Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Главната задача на платформата „Femme nouvelle“ е да обезбеди што е можно поголемо присуство во медиумите за квалитетните кантавторки, да ја доближи нивната музика до критичарите и публиката и да ги поттикне да соработуваат, а нејзината основачка Лана Чулиг од Aquarius Records изјави за важноста од „издигнување“ на проектот на регионално ниво и професионалната награда: „Како што проектот природно се роди пред четири години кога сцената беше ...
Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша размислува да го откаже објавувањето на нејзиниот албум „Алфа“ кој треба да излезе во август. Имено, таа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, разочарана од малтретирањето низ кое поминува по гостувањето на Пинк. Јелена во низата објави на споменатата мрежа, меѓу другото нагласи дека повеќе нема да се огласува за работите за кои зборувала во емисијата „Хит твит“, па и после неа. Се што имав да кажам, кажав. Ќе ...
По кратко боледување, синоќа почина кралот на ромската музика, музичарот Ферус Мустафов. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на неговото семејство. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш се наоѓаше во болницата „8 Септември“. Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална ...
Младата српска треп и хип-хоп ѕвезда Зера за прв пат со солистички open-air концерт во Македонија. Во организација на Entfinity production на 9-ти јуни таа ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола. Атмосферата пред Зера ќе ја загрева DJ Bono. Македонија, Битола, се гледаме за прв пат на 9-ти јуни. дојдете во што поголем број да направиме хаос. – вели зера. Карти во претпродажба преку продажната мрежа на МКТикетс и на неколку ...
Во минатонеделното издание на „Нешто конкретно” Снеже Велков своите гости ги праша дали жената треба да е врзана за домот, а мажот за кариерата? Да се држиме до традицијата или да одиме кон новите правила? Гостите со особено различни ставови на оваа тема беа Горан Герасимовски, Драгана Спасовска, Јордан Митев и Др. Даниела Цветановска Стојчева. И додека мажите во студиото влечеа малку повеќе кон традиционалната страна, жените беа полиберални. ...
Ги известуваме медиумите, издавачите и организаторите на музички настани дека по интервенција на авторот, менаџментот и издавачот на групата „Забрањено пушење“, се забранува секаков вид на користење и право на јавно изведување на сите музички дела во сопственост на авторот на СОКОЈ, Давор Сучиќ на концерти и медиумски настани настапи на Стефан Миленковиќ и Ненад Јанковиќ. – започнува соопштението на Сејо Сексон и денешниот состав „Забрањено ...
Горан Бреговиќ, еден од музичарите со најдолг стаж на овие простори, кој всушност е многу повеќе од тоа. Овој композитор, текстописец, аранжер и продуцент, активен e повеќе од 50 години и стана еден од меѓународно најпознатите композитори од овие простори, а штотуку го најави новиот албум „The Belly Button Of The World“, т.е. „Папокот на светот“. Подеднакво пофален и оспоруван, Бреговиќ стекна невидена слава со „Бијело дугме“, а во вториот ...
Aко досега името на Роберт Билбилов се врзуваше само за најголемите хитови на домашната сцена, кога станува збор за комерцијалната музика, сега од неговата работилница излегува нешто сосема поразлично. Имено, Билбилов заедно со диџеј Никифор има нов проект на кој, вели, е многу горд зашто истиот не е само своевиден музички експеримент, туку и парче кое значи нова опција за сите оние кои велат дека имаме само турбофолк забави и иста таква ...
„Ме бараат за реклами на Инстаграм, ама не сум инфлуенсер“. Ова го изјави актерот Тино Костадиновски, којшто вечерва гостуваше во дваесетатта епизода по ред од „Бомбакис поткастот“. Со водителот Кристијан Станковски, во опуштено издание раскажа за неговото детство, љубовта кон театарот, за сегашните, но и за идните ангажмани. Костадиновски кој е препознатлив по својата позитивна енергија и хумор, говореше за интересни случувања од неговото ...
Во Штип на 27 мај во Дом на млади – Штип за прв пат ќе се организира Македонски фестивал на хип-хоп музика и Урбани култури со име „Од А до Штип!“. Дом на млади е државна институција која има 45 годишна традиција на анимирање и организирање на алтернативни и некомерцијални музички и уметнички настани. Па така оваа година по повод 50 години од настанувањето на хип-хоп музиката, 35 години од првите Хип Хоп артисти во Македонија и 30 години ...
Владимир Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк. На овој Албум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции. ...
Во минатонеделната епизода на „Нешто конкретно” се дружевме со Спасен Силјановски, Татјана Стојановска, Елена Јовческа и Имер Селмани. Зборувавме на тема дали почитувањето е дисциплина која изумира. Политика, музика, телевизија, какви се колеги може да се сретнат во овие професии и постои ли љубомора меѓу нив за успесите што ги оствариле. Спасен говореше искрено на оваа тема. Имено, неговиот хит „Ќе ти дојдам вечер” стана вирален на ...
После голем број критики дека освен во Скопје и на лето во Охрид никогаш не сме се обиделе да работиме светски имиња и во останатите градови во Македонија, решивме да ставиме крај на тоа. По повод 30 години Авалон Продукција, на менаџментот на Bond му предложивме вториот концерт на Bond наместо во Скопје да се одржи во некој друг град… и девојките тоа со задоволство го прифатија. Изборот падна на Струмица, бидејќи во 30 години постоење, таму ...
Под слоганот Прилеп сака македонска музика од 20-ти мај во Центарот за култура Марко Цепенков отпочнува реализацијата на музичко сценските настапи на популарни македонски изведувачи, кои на еден оргинален начин ќе ја анимираат публиката, а идејата ја осмисли новата “Авангард продукција”, која мошне амбициозно го најави петмесечниот серијал во кој ќе доминираат атрактивни и пред се квалитетни македонски артисти. После подолго време прилепчани ...
The Weeknd неодамна изјави дека сака да се ослободи од своето алтер-его, велејќи дека „сака да го убие The Weeknd“. Како што изјави во интервју за магазинот W, сака да ја продолжи кариерата под неговото вистинско име – Абел Тесфаје. Канадскиот пејач за време на разговорот рече дека моментално е на „катарзично патување“ и дека „доаѓа во место и време каде што (тој) се подготвува да го затвори поглавјето на The Weeknd“. „Албумот на кој работам ...
Во пресрет на првата полуфинална вечер на Евровизија, која се одржa вечерва во Ливерпул, реномираниот композитор Тончи Хуљиќ објави инструментална верзија на песната „Марија Магдалена“ на која гостува Дорис Драговиќ. Со тоа тој потсети на една од хрватските најуспешни песни кога е Евросонгот во прашање. Дорис Драговиќ ја изведе песната на Тончи Хуљиќ во Израел во 1999 година. Дорис Драговиќ со својот впечатлив изглед предизвика голем интерес ...
Нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower со официјална согласност од членовите на легендарната англиска група “Duran Duran”, го објави својот кавер на еден од најголемите поп-рок хитови на сите времиња – “Come Undone”. Песната е снимена во студиото “ARI” во Истанбул, а врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар. “Чест ми е што добив одобрение од продукциската куќа на “DURAN DURAN” да изработам ...
Pure Night Club ја отвора новата летна клупска сезона, а ние не можеме да дочекаме да Ви посакаме добредојде на вечерите полни со музика, забава и добра енергија. Со големо задоволство ве информираме дека програмата за новата сезона е најдобрата досега, и ги вклучува најголемите локални и регионални имиња од музичката индустрија. Сакаме повторно Скопје да има богат културен и ноќен живот преку воведување стандарди и воведување на нови ...
Песната „Ѓурѓовден“ остави длабока трага кај народот и нема човек што никогаш не ја слушнал. Сепак, малкумина знаат дека постојат две верзии за тоа како е создадена оваа легендарна песна. Првата верзија вели дека песната „Ѓурѓовден“ е напишана додека Србите од Сараево биле носени во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна, додека втората верзија е поврзана со Горан Бреговиќ. Познатата песна „Ѓурѓовден“ е напишана во „возот на ...
Познато е дека темното чоколадо, но не и млечното чоколадо, се смета за здраво уживање. Истражувањата потврдија дека, на пример, може да помогне во согорување повеќе калории. Темното чоколадо со 70 отсто или поголем удел какао, е богато со растителни соединенија наречени флавоноиди и флаваноли, што се поврзува со помала можност од срцеви заболувања. Американското здружение за срце забележува дека јадењето темно чоколадо веројатно е поврзано и ...
Годинава ќе излезат голем број возбудливи акциони филмови во кои глумат ѕвезди како Адам Драјвер, Кијану Ривс и Крис Пајн. Ова е листа на акции кои ги очекуваме со големо нетрпение и кои препорачуваме дека треба да се погледнат во 2023. Адам Драјвер глуми во овој научно-фантастичен акционен филм за пилот кој се урива и открива дека слетал на Земјата 65 милиони години пред денешно време. За да се врати во сегашноста и да преживее, тој мора да ...
Во најновата емисија на „Нешто конкрено” гостуваа некои нови клинци или припадниците на дигиталната ера. Раскажаа дали живеат во виртуелен свет или не, а кога ќе ви откријат и колкави се сумите што ги заработуваат преку своите профили на платформите ќе ги сфатите многу посериозно. Александра Шијакоска, Ксенија Деспотовска, Александар Динев, Боби Трајковски и Давор Панчевски се ликови кои што на помладите генерации им се и тоа како познати, ја ...
По повод Меѓународниот ден на танцот, во саботата, 29-ти април, Скопје беше сведок на прекрасна прослава на танцот кога над 1700 танчери од целата земја се собраа во „Ист Гејт Мол“ да изведат неверојатна танцова рутина на хит песната „Everybody Dance Now“. Настапот беше вистински празник за очите и ушите, бидејќи танчерите ги покажаа своите неверојатни вештини и страст за танц. Енергијата во воздухот беше електрична, а толпата не можеше да не ...
Познатиот македонски хардкор бенд SMUT ја објави својата најнова песна „Еден ден“. Тие оваа година ќе слават јубилеј од 25 години, и тоа со концерт на овогодинешниот јубилеен Д-Фест. Оваа песна ја напишав пред две години. Не можев да продолжам да работам на другите песни кои ми беа испратени од бендот. Немав никаква желба да се занимавам со музика. Не сакав да дојдам ни на последниот концерт, но ми кажаа дека било важно да бидеш помеѓу луѓе ...
Бостонската рок група „Аеросмит“ најави проштална турнеја, по повеќе од 50 години постоење. Познатиот рок бенд објави дека прошталната турнеја ќе се вика „Peace out“ и ќе започне на 2 септември во Филаделфија, Турнејата од 40 концерти, која вклучува и новогодишен концерт во Бостон, ќе заврши на 26 јануари во Монтреал. „Мислам дека е време да кажеме за крај“, изјави гитаристот Џо Пери. Тој рече дека бендот, со фронтменот Стивен Тајлер, верува ...
Познатата и популарна хрватска пејачка Северина во последниот период е се поактивна и поактивна на социјалните мрежи и нејзините профили. Таа неодамна објави видео како мие садови во кујната. Во специјална креација која била наменета за концерт, Северина ги миела садовите, а потоа со џогер почнала да го члисти и подот. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) „И чистачка и домаќинка… која ли се функција ќе ми дадат“, ...
Познатиот композитор и текстописец Борче Нечовски кој го возобнови музичкиот фестивал „Прилеп фест“, брутално и без основа ја измаршира екипата на музичкиот портал Музика24 однесувајќи се како единствен фактор на овој фестивал, иако новинарите се информирани дека всушност дотокот на пари за овој фестивал се влева од општинската каса по аминување на градоначалникот на град Прилеп, Борче Јовчески. На речиси еден месец пред стартувањето на ...
Здравствената состојба на легендарниот Ферус Мустафов денеска ја изненади и загрижи македонската јавност. Откако вчера ја дементираше смртта, сега неговиот внук објасни што се случило. „Се беше во ред со дедо ми, се беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар, и веќе три дена е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, ...
Целовечерен концерт во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе одржи бендот „Foolish Green“, кој генерално се фокусира на инструментална музика која ги меша влијанијата од рокенролот и психоделичниот поп. Концетрот ќе се одржи на 4-ти мај, среда, со почеток во 21 часот, а ќе претставува и промоција на нивниот нов албум „Soul revival“. „Foolish Green“ се повеќе од десетина години на локалната и европската сцена, а минатата ...
Од вчера вечер се шири веста за лошата состојба на легендарниот Ферус Мустафов. Излезе и информација дека наводно починал, но тоа е демантирано од внукот Ферчо. Статусот на Ферчо Мустафов ви го пренесуваме во целост: „До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат”. Внукот на Ферус, Ферчо Мустафов се огласи на социјалните мрежи: „До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е ...