Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Минатата недела Пентагон најави дека ќе задржи дел од ветеното оружје за Украина, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, прецизно наведувана артилерија и друга опрема, поради загриженост дека американските резерви се при крај. Но, Трамп во понеделникот изјави дека САД ќе мора да испратат повеќе оружје за Украина, со што ефективно ја поништи таа одлука, објави агенцијата Асошиејтед прес. Два извори, кои за АП зборувале анонимно поради ...
Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп првично вети 90 договори во рок од 90 дена, откако делумно го паузираше процесот на воведување т.н. „реципрочни“ царини, објави Би-Би-Си. Во реалноста, до претходниот краен рок кој го постави администрацијата на Трамп, 9 јули, не се постигнати ниту девет договори. Индикација за слабост на американската позиција е продолжувањето на рокот од денеска до 1 август, со можност за нови одложувања во ...
Претседателот Трамп штотуку изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје на Украина за да ѝ помогнат да се одбрани од руската инвазија, тврдејќи дека неодамнешниот напад на Москва врз украинските градови му оставил малку избор, пренеусва Њујорк Тајмс. Коментарите на Трамп се чини дека сигнализираат пресврт од претседателот откако неговата администрација запре некои трансфери на оружје во земјата само минатата недела, зголемувајќи стравувања дека ...
Повеќе од 100 лица се потврдени за загинати во силните поплави во Централен Тексас, додека службите за итни случаи продолжуваат да бараат десетици кои се водат како исчезнати, пренесува Вашингтон Пост. Во округот Кер, „Камп Мистик“ соопшти дека тагува за загубата на 27 кампери и советници. Десет девојчиња и еден советник сè уште се водат како исчезнати. Потрагата трае активно пет дена по ред. Како што поплавата почна да се повлекува, жителите на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се закажани разговори со Иран и најави напредок во планот за релокација на Палестинци од Газа, објави Ројтерс. „Ако луѓето сакаат да останат, може да останат, но ако сакаат да заминат, треба да им биде дозволено“, изјави Нетанјаху на почетокот од вечерата со американските и израелските официјални претставници во Белата куќа. Тој додаде дека ...
САД од 1 август ќе воведат високи царини за увозот од најмалку 14 држави, меѓу кои се и две држави од Западен Балкан – Србија и Босна и Херцеговина. Претседателот Доналд Трамп сподели копии од официјални писма наменети за лидерите на тие земји, во кои се наведуваат новите царински стапки како дел од обновената политика на „реципрочни давачки“. Според документите што Трамп ги објави на социјалната платформа Truth Social, увозот од Србија во САД ...
Претседателот Доналд Трамп го нападна Илон Маск, опишувајќи го како „излезен од колосек“ откако Маск изјави дека создава нова политичка партија во услови на постојан расправија со претседателот, пренесува Њујорк Тајмс. „Тажен сум што го гледам Илон Маск како целосно излезен од колосек, во суштина станувајќи несреќа во текот на изминатите пет недели“, напиша Трамп на Трут Сошл. „Тој дури сака да основа Трета политичка партија, и покрај фактот ...
Студентите во блокада најавија нови протести и блокади во Белград и Панчево за утрово во 7 часот, под името „Каде си? 7/7 во 7 часот наутро“, пренесува Српскиот Н1. Како што наведоа на нивната Инстаграм страница, собирите ќе се одржат на повеќе локации низ целиот град. View this post on Instagram A post shared by Samoorganizovana grupa studenata – Blokada (@studenti_u_blokadi) Блокадите на протестите во градовите низ Србија почнаа откако ...
Прегледот нарачан од раководството на Министерството за правда и ФБИ назначено од претседателот Доналд Трамп не пронајде докази дека озлогласениот починат финансиер Џефри Епстин водел „список на клиенти“ на соработници кои ги уценувал или со кои преговарал да жртвува десетици жени, според ново меморандум кои го дозна Аксиос. Одделот, исто така, објави часови наводни снимки како дел од својот преглед, за кои официјалните лица велат дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата се закани со нови увозни царини за секоја земја што ќе ги поддржи, како што ги нарече, „антиамериканските политики“ на групата на земји во развој БРИКС, во време кога неговата администрација започнува со испраќање царински писма до десетици држави ширум светот, пишува Си-Ен-Ен. Во објава на платформата Truth Social, Трамп најави дека САД ќе воведат дополнителна царина од 10 отсто за секоја земја ...
Израелска делегација замина во Катар на разговори за можен договор за заложници во Газа и прекин на огнот, изјави израелски функционер, неколку часа пред премиерот Бенјамин Нетанјаху да замине во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс. Се зголемува јавниот притисок врз Нетанјаху да обезбеди траен прекин на огнот и да ја прекине војната во Газа, потег на кој се спротивставуваат некои тврдокорни ...
Најмалку 51 лице загина откако обилните дождови предизвикаа поплави, а водата излеваше од бреговите на реката Гвадалупе во Тексас, пренесува Скај Њуз. Надојдената вода почна да се шири во округот Кер и другите области околу 4 часот наутро по локално време во петокот, при што загинаа најмалку 43 лица во округот. Ова вклучува најмалку 15 деца и 28 возрасни, а пет деца и 12 возрасни лица чекаат идентификација, изјави шерифот на округот Кер, Лари ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, се појави за првпат во јавноста по почетокот на неодамнешната 12-дневна војна на неговата земја со Израел, учествувајќи на верска церемонија во Техеран, пренесува Гардијан. Осумдесетгодишниот лидер беше прикажан во видео емитувано од државната телевизија како ги поздравува луѓето во џамијата, додека верниците ја одбележуваа годишнината од мачеништвото на имамот Хусеин, важен датум за шиитските ...
Милијардерот Илон Маск изјави дека започнал со формирање на трета политичка партија, по драматичната расправија со Доналд Трамп, наведувајќи дека ќе ги исполни заканите што ги упати доколку законот за внатрешна политика на претседателот стапи во употреба, пренесува Си-Ен-Ен. „Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и мито, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денес, Американската партија е формирана ...
Спасувачите ги пребаруваа поплавените речни брегови расфрлани со искршени дрвја и превртени камења во потрагата по повеќе од дваесетина деца од женски камп и многу други кои се водат како исчезнати откако огромни количини на вода се спушти по река во Тексашкиот ридски округ. Бурата однесе најмалку 32 животи, вклучувајќи 14 деца, пренесува Асошиејтед Прес Околу 36 часа по поплавите, властите сè уште не дадоа бројка за тоа колку луѓе вкупно се ...
Поројни дождови предизвикаа поплави по должината на реката Гвадалупе во Тексас, во кои загинаа најмалку 24 лица, додека спасувачките екипи се обидуваат да спасат десетици жртви заробени од надојдената вода или пријавени како исчезнати во катастрофата, соопштија локалните власти. Меѓу исчезнатите има и 23 до 25 девојчиња кои посетувале летен христијански камп, сместен на бреговите на Гвадалупе. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишал писма до 12 земји со кои се наведуваат царините што ќе ги применат САД на нивниот извоз во оваа земја, притоа нарекувајќи ги овие понуди „земи или остави“ и најавувајќи дека ќе бидат испратени во понеделник, пишува Ројтерс. Говорејќи пред новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат кон Њу Џерси, Трамп одби да ги именува земјите на кои се однесуваат писмата, додавајќи дека имињата ќе ...
Хамас соопшти дека одговорил позитивно на предлогот за прекин на огнот во Газа, посредуван од САД, и дека е подготвен да започне разговори за спроведување на договорот, кој предвидува ослободување на заложниците и преговори за прекин на конфликтот, пренесува Ројтерс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави конечен предлог за 60-дневен прекин на огнот во речиси 21-месечната војна меѓу Израел и Хамас, велејќи дека очекува одговор од страните во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот во Белата куќа потпиша сеопфатен пакет на даночни и буџетски кратења, односно популарниот „Еден голем прекрасен закон“, на свеченост на отворено по повод Денот на независноста на САД, која доби облик на политички митинг на Трамп, пишува Ројтерс. Додека воените авиони прелетуваа над Јужната градина на Белата куќа, а стотици негови поддржувачи беа присутни, Трамп го потпиша законот еден ден откако ...
Во текот на месец јуни и почетокот на јули Бирото за развој на образованието реализира обуки за наставниците од основното образование за Планирање и реализација на наставата согласно новите наставни програми за 7 одделение. Со обуките се опфатени наставниците од сите основни училишта во државата кои во учебната 2025/26 година ќе реализираат настава во 7 одделение. „Советниците при Бирото за секој наставен предмет одделно одржуваат обуки за ...
Најмалку девет лица, меѓу кои осум полицајци и еден пожарникар, беа повредени по експлозија која се случи на бензинска пумпа во источен Рим, соопштија италијанските власти, пренесува Ројтерс. Силната експлозија кај дистрибутерот на бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) во населбата Пренестино се слушнала низ целиот италијански главен град. „Работиме на експлозија на резервоар… пожарот сè уште е во тек“, соопшти противпожарната служба, додавајќи ...
Русија започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев изминатата ноќ, при што беа повредени најмалку 23 лица и беа разгорени пожари низ градот, пренесува Укринформ. Според дописник на медиумот „Киев пост“ видени се хеликоптери како црпат вода од локалните езера за да се борат со пожарите, додека густ чад висел над станбените области до утрото. Воздушна тревога беше прогласена во Киев во 17:15 часот во четврток, 3 јули, поради ...
Основниот суд во Нови Сад за Н1 соопшти дека четворица активисти на Српската напредна партија (СНС), обвинети за напад врз студенти и нанесување на тешки телесни повреди, се ослободени од кривично гонење по одлука за помилување од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што информира судот за Н1, Министерството за правда на Србија на 2 јули ја доставило одлуката за помилување со која К.С. (30), Р.Д. (22), Б.Н. (22) и Д.Н. (22) се ...
По полноќ во Белград, полицијата изврши насилна интервенција врз студентски и граѓански блокади, при што, според сведоштва и видеоснимки, употребила прекумерна сила, апсејќи и тепајќи демонстранти на повеќе локации низ градот, објавува Н1. Првиот полициски напад се случил пред Правниот факултет, каде што студентите седеле пред влезот. Полицајците ги нападнале, ги принудиле да легнат на земја и ги привеле. Слични насилни интервенции биле ...
Спасувачки екипи денеска продолжуваат со потрагата по 30 лица кои се водат за исчезнати откако траект потона во близина на индонезискиот остров Бали. Четири лица загинаа во несреќата што се случила во средата навечер, соопшти Националната агенција за потрага и спасување на Индонезија. Досега се спасени 31 лице од вкупно 53 патници и 12 членови на екипажот на траектот „КМП Туну Пратама Џаја“, кој потона околу 30 минути по поаѓањето од ...
Републиканците во претставничкиот дом несигурно се приближија кон унапредување на масовниот закон за намалување на даноците и трошоците на американскиот претседател Доналд Трамп, појавувајќи се во еден момент да ги надминат загриженостите за неговата цена што ги покренаа неколку тврдокорни. Но, потоа мерката повторно заглави, пренесува Ројтерс. Додека пратениците влегуваа и излегуваа од состаноците зад затворени врати, процедуралното гласање се ...
Одлуката на Пентагон да ги запре некои испораки на оружје за Украина ги изненади дури и луѓето кои обично се внимателно информирани за вакви прашања, вклучувајќи членови на Конгресот, претставници на Стејт департментот и клучни европски сојузници, според шест лица запознаени со ситуацијата, пренесува Политико Изненадувачкиот потег во понеделникот предизвика загриженост и фрустрација, вклучително и меѓу врвните републиканци, дека еден висок ...
Од „Парамаунт“ соопштија дека се согласиле да му платат на Доналд Трамп 16 милиони долари за да ја решат неговата тужба за уредувањето на интервјуто во емисијата „60 минути“ на „Си-Би-Ес“, што е извонредна отстапка за актуелен претседател од страна на голема медиумска организација, пренесува Њујорк Тајмс. „Парамаунт“ изјави дека нивната исплата ги вклучува правните трошоци и хонорари на Трамп и дека парите, минус правните трошоци, ќе бидат ...
Најголемата братска врска меѓу американскиот претседател и најбогатиот човек на светот, која некогаш покренуваше прашања за американската олигархија, сега ја следат корисниците на социјалните медиуми во Кина, од кои многумина станаа големи фанови на Маск, и се гордеат со неговиот потег, пренесува Гардијан. Најновата драма доаѓа од ветувањето на Маск да основа нова политичка партија. Маск веќе вети дека ќе ги собори пратениците кои го поддржаа ...
Со само еден пресуден глас, Сенатот на САД вчера го изгласа законот на претседателот Доналд Трамп, со кој се продолжуваат даночните олеснувања воведени во 2017 година, но и се ограничува пристапот до здравствена заштита за милиони Американци, објави ЛА Тајмс. Законот беше изгласан со 50 гласа „за“ од редовите на Републиканската партија, а потпретседателот Џеј Ди Венс го даде решавачкиот глас. Тројца републикански сенатори: Ренд Пол од Кентаки, ...