектар, отколку во минатото, може да значи дека повеќе се дијагностицираат поради екстензивниот скрининг, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на социјалната мрежа ...

Украинските сили во последниот месец имаат заземено сто населени места во Русија и заробено 594 руски војници, соопшти украинскиот генерал Олександр Сирски, а пренесува Гардијан. Руските сили се обиделе да извршат противнапад, но не биле успешни. Цифрите на Сирски сè уште не се независно потврдени. Ова е првпат Украина јавно да го соопшти бројот на воени заробеници од почетокот на украинската инвазија во Русија, која започна на 6 август оваа ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $