Полицијата во Кичево му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари поради „Несовесно работење во службата“, по член 353 од Кривичниот законик. Според пријавата, Дехари во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, ...

Денес е важен ден и важен чекор за корисниците на мерката за самовработување, да станат самостојни, да ја преземат иднината во свои раце и да започнат сопствен бизнис. Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата. Оваа ...

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска продолжува во судницата во Казнено-поправниот дом Идризово. Според најавите, рочиштето треба да продолжи со изнесување вина и воведни говори на одбраната, откако обвинителството на претходното рочиште ги претстави своите воведни излагања. Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор нагласи дека истрагата и доказите имаат за ...

Девет месеци по парламентарните избори во февруари 2025 година, Косово се наоѓа во сериозна институционална криза. Парламентот е распуштен, привремената влада нема полн мандат, а за 28 декември се закажани нови избори. Албин Курти, лидер на движењето Самоопределување, кое повеќе од пет години го водеше Косово, не успеа да формира парламентарно мнозинство и покрај тоа што неговата партија освои 42% од гласовите. Претседателката Вјоса Османи ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (Вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне вцо нашата Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо ...

Украинските преговарачи ја напуштија Женева по разговорите за предлозите за завршување на војната со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека се поставуваат прашања дали може да се постигне договор до рокот на американскиот претседател Доналд Трамп – Денот на благодарноста на 27 ноември. „Очекувам целосен извештај вечерва за напредокот на разговорите во Женева и главните акценти на нашите партнери“, напиша Зеленски ...

Кога 25-годишен кинески градежен работник почина на локацијата каде што се наоѓа огромна соларна електрана во Босна и Херцеговина ова лето, малкумина очекуваа инцидентот да се претвори во еден од најзначајните правни удари против проектите поддржани од Кина во земјата. Несреќата на локацијата на „Аурора Солар“ во близина на јужниот босански град Столац предизвика инспекција што откри 71 нелегален кинески работник во октомври. Властите брзо ...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање Анкетна комисија која ќе ги испита околностите и одговорноста на институциите за повеќе трагични настани: пожарите во дискотеката во Кочани и во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа на „Дурмо турс“ кај Ласкарци и несреќата на „Беса Транс“ во Бугарија. Според пратеникот Бојан Стојаноски, целта е утврдување на одговорност кај функционери и носители на јавни ...

Советот на ЕУ денеска (24 ноември) формално го усвои Предлог-буџетот на Европската Унија за 2026 година, којшто беше усогласен со Европскиот парламент на 15 ноември, јави МИА. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра во „исплати“. „Обврските“ се трошоци за активности што се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, а „исплатите“ опфаќаат расходи за проекти само за тековната година. ...

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска соопшти дека Европскиот суд за човекови права денес објавил дека отвара, како што наведува таа, сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против неа, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата. – Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во ...

Министерот за европски прашања и национален координатор за странска помош, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со нерезидентниот амбасадор на Република Кореја (Јужна Кореја), со седиште во Софија, Ким Донгбае на која се разговараше за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на развојната помош, економските односи и можностите за идни заеднички проекти во области од заемен интерес. Министерот Муртезани изрази искрена ...

Од ноќеска на полниќ, цената на бензините ќе се намали за половина денар, додека дизелот ќе поевтини за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 ...

Се чини дека состанокот во Женева донесе напредок: претставниците на САД и на Украина заеднички изготвија ревидиран план за завршување на војната. Првичната верзија првенствено им служеше на интересите на Москва. Двете страни се согласија да продолжат интензивно да работат на оваа нова верзија „во наредните денови“ и да одржуваат тесна координација со своите европски партнери, се вели во соопштението. Советувањата во Женева се опишани како ...

Синиша Каран, кандидатот на владејачката Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), е победник на предвремените избори за претседател на Република Српска, според првите прелиминарни резултати објавени од Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина. Каран освои 200.116 гласови, или 50,89 проценти, додека кандидатот на опозицијата Бранко Блануша од Српската демократска партија (СДС) освои 188.010 гласови, или 47,81 проценти, објави ...

Државата извршила индиректна дискриминација врз македонските пензионери кои живеат во странство, исклучувајќи ги од линеарното покачување на пензиите од 2.500 денари. Ова е заклучокот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која во своето најново Мислење утврди дека измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се спротивни на начелото на еднаквост. Комисијата постапуваше по претставки од граѓани кои, иако ...

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од с.Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање ...

Дипломати од САД, Украина, Велика Британија, Германија и Франиција во Женева разговараат за мировниот план на претседателот Доналд Трамп од 28 точки, план за кој сојузниците на Киев велат дека е во голема мера проруски. Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Украина и европските земји додека дипломатите од САД, Украина, Британија, Франција и Германија се собраа во Женева на разговори за ставање крај на најголемиот ...

Папата Лав XIV на 23 ноември повика на ослободување на над 300 заложници киднапирани од католичко училиште, во еден од најголемите масовни киднапирања во Нигерија. „Со огромна тага ги примив вестите за киднапирањата на свештеници, верници и ученици во Нигерија,“ рече Папата. Христијанската асоцијација на Нигерија (CAN) во саботата соопшти дека вооружени напаѓачи киднапирале повеќе од 300 ученици и наставници во напади на две училишта во ...

По снежното невреме кое зафати голем дел од регионот, особено Хрватска и Босна каде снежната покривка достигнува и над 50 сантиметри во одредени предели, оваа ноќ во овие предели имаме исклучително ладно време поради влијанието на многу ладниот воздух кој се спушта од север па така температурите речиси насекаде се под нулата а локално тие се приближуваат дури до -10 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите ширум ...

Авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко помилува и ослободи 31 украински државјанин кои биле притворени во Белорусија – потег кој, според Минск, е дел од договор постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп. Украинскиот координациски комитет за размена на затвореници ја потврди акцијата на 22 ноември, соопштувајќи дека примил цивили од белоруските власти. „Жени и мажи притворени во Белорусија и осудени на различни затворски ...

Границите на Украина не можат да се менуваат со сила, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во пресрет на разговорите на украинските и американските претставници во Женева на 23 ноември. „Нејзината армија не смее да се намали на начин што ќе ја остави ранлива на напад, а Европската Унија мора да има централна улога во мировниот договор за Украина“, изјави фон дер Лајен. Нејзината изјава доаѓа во време кога ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на 22 ноември изјави дека мировниот план за окончување на војната во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет, јавува германската новинска агенција ДПА. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ постави рок до четврток на Украина да одговори на неговиот најнов мировен план, кој ги затекна европските земји неподготвени и ги натера итно да реагираат на американските предлози. Планот бара Украина ...

Една жена загина, а стотици лица беа евакуирани од своите домови откако неколку региони во Албанија беа погодени од поплави по неколку денови на поројни дождови, соопштија властите во саботата. Телото на 75-годишна жена беше пронајдено во саботата во Девол, општина на југоистокот на земјата, по неколкучасовна потрага, соопшти полицијата. Жената, која беше пријавена за исчезната во петокот, беше однесена од водата од поплавите, додаваат ...

Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени – тоа ја открива длабочината на децениското занемарување на ова претпријатие, вели директорот на Македонски железници – Транспорт Синиша Ивановски во интервју за РСЕ. Г-не Ивановски, зошто во време на дигитална трансформација и вештачката интелигенција, ...

На 22.11.2025 во 21:40 часот на регионалниот пат 1109, во близина на село Фурка, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Т.(64) од Скопје. По преземени мерки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, односно измерени му се 2,35 промили алкохол во крвта. Истиот ден во 23:05 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР ...

Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред. Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати. Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на ...

Црквата „Свети Никола“ во Катланово минатата недела беше мета на дрска кражба каква ретко се случува. Инцидентот е целосно снимен од црковната камера, а видеото предизвика шок и револт кај верниците. На снимката јасно се гледа како непознат маж влегува во храмот и со целосна смиреност почнува да ги разгледува иконите. Наместо да се помоли или да запали свеќа, тој методично ги собира парите оставени од верниците за здравје и среќа. Без ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. -Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и ...

Веќе од север во нашата Македонија започна да се спушта ладен воздух кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот и во текот на денешниот неделен ден максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени. Особено во западните и во југозападните предели повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Времето ќе продолжи да биде ...

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект затоа што немал дозвола, а објектот каде настапувал имал неколку пропусти, меѓу кои и поголем број на гости од дозволеното. – На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
68%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
3.6
66%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.94
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
75%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 9ᴼ
1.34
49%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
88%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Платина

61858.04