Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Делегациите на САД и Иран сè уште преговараат во Доха, но без состаноци на високо ниво. По разговорите со американските претставници, катарските медијатори на средба и со иранската делегација. Во фокус се регионалните прашања, меѓу кои примирјето во Либан и безбедносната состојба во Ормускиот теснец. Техеран соопшти дека нема да премине во следната фаза додека не се финализираат петте клучни клаузули, меѓу кои прекин на непријателствата во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
Утре, со почеток во 20:30 часот во Едукативниот културен центар – Лабараториум, ќе се одигра театарска претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Костимограф е Марија Пупучевска, соработник за сценски движења Дарко Велиќ, изборот на сценографија и музика е на Теодора Силјаноска, додека дизајнер на плакатот е ...
Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, попладнево на прес-конференција потврди дека партијата со владината реконструкција ќе го добие ресорот Земјоделство, шумарство и водостопанство, во замена за Министерството за правда, со кое досега раководеше Игор Филков од ЗНАМ. На министерската позиција во Земјоделство, како што најави Димитриевски, ќе биде предложен Борче Серафимовски, кој е актуелен државен секретар во ова ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, информираат од МВР. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 ...
Денеска е „денот д“ за владината реконструкција. Вечерва ќе биде позната распределбата на ресорите и имињата на оние кои ги напуштаат и на оние кои седнуваат во фотелјите на „Илинденска“. Се очекува премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седницата на Извршниот одбор на партијата да ги соопшти информациите. Борис Грујоски е пред седиштето на владејачката партија. Денеска е „денот д“ за владината реконструкција. Вечерва ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на 2 јули нема да влезе во затворот во Шутка. Тој поднел барање за одложување на издржувањето на казната поради здравствени причини. Од Кривичен објаснуваат дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука. Судија за извршување санкции веќе ја побарал медицинската документација, но засега не добил одговор од двете приватни здравствени установи. Со пресуда на апелација, ...
Обединетите нации повикаа на итен прекин на непријателствата и заштита на цивилите по ноќните напади на Пакистан во Авганистан. Мисијата за помош на ООН тврди дека десетици луѓе биле убиени и повредени. Исламабад долго време го обвинува Кабул дека засолнува терористи, тврдење што талибанската власт го отфрла. „Продолжуваме да ги повикуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право и продолжуваме да ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на Вимблдон уште во првото коло, откако загуби од ланската финалистка Аманда Анисимова од САД со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). Натпреварот траеше 61 минута. Анисимова ја оправда фаворитската улога и уште во првиот сет направи клучен брејк во четвртиот гем за водство од 3:1, предност што ја задржа до крајот на сетот. Во вториот сет Американката двапати ѝ го одзеде сервисот на Ѓорческа, во ...
Експлозија го потресе Монако, откако осомничен маж оставил торба со бомба пред зграда, во близина на француската граница. Украински олигарх се бори за живот, а повредени сè уште четворица. Напаѓачот наводно бил снимен на надзорни камери, пред пеш да побегне од местото на настанот, упатувајќи се кон Франција. Принцот на Монако, Алберт Втори, го опиша инцидентот како „грозоморно злосторство“ и шок за целата заедница. Властите велат дека ова е ...
Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот. „Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на ...
Локалните и меѓународните спасувачки екипи се во трка со времето за да извлечат преживеани од урнатините во Венецуела. Властите велат дека досега се регистрирани над 1.700 смртни случаи. Илјадници други се пријавени како исчезнати. Владата во Каракас се соочува со растечки критики од граѓаните дека одговорот кон ситуацијата бил несоодветен. Венецуела со години се соочува со политичка и економска криза, а природната катастрофа го тестираше и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Делегација на Собранието на Црна Гора денеска ќе престојува во официјална посета на македонското Собрание. Според предвидената агенда, членовите на црногорската делегација ќе остварат средба со Меѓупартиската парламентарна група против корупција, а ќе имаат и одвоени состаноци со членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и со Комисијата за финансирање и буџет. Делегација на Собранието на Црна Гора денеска ќе ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Реконструкцијата на владата во завршна фаза. Постигнат е начелен договор за распределбата на ресорите, персоналните решенија ќе се објават денеска по последните коалициски консултации и седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додека власта најавува чистки во вториот и третиот ешалон, опозицијата критикува. Вечерва по седницата на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат познати деталите од реконструкцијата на Владата. Премиерот Христијан ...
По викенд нападите, ирански и американски преговарачи, во Доха, на нов состанок по потпишувањето на меморандумот за крај на војната. Она што претстои се технички разговори, а медијаторите Пакистан, заедно со Катар, велат дека дебата продолжува денеска. На маса се деталите за пловидбата низ Ормускиот теснец, ослободувањето од санкции за Иран и иднината на иранските залихи на високо збогатен ураниум. „Ние се справуваме многу добро на тој фронт. ...
Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода шест возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пет лица управувале возила без возачка дозвола. Меѓу нив има двајца малолетници, а прекршоците биле евидентирани во Скопје, Гостивар, Куманово, Кавадарци и Прилеп. Дополнително, на Граничниот премин Деве Баир бил приведен ...
Прекин на војната на хартија, тензии без прекин меѓу Иран и САД. И покрај размената на оган и меѓусебните обвинувања и закани викендов, двете земји се согласиле да стават крај на нападите и утре во Доха техничките тимови да ги продолжат разговорите, вклучително и за Ормускиот теснец, објави „Аксиос“. Вашингтон тврди дека бродовите слободно се движат низ протокот, додека Иран инсистира на задржување на контрола врз него. „Според меморандумот ...
Киев потврди дека украинските сили извршиле успешни напади врз рафинерии длабоко во Русија, наведувајќи дека секој удар ги намалува ресурсите на руската воена машинерија и е чекор поблиску до мир. Русија, пак, за првпат потврди дека се соочува со проблеми поради украинските напади, но нагласи дека ситуацијата е стабилна и под контрола, а оштетените објекти брзо се санираат и прекините не се критични. „Сè функционира сигурно и со голема ...
Министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција во Владата презентираше отчет за сработеното во првите две години од формирањето на Министерството за спорт, при што истакна дека се реализирани и започнати 60 спортски проекти со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра. Според Ристовски, во споредба со претходната власт, која за четири години реализирала 33 спортски проекти, актуелната Влада повторно го поставува спортот ...
Министерот за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, пред извесносното заминување од фотелјата наведе две работи, кои според него го промениле ресорот што го предводи. Тој рече дека буџетот на институцијата бил намален за трипати, сите програми биле реализирани, што според Стоилковиќ, покажува дека се скратени средствата кои претходно биле користени „коруптивни“ и ненаменски трошења. Втората работа, според него, е ставањето крај на принципот ...
Се исцртуваат контурите на идниот кабинет на премиерот Мицкоски. Најавената реконструкција ја добива своја форма. Иако од ВРЕДИ се пофалија дека добиваат шест ресори, меѓу кои и правда, што досега беше кај ЗНАМ, премиерот Мицкоски не коментира. Не откри ниту имиња, на тие што ќе заминат и на тие што ќе дојдат на нивното место. Наскоро ќе има смени и во вториот и третиот ешалон. Известува Викторија Милевска Се исцртуваат контурите на идниот ...
Светската здравствена организација предупреди дека од 21 јуни досега во Европа се регистрирани над 1.300 смртни случаи поврзани со екстремните горештини. Европа се затоплува двојно побрзо од светскиот просек, а околу 150 милиони луѓе се изложени на опасно високи температури. СЗО повика земји итно да воведат мерки за заштита од топлотните бранови. „Екстремната топлина е една од најсериозните и брзорастечки закани за здравјето и безбедноста што ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, според кој водата во главниот град е здравствено исправна и ги исполнува сите законски стандарди. Во периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 189 примероци за физичко-хемиска анализа и уште 189 примероци за микробиолошка анализа, односно вкупно 378 примероци од 43 мерни места на ...
Прекин на огнот на хартија, тензии без прекин меѓу САД и Иран. И покрај размената на оган и меѓусебните обвинувања и закани викендов, двете земји се согласиле да ги прекинат нападите и утре во Доха техничките тимови да ги продолжат разговорите, вклучително и за Ормускиот теснец-објави „Аксиос“. Вашингтон тврди дека бродовите слободно се движат низ протокот, додека Иран инсистира на задржување на контрола врз него. „Според Меморандумот за ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем ќе го разгледува Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одлучува за неколку предлог-одлуки, меѓу кои и за именување заменик на генералниот секретар на Собранието. ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, ја заврши групната фаза на Светското првенство 2026 како најдобар стрелец со шест постигнати голови во три натпревари. Меси постигна хет-трик во победата над Алжир (3:0), два гола против Австрија (2:0) и уште еден во триумфот над Јордан (3:1). Со овие погодоци, аргентинскиот капитен стана и најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со вкупно 19 гола. Второто место на листата на стрелци го делат ...
По успешниот настап во квалификациите, каде што забележа три победи, македонската тенисерка Лина Ѓорческа е подготвена за својот прв меч во главната ждрепка на Вимблдон. Во првото коло ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, минатогодишна финалистка на турнирот и шеста носителка оваа година. Во пресрет на натпреварот, Ѓорческа истакна дека е задоволна од настапите во квалификациите и од начинот на кој успеала да се справи со ...