Професионален бејзбол играч станува шпион во Втората светска војна. Овој напнат, повеќе од шпионски трилер, ја оживува неверојатната вистинска приказна за Мо Берг, професионален бејзбол играч кој станува шпион од Втората светска војна. Енигматичниот фаќач на Бостон Ред Сокс Берг (Пол Руд), Евреин, полиглот, студирал во Принстон и го чувал својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Улоги: Пол Руд, Том Вилкинсон Режија: Бен Левин ...

29/06/2026 09:08 - МРТ

„Емпајр Рекордс“ е мала продавница за плочи во мал град во Делавер. Менаџерот е добродушниот Џо, кој се однесува кон своите вработени како татко. Меѓу нив се убавата Кори која е тајно заљубен во Еј Џ. потоа нестабилната Дебра и неспретниот Лукас. Нивната хармонија е нарушена од објавата на сопственикот на продавницата дека ќе ја продаде на моќниот синџир „Мјузик Таун Рекордс“. За да ги спаси Џо и неговите пријатели, Лукас ги зема сите пари од ...

Кинотеката на Македонија ја објави програмата за јули 2026 година, која носи филмско патување низ македонската кинематографија преку омажи на значајни автори, современи филмови и проекции на класици што оставиле траен белег во националната култура. Месецот започнува со омаж на драмскиот писател и сценарист Горан Стефановски, со проекција на филмот „До балчак“ во режија на Столе Попов. Според Кинотеката, изборот претставува признание за ...

Вчера, доцна попладне се одржала уште една средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за владината реконструкција. Според информации на МТВ, потврдено е она што претходно го изјави вицепремиерот Беким Сали. Како предлог за нов министер за правда се споменува Јетон Шасивари, правник по професија, а на министерската фотелја во култура седнува актуелниот заменик, Седат Сулејмани. Се очекува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да има средба и со ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на бензините и на дизелот. Минатата недела беа намалени цените на сите видови горива. Еуросуперот БС-95 поевтини за 3,5 денари и се продава за 84 денари за литар, 98-цата се намали за 4 денари, и чини 86 денари за литар. Најголема промена имаше кај дизелот, кој поевтини за 7 денари по литар и чини 80,5 денари. Од Владата велат дека земјава има најниска цена на ...

Предлог-измените на Изборниот законик влегуваат во собраниска процедура, по скратена постапка. Еден клик наместо гласачко ливче за дијаспората, една од клучните измени во предлогот. Според документот, предлог-измените треба да ги затворат правните празнини, да ја зголемат ефикасноста во процесот и да обезбедат потранспарентни избори. Една изборна единица засега не е правна реалност. Во законодавниот дом денеска набиена агенда. На Комисијата ...

Минералната прашина, сообраќајот, интензивните градежни активности се доминантни причина за загадување на амбиенталниот воздух во најтоплиот период од годината. Ова е потврдено во лабораторијата „Амбикон“ на УГД каде се испитува воздухот во Кавадарци, Струмица, Струга, Гостивар и Куманово. Летниот воздух е загрозен и од честите пожари на шумите, депониите и стрништата Летното аерозагадување може да се намали и со навидум ситни мерки како ...

Освен екипи на Агенцијата за вработување контрола на имплементацијата на Оперативниот план за вработување и трошењето буџетски средства за негова реализација ќе врши и посебна владина комисија. Целта е да се избегнат можните злоупотреби на грантовите што ги доделува државата преку мерките за вработување. Засега нема злоупотреба на грантовите кажаа надлежните. Голем број фирми функционираат а преку ланскиот план, вработување нашле 4.500 лица, ...

Култура, правда и Министерството за односи меѓу заедниците по владината реконструкција добиваат нови министри, кадар на „Влен“. Актуелните во ресорите евроинтеграции, животна средина и економија ќе останат на позициите оти партијата е задоволна од нивното работење, објави вицепремиерот и министер Беким Сали. Здравството со кое досега раководеше Азир Алиу не е дел од пакетот, вели Сали, кој не открива кои се новите имиња кои ќе седнат во ...

Од прашањата за квалитетот на воздухот што го дишеме, вниманието се префрла на предизвиците во здравствениот систем, каде граѓаните најчесто први ги чувствуваат последиците. Корупцијата во здравство ја препознаваат и пациентите и здравствените работници, но не му веруваат на системот за да пријават и да се расчистат работите. Министерот ги охрабри пациентите да пријавуваат, но немањето на термини за прегледи и интервенции им ги врзува рацете ...

Европа продолжува да се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови во својата понова историја, при што високите температури над 40 степени се шират кон исток, кон Полска и Романија. Откако Германија и Италија ги урнаа температурните рекорди, Данска и Словачка регистрираа најтопли денови откако се вршат мерења. Во Велика Британија, Франција и Шпанија се пријавени и жртви поврзани со екстремните горештини, а властите издаваат ...

Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран продолжува, ставајќи го под сериозен притисок неодамнешното примирје. Американската војска изврши нови напади врз ирански воени цели во близина на Ормускиот теснец, тврдејќи дека акцијата е одговор на продолжените ирански напади врз комерцијалниот поморски сообраќај, откако поморските власти јавија за уште еден погоден брод во протокот. „Авиони на САД нападнаа ирански локации, поради кршење на ...

Покрај најавите за построги контроли врз трошењето на јавните средства, вниманието се насочува и кон крупните инфраструктурни проекти во земјата. Министерот за транспорт, Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој. Со овој автопат патувањето од ...

Киев цел на руски напади со балистички ракети, има и повредени-соопштија украинските власти. Во нападот се регистрирани и пожари на неколку локации. Истовремено, украинските сили возвратија со напад врз нафтена станица, која ја снабдува Москва со гориво. Руските власти тврдат дека одбиле еден од најголемите бранови украински беспилотни летала насочени кон 13 руски региони. Во меѓувреме, словачкиот премиер Фицо изјави дека земјата нема да се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На ден 28.06.2026 год. во период од 09.00 час магистрален пат А2 од с. Ранковце до бензиска пумпа Мак Оил Крива Паланка е во прекин поради одржување на велосипедска трка претходно пријавена. ...

Од 1 јули до 31 август на сила забрана за движење во шуми и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат. Одлуката не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција, појасни директорот на дирекцијата за заштита и спасување, ...

Киев ги интензивира нападите во Русија откако Зеленски одобри 40-дневна воена операција за притисок врз Москва. Десетици лица се повредени во украински напад со дронови врз Волгоград, при што е погодена и фабрика. Во меѓувреме и Украина изложена на нов бран интензивни руски напади, во кои има повредени во повеќе региони. Зеленски порача дека Киев е подготвен за средби на лидерско ниво и за разговори за ставање крај на војната, но оцени дека ...

Изминативе две години ги поминавме со посветена работа, конкретни резултати и јасни определби за помодерно и поефикасно министерство за внатрешни работи. Ова го истакна ресорниот министер Панче Тошковски, во рамките на отчетот за сработеното на Министерството за внатрешни работи во последните две години. Министерот Тошковски информира дека приоритет во последните две години беше и останува безбедноста на граѓаните, а владеењето на правото, ...

Обилни дождови ја погодуваат централна и источна Јапонија, предизвикувајќи свлечишта и поплави. Спасувачки екипи трагаат по исчезнато лице во Јамагучи, а дел од регионите се под високи предупредувања поради излевање на реки. Дополнително, тропската бура „Мекхала“ и приближувачки тајфун кон источниот брег се очекува значително да ја влошат состојбата во текот на викендов, додека властите повикуваат на итна евакуација од најризичните подрачја. ...

Ситуацијата на Блискиот Исток крајно неизвесна, откако нова размена на оган меѓу САД и Иран го раздрма регионот и покрај дипломатскиот договор постигнат минатата недела. Американската војска удари врз ирански воени цели околу Ормускиот теснец како одговор на нападот од Техеран врз трговски брод во близина на Оман, што Трамп го оцени како глупаво кршење на договорот за деескалација. „Ова е очигледно глупаво кршење на нашиот договор за прекин ...

Топлотниот бран во Европа продолжува да руши рекорди и да предизвикува сериозни последици во повеќе земји. Во Германија се измерени температури над 41 Целзиусов степен, по што се откажани бројни јавни настани и фестивали. Во Романија, екстремната жештина го отежнува секојдневието и работата на отворено, со штети врз земјоделското производство. Во Холандија е издаден прв црвен аларм за екстремна топлина, додека во Франција се воведуваат ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, која вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во државата. „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска повторно на протест. Паркот на револуцијата во Кочани во 18:05 ќе биде местото од каде што, како што велат, уште еднаш ќе побараат вистина, правда и одговорност за трагедијата. Од здружението порачуваат дека, и покрај високите температури, нивната решеност да се борат за правда останува непроменета. Од здружението упатија повик до граѓаните да им се придружат на маршот, ...

Вчера во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с. Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело ...

Голем дел од лицата под 16 години во Австралија сè уште ги користат социјалните медиуми и покрај забраната воведена во декември. Малолетниците успеале да ги заобиколат ограничувањата и најчесто со едноставно внесување лажна возраст или со користење фотографии што системите за проверка ги прифатиле како доказ дека се постари од 16 години. Австралискиот премиер најави дополнителна проверка на законот и воведување таканаречен „стрес тест“ со кој ...

Без оглед дали по реконструкцијата на владата ќе остане во министерската фотелја или не, Љутков рече дека секогаш ќе остане посветен на културата, бидејќи според него, тоа е најважното министерство. Оценува дека по две години системски реформи – културата и туризмот повторно се државен приоритет. Љутков во отчетот за изминативе две години ги наведе зголемениот број на национални установи, обезбедените повеќе пари за културата и туризмот, за ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне до 39 Целзиусови степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Министерот за здравство прв ќе даде согласност да биде потенцијален донор. Очекува неговиот пример да го следат граѓаните. Но, има промени и при дарување на орган од жив дарител. Шесте реконструирани операциони сали на хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ промовирани пред повеќе од два месеца, ќе профункционираат наредната недела. Според министерот, нивното промовирање во почеток на април како готови, не е маркетинг, туку ...

Поетската збирка „Во куќата“ од Николина Андова Шопова, во издание на „Бегемот 2026“, ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска книга објавена меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе петчлена жири-комисија, која во образложението ја оцени книгата како зрел и исклучително талентиран поетски ракопис што остава траен впечаток со својата оригиналност и ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
28%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
6.5
28%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
3.6
31%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.75
81%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.84
31%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
40%
1018
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
5.66
30%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
42%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
24%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
61%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
28%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
9.77
94%
1015
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Сребро

2214.40

Злато

149009.07

Кобалт

56.29

Паладиум

42824.79

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

282926.57

Алуминиум

3.25

Платина

60379.10

Бакар

13.17

Рутениум

53852.50

Калај

56.14