Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
На 02/3.07.2026 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(19), Г.Љ.(38), М.Б.(22), Н.Т.(25), М.А.(40) сите од Скопје, Н.Ј.(22) од с. Сладуево, демирхисарско, В.С.(35) од Македонски Брод, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02.07.2026 полициски службеници од СВР ...
Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани, соопштуваат од УЈП. Во периодот јануари – јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Во месец јуни, во кој е забележан значителен раст на остварените приходи од даноци од ...
Молдавскиот премиер, Александру Мунтеану поднесе оставка, без да наведе конкретна причина за повлекувањето од функцијата. Мунтеану беше премиер од ноември изминатата година. Во објава на социјалните медиуми, тој истакна дека одлуката ја донел откако сфатил оти повеќе не може да го извршува мандатот во согласност со своите принципи и уверувања. Тој додаде дека ќе продолжи да и служи на својата земја од која било позиција, без разлика каде ќе ...
Непроценлива слика од Рембрант е украдена и покрај највисоките безбедносни мерки. Вирџинија Џин Бејкер (Кетрин Зета-Џонс), млада и привлечна истражителка за осигурителната компанија, е убедена дека таков потфат може да го изврши само еден крадец на светот. Нејзиниот шеф Хектор Круз (Вил Патон) се сомнева во нејзината теорија, но сепак ѝ дозволува да патува во Англија, каде што ќе стапи во контакт со Роберт Мек Мекдугал (Шон Конери), врвен ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза. Со овој гест, Министерството за спорт и Владата испратија јасна порака дека државата знае да ги препознае, вреднува и почитува спортските успеси кои испишуваат нови страници во ...
Фестивалот „Скопско лето“ продолжува со богата културна програма и овој викенд. Вечерва во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведена претставата „Теорема, леме“, во режија на Мирко Радоњиќ, според делото на Пјер Паоло Пазолини. Во сабота во Музејот на Град Скопје ќе биде прикажан документарниот филм „Шуплевски – ехо низ времето“, посветен на едно од најзначајните музички семејства во Македонија, а влезот е бесплатен. Во недела во ...
Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница. На дневен ред на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка. По завршување на оваа седница, ...
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со повремени ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера привеле четири лица од селото Обедник, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени оружје и муниција. Како што соопшти МВР, во 10:10 часот биле лишени од слобода Е.Р. (57) и Е.Р. (20). При претрес извршен со наредба од Основниот суд Битола, во нивниот дом биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција од различен калибар, како и други предмети. Претходно, во 09:45 ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче објави дека ќе го номинира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, вели Филипче кој смета дека Герасимовски може да ги зајакне партиските капацитети и да придонесе во градењето на, како што вели, уште посилен. СДСМ. ...
Европската комисија е подготвена да ги прераспредели средствата за реформи за Западен Балкан во корист на земјите кои се водечки во процесот, објави Еуроњуз. Црна Гора, Албанија и Македонија се најнапредни во процесот на пристапување, благодарение на домашните реформски агенди. Досега се ослободени околу 673 милиони евра од предвидените 6 милијарди. Корисниците имаат една година да ги исполнат условите пред средствата да бидат ...
Измените на Изборниот законик се заглавени. Спорно е електронското гласање на дијаспората. Власта ја повика опозицијата да се согласи на конструктивна дебата наместо на парламентарна опструкција, зашто Изборниот законик е дел од реформските обврски на Македонија. СДСМ обвини за обид за изборна кражба на гласови. Но, што велат од Агенцијата за иселеништво? Известува Александра Велинова Измените на Изборниот законик се заглавени. Спорно е ...
Jавноста е сè уште во шок од објавеното видео за извршеното насилство врз 12-годишното девојче во Aеродром. По извршениот разговор во полициска станица, МВР ќе поднесе кривични пријави за насилство, но и за запуштање и малтретирање малолетно лице. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска говореше за децата кои се во судир со законот. Ване Трајков известува. Jавноста е сè уште во шок од објавеното видео за извршеното ...
Привремената претседателка на Венецуела, Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот. Десетици илјади и натаму се водат за исчезнати, досега загинаа речиси 2.300 луѓе. Венецуела на 24 јуни беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени по Рихтер. Привремената претседателка на Венецуела, Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот. Десетици ...
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство, откако во Сан Франциско загуби од домаќинот САД со 2:0. Американците имаа иницијатива во поголемиот дел од натпреварот и успеаја да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме, кога Балогун ја затресе мрежата за водство од 1:0. Во вториот дел истиот играч доби директен црвен картон во 64. минута по груб старт, оставајќи ги САД со десетмина на теренот. Сепак, ...
Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 го назначи поранешниот репрезентативец Бранимир Ангеловски за нов тренер. 49-годишниот Ангеловски претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер на Еурофарм Пелистер. „Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција“, се наведува во клупското соопштение. Официјалната промоција на Ангеловски на клупата на ...
Русија изврши голем напад врз главниот град на Украина со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта. Интензивните гранатирања предизвикаа гласни експлозии и го тресеа Киев со часови. Пријавени жртви и повредени од двете страни на реката Днепар. Украинските разузнавачки служби претходно предупредија дека Русија подготвува уште еден масовен напад. „Имаме многу непријатни информации за уште една руска подготовка за масовен напад. Ги замолувам ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Неготино, каде ќе присуствува на отворањето на реконструираната улица „29 Ноември“. Во рамки на посетата, претседателот на Владата ќе изврши и увид во тековните градежни работи за изградба на нов кружен тек на крстосницата што ги поврзува улиците „Маршал Тито“, „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев“. Како што најавија од владината прес-служба, предвидено е ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Претпладне променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлини, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со ...
Вчера во 08:35 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив. Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР. Вчера во 08:35 ...
Законот за трансплантација помина во Собранието, во иднина секој полнолетен граѓанин кај својот матичен ќе може да се изјасни дали би бил потенцијален донор на органи. Ако се премисли, неговата волја ќе биде нотирана, важечката одлука е последната евидентирана во системот. Пристапот до податоци ќе биде ограничен и строго контролиран. Сите информации за евентуални злоупотреби се поради недоволна информираност. Во моментот на листата за орган ...
Законот за трансплантација го помина собранискиот филтер. Граѓаните ќе можат кај матичниот доктор да се изјаснат дали се согласуваат да донираат органи. Законот ќе им помогне и на оние кои чекаат бубрег или црн дроб, да добијат здрав орган од некој член од нивното семејство. Наташа Јанчиќ- Менковски ја следеше прес-конференцијата на министерот Алиу. Законот за трансплантација го помина собранискиот филтер. Граѓаните ќе можат кај матичниот ...
Политички пораки со поглед кон 2029-та. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да се кандидира за претседател на државата, го потврдува новиот владин состав со предлозите од ВРЕДИ и ЗНАМ и порачува дека е подготвен за измени во Изборниот законик – освен кога станува збор за електронското гласање на дијаспората. Известува Викторија Милевска Политички пораки со поглед кон 2029-та. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да се ...
Судењето за „Пулс“ продолжува со докази за институциите што требало да контролираат. Во судницата во „Идризово“ Обвинителството ги презентира материјалните докази за Државниот пазарен инспекторат – во процесот за пожарот кога загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Анита Димитријевска-Велковска го следи судењето. Судењето за „Пулс“ продолжува со докази за институциите што требало да контролираат. Во судницата во „Идризово“ Обвинителството ...
Ескалира конфликтот меѓу Авганистан и Пакистан, откако талибанските власти извршија напади долж границата како одговор на пакистански воздушни удари. Пакистанската армија тврди дека соборила дронови и дека цел биле милитанти. Кабул и Исламабад меѓусебно се обвинуваат за цивилни жртви. И покрај прекинот на огнот од минатата година, пограничниот регион останува нестабилен. Ескалира конфликтот меѓу Авганистан и Пакистан, откако талибанските ...
Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3,6 проценти, а реално е зголемена за 1,6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6,2 проценти и ...
Од денеска до 31 август во сила целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, мерка што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја воведува поради зголемената опасност од шумски пожари. Земјоделците и сточарите се повикуваат на посебна претпазливост, а на оние што ќе ја прекршат забраната им следуваат високи парични казни, од илјада и 500-ни до 2 илјади евра во денарска противвредност. Во овој период движењето ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Кисела Вода. Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектите од унгарскиот кредит, и тоа отворање на каналот и пешачката патека на Мала Рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Кисела Вода. Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ...