Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Експлозии го потресоа Дамаск за време на средбата на францускиот претседател Макрон со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара. Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 18 лица се повредени. Експлозиите се случиле во близина на хотелот „Фор Сизонс“, каде што наводно престојува Макрон. Француските власти изјавија дека претседателот Макрон е безбеден, а средба со ал-Шара е во тек. Двајцата лидери дискутираат за регионалната ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 19 часот ја лишиле од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, поради сомнение дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била укажана лекарска помош, додека осомничената била приведена и задржана во полициска станица. Полицијата го пронашла и го одзела предметот со кој е извршено ...
Позитивната листа проширена со три нови антикоагуланти лекови. Директорот на ФЗО, кој е предложен и за нов министер за здравство, Сашо Клековски, вели дека ова значи помал финансиски товар и за пациентите, но и за самиот фонд. Сепак, Клековски предупреди дека и премногу се користат лекови. Известува Наташа Јанчиќ-Менковски Позитивната листа проширена со три нови антикоагуланти лекови. Директорот на ФЗО, кој е предложен и за нов министер за ...
Хамас објави дека го распушта телото што владееше со Појасот Газа речиси две децении. Групата наведува дека одлуката е донесена во интерес на палестинскиот народ и потребата да се обезбеди ново административно решение. Откако во октомври изминатата година стапи на сила прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел, групата постојано изразуваше подготвеност да се повлече од оперативната надлежност, но чувствителното прашање за нивното разоружување ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека повеќе нема да настапува на Светските првенства, по поразот на Португалија од Шпанија со 1:0 во осминафиналето на Мундијалот. „Тажен сум што вака го завршив Светското првенство, но заминувам со чиста совест. Го дадов максимумот за мојата земја и сега ќе имам време да размислам за иднината со моето семејство“, изјави 41-годишниот Роналдо. Роналдо дебитираше на Светско првенство во ...
Во Собранието денеска ќе се одржи нова средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите на СДСМ и ДУИ за предлогот за поштенско гласање на дијаспората, а најавува дека е подготвена да прифати и една изборна единица. Меѓу спорните прашања остануваат и финансирањето на изборната кампања, како и начинот на гласање на дијаспората. Во собраниска процедура има околу ...
Иран отвори оган кон два комерцијални брода во Ормускиот теснец, вклучувајќи и катарски танкер за гас. Иранската државна телевизија објави дека танкерот ги игнорирал предупредувањата. Бродовите наводно претрпеле значителна штета од непознат проектил. Претседателот на САД, Трамп, изјави дека или ќе склучат договор со Иран или ќе ја завршат работата повторно заканувајќи се со воена акција. Се очекува преговорите меѓу Вашингтон и Техеран да ...
Шпанија ја продолжи победничката серија на Светското првенство, совладувајќи ја Португалија со 1:0 во осминафиналето. Решавачкиот гол го постигна Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само неколку минути по влегувањето во игра. Во четвртфиналето Шпанија ќе се соочи со Белгија, која претходно убедливо ги елиминираше САД со 4:1. Натпреварот е закажан за 10 јули. Фото: ФИФА Шпанија ја продолжи победничката серија на Светското ...
Белгија со сигурна игра и победа од 4:1 над домаќинот САД обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство. Двоен стрелец беше Шарл Де Кетелере, а во листата на стрелците се запишаа и Ханс Ванакен и Ромелу Лукаку. Единствениот гол за САД го постигна Малик Тилман. Во четвртфиналето Белгија ќе се сретне со Шпанија, која во осминафиналето ја елиминира Португалија со минимални 1:0. Натпреварот е закажан за 10 јули во Лос Анџелес. Денеска ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за ...
Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, соопштија од МВР. поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во с. Брвеница и во две џамии во Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР. Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, ...
Во Демократска Република Конго потврдени над 1.500 случаи ебола, од кои 500 починале како резултата на вирусот, соопшти Министерството за здравство на земјата. Според податоците на Светската здравствена организација, актуелната епидемија е поврзана со реткиот сој на вирусот ебола – Бундибугио. Од СЗО велат дека ризикот од меѓународно ширење на болеста засега е оценет како низок, но нагласи дека состојбата бара постојано и внимателно следење. ...
На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни ...
Кинеската војска тестираше балистичка ракета со долг дострел од нејзините нуклеарни подморници во Јужниот Пацифик, предизвикувајќи протести и загриженост од земјите во регионот. Австралиската шефица на дипломатијата изјави дека биле информирани за планираното тест-лансирање и го предупредиле Пекинг за дестабилизирачки акции во регионот. Од кинеското Министерството за одбрана велат дека лансирањето било дел од рутинска годишна обука, во ...
Институциите имаат обврска да го почитуваат Законот за употреба на македонскиот јазик, а неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Во Собранието надзорна расправа за нефункционална и недоследна примена на законските одредби. Опозицијата со критика оти недоволно е сработено во Инспекторатот и со лекторската дејност. Андријана Ѓурческа известува. Институциите имаат обврска да го почитуваат Законот за ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти во однос на претходната одлука. Според одлуката, цената на дизелот се зголемува за 2,50 денари по литар и ќе изнесува 82,50 денари. Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за по еден денар и ќе се продаваат по 85,50, односно 87,50 ...
Собранискиот спикер Гаши се согласува да има електронско гласање на избори, ако се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ставот го соопшти на неделниот брифинг со новинарите. Потврди, седницата за реконструкцијата на Владата е закажана за 13-ти јули. Но, дали ќе има компромис околу Изборниот законик?! Од Собранието известува Марина Стојанова-Тонева Собранискиот спикер Гаши се согласува да има електронско гласање на ...
Норвешка и Англија ќе се соочат во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал, откако ги минаа осминафиналните пресметки против Бразил, односно Мексико. Најголемото изненадување го приреди Норвешка, која го совлада петкратниот светски шампион Бразил со 2:1. Херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој со головите во 79. и 90. минута го однесе својот тим меѓу осумте најдобри селекции. Бразил во првото полувреме не искористи пенал, а ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашното издание на Macedonian Open во Скопје, освојувајќи ја втората титула на овој турнир, по успехот во 2023 година. Со оваа победа, Ивановски ја продолжи одличната серија по враќањето на терените, забележувајќи 13 победи на последните 14 натпревари, откако во јуни годинава повторно почна да настапува по едногодишната пауза поради повреда. „Се вратив по една година повреди со многу ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскет 2029 со максимален ефект, откако во последното коло ја совлада селекцијата на Луксембург со 80:66. Со шест победи во шест натпревари, Македонија убедливо го освои првото место во групата „А“. И покрај неколкуте кадровски промени, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал одиграа сигурен натпревар. Поради отсуство на Андреј ...
Група демонстранти излезе на улиците во Анкара, против претстојниот самит на лидерите на НАТО. Протестот беше организиран од левичарската Народноослободителна партија. Демонстрантите беа опколени од полицијата, а на неколку медиумски работници им беше кажано да се повлечат од местото на протестот. Главниот град на Турција се подготвува да биде домаќин на шефови на држави и влади од целиот свет, вклучувајќи го и претседателот на САД, Доналд ...
Вечерва, во Сули ан со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Вечер на романтични серенади“ во изведба на НУ Камерен оркестар на Битола. Проектот „Вечер на романтични серенади“ претставува концертна програма посветена на романтичниот музички израз, лириката и длабоката емоционалност во класичната музика. Замислен како суптилно, елегантно и уметнички заокружено музичко доживување, концертот има за цел да ја доближи до публиката ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево ...
Денеска ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинителството продолжува со изведување на доказите. Според најавите, денеска ќе бидат изведени листинзи од телефонска комуникација, по што од доказите на обвинителството ќе преостанат уште градежното вештачење и исказите на вештите лица. Потоа ќе започне доказната постапка на одбраната на последното рочиште судијката информира и дека државниот обвинител Савески не го прифатил ...
Спречена е катастрофа, пожарот не ја зафати викенд населбата Кужите во непосредна близина и што е најважно, спасен е човечки живот Ѓоргиевски преку Хуманитарната „Подај рака – спаси живот“ на денот на несреќата вети обнова на целосно изгорениот покрив на објектот. Ветено – реализирано Пожарите ја ставаат на испит професионалноста на пожарникарите, но и хуманоста на граѓаните. Оваа приказна е потврда и за едното и за другото. Славица ...
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33-от степен. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од ...
Во координирана полициска акција која била спроведена на 2-ри и 3-ти јули годинава, Министерството за внатрешни работи приведе 23 лица во 10 градови низ државата. Запленети се значителни количини марихуана, кокаин, хашиш и синтетички дроги. Операцијата опфаќа локации во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево. Најмногу приведени има во Скопје, каде што седуммина лица се лишени од слобода. Во ...
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик, соопштија од МВР. Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул. „Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени ...
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 18 возачи на целата територија на државата поради безобѕирно управување со моторно возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 15 лица управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници. Петмина се приведени во Гостивар, од кои едниот е малолетник, а друг претходно учествувал во сообраќајна незгода. Во Скопје се лишени од слобода ...