Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните скандали и огромното незадоволство кај земјоделците. Со интерпелацијата се бараше политичка одговорност и оставка од Трипуновски. Владејачкото мнозинство ја квалификува интерпелацијата како ...
Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите ...
Според изворот, американските залихи на оружје и муниција се намалуваат поради агресијата врз Иран и другите неодамнешни воени дејствија. Затоа, администрацијата сака да соработува со производителите за да најде начин што побрзо да ги обнови залихите и да ги зголеми производствените капацитети со цел да одговори на сегашните и идните потреби. Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната против Иран е „далеку од ...
Истовремено постојат сугестии од неговата владејачка Српска напредна партија дека треба да ја продолжи својата политичка кариера како премиер, со оглед на тоа што според Уставот, не може да се кандидира за претседател трет пат. На прашањето дали планира да поднесе оставка за три до четири месеци, Вучиќ за Радио Белград кажа „можеби дури и порано“ и дека секој ден размислува да се кандидира за премиер. „И нема да им кажам на луѓето дека го ...
Како што соопштија попладнево од МВР, делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, предводена од помошник на министерот, м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржала работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот била пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата, Клевис ...
„Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. За да им дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам“, изјави претседателката Сиљановска – Давкова. Македонската делегација ...
Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што следува редовната зимска пауза. Вториот круг од натпреварите во домашното првенство продолжува на 13 февруари, 2027 година, а последното 36. коло во шампионатот е на програмата на 23. мај. Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што ...
Од таму информираат дека дел од новоименуваните претседатели се искусни кадри со придонес во локалните заедници, додека дел се нови лица кои, како што велат, ќе донесат свежина и нова динамика во работата на општинските комитети. Партијата нагласува дека со овие кадровски промени продолжува со своите активности насочени кон подобрување на животот на граѓаните на локално и централно ниво. Во продолжение се објавени новите претседатели на ...
„И најлесниот начин на кој ние можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања е доколку Бугарија ги отвори вратите и дозволи ние да ги почнеме преговорите и да знаеме дека сите предизвици може да се решат, но да бидат принципиелни предизвици. А за прашања, ќе повторам, поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, оваа Влада не е подготвена ниту да преговара ниту да разговара за нив“, рече Муцунски. Како што јави ...
АРБУ претставува најобемна анализа на високото образование во регионот досега. Рангирањето опфаќа 324 универзитети и високообразовни институции од осум балкански држави, повеќе од 33.000 професори и истражувачи и над 19,7 милиони научни цитати регистрирани на Гугл сколар (Google Scholar). Со тоа, за првпат е создадена единствена регионална база на податоци која овозможува директна споредба на научните перформанси на универзитетите и ...
Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, како што јави известувачот на МИА, таа предупредила на потребата од дебалканизација преку европеизација. Сиљановска-Давкова истакнала дека европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави ...
Случајот предизвика големо внимание бидејќи Советот на ЕУ одбива да открие која држава го поднела приговорот, но и да го објави образложението. Единственото официјално објаснување е дека станува збор за „многу чувствителен процес на донесување одлуки“ и дека откривањето на деталите би можело да влијае врз постапката. Според јавно достапните информации, Бугарија предложила нејзината прва комеморативна монета од две евра да биде посветена на ...
Македонија од вториот шешир ќе биде влечена во денешната ждрепка, а тоа значи дека нема да играме против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Овие земји се исто така во вториот барабан. Шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина Шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија Шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, ...
Македонија добро го почна дуелот, поведовме со 1-0 благодарение на победа на Калин Ивановски над Иља Снитари, беше 4-6, 6-3 и 6-1 за нашиот тенисер. Во вториот меч Олег Приходко го доби првиот сет во тај брејкот со 10-8 на поени што значеше и водство за македонскиот тим. И во вториот сет продолжи предноста со еден брејк, но по петтиот гем Приходко побара медицинска помош и проблемот со грчевите траеше до крајот на мечот. Вториот сет заврши со ...
Македонската Дејвис Куп репрезентација ги дозна своите ривали во рамките на натпреварите од Третата Европска група. По поразот од Кипар на почетокот на годината, нашите тенисери добиваат нова можност за пласман во Втората Светска група, благодарение на новиот формат на натпреварување. Турнирот ќе се одржи во Кишињев, Молдавија, каде ќе настапат осум репрезентации поделени во две групи од по четири тима. Македонија е сместена во групата Б, ...
Станува збор за високо токсичен инсектицид, одамна забранет за употреба и за увоз во земјите на ЕУ и во Македонија, поради неговата енормна токсичност и можност за злоупотреби, најмногу со цел да се трујат животни, се вели во соопштението од ЈП „Лајка“. Оттаму потестија дека во Расадник такво масовно труење имаше на 15 мај, кога угинаа повеќе домашни и улични кучиња и мачки, а отровот беше расфрлан и пред влезови од зградите. „По ова, совесни ...
Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. „ФК Вардар се казнува со 17.000 евра поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК Шкендија“, соопшти ФФМ. Оваа казна доаѓа по вчерашната информација дека УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради лошо финансиско работење во сезоната 2023/24. Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. „ФК Вардар се казнува со ...
Според соопштението на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), целите на нападите биле американските воени бази во Јордан, Кувајт и Бахреин. Техеран вели дека нападите биле извршени како одговор на претходните американски воени напади врз ирански цели. Од друга страна, американски функционер изјави за Ројтерс дека прелиминарните проценки покажуваат дека речиси сите ирански ракети и беспилотни летала биле успешно пресретнати од воздушната ...
Како што истакна на прес-конференција тие се потребни за пополнување на работните места возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и пренаменети во противпожарни возила); оператори на противпожарните пумпи вградени на специјалните противпожарни возила; и оператори со противпожарни водни ранци и метли. „Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејки ги пожарите на ...
„Понекогаш се враќаат“ е шестиот роман на Дурацовски и тематски се фокусира на една куќа како симболичен простор низ кој минуваат различни животи и судбини, испреплетени со сеќавања, предмети и внатрешни светови. Делото обработува мотиви на враќање кон корените, провинцијата, самотијата и времето како трајна категорија. Особеност на романот е што има два завршетоци – еден во самата книга и друг отпечатен на задната корица. Со ова дело, ...
Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп ги повтори тврдењата дека иранската војска е „целосен и апсолутен хаос“ и тврди дека иранската морнарица и воздухопловни сили „практично повеќе не постојат“. „Тие се целосно поразени. Иран е само разговор без акција. Насилникот од Блискиот Исток е МРТОВ!!!“, напиша Трамп. Тој додаде дека Иран „предолго одложувал“ во постигнувањето договор кој, според него, би бил поволен за нив и рече: „Сега ќе ...
После многу настапи низ цела Европа, како и последниот во Даблин, Алембик го промовираат нивниот нов албум во Скопје! Премиерната концерна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот. Во новиот албум тие соработуваат со Андреа Мирческа на бас, Драган Теодосиев на тапани и Филип Ефински како гостин на неколку песни. Албумот е посветен ...
На денешниот брифинт со новинарите, Масар Омерагиќ зборуваше и за казната на Вардар од УЕФА поради лошо финансиско работење. „УЕФА нѐ конктактираше и истрагата траеше пет-шест месеци. Ова не е нешто врз кое може да влијае ФФМ. Федерацијата е чиста и нема никаква врска со рејтингот. УЕФА донесе ваква одлука, таа можеше да биде и полаша и Вардар да не игра во Европа. Паричната казна е висока, но добро е што нема елиминација“, рече Омерагиќ. ...
Пезешкијан рече дека сегашната ситуација на долготрајна тензија без формална војна или мир не е одржлива и дека треба да се најде политичко решение. Според него, таквата ситуација мора да се реши, што укажува на потребата од преговори како единствен излез од сегашната фаза. „Ако сакаме да излеземе од состојбата ниту војна ниту мир, што треба да правиме? Ако не разговараме, која е алтернативата?“, рече Пезешкијан. Тој додаде дека врз основа на ...
„Дефинитивно, остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски. Тоа е земјиште, кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница 8 Септември. Тука ни се ПЕТ-центарот и Поликлиниката Букурешт и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс“, рече премиерот ...
Во новата академска година, Хајделберг Факултет во Скопје запишува вкупно 30 студенти на студиската програма Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг, од кои 25 редовни и 5 вонредни студенти. Наставата се реализира на македонски и англиски јазик, а студиите траат шест семестри, од кои еден семестар се реализира во Германија. Како прва германска високообразовна установа од овој тип во Македонија, Хајделберг Факултет во ...
Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море. „Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови три станици, Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници, три подвозници. Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот, ова ќе биде железница на која ...
Македонски телеком оди чекор понапред и опремува пет училишта низ Македонија со компјутерска опрема. Првата донација на компјутери се реализира во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што се одржа и настан за почеток на проектот. „Имаме заедничка одговорност да им обезбедиме на децата пристап до знаења и вештини што ќе им бидат потребни во современиот свет. Преку овој проект, а и преку донацијата на компјутери, сакаме да создадеме ...
Како што информираат од Царинската управа, во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата, како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово ќе ...
„Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи во некое училиште, можеби во рурална средина или во училиште со послаба техничка опременост, учениците да останат без свидетелства, за овие три одделенија воведовме систем што може да се нарече хибриден. Од следната година свидетелствата ќе бидат целосно дигитални“, изјави денеска Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот ...