Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Најмалку 35.000 луѓе починале во Европа за време на четирите рекордни, последователни топлотни бранови ова лето отколку што вообичаено би се очекувало, според нецелосните податоци од нешто повеќе од половина од континентот, пренесува „Гардијан“. Дополнителната смртност само во три од поголемите земји на ЕУ – Германија, Франција и Шпанија, веќе надминала 25.000 случаи, според прелиминарните национални податоци. Експертите велат дека бројката ...
Настојувањето на претседателот Трамп да го ограничи гласањето по пошта преку Поштенската служба на САД би можело да ѝ овозможи на федералната влада да врши контрола врз податоците од гласањето и државните избори, велат групите за права на гласање. Остануваат прашањата за тоа што ќе се случи со гласањето по пошта во овој изборен циклус. Во понеделник, Врховниот суд отфрли една пречка за настојувањето на Трамп да ги ограничи гласачките ливчиња ...
И на квартално и на годишно ниво, пораст на “внатрешниот “ долг на државата, на крајот на првото економско полугодие доспеаните а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700 000 000 еврa, пишува Порталб.мк. Според податоците од новата “должничка“ листа на Министерството за финансии , државните железнички компании го зголемиле а државните енергетски компании го намалиле долгот. Долгот кон приватниот ...
Иран изјави дека е уверен дека може да се спротивстави на проширените американски санкции откако Вашингтон објави, како што рече, „економски ден Д“ против земјата, со цел да се обиде да ја изолира од глобалната економија, пренесува Би-Би-Си. Министерот за економија на Иран, Али Маданизаде, изјави дека Техеран е „целосно подготвен“ за санкциите, кои, според него, ќе доведат до „уште еден пораз“ за САД. Најавувајќи низа нови мерки, ...
Отворениот трезор, Регистарот на вистински сопственици, достапноста на договорите за јавни набавки, регистарот на избрани и именувани функционери во Државната комисија за спречување на корупцијата, електронско поднесување на изјавите за имотна состојба и интереси, јавната достапност на здравствените програми заедно со резултатите од нивното спроведување, се само дел од заложбите кои се иницирани и делумно реализирани преку Партнерството за ...
Откако попладнево главниот град почна да се гуши во чад, во Центарот за управување со кризи информираат дека зачаденоста на Скопје е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, општина Студеничани и општина Зелениково. „На тие пожари досега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во општина Илинден, како и оној во општина ...
Инспекорите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, спречиле увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи. Како што информираат во АХВ, небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под ...
Повеќе од два часа главниот град е прекриен со чад, а мирис на изгорено се чувствува во повеќе делови од градот. Засега нема официјална информација од каде доаѓа чадот, ниту дали станува збор за некој пожар во близина. Граѓани на социјалните мрежи од различни скопски општини, веќе реагираат и прашуваат што се случува и дали некој има информации за можен пожар, но засега нема потврдени податоци за изворот на чадот. Од камерата поставена на ...
Дизел горивото од вечерва ќе чини 101,5 денари за литар, што е за 3,50 денари повеќе од цената која што важи до полноќ вечерва, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика објавена пред малку. Од полноќ, нови пови цени ќе имаат и бензините, кои поскапуваат за 1,50 денари за литар. Така, бензинот од 95 октани ќе чини 93 денари, а од 98 октани ќе чини 95 денари за литар. Во соопштението од РКЕ се вели дека зголемувањето на ...
Веќе девет години, Студентарија, младински медиум што функционира преку „Инстаграм“, секојдневно објавува информации за студентскиот живот во Северна Македонија: од рокови за пријавување и стипендии, до јавен превоз, сместување и политики во високото образование. Но, покрај обезбедувањето информации, „Студентарија“ сè повеќе станува и нешто друго: место каде што студентите се чувствуваат доволно безбедно да зборуваат за проблеми што не се ...
Ако треба да избираат, повеќе луѓе во шест големи европски земји, вклучително и Обединетото Кралство, претпочитаат да се поттикнува користењето климатизација наместо да се задржуваат емисиите на јаглерод на ниско ниво, покажува анкета, пренесува „Гардијан“. По четирите екстремни топлотни бранови што предизвикаа илјадници смртни случаи над вообичаеното низ континентот, анкетата покажа дека меѓу 30% и 52% од луѓето во шесте земји стравувале за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада сака „придобивките од тоа да биде држава, а не да биде таква“ откако трговските разговори меѓу двете земји пропаднаа доцна во петокот, пренесува Би-Би-Си. Прекинот на преговорите предизвика нови американски царини од 50 отсто за низа канадски стоки. Трамп, исто така, рече дека американските земјоделци со години биле наплаќани „огромни количини царини“. Канадскиот премиер Марк Карни ги ...
Со најновото ажурирање на играта „Where Winds Meet“ и аптејтот наречен „Heavens Threshold“ -“second part of Hidden Mountain“ се добива пристап до „вистинската скриена планина“ што е пандан на идејата за „Шангри Ла“ или „Шамбала“ -рајски скриен планински врв каде сите се бесмртни во кинеската митологија, но овојпат со технолошки моменти на стимпанк од конструкции на „Мохист сектата“ за градење и правење механизми. Секако пораката во ...
Голема санта мраз која потекнува од североисточниот дел на Гренланд пропатувала околу 1.500 километри кон југ, покажуваат сателитски снимки објавени од Земјината опсерваторија на НАСА на 20 август. Сантата била првобитно снимена на 12 јуни 2026 година во Данскиот Проток, морскиот премин меѓу Гренланд и Исланд. Снимката е направена со инструментот OLI на сателитот Landsat 9, кој од орбитата ја набљудува површината на Земјата. Во тој момент ...
Екипажот на историската мисија „Артемис II“, која вклучуваше прелет околу Месечината, ќе го добие највисокото вселенско одликување на САД, соопштија официјални лица, пренесува „Гардијан“. Командантот Рид Вајсман, пилотот Виктор Гловер и специјалистите на мисијата Кристина Кох и Џереми Хансен ќе го добијат Конгресниот вселенски медал на честа на 28 август, соопшти американската вселенска агенција НАСА. Според веб-страницата на НАСА, само 30 ...
Австралија денеска го потврди првiot случај на птичји грип H5N1 кај цицач, откако смртоносниот вирус беше откриен кај фока со долг нос во Јужна Австралија, пренесува „Ројтерс“. Како што пренесува медиумот, Австралија се соочува со зголемен број случаи на високопатоген птичји грип, откако вирусот се појави во земјата во јуни. Овој месец беа регистрирани првите масовни угинувања на морски птици предизвикани од вирусот, што претставува ...
Седумнаесетгодишна девојка е убиена откако тинејџер кој бил вооружен со меч, нападнал ученици во училиште во Шведска, потврди полицијата, пренесува „Гардијан“. Во инцидентот, кој се случил за време на настава во централниот шведски град Фагерста пред два дена, биле повредени уште три лица, меѓу кои и две момчиња на возраст од 12 и 17 години, кои се здобиле со полесни повреди. Третото лице, исто така помладо од 18 години, исто така се здобило ...
Неодамна започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на City Star Production, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“, кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков. ...
73-годишен пациент од скопската општина Аеродром, односно Ново Лисиче, е петтата жртва на западно-нилската треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести , д-р Фадил Цана. Пациентот бил примен на клиниката во тешка состојба и со сериозни придружни заболувања. „Пациентот 22 дена бепе хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а од самиот прием бил во многу тешка состојба. Беше сместен на одделот за интензивно ...
Во моментов во земјава има најмалку 20 активни пожари на отворен простор, а критичен е пожарот кој избил попладнево кај струмичките села Баница и Водоча, информираат во Дирекцијата за заштита и спасување. „Пожарот брзо почнал да се шири, а противпожарните служби од Гевгелија, Валандово, Радовиш и Струмица воспоставуваат контрола. Активирана е механизација која прави противпожарни пресеки за да не се шири огнот. Нема изгорени куќи и нема ...
Руски дронови погодија преполн трговски центар во централна Украина, при што загинаа 16 луѓе, a 130 се повредени во напад што Володимир Зеленски го осуди како „циничен и подмолен“, пренесува „Гардијан“. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го осуди петочниот напад врз Криви Рих, родниот град на претседателот Зеленски, нарекувајќи го „терор по план“. Таа рече дека, кога министрите ќе се состанат во Ирска следниот месец, ќе ...
Доналд Трамп вчера го нарече Ормускиот теснец „американска територија“, а САД продолжуваат со воената блокада на иранскиот поморски сообраќај и пристаништа, додека администрацијата на Трамп се соочува со тешкотии во обидите да стави крај на војната со Иран, пренесува „Гардијан“. „Ние дури и не знаеме дали победивме, бидејќи јас во моментов го сметам Ормускиот теснец за американска територија“, рече Трамп пред присутните во Јужна Каролина. Тој ...
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг си купил замок од 19 век во готски стил, со поглед кон река во југоисточниот дел на Ирска, на 200 километри (125 милји) од европското седиште на неговата компанија, соопшти во четвртокот неговиот портпарол, пренесува „Гардијан“. Замокот Странкали (Strancally Castle) бил изграден околу 1830 година на земјиште со поглед кон реката Блеквотер, а во 2003 година бил подложен на голема реконструкција, ...
Странските државјани кои со возила со странски регистарски таблички сообраќаат во Македонија од сега можат онлајн да ги проверуваат сообраќајните казни и да ги плаќаат електронски. „Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Прилеп изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“. По посетата на градежните активности, Мицкоски одговараше на прашања на медиумите, а ја коментираше и опозицијата. „Јас сум свесен дека имаме работа со талог во опозицијата. Тие така се препознаа. Јас не кажав дека тоа се однесува на нив, ...
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв (долга 11 километри), се уништени, оштетени или отстранети на Шар Планина, а кои треба да им послужат за планинарите полесно да го најдат патот во зисмки услови. Како што информираат во здружението за одржлив развој САТ – Скопје, причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Случајот е пријавен во ...
Центарот за јавно здравје – Гостивар денеска прогласи крај на епидемијата во Гостивар која настана откако се разболеа илјадници граѓани, поради тоа што фекални води завршија во водата за пиење. Министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција кажа дека епидемијата е прекината бидејќи немало пријавени случаи на гастроентеритис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Во меѓувреме, иако неколкумина локални и ...
Вкупно 43 случаи на западно-ничска треска се евидентирани досега во рамки на епидемијата на болеста. Од нив 40 се потврдени, а три од случаите се потврдени со само еден тест. Регистрирани се први случаи во скопските општини Центар и Чаир. „Во тој дел толку започна контролата на птиците. Имаме прва лоцирана мртва птица со западно-нилска треска – гавран. Има голем број на дојави за мртви птици, пријавите ги собира Агенцијата за храна и ...
Откако онколошки пациенти реагираа дека со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање од кое зависи процената дали нивната терапија делува и како треба да продолжи лекувањето, денеска скенерот проработе. Мета пишуваше дека дел од пациентите се принудени да бараат решение во странство или во приватните болници, каде што едно снимање чини околу 1.300 евра. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека од денеска ...
Германската полиција минатата година открила пиштоли скриени во шума во близина на Берлин, за кои веруваат дека требало да се користат за извршување атентати во име на руската разузнавачка служба, објавија германските медиуми. Медиумите велат дека еден осомничен е уапсен во Романија и дека можеби е одговорен за поставувањето на складиштето за оружје. Германската разузнавачка служба, која предупредува на зголемен ризик од руска саботажа или ...