Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Земјите од Европската Унија остануваат поделени околу целите за климатските промени што треба да се постигнат до 2040 година пред конференцијата КОП30 на Обединетите нации и сè уште дебатираат за ова прашање само неколку дена пред министрите на ЕУ да ги одобрат целите, според дипломатите и документите на ЕУ што ги видел Ројтерс. Амбасадорите на ЕУ што се состанаа во Брисел за да ги постават темелите за договор за климата денеска не успеаја да ги ...
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес спречи „потенцијален терористички напад“ во американската држава Мичиген и уапси повеќе лица, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател. Пател објави на платформата Икс дека ФБИ уапсило повеќе лица во Мичиген што планирале насилен напад за Ноќта на вештерките. Тој рече дека нападот бил спречен благодарение на агентите на ФБИ и органите за спроведување на законот, кои работеле деноноќно за да ја заштитат ...
„Денеска ја финишираме кампањата од овој втор круг, од овде во Центар, каде со центарци ќе имаме можност да поразговараме за сите оние потешкотии и проблеми со кои се соочуваат. Оваа кампања беше можност да се сретнам со граѓаните, не само во Центар, не само во Кисела Вода, туку со граѓаните од цело наше Скопје и да ги видиме проблемите со кои што реално сите живееме години наназад“, рече Ѓорѓиевски. Тој истакна дека низ кампањата имал можност ...
Средбата, по септемвриската телеконференција, беше најновиот знак за постепено подобрување на одбранбената комуникација меѓу двете страни, во услови на зголемени регионални тензии и зголемено распоредување на воени сили низ Источна Азија. Хегсет му рече на кинескиот министер за национална одбрана дека Соединетите Држави се загрижени за активностите на Кина во спорното Јужнокинеско Море и околу Тајван, рече тој во објава на Икс, опишувајќи го ...
Јувентус вчера го именуваше Лучано Спалети како наследник на Игор Тудор, стратегот попладнево беше промовиран пред новинарите. Неизбежно беше прашањето за неговата тетоважа од Наполи во чест на освоеното Скудето, негово прво во кариерата. „Оставив дел од себе во секој град. Во Неапол се случи нешто посебно, фантастично и важно Скудето. Воспоставив специјална врска со тие луѓе, и од моја страна нема ништо да се промени. Денес правев крвни ...
„Во недела, на 2 ноември, Ве повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ: излезете масовно и покажете ја вашата енергија, довербата и вербата во нашата визија. Да гласаме за број 2, за Максим Димитриевски во Куманово, број 2 за Мирослав Лабудовиќ во Центар и за број 9 за Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје и за сите кандидати на нашите владини партнери каде што нашата заедничка поддршка носи промена. Ве повикувам сите граѓани, ...
Американската администрација минатата недела воведе санкции врз двете големи руски државни нафтени компании, Роснефт и Лукоил, поради што руските купувачи на нафта во Индија, Кина и Централна Европа би можеле да бидат погодени од секундарни санкции. „Мораме да им дадеме до знаење на Американците за оваа чудна ситуација ако сакаме да бидеме ослободени од американските санкции против Русија“, изјави Орбан за државното радио. Тој рече дека и ...
Според него, во истото училиште, претходно вработените добиле директни пораки од директорот Шефи Ценка, кој им наредил да присуствуваат на митинзите организирани од Националната алијанса за Албанците. „Ова претставува отворена злоупотреба на службена должност, каде што јавните службеници се користат како политички инструмент. Овој случај е само врв на притисоци, закани и уцените. Во последните денови граѓаните на Струга се соочија и со други ...
„Ако се случи победата, ќе биде натпартиска, а и мандатот ќе биде таков. И да не победиме, иако сме сигурни дека во недела ќе славиме победа, веќе никогаш нема да можат да лажат дека гласањето за трети опции и независни кандидати не може да дојде до некоја физичка манифестација. Не. Еве волјата на оние кои се обидоа да гласат поинаку, еве ја во вториот круг. Нивното делегирање, на нивниот легитимитет, не донесе во вториот круг. Џабе им е. Ништо ...
Одлуката за одземање на лиценцата за работа на турската платформа за трансфер на пари „Папара“ беше објавена во Службениот весник на државата врз основа на одлуката на Агенцијата за регулирање и надзор на банкарството, објавија денеска повеќе турски портали за вести. Во одлуката на Централната банка на Турција се наведува дека повлекувањето на лиценцата е направено во согласност со Законот 6493 за системи за плаќање и обезбедување на средства, ...
Шпионскиот сателит со синтетички апертурен радар (САР) е закажан да биде лансиран околу 6 часот наутро по централно европско време во недела од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Сателитот е петтиот и последен воен сателит што ќе биде лансиран како дел од планот на Сеул за распоредување пет сателити до крајот на оваа година за да го прошири надзорот врз ...
Според Европската комисија (ЕК), со овој план се зајакнува безбедноста, се унапредува патот на земјите од Западниот Балкан кон интеграција во ЕУ и се гради побезбедна Европа. Со планот се предвидува зајакнување на соработката меѓу Унијата и земјите од регионот во нивно усогласување со законите на ЕУ за борба против тероризмот, во спречување на екстремизмот, поблиска соработка со Европол, во зајакнување на капацитетите за истражување на ...
„Овој процес нема да биде само тест на нашата правна подготвеност, туку и на нашата издржливост, професионалност и независност. Секој од нас е свесен дека ваквите предмети се следат со големо внимание од јавноста, но тоа само дополнително ја нагласува нашата одговорност да останеме доследни на принципите на правдата и владеењето на правото. Верувам дека како заедница на судии, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажеме дека судството ...
Николоски најави дека преку Јавното претпријатие за државни патишта во Крушево ќе се реализираат четири проекти. „Мене ми е драго што имаме бројни реализирани проекти и проекти во најава. Сакаме да направиме инфраструктурен ‘бум’ овде во Крушево, за да може економски да се развива. Можам да најавам дека преку ЈП за државни патишта ќе имаме четири големи проекти. Едниот е целосна рехабилитација на регионалниот пат од Кривогаштани до Крушево, ...
Како што соопштуваат од Министерството за јавна администрација, на протоколарната средба министерот Минчев изразил благодарност за континуираната поддршка на Кралството Шведска во реформските процеси и потенцирал дека овие партнерства се од суштинско значење за унапредување на квалитетот на јавните услуги и институционалната ефикасност. „Нашата цел е да изградиме јавна администрација која е сервис на граѓаните, професионална, транспарентна и ...
Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии. Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025 година. Заинтересираните студенти кои ги исполнуваат условите од ...
Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. „Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 ...
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk Во ...
По една деценија, „Златната копачка“ се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, оваа престижна индивидуална награда за најдобар стрелец попладнево му беше доделена на Килијан Мбапе. Французинот стана само третиот играч на Реал Мадрид, по Уго Санчез (38 погодоци во 1989/90) и Кристијано Роналдо (48 погодоци во 2014/15) кој ја заврши сезоната како најдобар голгетер во Европа. „Задоволство е да се добие „Златната копачка“. Ви благодарам на сите. Ова е многу ...
Вселенската станица Тјангонг, со која работат тимови од три астронаути кои се менуваат на секои шест месеци, е круната на вселенската програма на Кина, која инвестираше милијарди долари во обид да ги стигне САД и Русија. Мисијата „Шенжоу-21“ би требало да полета во 23:44 часот по локално време во петок од Центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина, изјави Џанг Џингбо, портпарол на Кинеската вселенска агенција со екипаж (ЦМСА). ...
Враќањето на Трајковски во Палермо беше интересно за тамошните новинари кои веднаш му направија интервју на Македонецот. „Секогаш е чест да се добие повик од клубот за кој сте играле. Среќен сум што повторно сум во Палермо. Прекрасно е да се биде тука, да ги видам моите поранешни соиграчи и многу луѓе кои направија историја со овој клуб. Палермо е важен дел од мојата кариера и живот“, рече Трајковски. Македонецот се потсети на најубавиот момент ...
Станува збор за тематски регионален настан за мали и средни претпријатија. Присутните детектираа проблеми и разговараа околу можни дигитални решенија. Тие, исто како и лозарите кои се сретнаа претходно, имаа забелешки на одредени административни потешкотии. „Настанот е во насока на унапредување на конкурентноста на агро-прехранбениот сектор и забрзување на неговата дигитална трансформација, организиран од Сојузот на стопански комори на ...
„Согласно изборните правила да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот вечерва, во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во своите домови, лицата во казнено – поправни домови и во старските домови. Исто така сакаме да апелираме сите граѓани да можат слободно да го остварат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Гласањето е лично и тајно, така што во согласност со сите насоки, правила и процедури на ДИК да можат ...
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 часот Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 91,51 евра за мегават час, а на MEMO 90,83 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 140,20 евра за мегават час. Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 34,80 ...
Минатата сезона Варела ја мина во младинската екипа на Динамо Загреб, а оваа се пресели во првиот тим иако од пред само два дена наполни 17 години. Тој веќе има пет настапи во хрватската лига и два во Лига Европа каде со гол го спаси Динамо од пораз против Малме. Барселона за овој трансфер ќе плати пет милиони евра, плус можни уште 20 милиони евра во бонуси. Варела би требало да остане во Динамо Загреб до крајот на оваа сезона, а потоа да се ...
„Станува збор за најтранспарентни, најдемократски и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија. Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна дека и граѓаните се сведоци ...
Во секторот Преработувачка индустрија, во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на индустриското производство, а опаѓање од 2,5 проценти во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 1,7 проценти во рударство и вадење на камен. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, имаат одделите, ...
„Карпошани на овие избори избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на нашиот стартешки партнер САД, избраа да не поддржат човек којшто е осуден за криминал од прв степен од Основниот суд, и карпошани во првиот круг му дадоа огромна доверба на Сотир Лукровски, кој пред неговиот противкандидат води со 1500 гласа разлика. Претпоставувам дека останатите кандидати и политички чинители во Македонија исто така ќе се согласат со ова што ќе го ...
„Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0,8 проценти, а реално за 7,1 процент; трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12,1 процент, а реално за 7,6 проценти; трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7 ...
По повод 40-годишнината од формирањето на Шенген зоната, Европската Унија преку програмата „Откриј ја ЕУ“ им нуди единствена можност на 40.000 млади луѓе да ја истражат Европа, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен. „ЕУ нуди 40.000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен. Тие само треба да пополнат краток онлајн квиз на ...