Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Куманово, Струмица, Прилеп и Битола воопшто немаат државен инспектор за животна средина, а Охрид, иако е подрачје под заштита на УНЕСКО има само еден. Државниот инспекторат за животна средина има само 25 вработени, иако треба да има 50. Институцијата, која треба да ги следи сите загадувачи кои имаат А-интегрирани дозволи, но и над 3600 капацитети кои работат со елаборати кои ги издава Министерството за животна средина, се соочува со хроничен ...
Тежок пожар избувна во хотел кој се користел како работничко сместување во Будакеши, западно од Будимпешта, при што има загинати лица, а повеќе од 20 се повредени. Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 2:15 часот, во објект на улицата „Зичи Петер“. Пламените јазици за кратко време ја зафатиле кровната конструкција на двокатната зграда, а пожарникарите при пристигнувањето затекнале околу 200 квадратни метри веќе во пламен. Според ...
Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни ...
Израелските новинари апелираа до британски милијардер да не го продава својот удел во израелски телевизиски канал, што, според нив, би претставувало сериозен удар врз независноста на медиумите во земјата, објави Гардијан. Сер Леонард Блаватник, кој „Сандеј тајмс“ го наведува како трет најбогат човек во Велика Британија, продава речиси 15 отсто од акциите во „Канал 13“, телевизиски канал кој во последните години емитуваше критички вести за ...
Во последната недела, во Македонија се пријавени 1.306 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 12,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со шестата недела од минатата сезона е намален за 54,7 отсто, а во споредба со бројот за шестата недела од типичната епидемиска крива намален е за 46,7 отсто. „Во однос на возрасната дистрибуција, 715 лица се ...
Минхенската безбедносна конференција која почнува денеска се отвора со говор на германскиот канцелар Фридрих Мерц, еден од 15-те шефови на држави или влади од земјите на Европската Унија на кои организаторите очекуваат да присуствуваат. Годишниот собир на врвни меѓународни безбедносни личности, кој минатата година го постави тонот за растечкиот јаз меѓу САД и Европа, ќе собере многу врвни европски претставници со американскиот државен ...
САД ќе го испратат најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ на Блискиот Исток за да го поддржат другиот што веќе е таму, изјавија претставници на американската администрација. Целта е зајакнување на американската моќ зад напорите на претседателот Доналд Трамп да го принуди Иран на договор за неговата нуклеарна програма. Планираното распоредување на бродот „УСС Џералд Р. Форд“ на Блискиот Исток доаѓа откако Трамп само неколку ...
САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување на билатералните економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите. Како што е наведено во објавата на Белата куќа, договорот ќе ги зајакне трговските односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи трансатлантското партнерство ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека се поништуваат научните докази дека емисиите на стакленички гасови го загрозуваат човековото здравје и ги поништи федералните стандарди за емисии од издувните цевки за автомобили и камиони.. Ова е најголемо повлекување на политиките за климатските промени од страна на администрацијата досега, по низа регулаторни намалувања и други потези наменети за ослободување на развојот на фосилни ...
Страшна сообраќајна несреќа се случи денес во Сараево кога трамвај излета од шините, при што загина едно лице. Трамвајот, кој се движел од Железничката станица кон Башчаршија, излетал од шините на раскрсницата во близина на Националниот музеј и завршил на патот, пренесува Босанскиот Кликс Вјести. Според првите официјални информации од Кантоналната полиција на Сараево, едно лице загинало, а две се повредени. „Во несреќа со трамвај во центарот ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска во 12 часот ја започна блокадата пред Стопанската комора барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на сите останати плати. Неколку десетици луѓе излегоа на улица, од нив 21 колку што е потребно за блокада, стоеја пред зградата на Стопанската комора, а останатите на најблиската раскрсница. Претседателот на советот, Слободан Трендафилов имаше обраќање каде им ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка. Од Комисијата информираат дека Бислимоски за својата одлука го известил Собранието, но и дека согласно Законот за енергетика и статутот на РКЕ, ќе остане на функцијата се додека Собранието не донесе одлука за престанок. Бислимоски на оваа функција беше од 2018 година, а ова му беше втор ...
После деценискиот хаос со паркирањето во просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, денеска стаса уште едно ветување за решение на проблемот. Министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција кажа дека со одлука на Влада, во овој комплекс до јуни планирано е да се изградат три катни монтажни гаражи, во кои ќе може однапред да се резервира паркинг-место преку апликација. Алиу рече дека сега Град Скопје требало да ги проектира и ...
Три лица и една фирма ќе одговараат за пожарот во отпадот за старо железо што се случи во јули минатата година во скопско Визбегово. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело загрозување на животната средина и природа со отпад. Две сопственички и еден вработен во фирмата во периодот од февруари до јули лани незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи ...
Украинскиот тркач во скелетон, Владислав Хераскевич, денеска е дисквалификуван од Зимските олимписки игри во Милано- Кортина поради тоа што носеше кацига со ликовите на украински спортисти убиени во војната со Русија, соопшти Меѓународниот олимписки комитет. Тој беше информиран за неговата дисквалификација по состанокот со претседателката на МОК, Кирсти Ковентри, рано утрово на лизгачкото место, кратко пред почетокот на неговото ...
Стотици авиони на „Луфтханза“ ќе останат на земја во четврток, поради целодневниот штрајк на пилотите и стјуардесите, пренесува Дојче Веле. Штрајкот доаѓа откако напорите на авиокомпанијата да ги намали трошоците и да стане попрофитабилна ја доведоа во конфликт со синдикатите. Бројот на летови погодени од штрајкот останува нејасен, при што компанијата првично зборуваше само за „бројни откажувања“. Некои летови сè уште треба да се реализираат ...
Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и балистички ракети во текот на минатата ноќ, дополнително нарушувајќи го нејзиниот енергетски систем и оставајќи десетици илјади луѓе во главниот град Киев и градовите Днепар и Одеса без греење, електрична енергија и вода, соопштија официјални лица. Русија ја интензивираше својата зимска кампања на напади врз електроенергетската мрежа на Украина, оставајќи ги големите градови во долги периоди на ...
Сообраќајот во центарот на Скопје денеска од пладне ќе се одвива по изменет режим поради протест што ќе го организира Сојузот на синдикати на Македонија. Протестот е најавен за 12 часот и ќе се одржи пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев. Поради собирот, дел од сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен кон околните улици и булевари. „Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на ...
Претставничкиот дом го усвои Законот за спасување на Америка, кој драматично ќе ги промени прописите за гласање со барање доказ за државјанство при регистрација на гласачи и значително ќе го ограничи гласањето по пошта, пренесува Гардијан. Законодавството, кое беше усвоено со 218 гласови „за“ и 213 „против“, се соочува со тешка битка во Сенатот, велат блиските набљудувачи. „Скептична сум дека Сенатот ќе гласа за овој закон, бидејќи овој закон ...
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на американскиот претседател Доналд Трамп за канадска стока, пренесува Би-Би-Си. Со 219 гласа „за“ и 211 „против“, шест републикански пратеници им се придружија на демократите и ја поддржаа резолуцијата со која се бара да се укинат царините што Трамп и ги воведе на Канада минатата година. Гласањето е во голема мера симболично бидејќи сè уште ќе треба да биде одобрено од Сенатот на ...
Бангладеш денеска гласа на првите избори по антивладините демонстрации во кои беше соборена долгогодишната лидерка Шеик Хасина и по кои десетици милиони млади луѓе сонуваа да трасираат нов курс за нивната земја. Сликите од Хасина која бега со хеликоптер додека демонстрантите ја нападнаа нејзината резиденција во летото 2024 година инспирираа и други движења предводени од млади против корупцијата и непотизмот што помогнаа во соборувањето на ...
На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија, Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бараше со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, кој изврши тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026. Несреќата се случи во скопската населба Капиштец ...
Украина ќе одржи избори само откако ќе има безбедносни гаранции и прекин на огнот со Русија, изјави Володимир Зеленски, отфрлајќи ги сугестиите дека планира да организира гласање под притисок на САД. „Ќе преминеме на избори кога ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции“, изјави украинскиот претседател пред новинарите. „Реков дека е многу едноставно да се направи: да се воспостави прекин на огнот и ќе има избори“. Тој исто така ...
Норвешкиот Нобелов комитет вчера соопшти дека го повикал Иран веднаш да ја ослободи активистката и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, од затвор. 53-годишната Мохамади, која постојано била затворана во нејзината тридецениска кампања за правата на жените, минатата недела беше осудена на нова затворска казна од 7,5 години, соопшти во неделата група што ја поддржува. Таа ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година додека ...
Новиот парламент на Косово брзо ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти, со што се стави крај на едногодишната политичка блокада во земјата. Пратениците го поддржаа кабинетот на Курти со 66 гласови „за“ и 49 „против“ во собранието од 120 члена. Гласањето се одржа само неколку часа откако Парламентот се состана за прв пат по предвремените избори во декември. Курти обезбеди нов мандат откако неговата партија Самоопределување ...
Осомничена за пукање во училиште во западна Канада е 18-годишна девојка со проблеми со менталното здравје, која ги убила и мајка си и полубратот пред да го нападне нејзиното поранешно училиште, соопшти полицијата, но истражителите не понудија мотив за еден од најлошите масовни колежи во канадската историја. Убиецот, кого полицијата го идентификуваше како Џеси Ван Рутселар, се самоуби по пукањето во вторникот во Тамблер Риџ, оддалечена ...
Во просториите на „Лабораториум“ на 18 февруари (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од авторите Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ, во издание на Фликер Студио. Настанот е во организација на Lom Лом и е отворен за јавноста. Станува збор за стрип од жанрот на епска фантастика во кој главни улоги играат за волшебникот Лом и неговите авантури во паралелен универзум во кој ...
Реакции во јавноста предизвика вчерашната изјава на министерката за образование Весна Јаневска, во емисијата „Директно“ на Телма, каде се дискутираше новиот предлог закон за високо образование. Министерката изјави дека треба да се затворат студиски програми каде се запишани мал број на студенти, при што како пример беше посочена студиската програма Меѓународни и интеркултурни студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Јаневска погрешно ...
Сојузот на синдикати продолжува со блокадите на институциите, како притисок за исполнување на барањата за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Утре во 12 часот ќе се блокираат Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора, каде, како што најавуваат од ССМ, ќе застанат 21 ...
Француската полиција упати ретка меѓународна апелација до можни жртви и сведоци во случајот против 79-годишниот поранешен наставник Жак Левегл, осомничен дека силувал и сексуално злоупотребувал 89 деца на пет континенти од 1960-тите до 2022 година, пренесува Гардијан. Полицијата во Гренобл соопшти дека Левегл, кој од април 2025 година се наоѓа во притвор во Франција, претставува „учебнички пример“ за сериски сексуален престапник, во случај ...