Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на потребата од подобрување на координацијата и размената на информации меѓу двете институции. Притоа биле разгледани можностите за поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал, со посебен фокус на унапредување на спроведувањето на финансиските истраги. Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на ...

За повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел изборниот екстерен предмет матуранти го полагаа на 6 јуни. Од вкупно пријавени 14.587 ученици за полагање на матурата, 12.184 ...

Дизајнот е инспириран од прекарот „Босанскиот змеј“ и вклучува рачно изработени елементи во сина боја, со босанското знаме и детали изведени со 18-каратно течно злато – симбол на големината, лидерството и наследството што Џеко го остава зад себе. „Един е еден од најголемите спортисти што излегле од Балканот – капитен, лидер и, пред сè, одличен човек. Особено ми е драго што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој беше на самиот врв ...

Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. „Ова претставува 92 отсто реализација на кредитната линија што ја обезбеди Владата од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства ...

Претседателката на комисијата, Жаклина Пешевска рече дека по исцрпните дискусии изнесени на јавната расправа одржана на тема „Имплементација на конвенцијата на советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство односно истанбулската конвенција“ предлага да се донесат заклучоците, меѓу кои и редизијанирање на координативното тело со експертски пристап, законска одговорност и квартално известување за ...

Претставниците на секторот и вработените упатија силен и недвосмислен апел до пратениците целосно да го отфрлат ова законско решение, кое го оценија како деструктивно, монополско и штетно како за буџетот, така и за егзистенцијата на илјадници семејства. Пред присутните медиуми и собраните граѓани се обрати претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, кој потенцираше дека овој предлог закон означува свесна одлука на државата да доведе една целосно ...

По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за вработените и нивните семејства, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон луѓето кои се темел на нејзиниот успех. Во рамки на настанот беа доделени благодарници на вработени од различни сектори како признание за нивната посветеност, труд и долгогодишен придонес во развојот на компанијата. Прославата беше исполнета со бројни забавни содржини и активности за сите ...

Во сабота, во спортската сала „Јасмин“, со почеток од 11.00 часот, ќе биде место каде што граѓаните од Кавадарци и целиот тиквешки регион ќе имаат можност да бидат дел од динамична фитнес сесија, наменета за сите генерации и за различни нивоа на физичка подготвеност. Покрај Елена Бубало, која е заштитен знак на Ресет активностите, дел од сесијата ќе биде и Младен Тодоровски, инструктор и активен член на локалната фитнес заедница, кој со ...

Министерот Перински појасни дека по пет години од спроведувањето на Стратегијата, сосема е оправдано да се направи објективен пресек на постигнатото и таму каде што мерките даваат резултати, како што нагласи, да продолжиме со уште поголем интензитет, а таму каде се утврдени слабости и ограничени ефекти, да направиме соодветни корекции. Тоа е суштината на предложените измени и дополнувања кои се резултат на спроведена консултација со сите ...

Заинтересирани кандидати треба да приложат кратка биографија и мотивационо писмо до архивата на Кабинетот на претседателот или пo пошта на адреса на Кабинетот на претседателот со назнака „за јавен повик за волонтери”. Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи е пет работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страницата на претседателот, заклучно со 17.06.2026 година до 15 часот. Селекцијата на ...

Костадиновски посочува дека како претседател на Уставниот суд останува доследен на принципот да не коментира политички ставови и пораки изнесени во јавноста, но дека овојпат почувствувал обврска да реагира поради, како што наведува, личните дисквалификации и навреди упатени на негова адреса. Во реакцијата, претседателот на Уставниот суд изразува жалење што неговиот професионален и личен ангажман, како што вели, упорно добива политичка ...

„Само неколку минути дневно се доволни детето да слуша македонски, да игра, да се смее и да ја открива Македонија на забавен и современ начин. Првите зборови што детето ги учи се ‘мама’ и ‘тато’, а содржините во апликацијата се приспособени на возраста и јазичното ниво на секое дете – без разлика дали само го разбира македонскиот јазик, почнува да го говори или веќе го зборува течно. Наместо класичен пристап кон учењето, ‘Домче’ нуди игри, ...

Преку соопштение Арачиновци потврдија дека своите домашни натпревари идната сезона ќе ги играат на стадионот на Шкупи во Чаир. „Со задоволство објавуваме дека ФК Шкендија Харачина постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи за играње на сите локални натпревари за новата сезона на стадионот Чаир“, стои меѓудругото во соопштението на Шкендија Арачиново. На свој терен нема да игра ниту Шкендија Тетово. Тетовскиот стадион се ...

Опозицијата тврди дека земјоделците се соочуваат со намалени и неисплатени субвенции, пад на откупот и укинати мерки за поддршка, додека во Собранието започнува расправата за интерпелацијата на министерот за земјоделство. „Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Земјоделците не се соочуваат само со ...

Функцијата на органите кај човекот била одржувана речиси пет дена со согласност од неговото семејство, а во првите 24 часа немало знаци на отфрлање на органите, се наведува во студија објавена денес во списанието Мед. Повеќето процедури во кои свински орган се пресадува на човек – познати како ксенотрансплантација – вклучуваат само еден орган. Мал број луѓе досега примиле свински органи, вклучувајќи срца, бубрези, делови од црн дроб и бели ...

Македонскиот репрезентативен голман беше еден од најзаслужните за успешната сезона на Битигхајм, кој го освои второто место на табелата и обезбеди враќање во елитната Бундеслига. Томовски во текот на сезоната настапи на 31 натпревар и запиша вкупно 273 одбрани. Македонецот сезоната ја заврши со 31% успешност на одбранети удари, бројки кои му донесоа место меѓу најдобрите ракометари во лигата. Ова признание е уште една потврда за одличната ...

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 27 до 34 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и ...

Работилницата ја отвори членот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, пратеникот Димитар Ковачевски, кој во своето воведно обраќање ја истакна важноста на темата, ги поздрави присутните и изрази очекување за конструктивна и плодна дискусија. Претставниците на Светска банка посочија дека Светска банка и Владата на Швајцарија заеднички работат на прашања поврзани со јавниот долг во десет земји, меѓу кои е и оваа земја. ...

Резултатот беше отворен уште во осмата минута, а стрелец на голот беше Барко за водство на Аргентина од 1-0. Меси мечот го почна од клупата и во игра влезе дури во 70. минута. А веднаш, со својот прв допир на топката асистираше фантастично по што беше направен пенал. Messi literally 45 seconds after subbing on 🔥 pic.twitter.com/bTI3gv3mB4 — ESPN FC (@ESPNFC) June 10, 2026 Тој ја изведе најстрогата казна и постигна гол од белата точка за ...

Во изминатите десет месеци УЕФА правела ревизија во документацијата на Вардар и открила финансиски малверзации во минатите сезони. „За сезоната 23/24 Вардар е казнет со 250.000 евра од УЕФА и условна казна од три години да не се повтори делото. Поради двојни договори и фалсификати направени во таа сезона. УЕФА правеше 10 месеци ревизија во Вардар во изминатиот период“, кажа Неделковски на денешниот брифинг. Неделковски кажа дека случајот со ...

Компјутерска анализа откри потенцијални кандидати Американски истражувачки тим ја започнал својата работа со анализа на тоа како Алцхајмеровата болест ја менува активноста на гените во мозокот. Потоа ја пребарале медицинската база на податоци во потрага по лекови што би можеле да ги поништат тие промени. Со споредување на медицинската документација на пациенти кои ги земале тие лекови како дел од лекувањето на рак, забележале дека кај нив бил ...

Полагањето се спроведува во училиштата каде што се обезбедени сите законски и организациски услови, а дел од учениците, по барање на училиштата, полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска го посетија Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде полагаат учениците од СУГС „Васил ...

Концертот „Срцевина“ е замислен како средба на музиката и публиката во простор исполнет со енергија, сеќавања и нови приказни. Архангел ќе ги изведе песните што со години се дел од колективната меморија на неколку генерации, но и нови композиции што го најавуваат претстојниот албум. Настанот носи можност за заедничко доживување на музиката во нејзината најнепосредна форма – како искрена комуникација меѓу сцената и публиката. Пред ...

Јакимовски изјави дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и овластувања, туку затоа што на некого му пречам“, изјави Јакимовски. Тој посочи дека предметот се однесува на две бараки поставени во ...

Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се депонира во корист на државата и ќе служи како гаранција за обезбедување на неговото присуство во текот на кривичната постапка. Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на ...

Мијата го претстави својот нов музички проект „Ти биди СВОЈ“, песна што, како што вели, е „музичко парче од нејзината душа“ и природно продолжение на нејзината претходна авторска порака „Верувам во себе“. Новата композиција е целосно отсвирена во живо во студиото Подрумот во Скопје, а зад неа стои тим од македонски музичари, дополнет со интернационален придонес. Мијата ги потпишува вокалите, музиката, текстот и дел од аранжманот, додека на ...

Иранската фудбалска федерација соопшти дека е шокирана од одлуката да им се одземат влезниците за Светското првенство, само два дена пред почетокот на турнирот. Оваа одлука ги фрли во очај илјадници ирански навивачи кои веќе ги имаат испланирано своите патувања и сместување, а сега нема да можат да присуствуваат на натпреварите на својата репрезентација. Светското првенство започнува во четврток, а Иран своите први два натпревари во групата Г ...

Тој ги отфрла и наводите дека непосредно пред заминувањето од Македонија со семејството престојувал во хотел во Охрид кој го споменува Маленко во јавноста. Посочува дека, како што вели, тоа лесно може да се утврди преку тогашните обврски на членовите на неговото семејство, како и неговите бројни состаноци во Скопје во тој период. Во објавата се наведува и дека претходно, околу седум месеци пред тоа, престојувал во истиот хотел за време на ...

„Па, јас се надевам дека конечно ќе дојде ред и ние работниците да бидеме заштитени, затоа што за три месеци не зедовме ни плата, не зедовме ништо, никакви придонеси, ни беше укинато здравственото осигурување, значи немавме буквално ништо. Затоа бевме оставени без плата, без пари и да се снаоѓаме кој како може. Е, затоа очекуваме дека барем основата што треба државата да ја преземе за нас, како што е заштита на нашите права, плаќање на ...

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. „Пушењето е водечка причина за смртност и хронични болести во Република Македонија. Според податоците од Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.58
30%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.37
35%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.32
39%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.13
39%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.5
51%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.15
47%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.78
24%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.04
34%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.58
41%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Бакар

13.23

Калај

56.36

Сребро

2044.16

Кобалт

56.29

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50