Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Владите низ Азија ја зголемуваат употребата на јаглен, највалканото фосилно гориво, додека се обидуваат да ги покријат огромните енергетски недостатоци предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран. Овој потег предизвика предупредувања од климатските експерти кои укажуваат на катастрофалното влијание на јагленот врз животната средина и велат дека енергетската криза треба да биде повик за будење за владите да инвестираат во обновливи ...
Пишува: Стојан Синадинов Трилатералниот договор за одбранбена соработка што на 18 март 2025 година во Тирана го потпишаа Албанија, Хрватска и Косово веќе година дена е своевидно „погонско гориво“ за ширење на дезинформации и спинување од страна на Србија. Генерализирајќи ја наводната безбедносна закана и издигнувајќи ја на ниво на наративот за „антисрпски сојуз“ – со повикување и на лажни наративи од минатото – Србија го користи овој момент ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД можат да престанат да го напаѓаат Иран во рок од две до три недели и дека договор не е потребен за да се заврши војната која ги наруши снабдувањето со енергија и ја потресе глобалната економија. Неговите коментари дојдоа кога иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави за Ал Џезира во вторник дека не се водат преговори со Вашингтон и покрај директните и индиректните разменувања на ...
Повеќе од дваесетина бродови санкционирани поради тоа што се дел од таканаречената руска флота во сенка поминаа низ британските води откако премиерот Кир Стармер минатата недела и овласти на војската да ги задржи бродовите што ги користи Москва за извоз на нафта. Бројките засновани на податоците за следење на бродовите анализирани од Ројтерс покажуваат дека танкерите за нафта санкционирани од Велика Британија продолжуваат да патуваат по ...
Судско-медицинска и балистичка анализа не успеала дефинитивно да го поврзе фрагментот од куршум пронајден при обдукцијата на десничарскиот политички активист Чарли Кирк со пушката пронајдена во близина на местото на убиството, додека федералните истражители продолжуваат со дополнителни тестирања, објави Гардијан. Според судски поднесоци од одбраната на осомничениот Тајлер Робинсон (22), извештајот од балистичката анализа е „неубедлив“. ...
Хотлајн аудио снимки меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ѝ давала на Москва стратешки информации за клучни прашања во ЕУ, според транскрипти и аудиоснимки од разговори што ги прегледале The Insider и неговите истражувачки партнери, пренесува Инсајдер. Материјалите укажуваат дека Сијарто дејствувал во име на Кремљ, вклучително и преку залагање за отстранување на ...
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда ...
Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ги нападна Велика Британија и другите земји, порачувајќи им „нека си ја обезбедат сопствената нафта“ преку Ормутскиот Теснец. „Ќе мора да почнете да учите како сами да се борите, САД повеќе нема да бидат тука да ви помагаат, исто како што ни вие не бевте тука за нас“, напиша тој во објава на Truth Social. Во меѓувреме, кувајтски нафтен танкер што превезувал милиони барели сурова нафта бил погоден ...
Разрешувањето на досегашната директорка на ЈП Лајка, Радмила Пешева значи деградирње на досегашните напори да се обезбеди функционален систем за третман на бездомните животни, реагираат од граѓанската организација “Анима Мунди“. Се сомневаат дека разрешувањето на директорката е техничко и тврдат дека е свесно оттурнување на концептот „Скопје што се грижи“ и замена на принципите со послушност. Од Анима Мунди велат дека одлуката на Градот ...
На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и ...
Дваесет и еден државен објект добиле нови еколошки системи за затоплување, а уште педесетина се во процедура. Се работи за државни градинки, училишта и болници кои се веќе енергетски ефикасни објекти, а преку проект на Министерството за животна средина, финансиран со средства во видина од 5,4 милиони евра, обезбедени од европски фондови, ќе ги заменат нафтата и мазутот како гориво со приклучување на гасоводна или топловодна мрежа или со ...
Сите компании кои имаат А-интегрирана дозвола издадена од Министерството за животна средина ќе бидат дел од нов регистар на загадувачи, во кој ќе мора да ги споделуваат со јавноста сите податоци поврзани со мерењата на емисиите во воздухот, водата или почвата кои се обврзани да ги прават. Регистарот, според министерот Муамет Хоџа ќе треба да ја зголеми транспарентноста во работењето на компаниите, а на јавноста да и обезбеди навремени и ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата го пронашле починат К.Д.(63) од Гостивар со ...
Тимовите во Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида ги прават последните подготовки за почеток на активностите за одбројување до лансирањето на мисијата „Артемис II“, која е планирана да полета најрано во среда, на 1 април, пренесува НАСА. Временската прогноза за денот на лансирањето покажува 80 отсто шанси за поволни временски услови, при што главни причини за загриженост се облачноста и можноста за силни ветрови во областа. Тимовите ...
Израелскиот парламент усвои закон со кој се воведува смртна казна за Палестинците осудени за смртоносни напади, мерка остро критикувана како дискриминаторска од европските земји и групите за човекови права, објави Гардијан. Со законската регулатива смртната казна станува стандардна казна за Палестинците на Западниот Брег окупиран од Израел, прогласени за виновни за намерно извршување смртоносни напади, кои од воен суд се сметаат за ...
Илјадници војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на американската армија почнаа да пристигнуваат на Блискиот Исток, изјавија двајца американски функционери за Ројтерс, додека претседателот Доналд Трамп ги разгледува своите следни чекори во војната против Иран . Ројтерс првпат објави на 18 март дека администрацијата на Трамп размислува за распоредување илјадници дополнителни американски војници на Блискиот Исток, потег што би ги ...
Иран нападна и запали целосно натоварен танкер за сурова нафта кај Дубаи, додека претседателот Доналд Трамп предупреди дека САД ќе ги уништат енергетските постројки и нафтените извори на Иран ако не го отворат Ормускиот теснец. Нападот врз бродот „Ал-Салми“, кој плови под знамето на Кувајт, е најновиот во низата напади врз трговски бродови со ракети или експлозивни воздушни и морски дронови во Заливот и Ормускиот теснец, откако САД и Израел ...
Русија му нареди на британски дипломат да ја напушти земјата поради обвинувања за шпионажа, што е најново во низата протерувања на персонал од амбасадите од двете страни, пренесува Би-Би-Си. Федералната служба за безбедност (ФСБ) тврди дека мажот дал лажни информации при аплицирањето за влез во земјата, како и дека се обидувал да добие чувствителни информации за време на неформални економски состаноци, според извештаи во државните медиуми. На ...
Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од денеска на полноќ цената на бензините (95 и 98 октани) ќе се намали за 2,5 до 3 денари за литар, додека цената на дизел горивото ќе остане иста како и до сега. Со тоа, максималната цена на еден литар Еуросупер 95 ќе биде 84 денари по литар, на Еуросупер 98 – 85,5 денари по литар, на Еуродизел 95,5 денари по литар, а на екстра лесното масло 92,5 денари по литар што е поскапување од половина ...
Третина од повредените лица во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани имаат анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 проценти се соочуваат со депресија, покажале резултатите на стражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои биле лекувани во рамки на третманот на лузни со PDL (Pulsed Dye Laser) на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најави дека ќе ја контролира продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи во пресрет на велигденските празници. Ќе се проверува производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата за да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија. Во надзорот ќе бидат опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, ...
Советот на јавни обвинители денеска одлучи да ја одбие иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа се жалеше дека е трпи политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа. Ристоска, во постапката пред Советот тврдеше дека нападите кон неа се од политичките структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример ги посочи изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во кои ја нарекува обвинителката „медиокритет“, како и заради ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија, заедно со владина делегација. Како што соопшти Владата, во рамки на посетата е предвидена средба на Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања. Според најавата, Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема проблем со рускиот танкер за нафта покрај брегот на Куба кој доставува помош на островот, кој е соборен на колена поради американската блокада на нафта. „Имаме танкер таму. Не ни пречи некој да добие брод затоа што му треба… мора да преживее“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон. Кога беше прашан дали извештајот на „Њујорк тајмс“ дека на танкерот ќе му биде дозволено да ...
Цената на нафтата нагло се зголеми на 116 долари за барел откако Доналд Трамп изјави дека сака да ја земе нафтата од Иран, предизвикувајќи пад на азиските берзи. Суровата нафта Брент се зголеми за 2% во раното тргување утрово, откако Трамп изјави дека може да го преземе иранскиот извозен центар на островот Харг. Трамп изјави за Фајненшл тајмс во интервју во неделата: „Да бидам искрен со вас, мојата омилена работа е да ја земам нафтата од ...
Папата Лав рече дека Бог ги игнорира молитвите на водачите кои водат војна и имаат „раце полни со крв“, во очигледен прекор до администрацијата на Трамп. Папата коментираше откако илјадници американски војници пристигнаа на Блискиот Исток и неколку дена откако американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, се помоли за насилство против непријателите кои „не заслужуваат милост“. За време на миса на Цветници на плоштадот Свети Петар, папата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фајненшл тајмс“ дека би можел да ја заземе нафтата во Иран и евентуално да го заземе главниот горивен центар на земјата, островот Харг. „Да бидам искрен со вас, мојата омилена работа е да ја заземам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: „Зошто го правите тоа?“ Но, тие се глупави луѓе“, рече тој. Трамп сугерираше дека потегот би можел да значи заземање на островот Харг. „Можеби ...
Крадци украле слики од Реноар, Сезан и Матис од музеј во Италија, соопшти полицијата. Четири маскирани мажи влегле во вилата на Фондацијата Мањани Рока, во близина на Парма во северна Италија, и избегале со уметничките дела ноќта на 22 март, изјави портпарол на полицијата, потврдувајќи го извештајот на телевизиската мрежа Раи. Тие ги украле „Риба“ од Пјер-Огист Реноар , „Мртва природа со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Анри ...
Цените на нафтата и денеска го продолжија растот, а брендот Брент се очекува да достигне рекорден месечен раст, откако јеменските Хути ги започнаа своите први напади врз Израел во текот на викендот, проширувајќи ја војната меѓу САД и Израел со Иран на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ скокнаа за 2,43 долари, или 2,16%, на 115 долари за барел, откако во петокот се искачија за 4,2% повеќе. Американската „Западен Тексас“ се ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на коалицијата собрана околу Српската напредна партија (СНС), чиј член е и поранешен претседател, во сите 10 локални самоуправи во кои вчера се одржаа редовни локални избори. Гласаа жителите на Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка. Како што наведе, најнеизвесно било во Кула, каде што разликата во гласовите била 530, како ...