Институтот за јавно здравје потсетува дека пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје, не само за населението во непосредна близина на пожарите, туку и за лицата кои се наоѓаат на поголема оддалеченост. Загадувачките материи од чадот можат да се пренесуваат на големи растојанија и да влијаат врз квалитетот на воздухот. Како што посочуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), изложеноста на чад може да предизвика ...

Да се провери дали вработениот персонал во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем при Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на вода. Ова го пишува во известувањето од Институт за јавно здравје (ИЈЗ) до јавното претпријатие „Комуналец“, еден месец откако беше прогласена епидемија поради труењето на илјадници Гостиварци со фекални води од градскиот ...

Граѓаните не сакаат избори, сакаат реформи и континуитет на процесите, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски пред учеството на Амбасадорскиот совет. „Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме влада четири години, но доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги ...

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни ...

Хрватска ќе го воведе екоцидот како ново кривично дело во Кривичниот законик, а за најтешките случаи ќе бидат предвидени значително построги затворски казни, вклучително и можност за доживотен затвор. Ова го соопшти министерот за правда, јавна администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан. Воведувањето на екоцидот е дел од усогласувањето на хрватското законодавство со европската директива за заштита на животната средина. За ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 септември 2021 година по иницијатива на ОЈО ГОКК, со цел да се ...

Од почетокот на годинава до 18 август, регистрирани вкупно 38 случаи на западно-нилска треска, а во истава година евидентирани се 4 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на западно-нилска треска, пишува во неделниот епидемиолошки извештај за болеста кој го објавија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна болест (енцефалитис и/или менингитис) ...

Администрација на Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес. Агентите на Службата за имиграција и царина го уапсија Блерим Скоро пред канцеларија за имиграција во Њу Џерси каде што тој ја обновувал својата документација ...

Најмалку 13 лица се убиени, а 40 се повредени во најновите руски напади додека Киев се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана, објави Би-Би-Си. Станбени блокови и магацини беа погодени низ целиот град во текот на ноќта а оштетени се и детска болница и училиште. Смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, за чие снабдување Киев се потпира на западните ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе нанесат „огромни економски последици“ врз секоја земја што помага или соработува со Иран, објави Би-Би-Си. Тој на Truth Social објави дека ја започнува „најразорната економска операција некогаш преземена против која било земја“. Не даде дополнителни детали и не именуваше ниедна друга нација. Ова доаѓа откако 60-дневниот прекин на огнот со Иран истече во понеделник, без знаци за дипломатско или ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца ...

Заклучно со 18 август, според податоците на ИЈЗ, во земјава се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска од кои 36 потврдени и два веројатни, соопшти денес Министерството за здравство. 37 во случаите се регистрирани во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за ...

Седумнаесет Иранци се обвинети за наводно водење долгогодишна „координирана кампања“ на сајбер напади во обид да украдат податоци од американски организации, објави Би-Би-Си. Министерството за правда на САД соопшти дека членови на Институтот „Мабна“, со седиште во Иран, ги нападнале компјутерските системи на 144 американски универзитети и 42 фирми од приватниот сектор од најмалку 2013 година. Се тврди дека групата украла повеќе од 31 терабајт ...

Од 2013 та до 2022 та година повеќе од 90 отсто од испитувањата на водата за пиење на ниво на државата, покажале дека водата за пиење е исправна односно санитарно-хигиенската состојба била во границите на очекуваното, се наведува во годишната „Статистика на животната средина за 2025“ што ја објавува Државниот завод за статистика. Додека Гостиварци ги помина „најпеколните“ летни денови без вода за пиење од градскиот водовод а партиите ...

Јужнокорејската војска соопшти во средата дека ќе ги скрати заеднички воени вежби со САД, а претседателот Доналд Трамп наводно инсистира на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун уште оваа есен, обајви Си-Ен-Би-Си. Заедничката вежба „Штитот на слободата на Улчи“ ќе се одржува 17 до 21 август, според соопштението на Здружениот штаб на јужнокорејската армија, во кое се наведува дека одлуката е предлог на САД. Програмата првично беше ...

Поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров, повика на воени избори, што се смета за најголем предизвик за претседателствувањето на Володимир Зеленски од целосната инвазија на Русија пред четири и пол години, објави Би-Би-Си. „Демократијата не може да биде заложник на Русија“, рече 35-годишниот Федоров во видео објавено на YouTube во вторник, додавајќи дека Украина се бори „токму затоа што сака да остане слободна европска ...

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против ...

Ниту еден универзитет од Македонија не се најде меѓу 1.000 најдобри универзитети во светот на најновото Академско рангирање на светските универзитети (Academic Ranking of World Universities – ARWU), попознато како Шангајска листа, објавено на 15 август. Податоците од годинашното рангирање покажуваат и продолжување на трендот на зголемување на бројот на кинеските универзитети во однос на американските и европските. Македонија не е единствена ...

Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека се земени мостри и истите се анализирани, но ниедна надлежна институција не открива информации кои се однесуваат на ...

Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека се земени мостри и истите се анализирани, но ниедна надлежна институција не открива информации кои се однесуваат на ...

Починал пациент на 76 годишна возраст и во тешка состојба, кој бил хоспитализиран 27 дрдена на Клиниката за инфективни болести, информираше денеска директорот на клиниката Фадил Цана. Тој кажа дека и покрај напорите на медицинскиот кадар, поради дополнителните придружни сериозни заболувања, како и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка, пациентот сепак починал. „Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 20 пациенти со ...

Првото издание на фестивалот за електронска музика „Кора“ ќе се одржи на 18 и 19 септември во Кучково, на околу 30 минути од Скопје. Организатор на дводневниот настан е екипата зад скопскиот клуб „Минус Еден“. На фестивалот, кој ќе се одржува под отворено небо, ќе настапат околу 30 локални, регионални и интернационални артисти. Организаторите го најавуваат „Кора“ како отворен простор за современата електронска сцена, без строги жанровски ...

Луѓето на возраст од 60 години и постари се соочуваат со опасности по своето здравје од изложеност на топлина при многу пониски температури отколку што претходно се сметаше, покажало истражување, објави „Гардијан“. Повозрасните лица ќе ги почувствуваат најтешките последици од сè почестите и подолги периоди на екстремни горештини ширум светот, додека планетата продолжува да се загрева, се наведува во студија објавена во списанието „Де Лансет ...

Откако е прогласена епидемијата во Гостивар на 19 јули, досега, здравствените власти евидентирале 1.149 заболени лица од ентероколит, односно стомачен вирус. Иако здравствените експерти предупредуваа дека бројките на заразени се 4-5 илјади (голем број од нив не се јавиле на лекар), од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за Мета објаснуваат дека бројката од 1.149 се базира само на пријавите кои ги прават лекарите што дијагностицираат и ги ...

Во текот на месец јули, до Институтот за јавно здравје пристигнале пет пријави за појава на епидемии од акутни заразни заболувања. Од нив, три се со дијагноза токсикоинфекција алиментарис (труење од контаминирана храна), една со салмонела и една со стомачна инфекција (гастроентеритис), наведено е во билтенот за акутни заразни заболувања за месец јули, што го објавија од Институтот зајавно здравје (ИЈЗ). „Првата епидемија е пријавена од ...

„Фантом Блејд Зирo“ е долгоочекувана игра за која излезе и нов трејлер што доста открива за тоа што ќе излезе на 29 октомври годинава за „PS5“ и „PC“ и веќе е отворена опцијата за преднарачки. Но, најинтересната вест е дека познатиот азиски актер Дони Јен е длабоко навлезен во процесот на изработка на боречка кунг фу кореографија за играта. Во трејлерот можат да се видат редица категории од борби против различни босеви, дружината пријатели ...

Во текот на месец јули, пријавени се 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од нив 9 се лица од машки пол и 2 лица од женски пол, на возраст од 20-49 години, пишува во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули. „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во РС Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува 765. Евидентирани се вкупно 141 починато лице, 508 лица ...

Четири лица се осомничени за предизвикување десет пожари на подрачјето на Задар и задарската жупанија, по што ќе поминат еден месец во истражен притвор. Истрагата сега е насочена кон нивната меѓусебна комуникација, трагите на облеката и утврдувањето на точната причина за секој од пожарите, објави Индекс.хр. Како што пренесува медиумот, станува збор за тројца хрватски државјани од српска националност, на возраст од 42, 45 и 46 години, како и ...

Почина хрватската писателка, колумнистка и блогерка Ведрана Рудан, јави Н1 Хрватска. Таа имаше 76 години. Веста беше објавена и на нејзиниот официјален профил со кратка порака дека Рудан „заминала во подрачје без сигнал“. Станува збор за формулација што самата ја употреби во едно од своите последни јавни обраќања зборувајќи за сопствената смрт и за болеста со која се соочуваше. Рудан во 2024 година објави дека престанува да го пишува својот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53