Чистењето на депонијата со згура од некогашната топилница во Велес заврши пред Управниот суд. Компанијата Кепс Монт Груп се жалеше на решението на Второстепената комисија за одлучување во управна постапка со која се потврди одлуката на општинските власти да не им дадат нова и проширена Б-интегрирана дозвола. Иако компанијата сѐ уште има важечка концесија, која трае до 2026 година, не смее да ископува и извезува без да поседува Б-интегрирана ...

Животната средина и годинава не била меѓу топ приоритетите на власта. Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ нотира дека земјава не е целосно усогласена со повеќе Директиви од европското законодавство, а во изминатиот период не направила многу за тоа да се промени. Нема подобрување ниту во капацитетите на институциите, заштитата на воздухот стагнира, а циркуларната економија, сепарирањето и ...

Околу 80 отсто од невработените жени над 50 години во земјава, без работа се подолго од една година, 23 отсто од нив работа чекаат од пет до седум години, а 13 отсто и над осум години. Најголемите причини што повозрасните жени тешко наоѓаат работен ангажман се недостатокот на нови, дигитални вештини што ги прави неконкурентни на пазарот на трудот, потешко се одлучуваат да се вклучат во обуки за надоградување на нивното знаење, а долгогодишната ...

Поведена е постапка против 39-годишен битолчанец осомничен за дело – Противправно лишување од слобода, како и Тешка телесна повреда, соопшти Јавното обвинителство. На 21 октомври, при вршење семејно насилство на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило, по што тој започнал да вози и најпрво со ...

Дваесеттата по ред меѓународна конференција „е-Општество.мк“, чија тема годинава е „Дигитална трансформација за подобар живот“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, ќе се одржи на 5 и на 6 ноември. Овојпат, во фокусот ќе бидат теми поврзани со создавање дигитално општество кое ги задоволува потребите на сите и општество кое ги почитува човековите права и ги засилува демократските процеси низ градењето подобар ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. „Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа ...

Остануваат уште шест дена до крајниот рок (08.11.2024 г.) за апликација за учество на обука за дата новинарство и визуелизации на податоци преку која најдобрите учесници ќе имаат можност да заминат на еднонеделна посета на САД. Обучувач ќе биде еминентниот новинар на „Њујорк тајмс“, Роберт Гебелоф, кој воедно предава дата новинарство на Факултетот за новинарство при Универзитетот Колумбија во Њујорк. Роберт е добитник на наградата „Џорџ Полк“ за ...

Во трагичен случај, мајка на 14-годишно момче од Флорида, САД обвини компанија за вештачка интелигенција дека нејзиниот син се самоубил поради тоа што добил поддршка за идејата од четботот со кого разговарал. Откако момчето споделило дека има суицидални мисли, четботот базиран на вештачка интелигенција, наводно, придонел кон таквата идеја, за што во поднесената тужба се тврди дека дополнително ја дестабилизирало емоционалната состојба кај ...

Наташа Гелева е фотографка која долго време е активна во Скопје и документира секакви различни настани и урбани локации. Нејзините фотографии се ценети поради уметничка вредност што ја влева преку нејзината перспектива низ окото на објективот. Иако има дипломирано германски јазик и книжевност, Гелева уште од 1999 година се занимава со фотографија. Зад себе има неколку групни изложби во Македонија и странство, како и неколку самостојни изложби. ...

Oбјавен е конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Од Министерството за образование и наука информираат дека аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е до 15 ноември. Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките ...

„Куклица“ Автор: Еремитот Румена се нагрна со јакната додека жолтото „поло“ исчезнуваше зад свиоците на патот кон Кратово, со ветување од возачот дека ќе се врати по неа за неколку часа. Куклица, долината на камените кукли, ја очекуваше подолу – глува, пуста и премолчена, како веќе да знаеше дека таа доаѓа. Од сите приказни што ги слушнала за ова место – за свадбената веселба што наводно била проколната и овековечена во камен – најмногу ѝ тежеше ...

Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека критиките од опозициската СДСМ се поради тоа што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) остварило повисоки приходи во јули годинава, наспроти истиот месец минатата година е недоследно. Социјалдемократите конкретно го критикуваа поставувањето на Миланчо Митревски за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец и никаде не се спомнува работата на ЈПДП. Исто така, спорно е дали остварениот раст ...

Објавата манипулативно тврди дека најмногу украински бегалци се засолниле кај агресорот Русија и дека таму се преселиле повеќе бегалци, отколку во западните земји САД, Велика Британија, Полска и Германија заедно. Но фактите велат дека ова тврдење не е точно. Вкупно над шест милиони украински бегалци се регистрирани низ Европа заклучно со јули 2024 година. Русија примила 1.227.555 бегалци, а Британија, Полска и Германија заедно примиле 2.380.675 ...

Повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании, изјави денеска во одговор на новинарско прашање Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ. Тој рече дека според неговите информации, околу 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, ...

Администраторот на НАСА Бил Нелсон повика на истрага за извештајот на Вол Стрит Журнал дека основачот на SpaceX и сојузник на Доналд Трамп, Илон Маск и рускиот претседател Владимир Путин биле во редовен контакт од крајот на 2022 година. Извештајот, во кој се вели дека основачот на SpaceX разговарал за лични теми, деловни и геополитички тензии со рускиот лидер, покренува загриженост за националната безбедност, бидејќи односите на SpaceX со НАСА и ...

Дезинформации и психолошко влијание, сајбер-напади, нови разурнувачки технологии, саботажа, мешање во изборите, економско мешање, инструментализација на миграцијата – ова се само дел од прашањата со кои се занимава Хибрид – центарот за извонредност во справување со хибридни закани. Шефот за меѓународни односи во овој центар, Тапио Писало зборува за обемот на нивната работа, за ранливостите на земјите од Западен Балкан поврзани со меѓуетничките ...

Северна Македонија треба да продолжи да го испорачува спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, особено во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Потребно е да се зајакне довербата во правосудниот систем. Ова е содржано во извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, усвоен денеска. Комисијата денеска го донесе својот годишен таканаречен „Пакет за проширување“, кој содржи детална ...

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за култура. МВР соопштува дека пријавената Б.К.С., ...

„Звукот на селската камбана“ Автор: А.Б. Седев во капелата со полурастопена свеќа во раката кога низ целото село одекна селската камбана. Беше ладна зима кога во селските гробишта го донесоа ковчегот во кој лежеше мртовецот. Имаше многу народ – некои ми беа познати, а други првпат ги гледав. Сите беа во некаква црнина и со тап поглед на лицата. Црните шамии на старите жени кои беа таму ден-денес ме прогонуваат. Нивниот лелек и пискот не ме ...

Бугарската новинска агенција БГНЕС, денеска објави уште еден во серијата написи во кои директно се напаѓа македонската министерка за енергетика Сања Божиновска. Во написот објавен утрово се вели дека министерката самата потпишала документ оти има бугарска самосвест и бугарско потекло. Во текстот е објавен факсимил од документ стар дваесет години, од октомври 2004 година. Станува збор за потврда која е дел од процесот за аплицирање за бугарски ...

На видеото објавено на Јутјуб каналот на Слободен свет, членови на партијата Македонска ера трета – суверенисти пред знамето со Сонцето од Кутлеш, воодушевено говорат за БРИКС. Притоа користат добропознати наративи кои одат во прилог на пропагандата на Кремљ, но пласираат и дезинформации со цел да ги величаат Русија и Путин, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Од 22 до 24 октомври во Казан, главниот град на Татарстан, Русија, ...

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието Моника Зајкова, која на последните парламентарни избори беше дел од предизборната коалиција „За европска иднина“ предводена од СДСМ, во гостувањето на „Канал 5“ телевизија ги изедначи ставовите на нејзината партија во врска со уставните измени, со оние на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во ...

„Квазихомо“ автор: Алан Кога им погледнувам в очи на годините што изминаа и останаа некаде зад мене, а сепак сѐ уште се толку присутни во мене, сфаќам дека само неделите беа наши празници. Тогаш сите, колку и да бевме затворени внатре во себе, станувавме едно. Обврските во недела нѐ поврзуваа. Ни беа единствената причина за комуникација. Колку тажно е ова од денешна перспектива, си велам. Тогаш бев неизмерно среќна особено зашто ја препознавав ...

При постоење на систем за електронско здравство, упати на пациентите сè уште им се издаваат на хартија, нема доволно специјалисти, лекарите и медицинскиот персонал заминувaат од јавно во приватно здравство или во странство, трошоците за здравствена заштита што се плаќаат од џеб, се високи… Ова се само некои од забелешките нотирани во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, кои се однесуваат на ресорот здравство. ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска учествуваше на завршна конференција на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ финансиран од Европската Унија, а насочен кон професионален развој на наставниците, нивна подобра подготвеност за примена на информатичко – комуникациски технологии во наставата и за работа со ученици со попреченост. „Од исклучителна важност е наставниците постојано да ги надградуваат ...

Во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и германската хуманитарна организација „Arbeiter-Samariter-Bund“ (АСБ) во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“, денеска се одржа Регионална конференција на која, покрај заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ...

Шпанија продолжува да се соочува со катастрофалните последици на вчерашната поплава, која е најлошата поплава во државата со децении. Според шпанската новинска агенција „ЕФЕ“, најмалку 140 лица загинале, пренесува Гардијан. Обемот на поплавата може јасно да се види во горенаведениот колаж од Европската вселенска агенција (ЕВА), каде се споредува како изгледал регионот околу градот Валенсија на 8 октомври и на 30 октомври, на денот на поплавата. ...

За да добиеме здрави, одржливи, безбедни, климатски отпорни и паметни градови, населби и држава, мораме, меѓу другото, да создадеме услови за безбедно одвивање на велосипедскиот сообраќај, велат од здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“. Посочуваат дека за секој да може да вози велосипед потребно е да има еден унифициран пристап во проектирањето на велосипедската инфраструктура, а моменталната регулатива е многу ...

Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 1-ви до 5-ти ноември во повеќе простори во градот – Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм. Програмата на 32-то издание на ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж. Станува збор за жанровски антолошки стрип, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. Преку наивното вкусување на четири бонбончиња отпочнува серијата на кошмарни ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

473339.37

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Бакар

10.95

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60