Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски ги потпиша првите решенија за за исплата на надоместок во износ од 5.000 денари со што практично почна реализацијата на мерката за финансиска поддршка на новороденчиња. Оваа мерка е дел од Програмата за социјална заштита за 2026 година и има за цел да им обезбеди директна помош на младите семејства веднаш по раѓањето на дете, како дел од поширока стратегија за демографска и социјална поддршка. ...

Полицијата на подрачјето на општина Аеродром вчера уапси 50-годишен скопјанец откако изврши претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба. Во објектот се пронајдени и одземени 41 саксија со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори како и канти за одгледување на растенијата. МВР соопшти дека по документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Полицијата на ...

Изборите во Бугарија се внатрешно прашање, патот на Македонија кон ЕУ да не зависи од билатерални спорови туку од реформската агенда која Власта неуморно работи на истите, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков. Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи солидно во насока на исполнување на реформската агенда и сите реформи кои се наложени од европскиот пат. –Бугарската Влада знае дека има солиден партнер во македонската ...

Актуелната власт со неодговорна и националистичка реторика намерно ги влошува соседските односи и создава вештачки непријатели, наместо да се работи во интерес на државата и европската иднина на населението, обвини претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче во телевизиско гостување. -Во последните две години произведуваат тензии со соседите и ја оттурнува Македонија од политиката на добрососедство. На Македонија и е потребна политика на ...

Десетина студенти запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет ги бараат назад уплатените средства за студиите откако по контрола на Државниот просветен инспекторат и утврдените неправилности ги поништи извршените уписи зошто запишани биле завршени додипломски студии. За магистерски студии на Филозофскиот факултет се уплаќа околу 2-3 илјади евра, додека докторските студии чинат од 5-6 илјади евра. Министерството за ...

Српскиот министерот за правда Ненад Вујиќ изјави дека Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали треба да го ослободи генералот Ратко Младиќ, кој е во тешка здравствена состојба, на лекување во Србија од хуманитарни причини и изјави дека случајот на Младиќ не е прашање на казна или судска пресуда, туку прашање на живот и дека државата е подготвена да обезбеди дополнителни гаранции за негово ослободување. Вујиќ рече дека до ...

Словачкиот претседател Петер Пелегрини најави дека на 4 јули ќе се одржи референдум на кој граѓаните во Словачка ќе одлучуваат за укинување на доживотната издршка за високите функционери, вклучително и за актуелниот премиер Роберт Фицо по завршувањето на неговиот мандат. Премиерите и претседателите на парламентот во Словачка кои служеле најмалку два мандата, во моментов уживаат привилегија на доживотна државна издршка во висина на пратеничка ...

Променливо време во април продолжува и оваа работна седмица. По убавите сончеви викенд денови, денеска ќе имаме облаци на територијата на цела Македонија. Во некои делови од државата ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 ...

Исчезнува ли сточарството во Македонија? Ќе гледаме ли немо како тивко се гаси една од најважните гранки, со која државата се гордеела во минатото? Оти ако само се погледнат информации за бројот на овците сега и предходно, ситуацијата е алармантна и не остава простор за надеж: од околу 780 илјади овци пред десетина години, денес бројот паднал под 500 илјади. Но, ако се вратиме три децении наназад, тогаш Македонија имала над 2,4 милиони овци – ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД убедливо победуваат во војната, оценувајќи дека ситуацијата се одвива во нивна корист, при што ја пофали американската војска, наведувајќи дека постигнала значајни резултати. Трамп остро ги критикуваше дел од медиумите, обвинувајќи ги дека шират „лажни вести“ и создаваат погрешна слика за текот на конфликтот. Тој тврди дека противникот е во тешка позиција. Дополнително, нагласи дека ...

Сто години Зоолошка градина во Скопје! Убав јубилеј, ама и потсетник колку малку грижа и внимание имала во минатото. Со децении оваа институција беше оставена сама на себе, со минимални инвестиции и без јасна стратегија за развој. А последиците ги видовме: стари живеалишта, лоши услови и случаи кои ја вознемирија јавноста, угинати животни, заклани коњи, недостиг на храна… Тоа не се случувало преку ноќ, туку е последица на, со години ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе ја нападнат клучната инфраструктура во Иран доколку Техеран не го прифати предложениот договор, додавајќи дека им дава шанса и на мирот и на војната. „Ако не се постигне договор, ќе ги нападнеме нивните мостови и електрани. Ако не го потпишат овој договор, целата земја ќе биде уништена”, изјави Трамп за „Фокс њуз”, повторувајќи ја својата закана дека може да ја „уништи ...

Иранската полуслужбена агенција Тасним објави дека Иран лансирал дронови кон американски воени бродови во Омански залив, кратко по американската заплена на ирански товарен брод. Според истите наводи, засега нема информации за причинета штета. Иранската воена команда ја нарече американската операција прекршување на примирјето и порача дека ќе одговори на, како што го опишуваат, „чин на вооружено пиратство” на американската морнарица. ...

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов обвинет за примање поткуп и перење на пари, сам ги пакувал банкнотите пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино, покажаа ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле спакувани еврата, тврди Обвинителството. Според Јавното обвинителството, Ристов лично го извршил криењето на средствата, за што, како што беше наведено, постојат материјални докази, вклучително и биолошки траги на ...

Општина Ѓорче Петров продолжува да инвестира во еколошки проекти заради обезбедување на подобар квалитет на воздухот па така во соработка со ЕУ за чист воздух и УНОПС извршена е направивме целосна модернизација на системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”, соопшти градоначаникот Александар Стојкоски. Со тоа до 98% се намалуваат емисиите на загадувачки супстанции, се обезбедува подобар квалитет на воздухот за учениците и ...

За денар и половина се намалуваат од полноќ се намалуваат горивата. ЕУРОСУПЕР БС 95 и ќе се продава за 80,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 98 е намален на 82,50 денари, а дизелот ќе чини 94 денари. Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика екстра лесното масло поскапува за денар и половина, а мазутот се намалува за речиси три денари. За денар и половина се намалуваат од полноќ се намалуваат горивата. ЕУРОСУПЕР БС 95 и ќе се ...

Без да ги каже имињата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва и дека поголем група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на седница на Влада од пред неколку недели. Муцунски посочи дека во скоро време ќе има целосна пополнетост на позициите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва од ...

39-годишен косовски државјанин е осомничен од скоското јавно обвинителство за кривично дело – Тешка кражба. Тој на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал во непознат правец. На 18 април, ...

„Прогресивна Бугарија”, партија на поранешниот бугарски претседател Румен Радев убедливо победи на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера во Бугарија, додека на второ место по освоените гласови е ГЕРБ на Бојко Борисов. Веднаш зад нив е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ). Социјалистите БСП не влегоа во парламентот. Централната изборна комисија соопшти дека при обработени 91,68% од записниците ...

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците Перо Наков во општината Гази Баба, Џон Кенеди во општината Чаир, како и Гвадалахара во општината Шуто Оризари, известија од скопското комнално претпијатие. Од таму сооопштија и дека нивната Еко-патролата напишала 19 ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека започна акција за отстранување на старите и напуштени возила од улиците во општината, со цел ослободување на јавниот простор и подобрување на редот во населбите. Според него, стотици возила кои со години биле оставени без функција и зафаќале јавни површини, веќе се отстрануваат етапно. Со ова, како што посочува, се создаваат повеќе слободни паркинг-места за жителите, се олеснува ...

Поранешниот претседател Румен Радев извојува убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија. Неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освои околи 39 отсто од гласовите, покажуваат првичните податоци од излезните анкети на социолошките агенции. Ваква висока поддршка за една политичка опција во земјата не е забележана од 2009 година. Партијата ГЕРБ се соочува со историски најслаб резултат од околу 15 отсто, што е под првичните ...

Денеска беше завршницата на јавниот конкурс за меѓуучилишен танцов предизвик што го организираше Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, а кој се реализира во рамките на солидарниот проект „Мостови на пријателство“. Овој предизвик не е само натпревар по танц, туку беше покана за дружење, поврзување и создавање пријателства меѓу младите од различни етнички и социјални заедници во Битола. ...

Томина Недела денеска беше одбележана во прилепското село Беровци, во храмот „Воскресение Христово“, каде заедно со бројни верници се одржа чествување во духот на православната традиција, верата и заедништвото. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на одбележувањето и упати честитки до жителите по повод празникот, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Тој изрази благодарност за топлиот пречек и ...

Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеорѓиевски изјави дека ...

Лажни се дојавите за поставени бомби во трговските центри „Ист Гејт Мол“ и „Дајмонд Мол“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија претходно, на електронската адреса на МВР била добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во двата објекта. Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во и околу трговските центри.По извршените проверки било утврдено дека ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека примиле дојави за поставени експлозивни направи во два трговски центри во Скопје. Според МВР, на 19 април 2026 година, на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се наведува дека бомби се поставени во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“. Полициски екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на наводите, додека во тек се безбедносни процедури во објектите. ...

Во телевизиско обраќање, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ја коментираше одлуката на Иран повторно да го затвори Ормускиот теснец. Тој предупреди дека водниот пат ќе остане затворен ако САД продолжат да го блокираат влезот и излезот на бродовите од иранските пристаништа: „Тие го блокираат Ормускиот теснец веќе неколку дена. Каква глупава и неразумна одлука. Тоа е уште една нивна грешка. Ако не ја укинете блокадата, ...

СДСМ бара за отворање рудник за антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување на граѓаните преку локален референдум. Од опозициската партија посочуваат дека станува збор за сериозно прашање кое се однесува на тоа како државата одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. „Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто ...

Ново намалување на цените на горивата за од утре, најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Тој објасни дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина. Мицкоски нагласи и дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.54
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
48%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
1.93
38%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.63
50%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.42
33%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 28ᴼ
1.7
71%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.36
45%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
51%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.36
34%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.25
32%
1018
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
1.34
28%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.49
99%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Сребро

1902.84

Платина

51923.46

Калај

50.56

Родиум

249168.29

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68