Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
„Првпат процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе може да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните ...
Како што соопшти претседателскиот Кабинет, Сиљановска-Давкова изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право. „За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија“, пишува во соопштението. Тој изразил подготвеност од руска страна за отворена соработка и ...
За време на разговорот Ердоган предупредил дека нападите врз цивилни бродови во Црно Море ја поткопуваат регионалната стабилност. Тој нагласил дека конфликтот на Блискиот Исток не смее да се претвори во нова точка на ескалација во кризата меѓу Русија и Украина. Турскиот претседател истакнал и дека агресивните политики на израелската влада под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху мора да се спречат. Тој порачал дека не смеат да се дозволат ...
Патници од Босна и Херцеговина во тек на лет дознаа дека нивната репрезентација се пласираше на Светско првенство. „Еден од најубавите моменти во животот. Некаде над Германија, на лет кон Тузла, во авионот ја добивме информацијата дека нашата репрезентација се пласирала на Светското првенство“, стои во описот на видеото. View this post on Instagram A post shared by Melic Belmin (@melic___15) Патници од Босна и Херцеговина во тек на лет ...
Силекс демонстрираше моќ и со убедлива победа од 6-0 против Шкупи. Кратовчани уште од самиот старт покажаа дека се решени да го решат прашањето на победникот. Ади Алиќ го отвори резултатот во петтата минута, а само пет минути подоцна Мигел Пиреш зголеми на 2-0. До паузата Силекс веќе имаше сигурна предност од 3-0, откако Мартин Мирчевски беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме домаќините продолжија во ист ритам. Едис Бутуровиќ ...
Тој се бори за живот на интензивна нега во болница во Сабадел, во близина на Барселона, соопшти неговиот тим Каха Рурал-СегуросРГА. Тимот соопшти дека 23-годишниот Гуардењо учествувал во судир со возило за време на тренинг во вторник и наводно претрпел сериозни повреди на главата. Тој бил однесен во болница со хеликоптер, каде што неговата состојба се стабилизирала во последните часови, но останува критична. Гуардењо се натпреваруваше на Џиро ...
Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на роденденската прослава на театарот. Претставата ја раскажува приказната за Марија, востоличена како Мајка Божја, која во оваа сценска адаптација добива уште поинтимна, поблиска и покондензирана форма. Во осаменото мапирање на пејзажите на нејзините исповеди, Марија ја раскажува својата вистина за настаните, кои го ...
Во соопштението од Театар Штип се вели дека „Хаос” е современа драма, која преку силни ликови и напната атмосфера ја истражува човековата состојба, односите и границите на моралното и општествено прифатливото. Тоа е драма која преку интензивни дијалози и психолошка длабочина ги истражува кршливите човечки односи, моралните дилеми и притисокот на општествените норми. Во свет каде редот се распаѓа, ликовите се соочуваат со сопствените стравови ...
Додека се прикажуваа фотографиите и видео материјалите од куќата и дворот каде што е најдено телото на починатата Николова, обвинетиот Асанов коментираше дека „сѐ било шминка“. На претходните рочиште сведочеа инспектор од СВР-Штип, како и роднини на починатата. Според истрагата и наодите Николова последен пат е видена жива на 5 октомври 2025 година, кога излегла од домот на нејзината сестра. На 24 октомври е пријавена за исчезната, а на 10 ...
Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој рече дека ажурирањето се спровело од крајот на 2025 година во рамките на Националната платформа за лекови под водство на Министерството за здравство, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), а во процесот учествувале претставници од релевантни национални институции, академијата, пациентските организации и фармацевтската индустрија. Како основа, појасни министерот, е ...
Работата е речиси завршена, но пласманот во полуфиналето треба да се потврди утре. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ не остава ништо на случајот, сака максимален приод без разлика на убедливиот триумф на првиот меч. „Пет голови можат да се стигнат лесно. Олимпијакос минатата сезона на гости славеше кај Турд со пет голови разлика, а потоа загуби со четири на домашен терен. Ова е опасен резултат и мора да внимаваме. Дополнителен проблем се ...
Италијанската легенда реши да се повлече по новиот неуспех на „аѕурите“ да обезбедат место на Мундијалот, третпат во низа. „Со тешко срце, бидејќи не успеавме да ја оствариме целта што си ја поставивме, сметам дека моето време на клупата на репрезентацијата заврши. Дресот на „аѕурите“ е мојата највредна сопственост. Ми беше чест што можев да ја предводам репрезентацијата“, изјави Гатузо. Гатузо ја презеде селекторската функција за време на ...
Истражувањето, кое било презентирано на годишната научна сесија на Американскиот колеџ за кардиологија од 28 до 30 март, следело повеќе од 340.000 возрасни Британци помеѓу 2006 и 2022 година, а со анализа на смртните случаи од кардиоваскуларни заболувања, откриено е дека умерените консументи на вино имале 21 процент помал ризик од смрт од оваа болест отколку луѓето кои никогаш не пиеле или повремено пиеле вино. „Спротивно на тоа, дури и ...
Тој потсети дека аплицирањето за електронски изводи од матичните книги на родените, венчаните, умрените и потврдата за слободна брачна состојба се достапни на електронскиот портал uslugi.gov.mk, што значи дека и аплицирањето на порталот и добивањето на услугата се целосно електронски, а документот го добивате и во своето електронско поштенско сандаче, нешто што го промовиравме во декември минатата година, а го добивате и на својата ...
„Препорачуваме да почекате системот да достигне работна брзина пред да го користите“, им соопшти контролата на мисијата на астронаутите непосредно пред лансирањето. speaking of the Artemis II toilet, National Geographic and Christina Koch actually gave a tour of what it looks like https://t.co/AvLT08P1fy pic.twitter.com/VR2lN3UJpg — Sassington, M.C. (@MissSassbox) April 2, 2026 НАСА потроши повеќе од 23 милиони долари за решавање на овој ...
На денешното рочиште, вештакот одговараше на прашањата на одбраната на обвинетата онколог Симонида Црвенков, a вчера на прашања од одбраната на Нино Васев, која тврдеше дека вештачењето било направено без целосна медицинска документација и без почитување на македонските национални упатства за онколошки третман. Радосављевиќ одговори дека анализирал документација за 16 пациенти и дека кај повеќето забележал неправилно лекување и влошување на ...
Кампањата го носи името по истоимениот евергрин на Ристо Самарџиев, преку кој Проkредит банка ја отсликува близината, уникатноста и човечкиот пристап кои доаѓаат во форма на услуги преку новото дигитално решение. Новата мобилна апликација има за цел да ја промени перцепцијата дека банкарските процеси се бавни и достапни исклучиво на традиционален начин. Со Проkредит и нивната визија, дигиталното банкарство е сè подостапно, а показател за тоа ...
Во писмото за користењето на албанскиот јазик Ахмети вели дека стабилните и одржливи држави се изградени врз јасни принципи, врз големи политички договори и врз меѓусебно почитување меѓу граѓаните и народите што ги сочинуваат. Кога тие принципи се зачувани и зацврстени, државата се движи напред; кога се релативизираат, се отвораат непотребни дебати што не им служат на никого, посочува Ахмети. Според него, постојат теми што не се ниту ...
Повратот на ДДВ е зголемен за 17,3%, или вкупно кон стопанството се вратени 12 милјарди денари. Воедно, приходите од увозни давачки се повисоки за 9,1%. Раст е забележан и кај неданочните приходи од 16,4% во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период минатата година. На расходната страна, вкупните расходи изнесуваат 106,3 милјарди денари, што претставува раст од 18,4% споредено со првиот квартал минатата година. Особено значаен ...
Намалувањето на резервите на гориво и наглиот раст на цените ги принудуваат земјите низ светот да согоруваат јаглен, да воведуваат рационализација на гориво, да ја скратуваат работната недела и да им кажуваат на граѓаните да останат дома, пишува Гардијан. Снабдувањето со фосилни горива е намалено откако војната против Иран доведе до затворање на Ормускиот теснец, клучна поморска рута за нафта и гас што се транспортира по море. Недостатокот ...
Реакцијата на Синохидро доаѓа по изјавите на вицепремиерот Александар Николоски за проблеми со роковите на дел од изведувачите на овој проект. Од кинеската компанија сметаат дека ваквите тврдења не се во согласност со фактичката состојба. „Нашата компанија, како главен изведувач на проектот, избра два главни подизведувачи — Гранит со седиште во Скопје и Илинден Струга — да учествуваат во изградбата на проектот. Притоа, Гранит учествува во ...
Тој на денешниот настан во Стопанската комора посветен на зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор посочи дека целта е да се отвори простор за поширока соработка и да се изградат партнерства коишто ќе овозможат побрза и поефикасна имплементација, во корист на земјоделците и руралните средини. „Досегашните искуства јасно покажуваат дека консолидацијата носи реални придобивки – окрупнети ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштија од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција. „Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна ...
Цветановски во изјава за МИА вели дека засега нема добиено официјално решение за укинување на првостепената дисциплинска одлука и оти очекува првин да се запознае со утврдените пропусти пред да даде поконкретен став. – Сѐ уште немам добиено решение во однос на укинувањето на првостепената дисциплинска одлука. Имам решение само за укинување на суспензијата. Треба формално да ми биде доставено решението, да видам кои се пропустите што се ...
Тренерот на Челси, Лиам Росениор соопшти дека еден од капитените, Енцо Фернандез ќе биде суспендиран од клубот за следните два натпревари. „Зборував со Енцо, како клуб донесовме одлука и тој утре нама да биде на располагање, како и против Манчестер Сити следната недела“, рече Лиам Росениор на средбата со новинарите. „Разочарувачки е тој да коментира на таков начин. Како личност и карактер, немам лош збор за него, но сметам дека ја премина ...
Oдделението за заштита и мониторинг на Националниот парк Маврово на 60 локации низ територијата на паркот потави камери. Поставувањето на опремата, како што наведуваат од НП „Маврово“ е во согласност со законски надлежности и обврски и се однесуваат на заштита, унапредување и одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите. „На ваков начин ќе се следат дивите видови животни и нивната бројна состојба. Освен ...
Академијата претставува сеопфатна платформа за развој на менаџери, која ќе се реализира преку повеќе програми и активности во времетраење од 8 месеци, со цел воспоставување на јасни и заеднички стандарди на водење, одговорност и менаџерско однесување. Flex Group Leadership Academy оди чекор подалеку од класичните обуки, позиционирајќи се како референтна точка за лидерството во организацијата. Преку неа, се дефинира што значи да се биде ...
Ионака не се очекува Анчелоти да го повика Нејмар, но Бразилецот има уште неколку натпревари за да докаже дека заслужува повик, сепак тој самиот си ги урива шансите. Ноќеска против Ремо, Нејмар имаше асистенција, но во финишот направи глупост поради која ќе го пропушти дербито против Фламенго. Нејмар со својот понижувачки потег го навлече гневот на противникот од кој доби намерен и груб удар. Ѕвездата на Сантос реагираше бурно, веројатно и ...
Станков, нагласи дека согласно меѓународните стандарди, исто согласно резолуцијата која што минатата година беше донесена на Генералното собрание на Статистичката комисија во рамки на Обединетите нации, следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030-та година. „Државниот завод за статистика како сериозна институција започна со подготовки на следниот попис на население и започна со активности за ...
Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1.288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ, а податоците ги соопшти неговиот директор, проф. д-р Петар Атанасов, денеска на форум за вештачката интелигенција. Дваесет и четири проценти од прашаните ученици од осмо одделение поминуваат цел ден на мобилен, а тоа значи, рече Атанасов, дека тие живеат на ...