Преживеаниот маж кој пукаше на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи убиство и тероризам, соопшти утрово полицијата. Сторителите, татко и син, отвориле оган на плажата во неделата, убивајќи 15 лица во напад што ја потресе нацијата и ги засили стравувањата од растечки антисемитизам и насилен екстремизам. Погребите на еврејските жртви на нападот започнаа утрово, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела, во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочен кон нејзиниот главен извор на приход. Не е јасно како Трамп ќе го наметне потегот против санкционираните бродови и дали ќе се обрати до крајбрежната стража за да ги забрани бродовите како што направи минатата ...

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, организираше крводарителска акција по повод одбележување на 19 години од постоење на претпријатието. Како што информираат оттаму, акцијата која се организира четврт пат по ред, се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија. Вработени и граѓани доброволно даруваа крв, уште еднаш потврдувајќи дека хуманоста и општествената одговорност се составен дел од работењето на ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), укажуваат на одредени формулации во Резолуцијата за миграцијата поднесена од партиите што се дел од владината коалиција до Собранието, кои се однесуваат на јавниот говор и медиумското известување, наведено е во заедничкото соопштение. „Сакаме да подвлечеме дека не навлегуваме во политичката, безбедносната или стратешката суштина на ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на ...

Малолетник кој учи во основно училиште во општина Гази Баба, бил физички нападнат од тројца негови соученици, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 15 декември во 11:30 часот во СВР Скопје, А.Џ. (37) од Скопје пријави дека еден ден претходно околу 12 часот, пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, ...

За да се утврдат околностите и да се расветли случајот со смрт на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство, министерот за здравство Азир Алиу иницирал вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор, соопштија денеска во Министерството за здравство. Оваа најава следува по објавата на „Слободен печат“ за смртта на бебето. „Изразуваме сочувство до родителите и ...

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка од функцијата. Одлуката Коцевски ја соопшти денеска на прес конференција во Обвинителството, пред да започне собраниската седница на која на дневен ред беше точката со предлогот на Владата за негово разрешување. Коцевски посочи дека неговата одлука да се повлече од функцијата ја доставил писмено и до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со барање на седницата да се потврди престанокот ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, за 2024 година, при што се воздржа од изразување на мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и изрази неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, наведено е во последниот извештај на ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи и изразува сериозна загриженост поради бавноста на процесот. Од таму посочуваат дека иако активно учествувале во работната група формирана од Министерството за правда која одржала 15 состаноци и две јавни дебати уште во декември 2023 година, процесот и понатаму неоправдано доцни. Граѓанските организации предупредуваат дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си поради уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“. Трамп го обвини емитувачот за клевета и за кршење на законот за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, но ги отфрли неговите барања за надомест и не се согласи дека постои каква било основа ...

Фирмата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „Афинити партнерс“, потврди за „Волстрит џурнал“ дека се повлекува од проектот за купување на зградата на Генералштабот во Белград, откако проектот предизвика протести. Како што наведоа, го прават тоа од почит кон народот на Србија и Белград, бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да ...

Европа е подготвена да предводи мултинационални сили во Украина како дел од предлогот на САД за мировен договор меѓу Русија и Украина, изјавија европските лидери. Во соопштението, лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и осум други европски земји изјавија дека европските војници со поддршка на САД би можеле да помогнат во регенерацијата на украинските сили, во обезбедувањето на небото на Украина и во поддршката на побезбедните ...

Од денеска, 15 декември 2025 година, Виз ер официјално ја воведе новата директна авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Прага. Првиот лет на оваа релација полета во 14:20 часот. Отпочнувањето на новата линија беше одбележано со заедничка прес-конференција на која учествуваа генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, министерката Сања Божиновска и претставници на Виз ер. Според ...

Откако Порталб.мк ја објави понудата што ја прими Општина Тетово од ‘Ана Агро’ за третман на бездомните кучиња, според која што цената за третманот на едно куче достигнуваше до 23.600 денари, што е неколкукратно повисока од понудите во неколку други градови. Денес, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, на прашањето за овие цени, се оправда и рече дека договорот е потпишан со пониски цени од прифатената понуда. Но, и покрај ова, ...

Македонски пејачи ќе бидат ѕвездите на новогодишниот дочек, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека нема да има огномет. Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Огњан Здравсковски, Пајак, Лара, Два Бона и Тина Перовска ќе настапат на забавата на 31 декември на плоштадот „Македонија“, што ќе го организира Државната видеолотарија. Градот Скопје ќе плати за украсувањето, кое ќе чини 70.000 евра. Вечерва на посебна ...

Да одиш на работа со сопствен автомобил е непримерно, па дури и срамота, вели младата Александра од Скопје која веќе неколку години живее и работи во Германија, Хамбург. Градот со 1,8 милиони жители буквално пулсира во текот на цело деноноќие. Мобилноста на жителите на овој втор по големина град во Германија ја овозможува беспрекорниот јавен превоз – подземен и надземен. Познатиот „Дојчланд тикет“ ги отвара вратите на сите видови превоз на ...

Училиштата во Делхи и околните области ја префрлија наставата онлајн, а градежните работи се забранети поради екстремно опасен квалитет на воздухот, објави Би-би-си. Утрово густ смог го обви Делхи, значително намалувајќи ја видливоста и предизвикувајќи доцнења на летови и железнички линии. Индексот за квалитет на воздухот (AQI) достигна просечна вредност од 471, според владината апликација „Сафар“, што е повеќе од 30 пати над границата ...

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од октомври до 13 декември, осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон ...

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на ...

По 35 години, производителот на роботската правосмукалка позната како „Румба“ поднесе барање за заштита од банкрот. По предупредувањата издадени претходно оваа година дека брзо им снемуваат опции, iRobot велат дека влегуваат во заштита од Поглавје 11 и дека ќе бидат купени од нивниот договорен производител, кинескиот Picea Robotics, пренесува медиумт Verge. Компанијата вели дека ќе продолжи да работи „без очекувано нарушување на ...

Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Скопје и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на телеметриската сеизмолошка мрежа преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, земјотресот го регистрираше во 7 часот и 20 минути. Епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје во Урошевац, на 124 км северно од ...

Џими Лаи, медиумскиот могул од Хонг Конг и критичар на Кина, денеска беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за заговор за дослух со странски сили и една точка од обвинението за бунт според законот за национална безбедност наметнат од Кина, што може да го одведе во затвор доживотно. Пресудата е најновата пресвртница за милионерот кој сам го стекнал богатството, кој одби да молчи по репресијата на Пекинг по масовните протести во ...

Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, вети дека ќе воведе построги закони за контрола на оружјето по смртта на 15 лица на плажата Бонди на првиот ден од еврејскиот фестивал Ханука. Татко и син беа идентификувани како наводни стрелци во терористичкиот напад во Сиднеј во неделата вечерта, во кој загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи едно дете. Еден од вооружените лица беше потврден и како мртов. Ова беше најлошото масовно пукање во Австралија ...

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно 5 деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Сите петмина, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо ...

Најмалку 12 лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, се убиени во масовен напад со огнено оружје што се случи во Сиднеј, за време на настан по повод Ханука. Австралиската полиција нападот официјално го прогласи за терористички инцидент, објави Гардијан. Премиерот на сојузната држава Нов Јужен Велс, Крис Минс, соопшти дека меѓу загинатите има и лице за кое се верува дека е еден од напаѓачите. Вториот осомничен напаѓач е во критична состојба, ...

Уште од почетокот на декември во Скопје влезе во фаза на тестирање системот со камери „Безбеден Град“, кој ги детектира прекршоците во сообраќајот и граѓаните веднаш добиваат известувања за прекршоците и казните (кои ќе почнат да се применуваат од јануари 2026 година) преку СМС пораки и е-маил адреси. Меѓутоа, овие известувања отворија голема дилема затоа што известувањата завршуваат и на погрешни броеви и е-маил адреси, поради што граѓаните ...

Во Тетово третманот на едно куче чини 23.600 денари, цената е многу пати повисока во споредба со понудите што ги прифатиле градовите како Струга, Кичево, Охрид и Гостивар. Ова е понудата што Општина Тетово ја прифатила од Здружението „Ана Агро“ со кое потпишала договор. Ваквиот договор отвора дилеми за финансиска злоупотреба, имајќи го предвид и фактот дека „Ана Агро“ досега добила тендери само од Општина Тетово, пишува Порталб.мк. На 5 ...

Покрај финансиските бариери, Македонија се соочува и со сериозни структурни предизвици – опаѓање на стапките на имунизација кај децата, намалување на очекуваното траење на животот поради пандемијата, висок товар од незаразни болести, висока преваленца на пушење, како и иселување и стареење на здравствените работници. Овие фактори дополнително го усложнуваат обезбедувањето правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани. ...

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Камерите во Скопје се тактика за собирање пари. Подмолно. Доколку некој вози прописно, нема да добие казна. Целта не е собирање пари туку да се воведе ред во сообраќајниот хаос и да се намали бројот на жртви во сообраќајот, како и да се воведе унифициран систем кој ќе зависи од машина и ќе биде непристрасен, објави Вистиномер. Системот „безбеден град“ е во фаза на напредно ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Калај

52.70