Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во текот на минатата година издвоила вкупно 822 милиони евра за поддршка на одржлива поврзаност, климатски акции и економски развој во Западен Балкан, во согласност со напорите за пристапување на регионот кон Европската Унија. Од вкупниот износ, 664 милиони евра биле обезбедени преку заеми и гаранции, дополнети со 6,5 милиони евра инвестициски грантови во рамки на Иницијативата за јакнење на ...
Започнува имплементацијата на проектот „Грантова шема за поддршка на зелени бизниси 2026–2030“, кој го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, станува збор за една од најобемните инвестиции во зелената економија во државата, насочена кон забрзување на зелената транзиција на малите и средни претпријатија. На свеченото отворање се обратија ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе иницијатива за намалување на платите на пратениците и на другите избрани и именувани лица, за 80 отсто. Од Сојузот, бараат измена на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци, каде основица за пресметување на платата на пратениците и другите избрани и именувани лица е минималната плата, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Досега, основица за пресметување беше ...
Рекордни 4.745 жени пријавиле семејно насилство во 2025 година во Македонија, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи (МВР), во кои спаѓаат кривични дела, прекршоци и поплаки од семејно насилство. Ако се погледнат бројките од последните пет години, состојбата е загрижувачка. Најчесто сопругите се најпогодената група, што е аларм за воведување засилени мерки за нивна заштита и поддршка. Мета неодамна пишуваше дека насилството ...
Постигнат е договор меѓу адвокатите на жртвите на Џефри Епштајн и Министерството за правда за заштита на идентитетите на речиси 100 жени чии животи наводно биле повредени откако владата почнала да објавува милиони документи минатата недела, изјави адвокат пред федерален судија, пренесува Асошиејтед Прес. Судијата Ричард М. Берман на Менхетен го откажа рочиштето закажано за среда откако бил известен од адвокатката од Флорида, Британи ...
САД сè уште не обезбедиле финансиски средства за својот план за реконструкција на Газа, бидејќи потенцијалните донатори изразуваат загриженост дека несогласувањата околу разоружувањето на Хамас би можеле да го доведат Израел до продолжување на целосна војна во енклавата, изјавија извори за Ројтерс. Оставањето на оружјето од страна на Хамас е клучен услов според планот на Доналд Трамп за завршување на војната во Газа. Тој бара израелската ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. „Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на ...
Длабоката распродажба на акциите на глобалните софтверски компании влезе во втор ден во среда, одразувајќи ја растечката загриженост за тоа како напредокот во вештачката интелигенција може да влијае на егзистенцијата на овие компании, пренесува Ројтерс. Акциите на европските компании за анализа на податоци, професионални услуги и софтвер дополнително паднаа, по падот на акциите кај конкурентите низ целиот свет, откако новиот модел на правна ...
Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија Александар Видиновски. Коментарите биле објавени под видео прилог ...
„Еко свест“, заедно со уште 14 граѓански еколошки организации побара од новиот министер за животна средина Муамет Хоџа итно да се донесе нов закон за природа. Во писмото упатено до министерот, граѓанските организации го потенцираат проблемот со неефикасните механизми за заштита на природата и притисокот од инфраструктурните и другите развојни проекти врз природните предели и вредности и нагласуваат дека прашањето за заштитата на природата не ...
Британскиот премиер Киер Стармер изјави дека најновите руски напади врз украинската енергетска инфраструктура се „варварски“ и „особено изопачени“, откако Русија во понеделникот навечер изврши удари врз електрани и критична инфраструктура во Киев и други делови од Украина, во услови на температури до –20 степени Целзиусови, објави Би-Би-Си. Изјавата на Стармер следува по неговиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, неколку ...
Саиф ал-Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен во очигледен атентат во неговиот дом во градот Зинтан во северозападна Либија, изјави шефот на неговиот политички тим. Тој имаше 53 години. Саиф ал-Ислам Гадафи некогаш се сметаше за наследник на неговиот татко диктатор – кој беше погубен откако неговиот режим беше соборен во кулминацијата на протестите на Арапската пролет во 2011 година – и во последните години се ...
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт на глобално ниво, а истата состојба се забележува и во Македонија. Денеска се одбележува Светскиот ден за рак, водечки меѓународен ден за подигнување на свеста за болеста. Веднаш по болестите на циркулаторниот систем, ракот претставува втора најчеста причина за смртност во земјата. Податоците за периодот од 2010 до 2024 година покажуваат континуиран раст на стапката на морталитет од ...
Петнаесет мигранти загинаа во Егејското Море кај Грција откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај островот Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека забележал брод што превезувал мигранти кон Хиос, кој се наоѓа на неколку милји од брегот на Турција, и им наредил да се вратат назад. „Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража предизвикувајќи судир“, изјавил службеникот ...
Москва извршила „тероризирачки“ напад врз енергетската мрежа додека температурите паднале до –20°C, изјави украинскиот претседател, пренесува „Гардијан“. Володимир Зеленски вчера ја обвини Русија дека го прекршила договорот со Доналд Трамп, да се воздржи од напади врз енергетските системи на Украина во екот на суровата зима, откако руските сили извршија масовни воздушни напади врз Киев во пресрет на трилатералните разговори во Абу Даби. ...
Американската војска собори ирански дрон кој агресивно се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, соопшти американската војска, во инцидент за кој првично објави Ројтерс. Инцидентот се случил додека дипломатите се обидувале да договорат нуклеарни разговори меѓу Иран и САД, а американскиот претседател Доналд Трамп предупредил дека со американските воени бродови кои се упатуваат кон Иран, веројатно ќе се случат лоши ...
Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и оваа година, по шести пат по ред, традиционално го организираше изборот на најдобри работници, за да се оддаде признание на посветеноста, професионализмот и човечноста на вработените во установата. Изборот за најдобри работници за 2025 година се реализираше во вкупно седум категории – најдобар доктор, најдобра медицинска сестра/техничар, најдобар болничар, најдобар хигиеничар, најдобар ...
Во Министерството за здравство доцна синоќа соопштија дека немале директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност поврзана со актуелната јавна тема за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ. Оттаму информираат дека од Медицинскиот факултет биле известени дека научно-истражувачката работа која вклучува биолошки материјал со генетски карактеристики, е строго и ригорозно нормативно ...
Откако вчера Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека владиниот претставник не дошол на закажаниот состанок, каде требаше да се потпише Спогодбата за утврдување на висината на минималната плата со која минималната плата треба да се зголеми на 600 евра а сите останати плати за 6000 денари, ССМ денес најави блокади. На социјалните мрежи, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека на 10 февруари, кога е закажана седница во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека неговата администрација ќе бара отштета од милијарда долари од Универзитетот Харвард откако „Њујорк тајмс“ објави дека администрацијата морала да се повлече од своето барање за исплата од 200 милиони долари во преговорите со универзитетот. Трамп ја коментираше информацијата преку објава на социјалната мрежа „Truth Social“, обвинувајќи го Харвард дека доставувал неточни информации до медиумот, ...
Ситуацијата во САД во моментов не е одлична, особено за оние кои не се државјани. Ветената репресија врз таканаречените „нелегални имигранти“ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп се претвори во насилна акција без граници, што резултираше со повеќекратни убиства за кои владата и безбедносните сили инсистираа дека се оправдани, и покрај понекогаш изобилните докази за спротивното, пренесува ПЦ Гејмер. Некои земји во текот на ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува сериозните онлајн напади, навреди, омаловажувања и смртни закани упатени кон новинарот на Канал 5 Tелевизија, Александар Видиновски, по објавата на неговото видео на социјалните мрежи за непрописно паркираните возила на тротоарот пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Пораките со навредлива, шовинистичка и содржина која содржи омраза, како и директните ...
Чет-ботот со вештачка интелигенција (ВИ) на Илон Маск, „Грок“, и понатаму создава сексуализирани слики на луѓе, дури и кога корисниците јасно предупредуваат дека лицата на фотографиите не дале согласност, уврди Ројтерс. Откако социјалната мрежа „Икс“ објави нови рестрикции за функционирањето на „Грок“, девет новинари на Ројтерс му поставиле низа барања со цел да утврдат дали и под кои околности чет-ботот ќе создава сексуализирани слики без ...
Фирма од Скопје нелегално се приклучила на трафостаница и крадела струја за копање биткоини. Штетата, информираат од Електродистрибуција е 16 милиони денари или околу 260.000 евра. Кражбата се случила на улица „Бутелска“ во Скопје каде деловен објект, поранешен млин, бил неовластено приклучен на три нисконапонски кабли во самата трафостаница. Фирмата била опремена со системи со графички картички за копање биткоини, кои ја користеле крадената ...
Француското обвинителство врши рација во канцелариите на социјалната мрежа „X“ на Илон Маск, објави Би-Би-Си. Рацијата ја спроведува единицата за сајбер-криминал при обвинителството, со асистенција од Европол. Акцијата е поврзана со истрага отворена во јануари 2025 година, по поднесени претставки за алгоритмот на „X“ и за содржината што и се препорачувала на корисниците. Обвинителството информираше дека Илон Маск и поранешната извршна ...
Уште двајца вработени недостасуваат за да може да се акредитира Државната лабораторија на Министерството за животна средина за метода за следење на квалитетот на воздухот. Иако Скопје, но и неколку други градови се соочуваат со огромно загадување на воздухот, особено во зимскиот период, земјава сѐ уште користи само приватни лаборатории кога треба да се извршат акредитирани мерења. Лабораторијата на Министерството е акредитирана само за методи ...
На чело на оваа водечка и клучна институција во борбата со високопрофилен криминал се гласаа личности предложени од извршната власт, а заминуваа од позицијата со бројни критики за непрофесионалност и пристрасност во работата, пишува Порталб Од заменик во Јавното обвинителство на тогашната Социјалистичка Р. Македонија, Марко Бундалевски во 1988/89 година застанува на чело на оваа институција и ќе ја води до 1996 година. Бундалевски, фактички, ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи да спроведе фер и правични преговори со САД, бидејќи двете земји наводно се подготвуваат да испратат високи претставници во Истанбул на разговори со висок ризик за иранската нуклеарна програма подоцна оваа недела. Претседателот Масуд Пезешкијан во објава на X изјави: „Му наложив на мојот министер за надворешни работи, под услов ...
Федерален судија ја блокираше администрацијата на Трамп да ги повлече законските заштити за Хаиќаните запишани во програмата за привремен заштитен статус, давајќи им во последен момент одложување на 350.000 имигранти кои требаше да ја изгубат својата заштита од депортација, пренесува Си-Би-Ес Њуз. Судијката на американскиот окружен суд, Ана Рејес, на неодредено време го паузираше планираното прекинување на програмата TPS на Хаити, експлицитно ...
Руските сили го нападнаа главниот град на Украина, Киев, нејзиниот втор по големина град Харков и други центри рано утрово, соопштија официјални лица, предизвикувајќи пожари и нанесувајќи нови удари на енергетската инфраструктура. Во нападите беа повредени четири лица, соопштија официјални лица во двата најголеми града. Во Киев, додека ноќните температури се спуштија близу -20 степени Целзиусови, сведоци пријавија гласни експлозии по полноќ, ...