Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за „Проневера во службата“. Финансиската полиција соопшти дека постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, ...

Недоволно финансирање на јавното здравство, одлив на медицински кадар, нееднаков пристап до здравствени услуги и недоволна контрола на пушењето во затворени простории се дел од забелешките на Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2026 година. Во документот се посочува и дека земјава сè уште нема усвоено стратегија за заштита на потрошувачите, ниту воспоставено соодветна интернет-платформа за нивно ...

Македонското еколошко друштво ќе се придружи на 14 организации од Европа, Блискиот Исток и Африка кои ќе работат на заштита на преселниот пат на египетскиот мршојадец, за да придонесе кон закрепнувањето на една од најзагрозените птици грабливки во Европа. Египетскиот мршојадец некогаш бил широко распространет низ целиот Балкан, а денес се евидентирани околу 50 гнездечки парови низ Македонија, Бугарија, Грција и Албанија. Кај нас има околу 10 ...

Платформата за родова еднаквост ги осуди јавните изјави на Петар Богојески, изнесени во телевизиска дебата на ТВ Алфа, со кои се релативизира и оправдува родово-базираното насилство, а воедно се повикува на контрола врз жените и се промовира идејата дека мажот треба да има надзор врз својата партнерка. Од Платформата посочуваат дека особено е загрижувачки што ова доаѓа од универзитетски професор и претседател на Македонски концепт, партија ...

Во петок на 6 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи осмото издание на Андерфест, а програмата оваа година ги обединува Мамут, Корка, Eurokrem и Replays од Roma Rock School, Princess Donatsu, Крул, Гној и Фанк Шуи. „Различните музички стилови и препознатливиот звук на изведувачите ветуваат динамична фестивалска вечер за љубителите на алтернативната музика. Со осмото издание, Андерфест продолжува да создава простор за ...

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна длабочина во подводната пештера „Врело“ на Матка и постави светски рекорд е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. Почесното признание за Питала беше потврдено од советниците на Советот на Град Скопје, на денешната седница. Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, Бартломиеј Питала минатиот месец достигна рекордна длабочина од 338 метри под водата, со што „Врело“ на Матка ...

Државната железничка инфраструктура се соочува со сериозни финансиски и инфраструктурни проблеми, а изградбата на железничкиот Коридор 8 со години се одолговлекува и поскапува, објави Државниот завод за ревизија. Според последниот извештај на ревизорот за Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, „Македонски железници“ Скопје, во ова претпријатие за неискористени кредитни средства се платени речиси 7,8 милиони евра провизии додека ...

Најновиот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија за 2026 година испраќа сериозно предупредување: антиродовите наративи, изборните дезинформации, политичката поларизација и недоволната институционална заштита ги поткопуваат човековите права, родовата еднаквост и демократските процеси, велат од ХЕРА. Европската комисија посочува дека антиродовите наративи продолжуваат да го попречуваат напредокот во родовата еднаквост и да ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени дека биле дел од криминална група која со закани, фиктивни договори за заеми и фалсификувани документи изнудувала пари и имот од граѓани, а преку нивните банкарски сметки вршела и перење пари. Групата, која според Обвинителството ја организирал кумановец, дејствувала од 2021 година, искористувајќи ја финансиската зависност на ...

Десничарскиот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења, во четвртокот поднесе оставка по политичката и финансиската криза што во изминатите денови предизвика колапс на банкарскиот систем во оваа јужноамериканска држава, пренесува „Гардијан“. Во центарот на кризата е банката „Уено“ (Ueno Bank), која за само неколку години, за време на владеењето на Пења, од малку позната дигитална банка прерасна во една од најголемите кредитни институции во ...

Користењето на е-банкинг ќе биде делумно ограничено за време на викендот, информираа Стопанска, Комерцијална и НЛБ банка со пораки до своите клиенти. Граѓаните нема да можат да плаќаат онлајн утре после 14 часот и во недела бидејќи македонските банки ќе вршат системски прилагодувања поврзани со нови платни инструменти. Банките информираат дека во текот на викендот редовно ќе функционира плаќањето со картичка на ПОС терминалите во маркети и ...

Унапредувањето на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Швајцарија, со посебен акцент на трговијата, инвестициите и поврзувањето на деловните заедници беше во фокусот на разговорите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Ињацио Касис. На денешната средба посебно внимание беше посветено на развојната соработка, која претставува ...

Здружението Форум за образовни промени поднесе тужба против Министерството за образование и наука (МОН) поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк. „Оброкот не е прашање на милост на владата и Министерството за образование и наука, ниту пак прашање на добра волја и расположение на министерката Весна Јаневска. Тоа е законска обврска што по службена должност треба да се направи без студентите да треба да пратат барање за ...

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“ е најавен за денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци. Собирот се организира во чест на 17-годишната Билјана Кириќ која беше убиена пред неколку дена. Целта на собирот е да се побара одговорност, заштита на жените и итна акција од институциите. „Билјана е девојче од 17 години. Пријавила насилство и закани по живот. Биле изречени мерки за заштита. Денес е мртва. Рамајана, Росица, ...

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ги предупреди руските претставници во Москва оваа недела да не го ескалираат конфликтот со сојузниците на Америка во НАТО, особено Естонија, Латвија и Литванија, како одговор на застојот во инвазијата на Москва врз Украина, според две лица запознаени со ова прашање, пренесува Политико. Шефот на американската разузнавачка служба, исто така, го искористи реткото, ненајавено патување во руската престолнина во ...

Платформските игри секогаш биле „мостови“ помеѓу сите генерации на гејмери, од најмладите до највозрасните популарноста на овој вид видеоигри никако не опаѓа, дека постарите наслови се ревитализираат „во ново руво“, заради „ветеранска носталгија“, а новите наслови за новите генерации следат најважен фактор на креативна иновација и нови визуелизации, често црпејќи инспирација од минатото рефернцирајќи и игри од зачетокот на гејмингот. Постојат ...

Речиси 1.500 луѓе се водат како исчезнати, од кои повеќето се туристи, соопштија властите, по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, паѓајќи по долините и уништувајќи цели села, а прелиминарниот број на жртви изнесува 165, пренесува Гардијан. Спасувачите се тркаат да ги пронајдат исчезнатите луѓе во планинскиот регион популарен кај планинарите и аџиите, вклучувајќи ги и стотиците државјани од Индија, САД, Велика Британија, ...

Неколку лица беа потврдени за мртви, а стотици други се водат како исчезнати по ненадејната поплава што ги зафати оддалечените долини во Непал и Тибет, пренесува Ројтерес. Поплавите однесоа села, оштетија мостови и уништија електрична инфраструктура од двете страни на непалско-кинеската граница. „Има пустош каде и да погледнеме“, изјави за Ројтерс Тула Бахадур Б.К., здравствен работник во округот Расува. „Населбите покрај реката се целосно ...

Мета Платформс, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари како дел од спогодбата за решавање на тужбите поднесени од држави низ целата земја дека компанијата ги дизајнирала Фејсбук и Инстаграм за да создава зависност од деца, ги довела во заблуда потрошувачите за нивната безбедност и неправилно собрала лични податоци на деца кои ги користеле нејзините платформи, покажуваат судските документи, пренесува Ројтерс. Спогодбата е ...

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје. При постапувањето и одлучувањето, Судот оценил дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Никола Груевски, како одговорно лице во правното лице, биле во ...

Американската сенаторка Дарлин Греам ја освои републиканската номинација за да го замени својот покоен брат на гласачкото ливче за општите избори во Јужна Каролина, постигнувајќи уште една победа за претседателот Доналд Трамп откако тој ја даде својата поддршка на политичкиот почетник, пренесува Асошиејтед Прес. Греам го победи американскиот претставник Ралф Норман на специјалниот втор круг на републиканските прелиминарни избори во вторник, ...

Сите апликации за визи за имигранти во САД се паузирани од администрацијата на Трамп, бидејќи Стејт департментот се движи кон заострување на ограничувањата и ограничување на пристапот за апликантите за кои смета дека би можеле да се потпрат на помош од САД, потврди во вторникот функционер на Стејт департментот, пренесува Гардијан. Агенцијата ја започна иницијативата во сите амбасади и конзулати на почетокот на август, според службеното лице, ...

Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар што избувна во породилното одделение во една од најпознатите државни болници во Пакистан, пренесува Гардијан. Пожарот започна во раните утрински часови во среда и го зафати одделението во Пакистанскиот институт за медицински науки, најголемата државна болница во Исламабад. Соопштението од администрацијата на болницата потврди дека 14 новороденчиња загинале во пожарот. Портпаролката на болницата, д-р ...

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) отпатува во Москва на ненајавени разговори, објави Би-Би-Си. Џон Ратклиф наводно пристигнал во руската престолнина во вторник. Ниту Вашингтон ниту Москва не ја потврдија причината за посетата, ниту со кого требаше да се сретне. Личните разговори меѓу високи американски и руски претставници се ретки. Податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион ...

Доли Партон, која се искачи од скромни почетоци до најголемите височини на американската музичка сцена и стана една од најфилантропските, најобединувачките и најомилените ѕвезди во земјата, почина во вторник во Нешвил, според соопштението на семејството. Таа имаше 80 години. Партон почина „откако храбро се соочи со кратка битка со ракот“, подоцна изјави нејзиниот публицист Марсел Парисо. Ѕвездата отворено зборуваше за разни здравствени ...

Во најновите гејминг вести на самиот стрим на настанот „Gamescom 2026“ беа прикажани нови трејлери од најавени а и досега ненајавени игри, ги издвојуваме „RPG“ насловите кои привлекоа најголемо внимание, меѓу кои највисоко котираат Ремастерот на „Вичер 3“, „The Blood of Dawnwalker“ играта со вампири, играта во најава наречена „Warlock: Dungeons & Dragons“ која изненади позитивно со нови инвентивни и експлицитни ритуални и борбени ...

На Езерото Треска во близина на Сарај, каде што некогаш во лето се освежуваа илјадници граѓани на Северна Македонија, денес човек не може ни да се доближи од лошата миризба која се шири од насобраниот отпад. Таму може да наидете на животни и неискосени пасишта. Но, тешко дека ќе наидете на луѓе. Просторот кој што некогаш беше еден од најфреквентните и најпосетуваните локации во близина на Скопје, денес е претворен во депонија и се наоѓа во ...

Кина ја осуди заканата од американски санкции за нејзината трговија со Иран, велејќи дека сите такви мерки би биле нелегални и предупреди дека ќе преземе „сите потребни мерки“ за да ги заштити своите национални интереси, пренесува Гардијан. Отфрлањето од страна на Пекинг на заканата од САД за секундарни санкции за која било земја или субјект што продолжува да тргува со Техеран беше предвидено. Кина купува околу 80% од извозот на нафта на Иран ...

Намалениот наталитет и иселувањето на младите од државата, секоја година се причина за сè помалиот број првачиња кои се запишуваат во македонските училишта. Новата учебна година е „зад врата“, а досега, во прво одделение на ниво на држава се запишале околу 14.500 првачиња. Оваа бројка, пред една декада беше 23.266. Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè помалку првачиња, а голем е и бројот на децата кои не го ни дочекуваат ...

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Порталот беше промовиран денеска, а таму се истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Е-наука е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што овозможува прикажување индикатори, резултати, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76