Чешките власти водат истрага за пожарот што избувна во текот на ноќта во индустрискиот комплекс во Пардубице, како можен намерен напад, откако медиуми објавија дека група која протестира против израелско оружје презела одговорност за инцидентот, јавува Ројтерс. Пожарникарите соопштиле дека интервенирале во магацинска хала во комплексот во Пардубице, кој се наоѓа на околу 120 километри источно од Прага. Пожарот се проширил и на друга зграда, ...

Полицијата го пронајде возачот што удри во малолетничка во скопската населба Капиштец и потоа избега. С.Б. од Скопје бил пронајден вчера, откако пред три дена со возило на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје удрил во девојче кое се движело пеш. Таа била однесена во Ургентниот центар на клиниките „Мајка Тереза“ Скопје, од каде до Министерството за внатрешни работи било пријавено дека 11-годишно дете е донесено кај нив со тешки телесни повреди. ...

Финска повторно е најсреќна земја во светот, покажува најновиот извештај за среќа, кој истовремено предупредува на пад на благосостојбата кај младите поради прекумерна употреба на социјалните мрежи. Извештајот, изработен од „University of Oxford Wellbeing Research Centre“ во соработка со Галуп и ОН, се базира на анкети со околу 100.000 луѓе во 140 земји. Според резултатите, задоволството од животот кај младите под 25 години значително ...

Македонија напредувала во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и децата до петгодишна возраст во текот на изминатата деценија, што ја позиционира меѓу најдобрите во светот во остварувањето на Целта за одржлив развој. Денеска, Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) го поздравија напредокот на земјата и посочија дека промената доаѓа во ...

Новиот државен обвинител Ненад Савески денеска дадe свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и официјално стапи на функцијата, откако вчера доби поддршка од пратениците со 66 гласа за, двајца против и осум воздржани. Савески истакна дека функцијата е голема одговорност за него и апелираше до јавните обвинители да ја извршуваат својата работа, бидејќи, како што рече, таа ниту почнува ниту завршува со него. Државниот ...

„Детето мое имаше коскен тумор. Одам во нервохирургија, докторот ми вели дека снимката не била добра, да го снимам во Скопје и го прашав докторот ако треба да се плати, кажи ми. Потоа појдов кај друг доктор, и тој истото ми го рече и се вратив кај првиот доктор. Мажот ми појде во еден кафич и му ги даде парите на докторот. Откако му ги дадовме парите, веднаш се најде термин за операција, а претходно ми велеа дека нема термин, нема ...

Пречистителна станица за отпадни води на Скопје се гради, а завршени се една четвртина од предвидените градежни работи. Еден од најважните инфраструктурни објекти за главниот град, кој треба да обезбеди пречистување на отпадните води, кои завршуваат во реката Вардар, започна да се гради пред точно една година. Планиран рок за завршување на изградбата е ноември 2027 година, по што е следуваат две години на пробна работа и обука на операторите, ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска објави дека трошоците за живот значително пораснале во првите три месеци од 2026 година, додека најавеното усогласување на минималната плата, според нив, не го следи тој раст. Според податоците на Сојуз на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за периодот јануари–март 2026 година се зголемила за 2.326 денари. Само во март, минималната кошница достигнала 67.818 ...

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го одбележуваат Рамазан бајрам, еден од најзначајните празници во исламот, кој доаѓа по завршувањето на светиот месец Рамазан. Празникот се слави по едномесечниот пост, период во кој верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна и пијалак, но и се посветуваат на молитва, духовно прочистување, хуманост и солидарност. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и се ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој е осомничен за примање поткуп. Како што информираа од Судот, мерката притвор е определена по сите три законски основи и тоа опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото. Притворот е изречен на предлог на Основното јавно обвинителство за ...

Земјите од Европа треба постепено да ја намалат зависноста од Кина, без целосно да ја прекинат соработката. Тоа значи да работат со повеќе партнери, да го развиваат домашното производство и да воведат јасни правила за безбедност и транспарентност. За Македонија ова е особено важно за напредок кон европскиот пат, бидејќи треба да се усогласи со европските правила како контрола на инвестиции, заштита на податоци и надзор на важни сектори, со ...

Иле, возач во Итната медицинска помош, почина на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени на Клиники во Скопје. Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“. Иле, во текот на кобната ноќ помеѓу 16 и 17 – ти март со болничкото ...

Триесет уметнички дела денеска беа предадени како подарок за Клиниката за гастроентерохепатологија од неколкумина уметници. Во амфитеатарот на Интерните клиники денеска се одржа свеченост на која беа примопредадени делата, а на авторите им беа доделени благодарници. Реномираните, како и младите уметници со својата хуманост и креативност придонеле за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за ...

Франческа Албанезе веројатно веќе ни самата не знае колку пати ѝ биле откажани или поместени гостувањата во последната година. Сепак, моментално гостува во Белград, каде што во пресрет на трибината на 17 март, Албанезе остро ги критикуваше властите во Србија поради воената соработка со Израел, кој таа го обвинува за воени злосторства врз Палестинците, пренесува Би-Би-Си Србија. Српските власти ги отфрлија нејзините наводи како неприфатливо ...

Собранието повторно не ги усвои измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, со кои беше предвидено воведување електронски нараквици за сторителите. Предлог-измените, кои предвидуваа покрај мерката за забрана за приближување, сторителите да носат и електронски уреди за следење и навремено предупредување на жртвата, не добија поддршка од пратеничкото мнозинство. Станува збор за иницијатива што не е ...

Дваесетгодишен жител на селото Алданци, крушевско, пријавил во полиција дека бил физички нападнат во неговиот берберски салон, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен на 17 март 2026 година во 17:16 часот во СВР Битола. Пријавата ја поднел Б.Н. (20), кој навел дека нападот се случил во неговиот берберски салон. Како што е наведено во пријавата, како напаѓач е посочен Е.М., исто така од ...

Израел ги нападна централните делови на Бејрут и тврди дека ноќеска го убил иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб убиен во напад, велат од израелското Министерство за одбрана, пренесува „Гардијан“. Информацијата ја потврди израелскиот министер за одбрана, Израел Кац. „На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите арени кои ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан“, рече Кац за време на брифинг ...

Анимето за играта Секиро од девелоперите Фромсофт, наречено Sekiro: No Defeat го доби свој втор трејлер. Иако е сè уште во изработка која се прави на стар начин со рачно цртање цртежи на фрејм по фрејм. Режисерот на анимето е Киничи Котсуна, којшто има работено на анимеата Naruto и One Punch Man, а студиото што ја прави аниме адаптацијата на култната игра Sekiro во Souls жанрот познато како „Кјузила“. Студио речиси непознато досега на ...

Постои Платформа за рушење на СДСМ осмислена од ВМРО, фатени во криминални скандали и без резултати, повторно се обидуваат да го рушат СДСМ од внатре, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа посочи дека по разоткривањето на бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“, следува координиран обид за дефокус и рушење на СДСМ од внатре. „Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ...

Началник на СВР Штип и на ОВР Кочани, главен инспектор за прекуграничен криминал, инспектори за дрога и оружје и за општ криминал, сменоводители, водич на реон во Кочани… Oва се профилите на полицајците кои треба да седнат на обвинителна клупа на први април, кога почнува судењето за полициското непостапување во кочанската дискотека „Пулс“, објави Призма. Обвинението кое БИРН го доби од Обвинителството за гонење организиран криминал и ...

Кина нема да им помогне на САД во обидите за повторно отворање на Ормутскиот теснец, како што побара американскиот претседател Доналд Трамп, но аналитичарите оценуваат дека Пекинг веројатно ја поздравува одлуката за одложување на долгоочекуваната посета на Трамп во Кина. Ова се случува во третата недела од воениот конфликт на САД со Иран кога испораките на нафта низ теснецот се запрени, а американските сојузници не покажуваат желба да ...

Нови 119 македонски граѓани се вратија вчера во земјава од земјите на Блискиот Исток, во чартер лет што го организираше Владата. Како што информираат денеска од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со последниот, петти лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани кои се пријавиле дека сакаат да се вратат во земјата од кризното подрачје. Со последниот лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во ...

За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1 550 евра во денарска противвредност за 4 оператори со храна во домови за стари лица, а само од еден контролиран оператор, нештетно се уништени 6 килограми небезбедна храна, соопштуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Инспекциските служби на АХВ спровеле 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само ...

На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Тој со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и лишиле од слобода. Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за ...

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство продолжува да го истражува избувнувањето на менингококна болест во Кент. Заклучно со вчерашниот ден до 17 часот, потврдени се 9 лабораториски случаи, а 11 пријави сè уште се под истрага, со што вкупниот број достигнува 20, објавува Обединетото кралство. Како што оттаму информираат, шест од потврдените случаи се потврдени како менингококна болест од група Б. За жал, 2 лица починале, ...

На вчерашната Меѓувладината конференција со ЕУ во Брисел, Црна Гора привремено го затвори преговарачкото Поглавје 21 кое се однесува на трансевропските мрежи. Со ова, бројот на затворени поглавја изнесува 14 од 33. Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека Црна Гора е најнапредна во процесот на пристапување кон ЕУ и дека нејзината напорната работа и посветеност ќе се исплатат. Таа посочи дека е уверена дека со силна политичка ...

Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се соочи со дефицит на ракети што ги користи за борба против Русија поради војната на Блискиот Исток. Вo интервју за Би-Би-Си, украинскиот претседател рече дека Владимир Путин сака „долга војна“ меѓу САД, Израел и Иран бидејќи тоа би го ослабнало Киев, а американските ресурси би биле насочени на друго место. Зеленски, исто така, тврдеше дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил на „ниту една ...

Пожар на бродот „УСС Џералд Р. Форд“, во кој беа повредени морнари и уништени 100 кревети, е најновата несреќа што го погоди најголемиот носач на авиони во светот за време на маратонско распоредување, за кое некои тврдат дека го намалило моралот на екипажот. На море е речиси девет месеци, а во моментот стациониран во Црвеното Море за поддршка на војната против Иран. Носачот на авиони наводно ќе отплови за Крит на поправки, а официјалните ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави биле информирани од повеќето свои сојузници во НАТО дека не сакаат да се вклучат во воената операција на земјата во Иран, потег што тој го опиша како „многу глупава грешка“. Но, Трамп не даде никакви индикации дека планира да ги казни сојузниците на НАТО за нивните ставови, додека одговараше на прашања од новинарите во Овалната соба за време на посетата на ирскиот премиер ...

Украина испрати 201 воен експерт за борба против дронови на Блискиот Исток за да помогнат во одбраната на регионот од ирански дизајнирани дронови Шахед, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека уште 34 се подготвени за распоредување. „Ова се воени експерти кои знаат како да помогнат, како да се одбранат од дронови Шахед. Нашите тимови веќе се во Емиратите, Катар, Саудиска Арабија и на пат кон Кувајт“, им рече украинскиот претседател на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.86
65%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
61%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
64%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Злато

166450.52