Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Натпреварот од третото коло на доигрувањето требаше да биде ракометен празник и големо дерби, ама гостинската екипа во Скопје допатува со втор тим. Само неколку од првотимците без голема стандардна минутажа беа во ростерот кој беше наполнет со младинци, а ниту на клупата на беше тренерот Борис Ројевиќ, туку Наум Бабачев. Причината беше јасна, Охрид чуваше сили и целосно беше насочен кон саботниот дуел од ЕХФ Купот. „Гладијаторите“ ги чека ...
Романот „Црна лисица“ е седми том од избраните дела на Миневски во издание на „Матица“. Документарна проза – роман за балканската политичка емиграција, кој на околу петстотини страници ја раскажува приказната за прогонствата, политичките убиства, полицискиот терор, малтретирањата, кодошењата, киднапирањата и затворањата на голем број македонски емигранти заминати од Македонија по Втората светска војна. Во ова дело за првпат се користени ...
„Програмскиот совет на МРТ заклучи дека со емитувањето на содржината на МРТВ2, е констатирано прекршување на посебните забрани од член 48 од Закон за АВМУ. Програмскиот совет го задолжува директорот на МРТ согласно законските надлежности да преземе соодветни активности и мерки за утврдување на одговорноста во врска со констатираното прекршување“, се вели во заклучокот на Програмскиот совет на МРТВ. Постапката е во тек, велат одговорните на ...
Во секторот Рударство и вадење камен намалувањето е 6,3 %, во секторот Преработувачка индустрија 3,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,4 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година, се намалил во групите Енергија за 2,4 %, Капитални производи за 4,5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 % и Интермедијарни производи, освен ...
Според Обвинителството, осомничениот 31-годишник, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. „Постапката е резултат на предистражни дејствија на Јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои ...
Делегацијата во Атина се сретна со претседателката на Судот за ревизија, Сотириа Тоуни, и заменик-генералниот јавен обвинител Антонис Никитанис, при што беше презентирана улогата и мисијата на оваа институција, основана во 1829 година. Посебен акцент беше ставен на надлежностите во областа на јавните финансии, превентивната контрола на јавните набавки, како и советодавната функција на судот во однос на договорите што ги склучуваат државните ...
Издавачката куќа информира дека монографијата претставува теориско преиспитување на делото на Мисирков, со настојување да се нагласи неговата теориска длабочина и далекосежност во контекст на современите дебати за нацијата и идентитетот. „Оваа научна студија го реевалуира и реконцептуализира Мисирков низ социолошка перспектива, интерпретирајќи ги неговите текстови како политички и културни сведоштва, но и како аналитички обиди за разбирање на ...
Макрон, по состанокот во Сеул, ја истакна потребата од соработка меѓу двете земји со цел да се придонесе кон деескалација на тензиите на Блискиот Исток и да се обезбеди безбеден премин низ Ормускиот теснец, пренесува Асошиејтед прес (АП). Ли наведе дека двајцата лидери ја потврдиле подготвеноста за соработка заради обезбедување безбедни поморски рути во Ормускиот теснец. Детали за конкретните чекори не беа соопштени, а лидерите не одговараа ...
Ирина Јаневска од АРНО истакна дека проектот ЕИЦЕЕ претставува стратешка иницијатива за воспоставување на мрежа за циркуларна економија. Покрај подготовката на национални извештаи и научни трудови за јавни политики, клучниот придонес на проектот е создавањето на уникатна регионална инфраструктура. Мрежата вклучува: „I2 Makerspace“ во Подгорица за еко-дизајн и 3R решенија, центар за рециклирање електронски отпад во Пеќ, „Дели центар“ во Ниш за ...
Оваа година во оваа зона се десет репрезентации, но системот на натпреварување е променет. „Годинашново издание е со десет репрезентации (7 од Европа, 3 од Африка). Ние ќе настапиме со подмладен состав. Ќе настапиме со: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска. Мечевите треба да се играат на отворено и на земјена подлога. Имавме добри подготовки, а девојките добро тренираа и пред сè имаме добра атмосфера. Ние сме ...
Како што наведуваат од Охрид СОС во забелешните на предложениот закон, составот на Комисијата во која членуваат избраници на министрите и општински бирократи ја поткопува нејзината функција како стручно и независно тело и не може да го гарантира интегритетот и независноста потребна за управување со светското наследство. „Без редефинирано, експертско и независно членство на Комисијата, законот ќе остане формален и неефикасен, неспособен да ...
Оваа оценка се однесува на состојбата на целата индустрија, а не конкретно на Енвидиа. Хуанг посочи дека системи од вакво ниво би можеле да се користат за управување со компании. Како пример, тој ја наведе платформата ОпенКлоу, отворен систем од агенти со вештачка интелигенција кои можат автономно да извршуваат задачи. JUST IN: Nvidia $NVDA CEO Jensen Huang says “we’ve achieved AGI.” pic.twitter.com/wDsliLU2OE — Watcher.Guru (@WatcherGuru) ...
„Веќе неколку дена се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки со ширина од 2,5 до 3 метри и должина 5 километри, со што значително се подобрува безбедноста и удобноста за сите посетители. Дополнително, издаден е налог до ЈП Паркови и зеленило за целосна реконструкција на урбаната опрема – обновување на клупите, кантите, мостчињата, патеките и останатите елементи, со цел Водно да ...
Според него, ова е нешто што до сега се нема случено на ваков начин во држава Македонија, од осамостојувањето, па до денес. Тоа што особено го радува, вели Јовевски во гостување на Њузмакс, е што на ова прашање му се пристапува системски и што се остава простор за зголемување на платите и во иднина, а не само еднократно. Така што, нагласува професорот Јовевски, ова нешто е поинакво и покажува дека Македонија е веќе лидер во колективното ...
„Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Од Кривичниот суд, воедно, информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор. Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд ...
Тој при тоа укажа на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите, додека одбраната тврдеше дека не му била доставена целосната документација. Радославевиќ, кој го работел медицинското вештачење за Обвинителството, на денешното рочиште за случајот „Онкологија 1“, одговараше на вкрстени прашања од првообвинетиот Нино Васев и неговите бранители, кои беа во насока на тоа дали и со кои испитувања и анализи за конкретни пациентите пред ...
Меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“, иницирана од Амбасадата на Шведска во нашата земја и реализирана во партнерство со Канцеларијата на Амбасадата на Литванија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка, Македонското модно здружение и со поддршка на Нордискиот совет на министри, не остана на ниво на концепт. Таа се случи низ необичен процес. Десет дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и ...
Најилустративниот пример наведен во извештајот доаѓа од врвот на власта односно случајот со Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделство кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, скриени под седиште во автомобил. „Според информациите од МВР, осомничениот, во својство на службено лице, преку шпедитер индиректно побарал поткуп од сопственик на фирма што се занимава со ...
На средбата, како што информираат од МЖСПП, било истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа паркот преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот уникатен екосистем. Преспа била оценета како природно богатство од исклучително значење за целиот регион. Министерот Хоџа изразил благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и ја нагласил важноста од понатамошно унапредување на ...
„Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира“, информираа од јавното претпријатие. Известување за превривање на водата за пиење испратија и од неготински „Комуналец“. „Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во ...
Беше договорено од страна на УЈП да бидат организирани обуки со цел запознавање на студентите со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата Ворк енд травел (Work and Travel). Обуките ќе започнат од понеделник. Ќе бидат изготвени видео материјали и флаери кои ќе бидат дистрибуирани на студентите. Врз основа на пројавениот интерес од страна на претставниците на УСС – УКИМ, видео ...
Концертот ќе биде еден вид сублимат на ето она што „Мизар“ досега го работел. Под мотото „Најдоброто од Македонија“, бендот ќе изведе селекција од своите најзначајни песни од различни творечки фази, а на сцената ќе им се придружат и специјални гости, музичари кои низ 45-годишната историја биле дел од нивниот звук и приказна. На концертот ќе бидат изведени теми од албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат дримс”, „Детето и белото море“, ...
Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин во интервју за „Газета дело Спорт“ зборувал за проблемите со кои се соочува Италија и дека постои можност да ѝ ја одземе организацијата на Европското првенство (ЕП) во 2032 година. ЕП 2032 треба да се одржи во Италија и Турција, а проблемите се јавуваат на Апенините каде што само два стадиони ги задоволуваат 100 отсто стандардите на УЕФА и ФИФА, а тие се во Торино и ...
Новата претседателка на ДФРМ, Марија Димитрова, доаѓа на оваа функција со богато професионално искуство и достигнувања во продукцискиот дел на филмската уметност. Димитрова е дипломиран продуцент од Факултетот за драмски уметности – Скопје, но и дипломиран инженер по информатика од Природно-математичкиот факултет – Скопје. Со филмска продукција активно се занимава од 2013 година и зад себе има богато искуство во создавање пократки и ...
Во гостување на ТВ21, тој објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија. Андоновски објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија. „За роамингот ветив – ќе бидеме прва држава која ќе ги исполни задачите. Тоа значи нема да плаќаме дополнително кога сме во ЕУ. Балканскиот модел на ...
Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ ја отвори програмата со колекции реализирани од студентите Рејхана Винца, Мирадије Селими и Дорунтина Каштанјева. Нивните дела функционираа како заокружени и зрели изрази. Беше присутна јасна конструкција, прецизна контрола на силуетата и изразено чувство за материјал, што не остава простор за случајност. Ова не беше само презентација на потенцијал, туку убедлив доказ за веќе изградена и цврста ...
Изложбата ги претставува економските, политичките и општествените текови на Балканот во периодот од 14 до 17 век. Преку монети ковани во скопската и кратовската монетарница, посетителите добиваат можност да се запознаат со богатото културно наследство од отоманскиот период. Поставката е дел од поширок проект кој вклучува и промоција на двојазичната монографија „Патувањето на парите“, која нуди научен и визуелен осврт на колекцијата. Настанот ...
Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Утре ќе се задржи променливо облачно време. Претежно во источните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата ...
Интересот за изборот останува на високо ниво, а значаен придонес во тоа има и заедничкиот ангажман на организаторите и партнерите во промоцијата на финалистите. Како и претходно, сите номинирани модели беа подеднакво претставени пред јавноста, овозможувајќи фер и транспарентен процес на гласање. Победници по категории По завршувањето на гласањето, познати се победниците во секоја од категориите: – Главна награда – Најпосакуван автомобил во ...
Во насловната улога Флорија Тоска ќе настапи Валентина Бои од Италија во улогата на Каварадоси, Миша Шешаберидзе од Грузија, а во улогата на Скарпија, Леон Ким од Јужна Кореја. Во другите улоги ќе настапат Игор Дурловски, Драган Ампов, Марјан Николовски, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет. MОБ за „Тоска“ наведува дека е брилијантно оркестриран оперски ...