Во моментот кога надлежниот Извршен одбор на Народната банка на Србија, во ноќта меѓу петокот и саботата, одлучувал за судбината на Алта банка, таа веќе не можела да биде спасена. Ова го тврди извор на „Форбс Србија“ од НБС, упатен во случувањата таа ноќ. Според Форбс Србија, извршниот одбор, составен од гувернерката Јоргованка Табаковиќ и четворица вицегувернери, ѝ ја одзеде дозволата за работа на банката на Давор Мацура. Но, сведоштвата на ...

Авионот на „Ер Србија“ слета рано утрово во Москва, откако претходно беше вратен од лет во Белград бидејќи беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка, пренесува Н1 „Летот на Ер Србија JU134 слета рутински во Москва утрово, со променет екипаж (поради прописите за работно време), но истите, како што се покажа, повеќе од интересни патници по 7-часовно доцнење“, напиша уредникот на Танго Сикс, Петар Војиновиќ на Икс. ...

Гувернерот на Централната банка на Парагвај поднесе оставка на барање на претседателот Сантијаго Пења, додека властите започнаа постапка за решавање на статусот на дигиталниот заемодавач „Уено“. Овој случај создаде дополнителен притисок врз владата на Пења и ја загрозува репутацијата што му помогна на Парагвај да стане една од дестинациите во Јужна Америка кои привлекуваат странски капитал, главно од соседниот Бразил. Пења изјави дека побарал ...

Претседателот Доналд Трамп се соочи со притисок од републиканците да го промени курсот, откако тешкиот пораз на изборите во средината на мандатот им ја препушти контролата врз Конгресот на демократите, а гласачите ги отфрлија кандидатите што тој лично ги избра за клучните трки. Републиканските сојузници и стратези побараа од Трамп да изврши промени во кадровскиот состав во Белата куќа, да воведе дисциплина и да се откаже од политиките за кои ...

Володимир Зеленски ѝ додели национално признание на Меланија Трамп за нејзината улога во посредувањето за делумен прекин на огнот, што овозможи евакуација на цивили од градот Олешки, кој е под руска окупација. „Со ова одредувам Орденот на принцезата Олга од прв ред да ѝ се додели на Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави“, се наведува во декретот објавен во средата на веб-страницата на украинскиот претседател. Во ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс се огради од војната на претседателот Доналд Трамп против Иран, доведувајќи го во прашање оправданоста на нејзината цена и припишувајќи ѝ ги изборните порази на републиканците, кои им ја препуштија на демократите контролата врз двата дома на Конгресот. Невообичаените изјави на Венс, објавени на платформата „Икс“ , би можеле дополнително да ги усложнат размислувањата на Трамп додека тој одлучува дали ...

Стотици илјади луѓе се очекува да учествуваат на протестите низ Франција, откако синдикатите повикаа на национален штрајк против владините буџетски кратења, растот на трошоците за живот и влошувањето на условите во јавните служби. Во штрајкот се очекува да се вклучат здравствените работници, контролорите на летање, поштенските службеници, наставниците и железничарите, објави Гардијан. Главните железнички синдикати предупредија дека ...

Британскиот актер, комичар и медиумска личност Расел Бренд се соочува со долга затворска казна откако беше прогласен за виновен во лондонскиот суд во четврток за силување на млада обожавателка и сексуално напаѓање на три жени, пренесува Си-Ен-Ен. 51-годишниот Бренд беше осуден за силување на обожавателката во 2009 година, откако се запознале на една од неговите настапи во западен Лондон. Тој беше прогласен и за виновен за допирање на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во четвртокот остварил приватна средба со пратеникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев откако рускиот претставник се појави заедно со претставници од Украина на настан во Белата куќа, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп. Трамп не откри за што разговарал со пратеникот на Путин, Дмитриев, но предвиде дека наскоро би можело да дојде до договор насочен кон ...

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори што се одржаа на 25 октомври. Најголем број пратеници во Народното собрание освоија „Студентската листа – Студентите победуваат“ со 2.354.417 гласови и освоени 140 мандати. На второ место е „Единствена Србија“ на поранешниот претседател Александар Вучиќ со 1.731.323 гласови и освиени 103 пратенички мандати. Во парламентот влегуваат и ...

Лажни закани за поставени бомби оваа недела попречија најмалку 34 летови низ Европа, при што некои авиони беа принудени да извршат итни слетувања. Се зголемуваат прашањата за тоа дали станува збор за координиран обид да се предизвика хаос за патниците. Во четвртокот, најмалку 25 закани за бомби влијаеја врз летови поврзани со Италија, Ирска, Обединетото Кралство, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Финска, Австрија, Данска, Белгија, ...

Федерален судија ја блокираше изградбата на триумфалната порта на претседателот Доналд Трамп 14 дена откако конечното гласање за одобрување на градбата помина доцна во четвртокот и покрај жестокото противење од граѓаните кои изразија загриженост за време на маратонската јавна расправа, пренесува Си-Ен-Ен. Националната комисија за планирање на капиталот, една од двете федерални агенции што ги надгледува архитектонските и дизајнерските промени ...

Гади Ајзенкот, главниот ривал на Бенјамин Нетанјаху, вчера обезбеди поддршка од мнозинството пратеници за обид да формира влада, но израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека сè уште не е јасно кој би можел да ја надмине политичката блокада и дека во недела ќе одлучи кој од двајцата кандидати прв ќе добие шанса. Од 120-те избрани пратеници во Кнесетот, 67 го поддржаа Ајзенкот за време на неколкудневните разговори со Херцог, додека 46 го ...

Едно дете и едно младо лице загинаа, а најмалку 16 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во источна Франција, откако автобус кој сообраќал на релација Лион-Бурж-ан-Брес излетал од патот и удрил во дрво, објави Би-Би-Си. Несреќата се случила утрово во околу 7 часот наутро во местото Лан, на 55 километри од границата со Швајцарија. Според информациите од обвинителството во Бурж-ан-Брес, во автобусот имало 43 патници, меѓу кои и 15 ...

Голем број познати ирски медиумски организации, вклучувајќи го и ирскиот јавен радиодифузен сервис RTÉ, беа евакуирани откако беа упатени закани кон нив, пренесува Би-Би-Си. Радио водител на RTÉ им кажа на слушателите дека организацијата добила предупредување преку е-пошта дека „бомба ќе експлодира во рок од 45 минути“. Вработените во весникот Irish Independent и канцелариите на радиостаниците NewstalkFM и TodayFM во Даблин, исто така, беа ...

Катар, водечкиот посредник во конфликтот меѓу САД и Иран, се обидува да го убеди Техеран да им дозволи на инспекторите за нуклеарно оружје на ОН да ги посетат бомбардираните нуклеарни постројки на Иран, вклучувајќи ги и оние каде што се наоѓаат залихите на високо збогатен ураниум на земјата, пренесува Гардијан. Иран нема да биде должен да преземе никаква обврска дека залихите ќе бидат отстранети од земјата, а други опции се на маса, ...

Доналд Трамп објави дека Сузи Вајлс се повлекува од функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа, а ќе биде заменета од Стивен Милер, неговиот долгогодишен помошник и архитект на тврдокорните имиграциски политики на администрацијата, пренесува Фајненпл Тајмс. Во првиот потег за раздвижување на неговиот внатрешен круг по жестоките порази на среднорочните избори, претседателот напиша на Трут Сошл: „Со задоволство објавувам дека г-дин Стивен ...

Сантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше импичментиран, отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди, пренесува Њујорк Тајмс. Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку ...

Во обид да ги спаси животите на 548 затвореници осудени на смрт во Калифорнија, гувернерот Гевин Њусом од Калифорнија остави неодговорено едно прашање: Што се случува кога следната личност во Калифорнија ќе биде осудена на смрт? Откако Њусом објави во четврток дека издава масовни ублажувања на казни за затворениците осудени на смрт, некои обвинители ветија дека ќе продолжат да бараат смртна казна во нови случаи во кои веруваат дека ...

Во петокот до телевизиските станици низ Европа беа испратени закани со бомби со предупредување дека „часовникот отчукува“, што доведе до евакуации и прекин на програмите, пренесува Ројтерс. Предупредувања беа испратени до ирскиот радиодифузер РТЕ, британскиот Скај, бугарската приватна станица Нова ТВ и други, соопштија компаниите. Не се пронајдени бомби на ниту едно засегнато место. Програмите на РТЕ беа заменети со музика и однапред снимена ...

Мрежата за заштита од дискриминација ги осудија јавните изјави на Петар Богојески, претседател на политичката партија Македонски концепт, дел од владејачката коалиција, кој во телевизиско гостување на национална телевизија промовираше ставови за „машки надзор“ врз жените и го релативизираше насилството во брачните односи. Од Мрежата реагираат дека ниту еден маж нема право да врши „надзор“ врз жената, а ниту бракот, неверството, повикувањето ...

Новинарката на телевизијата Алфа, која ја водеше емисијата „Под лупа“ постапуваше согласно професионалните новинарски стандарди, информира денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши увид во емисијата во која Петар Богојески, претседател на партијата „Македонски Концепт“ изјави дека на жените им е потребна „машка контрола“. Од АВМУ велат дека новинарката поставувала релевантни прашања, ги доведувала во прашање ...

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и ...

Над 5.000 корисници на социјална помош своите парични средства ги добивале преку Алта банка. Се прави обид од утре да им се овозможи исплата на целокупната парична помош директно на шалтерите на банката. Според изјавата на министерот за труд и социјална политика за ТВ Телма, планот е да се отворат три шалтери, прво во Битола, а потоа да продолжи и во Скопје и Струмица, за да можат и пензионерите кои немаат картички за банкомат да си подигнат ...

Авионската компанија „Флајдубаи“ најави повторно воведување директни летови меѓу Дубаи и Скопје, три пати неделно почнувајќи од 1 април идната година. Летовите ќе се организираат во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од терминалот 3 во Дубаи. Од Дубаи ќе се полетува во 9,55 часот, а во Скопје ќе се пристигнува во 13,30 часот. Од Скопје летот ќе тргнува во 14,30, а во Дубаи ќе слетува во 21,45 часот. Цените на повратните карти за бизнис ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на „Алта банка“ на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. ...

Во земјава е регистриран петти случај на морбили годинава, а опфатот со вакцинација изнесува само 62 отсто, предупреди директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за Мета. Таа посочи дека постои реален ризик од повторна епидемија на мали сипаници, а како еден од факторите што придонесуваат за недовербата во вакцинацијата ги посочи дезинформациите што се шират на социјалните мрежи. Вчера министерот за ...

Заеднички именител на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ е фразата „нема напредок“. Од комисијата констатираат дека земјата нема напредок во главната пречка за продолжување на евроинтегративниот процес, односно уставните измени, но тоа е само мал дел од целиот извештај. Зборот нема напредок се повторува повеќе од 30 пати, при што како главен фокус се наведува дека нема напредок во изборните реформи ...

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека преку незаконско менување, бришење и прикривање податоци во електронскиот систем за студентски индекси се стекнале со материјална корист од околу 21.000 евра. Злоупотребите, според Основното јавно обвинителство Штип, се одвивале во период од пет години, од 2021 до 2026 година. Обвинителството поведе постапка против двајцата осомничени поради сомнение дека како ...

Нема ништо ново, ниту пак позитивно, во врска со квалитетот на воздухот во изминатава година, констатира најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот на државата кон ЕУ. Во анализата на Поглавјето 27 се вели дека админrистрацијата и понатаму е неквалификувана за тоа што го работи, капацитетите се слаби, а нема напредок ниту во усогласувањето со европското законодавство. Извештајот на ЕК констатира слабо придвижување во однос на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87